мое село со Томче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 05 Oct 2022 11:51:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мое село со Томче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стартува новата 6-та сезона на “Мое село со Томче” на ТВ Сител https://arhiva.vistina.com.mk/startuva-novata-6-ta-sezona-na-moe-selo-so-tomche-na-tv-sitel/ Wed, 05 Oct 2022 11:51:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270211

Години наназад на националната Телевизија Сител во рамки на утринската програма  „Ја сакам Македонија”, во вторник и четврток, ја емитува и добро познатата репортажа „Мое село со Томче” која што главна и основна цел е промоција, презентација и запознавање со македонските села и сите оние помали и поинтересни места во нашата држава кои заслужуваат да бидат претставени и видени од македонската јавност и публика. По неколку месечна пауза, како впрочем и сите другите телевизиски проекти, така и овој стартува со почетокот на месец октомври и тоа со нови села, нови авантури и доживувања, нови селски средини и запознавања со се она што изобилува и е дел од нашата мила и прекрасна Македонија. Денес, 05. октомври 2022 г. во емисијата “Магазин” гостин беше токму уредникот и водител Томче Јосимовски. Тој меѓудругото раскажа за тоа како се одвива едно снимање, колку време е потребно истото да се реализира и секако низ што се поминува екипата за време на снимањето на репортажата. „Кога започнав, започнав со многу елан и ентузијазам да го работам ова. Кога се подготвуваме да работиме, односно, да снимаме една репортажа се снима многу повеќе материјал отколку што реално се емитува во самата репортажа. Мора да се одбере она што е најинтересно од селото, и се започнува со снимање во раните утрински часови. Многумина знаат да ме прашат: 'Кога одиме на снимање, кога ќе снимаме, ќе дојдеме, како ќе биде, ќе биде половина саат-саат…?' Не, тоа може вака делува два пати по 30-на минути на телевизиските екрани кога се емитува, меѓутоа, кога станува збор  да се собере материјал да се направи одлична репортажа, мора да отидеме на терен цел еден ден да бидеме со луѓето од село затоа потоа и таква ни е комуникацијата со луѓето и сме блискисо нив. Јас со поголемиот дел од луѓето со кои се имам сретнато ја продолжувам комуникација и после снимањето, се слушаме, како сме, што правиме… Едноставно, на некој начин стекнуваме блискост во тој ден додека сме таму со нив, цел ден го поминуваме заедно”- изјави Томче во емисијата “Магазин” и додаде: “До сега колку што јас имам искалкулирано и истражувано,  во петте сезони што поминаа во 'Мое село со Томче' сме поминале околу 220-230 села кои што се комплетно снимени и емитувани во програма. А во новата 6-та сезона, мислам дека ќе стасаме до 270 села до крајот на оваа сезона. Генерално во Македонија има околу 500 до 600 села каде што може да се отиде и да се направи прекрасна репортажа. Тоа значи дека во наредните сигурно уште 6-7 години нема да можеме да ги испоприкажеме сите села и да го испрезентираме сето она што го има во Македонија како убавини и како труд, затоа што не знаете во одредени моменти во одредени ситуации доаѓаме до луѓе кои што се со голем елан и желба да си го презентираат селото, да покажат што има, да ги кажат сите детали што ги има, а ние не можеме се во моментот да евидентираме и да опфатиме и го одбираме само она што е поинтересно”.]]>