модни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 16 Mar 2019 08:11:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png модни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Неколку невообичаени модни правила кои членовите на кралското семејство треба да ги почитуваат https://arhiva.vistina.com.mk/nekolku-nevoobichaeni-modni-pravila-koi-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-treba-da-gi-pochituvaat/ Sat, 16 Mar 2019 08:10:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77480

Да си член на кралското семејество е голема привилегија и чест, но истата титула носи и почитување на одредени правила, вклучувајќи ги и модните. Еве неколку невообичаени модни правила кои дамите на кралското семејство треба да ги почитуваат.
  1. Не смеат да користат лакови во боја за нокти
Можеби веќе имате забележано дека кралицата Елизабета, како и Кејт Мидлтон своите нокти не ги лакираат со впечатливи бои. Членовите на кралското семејство своите нокти може да ги лакираат со безбоен лак.
  1. Воопшто не смеат да носат тијара
Во кралското семејство тијарите се резервирани само за свечени прилики, како што се на пример веначавките. Кејт за својата свадба позајми тијара од кралицата Елизабета, а за некои други прилики ги одбра оние кои и припаѓале на  Дијана. Немажените жени и децата никогаш не носат тијара.
  1. Кралицата ги користи своите чанти за да праќа скриени пораки
Кралицата никаде не оди без својата чанта, а за тоа има добра причина. Имено, таа и служи за да во одредени ситуации праќа скриени пораки. На пример, кога сака да ја напушти вечерата, својата чанта ќе ја стави на столот, а со тоа ќе даде до знаење дека вечерата треба да заврши.
  1. Торби за криење на деколтето.
Дизајнерката која ги креирала торбите  на Дијана откри дека ги нарекувала „торби за криење на деколтето“.
  1. Торбите служат и за избегнување на ракување
Кејт Мидлтон често ја држи торбата со две раце кога ракувањето не е дел од протоколот. На тој начин ќе покаже дека нема потреба од поздравување со рака.
  1. Кралицата носи облека во светли бои, но не затоа што ги сака
Тешко е да се најдат фотографии на кои кралицата е облечена во комбинации во темни бои. Имено, за да секогаш биде забележена и луѓето да кажат дека ја виделе, кралицата се облекува во светли бои.
  1. Носењето на шешир исто така е долга традиција
Речиси на секое формално случување, кралицата носи шешир кој и одговара на нејзиниот стајлинг. Имено, до крајот на 50тите години од претходниот век, жените ретко биле видени со пуштена коса и без шешир. Таа традиција се задржала и во кралското семејство,
  1. Членовите на кралското семејство на своите патувања со себе мора да носат црна облека
Едно од “морбидните“ правила на кралското семејство е на своите патувања да носат црна облека, во случај на смрт на некој од членовите. Правилото почнало да применува по посетата на кралицата Елизабета во Кен кога дознала дека нејзиниот татко починал, а таа со себе немалз прикладна облека со која би се вратила во родната земја.
  1. Принцот Џорџ секогаш носи шорцеви
Според кралските правила, панталоните се за повозрасни мажи, додека пак децата носат шорцеви. Принцот Вилијам истакна дека носел шорцеви до својата осма година.
  1. Во присуство на кралицата забрането е да се носат обувки со високи потпетици
Кејт Мидлтон во една прилика се појави во вакви обувки, а тоа не и се допадна на кралицата. „Таа не ги сака и тоа е добро познато на женските членови во семејството“ вели извор близок на семејството.
  1. Фустаните треба да бидат од “тежок“ материјал за да биде спречена непријатност
За да членовите на кралското семејство спречат непријатности, нивните модни комбинации треба да бидат направени од “тежок“ материјал.
  1. Најлон чорапите се задолжителни
Меган Маркл на едно случување се појави без најлон чорапи и со тоа го прекрши едно од најважните модни правила. Иако, не претставува вообичаено правило, Кејт Мидлтон се труди да ги носи во секоја прилика.
]]>