модни парчиња – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 22 Mar 2022 08:44:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png модни парчиња – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александра Накова е најсекси газдарица на една „модна продавница“: Сама си ги рекламира своите модни парчиња, кои потоа се продаваат како колачиња! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-nakova-e-najseksi-gazdarica-na-edna-modna-prodavnica-sama-si-gi-reklamira-svoite-modni-parchinja-koi-potoa-se-prodavaat-kako-kolachinja-foto/ Tue, 22 Mar 2022 08:41:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243815

Александра Накова, за некого старлета, за некого топ модел, за сите од пред една година газдарица на моден бутик во нејзината родна Гевгелија. Раскошната убавица токму неодамна ја прослави првата година од отворањето на своето продажно модно катче, својот бутик за женска гардероба во најјужниот град од  Македонија, со што Накова стана дама што не само носи или рекламира туѓа брендирана облека, туку и некоја што продава сопствена залиха на разни модни парчиња, во својата „куќа на модата“. Прославата на годишнината, особено на првиот роденден не минува без торта... Овој пат направена во облик на шапката на англиската кралица! За ваквите јубилеи обично се подготвуваат и прават и модни ревии, но Накова како за првпат решила самата да си приреди „ one woman fashion show“. Впрочем на ваква убавица од газдарица, манекенки и не и се потребни, зашто кој друг подобро од неа би ги рекламирал нејзините модели и модните парчиња што таа ги продава во својата „модна продавница“?! Стегната во секси боди со изразен колорит кое ги нагласува незините бујни облини и долгите нозе или раскопчана до папок во  палто и ништо под него, со високи чизми до препони, гевгелиската убавица покажува дека е најсекси убавица. Епитет кој со право може да го понесе, зашто што и да облече нема вистински маж што со поглед нема „да ја соблече“... Едноставно, Накова со секое модно парче пали жарче во оние што ќе ја видат... Како и да е две нешта се повеќе од евидентни: Александра Накова е најсекси газдарица на една „модна продавница“ во Македонија. Затоа нејзе и не и требаат манекенки да направи модна ревија. Самата е доволна наместо да прошета по модна писта, да се слика во некој од новите модели, во или пред својата „куќа на модата“, па нејзините модни парчиња да се продаваат како колачиња. До душа, тие не баш на секоја и стојат како на расната сопственичка што ги рекламира, ама тоа е веќе друга тема на која вреди друг пат да се дебатира! Фото: Инстаграм принтскрин/nakovaaleksandra__official  ]]>

Јелена Карлеуша: „Во Ѕвездите на Гранд се појавував во изданија од 500 и 1000 динари“ https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-karleusha-vo-dzvezdite-na-grand-se-pojavuvav-vo-izdanija-od-500-i-1000-dinari/ Wed, 24 Nov 2021 09:59:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228568

Јелена Карлеуша важи за една од најдобро стилизираните јавни личности во регионот, а во една прилика истакна дека купува гардероба која е на распродажба. Ова нејзина изјава изненади многумина бидејќи е добро познато дека пејачката дава многу пари на облека. -Следам што ќе објават светските дизајнери, новите колекции за секое годишно време. Модата е мое хоби, јас со страст се занимавам со тоа. Јас во Гранд носев работи од 500 и 1000 динари (250 и 500 денари) кои ги купував на распродажба. Па, ќе земам ножици, игла и конец ќе сошијам, ќе ставам ремен, сандали, шминка и секогаш добивав најмногу лајкови за најевтините работи“, изјави Јелена во една прилика за „Гранд онлајн“. На прашањето дали нејзините ќерки Атина и Ника ја наследиле страста за мода, таа вели: -Мислам дека да. Веќе сами бираат гардероба, комбинираат бои. Тие се Тик Ток генерација, го имаат тој „street style“, широки дуксери и слично. Душко пред некој ден проба еден дуксер од нив и му беше голем, изјави Карлеуша. Инаку, Јелена Карлеруша заедно со Марија Шерифовиќ и Сара Јо ќе настапува за Нова Година пред Собранието во Белград и нема да добие хонорар за новагодишната ноќ. фото: инстаграм/карлеуша стар]]>

8 основни парчиња облека кои треба да ги имате за оваа есен https://arhiva.vistina.com.mk/8-osnovni-parchinja-obleka-koi-treba-da-gi-imate-za-ovaa-esen/ Fri, 16 Aug 2019 12:45:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102625

Повеќето дами одбираат да поспијат повеќе наутро отколку да се разбудат порано и да одберат шик комбинација. Но, наредната сезона не мора да биде така! Спротивно од популарните верувања, вашите секојдневни парчиња облека можат да бидат тренди, без разлика дали станува збор за класична маица, мантил или панталони, сè додека знаете како да ги искомбинирате. Покрај тоа, важно е тие да бидат разновидни и едноставни за да можете да ги носите на работа, па и во вечерните часови. Денес ви презентираме 8 парчиња облека кои одговараат на сечиј стил, и на кои треба да обрнете внимание оваа есен, која само што не пристигнала. 1. Тренч мантил
Кога ќе инвестирате во добар тренч мантил, ќе ја разберете неговата моќ. Ваквиот мантил никогаш нема да излезе од мода, бидејќи покрај добриот стил, има и одлична функција за време на дождливите денови и го комплетира секој стил. 2. Волуменозен џемпер Овде не станува збор за трикотажа која визуелно ќе ве „проголта“, туку за моделите „балон“ ракави. Балансирајте ги овие детали со тесна кошула или маица која ќе ја облечете одоздола, и со широки панталони или здолниште. 8 основни парчиња облека кои треба да ги имате за оваа есен
3. Кожни панталони Панталоните од вештачка кожа се наједноставниот начин да ја зачините вашата типична „униформа“ која се состои од фармерки и џемпер. Исто така, тие се удобни и уникатни.
4. Тенка ролка Можеби есента не е за дебели џемпери со ролка, но тенките блузи со сигурност се пригодни за ова годишно време. Тие совршено ќе се вклопат со панталони, здолниште, па дури и под фустан со кој ќе изгледате одлично.
5. Карирано здолниште Карираниот дезен, е дезен на есента, како што цветниот е на пролетта. Можеби сте го виделе многупати, но тој е одличен за секоја прилика, и е лесен за комбинирање. Кога имате вакво здолниште, вашите модни хоризонти можат да се прошират и да го олеснат дотерувањето.
6. Скроен блејзер Секоја дама треба да поседува скроен блејзер, а есента е одлично време да инвестирате во ова парче облека.
7. Свилена панделка за коса Панделките се голем есенски тренд, но и еден од најстарите и наједноставните трикови да го претворите вашиот целокупниот стил во елегантен и женствен.
8. Чевли со викторијански детали Секоја есен сме во потрга по совршениот пар чевли или чизми кои ќе ги носиме сè до пролетта. Оваа година тоа се чевлите инспирирани од викторијанскиот стил. Ваквите потпетици сигурно ќе одговараат на вашиот моден вкус.
извор: кафапауза.мк]]>