модна куќа – диор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 Aug 2022 08:30:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png модна куќа – диор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џони Деп потпиша милионски договор со компанијата која застана на негова страна за време на судењето (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dzoni-dep-potpisha-milionski-dogovor-so-kompanijata-koja-zastana-na-negova-strana-za-vreme-na-sudenjeto-foto/ Wed, 10 Aug 2022 08:27:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262081

Актерот Џони Деп штотуку потпиша договор со модната куќа „Диор“  да стане заштитно лице на нивниот машки парфем „Sauvage“. Деп првпат потпиша со „Диор“ во 2017 година како заштитно лице на колонската вода, а договорот сега повторно е обновен. Извори блиски до „Диор“ тврдат дека се работи за повеќегодишен договор вреден „седумцифрен“, или најмалку милион долари, тврди TMZ. Во понеделникот, официјалниот Инстаграм профил на „Dior Beauty“ објави фотографии и видеа од Деп зад сцената на еден од неговите рок концерти во Париз, снимени од познатиот фотограф Грег Вилијамс. Бестрашен, но човечки, исто како „Sauvage“ - стои во описот на објавата. Откако Деп прв потпиша договор со „Диор“ во 2017 година, „Sauvage “стана најпродаваниот парфем во светот, според „Business of Fashion“, надминувајќи ги успешните женски парфеми од Шанел и други врвни брендови. Но, партнерството не помина без контроверзии.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Dior Beauty Official (@diorbeauty)

Во 2019 година, рекламата за „Sauvage“ со Деп во главната улога и со слики поврзани со културата на Индијанците предизвика обвинувања за културно присвојување. Диор застана покрај актерот и во 2020 година, кога го загуби случајот за клевета против британски весник кој го нарече „жена тепач“. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Диор Бјути/Танјуг]]>

Модната куќа „Диор“ забрани Инстаграм https://arhiva.vistina.com.mk/modnata-kukja-dior-zabrani-instagram/ Thu, 05 Jul 2018 14:34:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=36247

Престижната модна куќа „Диор“ им забрани на инстаграмџиите да постираат фотографии од колекцијата на висока мода, која беше претставена вчера на Париската модна недела, со став дека „најскапата облека на светот не мора да вика по внимание“. Дизајнерката Марија Грација Чиури рече дека сака со најновиот престижен стил на „Диор“ да се прослави класичниот начин на изработка, а не да се трка по лајкови на социјалните мрежи. Оваа колекција е скриен луксуз. Публиката која купува парчиња од висока мода не е публика која троши време на Инстаграм. Модната публика знае што значи мода. Тоа е дело што е специјално направено за вас, само за вашето тело, за кое било потрошено време”, изјави Италијанката за АФП.
За некои од креациите биле потребни 800 часа работа, што е белег на високата мода, чинат и по десетици илјади евра и затоа, вели Чиури, нејзините одбрани клиенти не треба да бидат вознемирувани. Само 14 модни куќи ја поседуваат етикетата за „висока мода“, која ја одобрува француското Министерство за индустрија, за да се признае традиционалното занаетчиство со рачно изработени, нарачани облеки со строги критериуми.]]>