модна дизајнерка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 30 Dec 2022 10:29:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png модна дизајнерка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина модната дизајнерка Вивиен Вествуд https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-modnata-dizajnerka-vivien-vestvud/ Fri, 30 Dec 2022 10:28:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282337

Британската дизајнерка Вивиен Вествуд, едно од најголемите имиња на британската мода позната по бунтот и предизвикувањето на авторитетот, почина во четвртокот, 29 декември 2022 г. на 81-годишна возраст. „Вивиен Вествуд почина денеска мирно и опкружена со своето семејство во Клафам, Јужен Лондон. На светот му требаат луѓе како Вивиен за да се променат на подобро“ - напиша нејзината модна куќа на Твитер. Кариерата на Вивиен беше обележана со бунт и политички ангажман. Таа беше позната како постојан активист и ги носеше работите за кои се грижеше на модните писти, како што се борбата против климатските промени, загадувањето или поддршката на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Протестни маици со пораки или транспаренти носеа нејзините модели на модните писти. Вествуд го изгради своето име на контроверзниот панк и њу вејв стил од 1970-тите. „Единствената причина поради која сум во мода е да го уништам зборот сообразност“ - рече Вествуд во биографијата од 2014 година. „Не ми е грижа за ништо ако го нема тој елемент“. Нејзината облека, како што рече, „има приказна, идентитет, карактер и цел“.]]>

Маја Кикириткова: „Првите парчиња облека ги сошив од кеси за прашок“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/maja-kikiritkova-prvite-parchinja-obleka-gi-soshiv-od-kesi-za-prashok-video/ Mon, 28 Nov 2022 07:08:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277577

Дизајнерката Маја Кикириткова е скоро 15 години на модната сцена во Македонија. Неодамна на Скопскиот моден фестивал ја претстави својата најнова колекција која е инспирирана од самоуверените жени кои не ја следат слепо модата. Моделите што ги промовираше веќе биле во фаза на подготовка кога ѝ се јавиле организаторите на настанот, па Кикириткова веднаш ја прифатила поканата. „Колекцијата беше при крај, а и одамна се немав претставено пред публиката и ова беше одлична прилика. Јас претходно носев фустан од оваа колекција на крштевката на ќерка ми и добив многу позитивни коментари за моделот. Мојот сопруг со години ми вели дека јас најдобро го презентирам тоа што го креирам самата и затоа клиентите ми веруваат и ги купуваат моите дизајни“, вели Маја, која освен што креира, работи и како професор за моден дизајн на Универзитетот во Приштина. Модата ја сака од мала. Со многу жар зборува за детството во Штип, кога ги направила првите парчиња облека. „Сите фустани на мајка ми ѝ ги предизајнирав уште како дете. Па и венчаницата веќе не е како што била. Се сеќавам, еден ден исеков кеси од прашок, кои во тоа време имаа рачки, и направив сукња и блуза со прерамки“, се сеќава Кикириткова. Но, ни призна дека музиката ѝ била прва љубов пред модата, оти потекнува од уметничко семејство. „Татко ми е композитор, брат ми музичар и јас многу сакав да пеам. Кога доаѓаа кај татко ми видни пејачи да купат песни, јас ги пеев демо снимките за пејачките, пошто нели, друго е кога машко ќе испее женска песна, а друго е кога ќе се испее со женски вокал. Ама, татко ми во тоа време велеше дека не ќерка му нема да биде пејачка бидејќи таа професија не е за жена“, раскажува таа за „Репортер“. Запишала факултет за дизајн во Белград, оти преку модата најдобро ја изразува својата креативност. Денес има два модни бренда, „Елеазар“ за дами и брендот за деца „Совршен пар“. „Идејата за детскиот бренд се роди во време на короната, сакав да направам меки кукли кои ќе бидат облечени исто како и децата. Кога му кажав на сопругот, ми рече: 'Маја, оваа идеја ти е катастрофа'. Ама низ годините се покажало дека тоа што тој мисли дека ќе помине лошо, всушност поминува одлично, па знаев дека оваа колекција ќе има успех“, искрена е таа. Мајка е на две деца, Лазар и Ева кои се родени со царски рез во 34 недела од бременоста. „Имав нормална бременост двата пати, ама ете, двете деца се родени предвреме бидејќи ми се одлепи плацентата. И затоа мораше лекарите да реагираат веднаш. Потешко ми беше првиот пат, Лазар беше 20 дена во инкубатор, па дома се вративме без него. Ева иако се роди со иста килажа како брат ѝ, не ја ставија во инкубатор. Лекарите ми рекоа дека женските деца се поцрвсти и по неколку дена си дојдовме заедно дома“, раскажува Маја. Зборувавме и за стравовите што ги доживеала при раѓањето на децата, колку ѝ се смени животот откако стана мајка, ама и колку ѝ се децата инспирација за сè што работи. Но и за свадбата во стилот на „Големиот Гетсби“, зошто носеше розов фустан на свадбената фотосесија иако не сака розова боја, каква е модата во Приштина, кој е главен кога прават караоке забави со пријателите и дали се доживува како моден инфлуенсер... Гледајте го видеото (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Бев лута и фрустрирана“: Дизајнерката Верица Ракочевиќ ги откри проблемите со 35 години помладиот сопруг https://arhiva.vistina.com.mk/bev-luta-i-frustrirana-dizajnerkata-verica-rakochevikj-gi-otkri-problemite-so-35-godini-pomladiot-soprug/ Wed, 03 Mar 2021 08:27:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192184

Познатата српска модна дизајнерка Верица Ракочевиќ долги години е во брак со 35 години помладиот Вељко Кузманчевиќ. Двајцата докажаа дека разликата во годините не им пречи да функционираат добро, а сега дизајнерката откри како изгледал нивниот заеднички живот на самиот почеток. - Отпрвин бев многу лута, фрустрирана, се каравме за поделбата на обврските, потоа сфатив дека нема да се караме, да земеме жена што ќе го стори тоа, а тој да игра игри во студио, а јас во градината . Тој сака да прави ручек понекогаш, му дозволив. Јас сега без во Њујорк 15 дена, тој не ја напушти куќата - рече Верица во емисијата „Премиера“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Verica Rakocevic (@verica.rakocevic)

Познато е дека креаторката има седум внуци кои ги обожава, па сега откри каков однос има со нив. - Моите внуци сега се во опсег од еден месец до 28 години. Беа скоро тројца, Лука, Матија и Симон, беа на палачинки, ги сакаат палачинките на нивната баба. Тие се секогаш тука, доколку е потребно, а и баба е тука за што и да е. Јас не бев ниту строга мајка, па затоа не сум ниту строга баба, завршува Верица.]]>

Наташа Шавија во секси розов корсет и еротски набој од кој мажите се ежат, објаснува какви мажи и „лежат“! (ФОТО 18+) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-shavija-vo-seksi-rozov-korset-i-erotski-naboj-od-koj-mazite-se-ezat-objasnuva-kakvi-mazi-i-lezat-foto-18/ Sat, 06 Jan 2018 10:56:23 +0000 http://vistina.mk/?p=9008

Новопечената  модна дизајнерка, манекенка, вбивша старлета и некогашна учесничка во реалните шоуа, суперсексапилната Наташа Шавија со нова, еротска фотосесија, во која изгледа ултрасекси. Покрај сето она што го открива, за што може да се каже дека е „празник за сите сетила“, таа ги открива и целите кои ги зацртала да ги постигне во текот на годината, како зошто никогаш повеќе не би учествувала во реално шоу, каков тип на мажи сака, и дали би сакала да има деца и со кого...?
„Што се однесува ро релните шоуа, никогаш не вели никогаш, бидејќи секогаш кога ќе кажам категорички - НЕ, животот ме демантира... Сепак, сега, гледано од оваа перспектива повторно не би учестувала. работата околу новата колекција и долгото отсуство од дома  да не бидам со семејството, не би ми го дозволиле повторно“ - вели атрактивната Шавија.
Мажите ме доживуваат на различни начини. Некои се нервозни, други имаат трема, некои се плашат медиумското  внимание па се двоумат дали да ми пријдат, а знам дека се распрашуваат за мене, но најчесто сетоа тоа е позитивно и симпатично. Досега, не наидов на негативен пристап. Во суштина, забележувам дека тие прават напори да го привлечат и задржат моето внимание, што секако, мене ми импонира“ - објаснува Шавија за тоа како реагираат мажите на неа.
„Кога е во прашање физичкиот изглед, јас преферирам тип на мажи со кафена коса и сини очи, но се разбира, физичкиот изглед ми е најмалку важен во целата приказна. Како што сум постара, толку повеќе ми се важни  некои други работи, како што се да биде внимателен кон мене,  да можам да се опуштам и уживам во негово друштво, да  биде пријатен и духовит и првенствено да ми биде како близок другар. Со таков маж би можела да имам и потомство“ - завршува Наташа, појаснувајќи каков тип мажи најмногу и „лежат“.
А Вие проверете и преиспитајте се... Можеби сте токму еден од нив... Нејзин тип!]]>