моден гуру – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 14 Jan 2022 08:13:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png моден гуру – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 После оваа „модна анализа“ на фолкерката Марија Луиса на Сергеј нема да му биде баш океј: Дали на Варошлија, Марија дефинитивно „ќе му ја пукне душата?“ (ВИДЕО)“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/posle-ovaa-modna-analiza-na-folkerkata-marija-luisa-na-sergej-nema-da-mu-bide-bash-okej-dali-na-varoshlija-marija-definitivno-kje-mu-ja-pukne-dushata-video-video/ Thu, 13 Jan 2022 09:20:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234665

Сегеј Варошлија, македонскиот моден гуру, познат по своите емисии, телевизиски и интернет настапи, каде ги прави „салата“ познатите јавни фаци, ги „черечи“ помалку познатите, а безмилосно ги „касапи“ тоталните анонимуси... Се разбира, кога се нивниот имиџ, изглед, фризурата, шминката, модните комбинации, облеката, обувките, накитот и аксесоарите во прашање... Сергеј е тука вистински „џелат“ на модниот вкус и трендовите, кој  ем ќе им ја стави јамката околу врат, а потоа ќе им го шутне столчето оставајќи ги без право на избор, така „обесени да висат“ во неговата рубрика „Модни катастрофи“! Како голем мераклија да ги „соголи од раменици до петици“ јавните фаци, не само што го анализира и коментира нивното модно промашување, туку неретко и го имитира нивното однесување.  Кого „вистината го боцка, погаѓа и боли“… Е, тоа е веќе прашање на „лично доживување“ и лична перцепција на „модната концепција“ на македонскиот „фешн џелат“! Арно ама, нели „и над попот имам поп“, па така и над секој „џелат има џелат“, велат... Па, така и над овој нашиов, модниов. На македонската фолк пејачка Марија Луиса Тодоровска, наместо душата и „пукна филмот“, па реши самата да ја превземе модната (те)палка в раце. Така Марија Луиса на модниот гуру самата му направи  „модна анализа“! По ова што му го приреди пејачката, на СерГеј  баш и нема да му биде океј...?! Дали на Варошлија, Марија дефинитивно „ќе му ја пукне душата“...? Самите проценете, откако нејзината видео „модна анализа“ ќе ја погледнете и преслушате:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Marija Luisa (@luisa.todorovska)

Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska/varoshlijasergej]]>

Сергеј Варошлија конечно се појави во јавноста: Модниот гуру се враќа на ТВ екраните? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sergej-varoshlija-konechno-se-pojavi-vo-javnosta-modniot-guru-se-vrakja-na-tv-ekranite-foto/ Fri, 08 Jan 2021 08:34:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184215

Со „падот“ на Боки 13 и распадот на 1ТВ империјата, по аферата „Рекет“ која со месеци ја тресеше македонската и регионалната јавност, човекот кој ја имаше најгледаната неполитичка емисија на телевизијата, Сергеј Варошлија како да „пропадна во земја“. Разбирливо, не само што преку ноќ  „исчезна“ од ТВ екраните, туку исчезна и од очите на јавноста. Престана да се појавува на вообичаените места, на што до душа му кумуваше и корона пандемијата, изолацијата, п0лицискиот час, рестрикциите и забрани на движење..., престана да споделува свои фотографии и статуси на социјалните мрежи, неговите профили останаа речиси „замрзнати“... https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/site-znaat-kade-e-boki-13-ama-znae-li-nekoj-kade-mu-e-najverniot-drugar-kade-ischezna-sergej-varoshlija-foto/ Многумина од чиста љубопитност се прашуваа каде тоа „испари“ модниот гуру, чија телевизиска вештина и умеење им недостасуваше, зашто може кој што сака да мисли за него, но едно е сигурно: Сергеј Варошлија е одличен познавач на модата, модните трендови и збиднувања во светот, а од друга страна тоа умее(ше) на забавен, оригинален и себесвојствен начин да и го пренесе на телевизиската публика. Тоа што некого „вистината го погаѓа и боли“... е веќе прашање на „лично доживување“ и лична перцепција на нештата, во кои Сергеј не веруваме дека имал „нешто лично“ против оние чиј изглед и имиџ го коментираше иако рака на срце, знаеше понекогаш и да претера! Како и да е, со гасењето на „1ТВ“ , „згасна“ и неговото модно ТВ шоу, заради што веројатно и нему ќе му „пукнеше душата“, но и на мнозинството ТВ гледачи, зашто, многумина потоа се согласија дека модниот гуру недостасува во ТВ етерот. За Боки 13  потоа, откако почна да се одмотува клопчето, стануваше помалку или повеќе познато, но од неговото најверно другарче, ниту трага ниту глас? Можеби само најблиските од  „затворениот круг“ знаеја каде е Варошлија, дали осамен тагува или некаде скриен молчи во страв да не тропнат и на неговата врата? Теории на заговор по разни основи имало и секогаш ќе има, но едно е сигурно: Помина долго време откако пошироката јавност повторно не го здогледа ликот на модниот гуру. Овој пат одново на социјалните мрежи. Имено, Сергеј сподели неколку, најпрвин новогодишни фотографии од скопските улици, на кои се гледа дека модниот гуру е „жив и здрав“ и ништо не му недостасува... Не барем физички. Неколку дена подоцна уште една мини серија најнови, фотографии.     Малку сам на масата, малку во женско друштво, покрај згодната русокоса пријателка Маја, позната македонска манекенка и модел, некогашна девојка на еден наш познат театарски режисер. Сепак во нивно друштво секако бил уште некој, зашто тој некој очигледно морал да ја направи фотографијата. Можеби претпоставувавте за кого се работи, а можеби и не?   И ништо чудно и необично во сето ова, доколку враќањето во јавноста на Варошлија не се поклопува со приказните кои последниве месеци наголемо кружат по новинарско-естрадните кулоари и кругови, дека наскоро во етерот треба да тргне нова телевизија. И тоа ни помалку, ни повеќе од истото место каде што заврши „1 ТВ“ - студиото на „Томато продукција“!? Телевизијата е неофицијално е во сопственост на еден македонски бизнисмен кој се занимава со „Ај-ти“ бизнис и програмирање, а се говори дека нејзиното име ќе биде „М2 ТВ“! Покрај политичките програми на неа ќе има и емсиии и шоуа од забавен карактер, меѓу кои „се шпекулира“ дека ќе биде и постоечкото или шоу со нов формат на Сергеј Варошлија!?   Значи ли тоа дека модниот гуру се враќа на ТВ екраните, а споделувањето на нови фотографии е само „загревање на јавноста“ за повторно навикнување на ликот на Варошлија? Ќе му „пукне ли некому душата“ и дали Сергеј навистина одново ќе има можност „да им ја пукне на другите“ со своите довитливи, остри и бритки, издржани и дрски коментари или ќе гледаме нешто сосема друго, некое поинакво издание на модниот гуру, останува да почекаме? А можеби сето тоа се само „празни музбети“ кои чаршијата ги плете во недостаток на забава и задкулисни естрадни „дешавки“? Сепак, не ја исклучувајте можноста да се запрашате дали се' уште важи онаа старата поговорка: „Каде што има чад, има ли и оган“? Останува да почекаме да видиме, дали набрзо ќе почне и...  „да гори“!? Фото:Инстаграм принтскрин  ]]>

Од починатиот млад хрватски актер се простуваат колегите и пријателите: Ова е една од најпотресните исповеди https://arhiva.vistina.com.mk/od-pochinatiot-mlad-hrvatski-akter-se-prostuvaat-kolegite-i-prijatelite-ova-e-edna-od-najpotresnite-ispovedi/ Mon, 28 Jan 2019 13:26:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69762

По ненадејната и шокантна смрт на младиот хрватски актер Роберт Будак се простуваат многу од неговите колеги и пријатели преку социјалните мрежи.
Меѓу мноштвото потресни исповеди, е и онаа на  познатиот хрватски ортопед и моден познавач, хрватскиот „моден гуру“ Ненад Коркут. Тој на својот фејсбук профил вака се прости од младиот актер:
Р.И.П. Роберт Будак „Роден на 21 март 1992 година во Загреб, почина денес ... не го дочека ни својот 27-ти роденден ... толку симпатичен, драг и талентиран. Гледајќи го неодамна како беше брилијантен во Хадерсфилд во ЗКМ, мислев дека го чекаат многу големи улоги, убава иднина и како ќе бидам среќен што ќе  ја следам неговата кариера ... Но тој замина пред подобро и да го запознаеме... Се приклучи во клубот 27. Лоша утеха. Величествено, но тажно е друштвото на неговите врсници: Џим Морисон, Џенис Џоплин, Брајан Џонс, Џими Хендрикс, Курт Кобејн, Ејми Вајнхаус, Жан-Мишел Баскијат, Хит Леџер ... Дориан Шипуш, авторот на оваа фотографија, веројатно не бил ни свесен кога ја снимил, како таа ќе изгледа потресно денес“ - го завршува со овие зборови своето испраќање на младиот актер, хрватскиот моден гуру. Фото: Ливио Андријиќ]]>

Елена Стефановска го возврати ударот врз „1ТВ“ империјата: Сергеј Варошлија оди на суд! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-stefanovska-go-vozvrati-udarot-vrz-1tv-imperijata-sergej-varoshlija-odi-na-sud-foto/ Sat, 08 Dec 2018 08:21:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62047

Македонскиот моден гуру ја добива првата тужба и тоа од никој друг, туку од колешка по два основа: ем и таа е ТВ водителка, ем полето на интерес им е исто - мода и убавина! Имено, Сергеј „ќе ми пукне душата“ Варошлија, по се изгледа „ќе пукне“ пред законот, што би значело заедно со матичната „1ТВ“ и финансиски. Имено, познат како „пис на јазик“ кога е модата  во прашање,Сергеј се' почесто ги критикува и некои од познатите личности. Евидентно е дека на „мета за одстрел“ особено му се оние кои не си ја „имаат калимерата“ со него, неговите претпоставени, неговиот газда, телевизијата... или пак ја имаат „спукано“!
До душа, не дека не ги разбира работите или не е во право кога е модата во парашње... Напротив! Но, она што му забележуваат, му се лутат, а сега и го тужат е рeчникот, вокабуларот, изборот на зборови со кои им се обраќа, ги критикува, а тие велат и ги навредува, оние кои ги коментира... Водителката на емисијата „Живот со стил“, русокосата кумановка Елена Стефановска беше во неколку наврати „торпедирана“ со коментарите на Варошлија.
„...Изгледа многу лошо и ова не е инфлуенсер, ова не е блогер и мислам дека ако треба да си блогер и инфлуенсер, тогаш оди на расадници и сади шаргарепи, копај, со тоа штиклите прави колци за патлиџани....“ - колку за пример, беше еден од коментарите на модниот гуру, нарекувајќи ја водителка на „живот без стил“. Еднаш, двапати, трипати... и на Елена и „пукна филмот“. Првото што веројатно стручни лица ја поучиле да стори е да се обрати со Преставка до државниот орган кој ги регулира правата и односите во РТВ етерот - „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на  ( се' уште) Република Македонија“. А преставката - еден вид жалба за нарушување на личниот углед, загрозување на интегритетот и како личност и како професионалец во професијата.
Набргу, стига одговорот од Агенцијата, кој нејзината Преставка ја прифаќа како основана, па во истиот меѓу другото се вели: „Надзорот покажа дека се основани наводите од Претставката според кои, во овие изданија на емисијата се застапени непристојни коментари, недолични описи, јавно изложување на подбив, погрдна експресивна лексика и можни навреди...“!
На Елена од Агенцијата и ја посочуваат и можноста за обраќање до Советот на честа при „Здружението на новинари на РМ“, како и до „Советот за етика во медиумите во Македонија“, но таа очигледно лично длабоко засегната, директно премина на трета инстанца, за неа веројатно онаа, најважната - судот! По преставката - тужба!
„Правдата е бавна, но секогаш стигнува. Институциите ја препознаа неправдата, сега на ред е судот! За божјиот, секој си одговара“ - напишала водителката најавувајќи ги своите намери и следни чекори во „битката за правда“ во „војната со 1ТВ империјата“, на која очигледно е решена да и зададе сериозен удар.
Особено на нивниот „моден гуру“ Сергеј Варошлија, кому му е фрлена ракавицата, а нејзиниот „меч на правдата“ подготвен за двобој. Па, да видиме кому „ќе му пукне душата“... ама и џебот?
 ]]>