мобил видео – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 23 Jun 2021 12:29:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мобил видео – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Давид Темелков со песна и мобил видео како роденденски подарок за себе и своите фанови во – „Не кревај раце“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/david-temelkov-so-pesna-i-mobil-video-kako-rodendenski-podarok-za-sebe-i-svoite-fanovi-vo-ne-krevaj-race-video/ Wed, 23 Jun 2021 12:29:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208134

Македонскиот пејач Давид Темелков, кој веќе десеттина години гради музичка кариера и во Хрватска,го прослави својот 29-ти роденден. По тој повод, тој на своите обожаватели им подарува нова песна и спот. Не кревај раце“ („Не дижи руке“) е снимена на македонски и на хрватски јазик, а за неа музиката ја напиша Миро Буљан, текстот е на Соња Буљан, додекаа препевот на македонски го направи Давид. „Интересно е дека мојата долгогодишна девојка Елена е главна актерка во спотот, кој, верувале или не, целосно е снимен со мобилен телефон, во монтажата имав помош, а режисер сум јас самиот. Инаку таа е телевизиска водителка, заедно сме веќе шест години и ми е огромна поддршка во сѐ. Имав мала незгода, пред снимањето скршив нога, но, за среќа, тоа не се забележува во кадрите. Снимавме на Истра, во Водњан, Ровињ и во Пула. Всушност, ова е наша автентична приказна, бидејќи Елена е од Истра, поточно од Водњан, па во видеоприказната ја овековечивме и нејзината улица“, вели Темелков за Нова Македонија. Темелков наскоро ќе го одржи и својот прв солистички концерт. Имено на 12-ти август, тој ќе го отвори годинашното „Новоградишко лето“. „Ќе пеам пред 40.000 луѓе два часа, а по мене настап ќе имаат легендарните „Парни ваљак“. Планирам за таа пригода да направам еден сплет од песните на Тоше, кои многу ги сакам, а меѓу нив секако ќе биде и „Илузија“ на композиторот Кире Костов, која како да е за мене пишувана“- додава Темелков, повикувајќи ве да ја слушнете неговата нова песна и погледнете видеото. ]]>