моб – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 29 Feb 2024 13:43:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png моб – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Филмски песни наградени со „Оскар“ на Оскаровската вечер во МОБ https://arhiva.vistina.com.mk/filmski-pesni-nagradeni-so-oskar-na-oskarovskata-vecher-vo-mob/ Sun, 25 Feb 2024 13:33:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340334

Во пресрет на 96. доделување на филмските награди „Оскар“, во Националната опера и балет во среда (28 февруари) во 20 часот ќе се одржи првата Оскаровска гала вечер. Најубавите филмски песни наградени со „Оскар“ ќе бидат изведени од врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Национална опера и балет и Националниот џез оркестар. Диригент е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев. Водителка ќе биде Миланка Рашиќ. Настанот ќе започне со црвен тепих во 19.30 часот.]]>

Во пресрет на 96. доделување на „Оскар“: МОБ за прв пат организира „Оскаровска гала вечер“ https://arhiva.vistina.com.mk/vo-presret-na-96-dodeluvane-na-oskar-mob-za-prv-pat-organizira-oskarovska-gala-vecher/ Sat, 10 Feb 2024 13:31:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337928

Во пресрет на 96. доделување на наградите Оскар, „Mакедонската опера и балет (МОБ)“ ја организира првата Оскаровска гала вечер во среда, на 28.02.2024 со почеток во 20 часот.

Најубавите филмски песни наградени со Оскар ќе ги изведат врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет и Националниот џез оркестар. Диригент е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев.

„Низ ова незаборавно филмско - музичко патешествие ќе ве води долгогодишниот коментатор на оскаровскиот пренос, Миланка Рашиќ.

Дел од учесниците кои ќе настапат на сцената на МОБ се: Наде Талевска, Андријана Јаневска, Маја Гроздановска Панчева, Ана Петановска, Ана Мицковска, Игор Дурловски, Горан Наумовски, Даниел Дан, Христијан Тоневски…

Во манир на најблескавата филмска ноќ, настанот ќе започне на црвениот тепих во 19:30 часот.

„Бидете дел од гламурозната прослава на филмската магија и уживајте во песни кои низ годините станаа големи светски хитови и се дел од историјата на седмата уметност“ порачуваат и ве канат организаторите.

]]>

На 7 февруари на сцената на МОБ: Драматичната опера „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало https://arhiva.vistina.com.mk/na-7-fevruari-na-stsenata-na-mob-dramatichnata-opera-paljachi-od-rudhero-leonkavalo/ Fri, 02 Feb 2024 12:33:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337345

Драматичната опера „Палјачи“ од  италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари со почеток во 20 часот. Ремек-делото на веризмот, приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“  на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Никола Булески, концерт – мајстор е Јане Бакевски, хор – мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Настапува домашна солистичка екипа: во улогата на Канио/Палјачо ќе настапи Зоран Сотиров,  во улогата на  Неда, Дешира Амети Крлиу, во улогата на Тонио ќе настапи Марјан Јованоски, во улогата на Силвио, Драган Ампов, а во улогата на Арлекин, Дејан Стоев  во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Балетската претстава „Оревокршачка“ во вторник и среда на сцената на МОБ https://arhiva.vistina.com.mk/baletskata-pretstava-orevokrshachka-vo-vtornik-i-sreda-na-stsenata-na-mob/ Tue, 30 Jan 2024 12:52:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336821

Вонвременската балетска претстава „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски вечерва и утревечер од 20 часот ќе биде изведена на сцената на Македонската опера и балет. Кореограф е Василиј Иванович Ваинонен од Русија, адаптацијата е на неговиот сонародник Михаил Крапивин, додека сценограф е Анатолиј Нежњи. Костимограф е Љупка Ристовска. Репетитори се: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Билјана Пашариковска, Дафина Данилоска-Кочевска, Маја Митровска-Богојевска. Во главните улоги настапуваат: Марија Кичевска-Шокаровска (Клара) и Франциско Хименес Руиз од Шпанија (Принц). Настапуваат првенците, солистите, балетскиот ансамбл при Националната опера и балет и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.]]>

„Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи на 26 јануари во Македонската опера и балет https://arhiva.vistina.com.mk/kavalerija-rustikana-od-pjetro-maskani-na-26-januari-vo-makedonskata-opera-i-balet/ Wed, 17 Jan 2024 12:11:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335282

Tрагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, прикажани во операта „Кавалерија рустикана“, на сцената на Македонската опера и балет ќе се изведе на 26-ти јануари со почеток во 20.00 ч. „Кавалерија рустикана“ е едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори во останатите опери кои ги создал по неа. На сцената на МОБ ќе се изведе под диригентската палка на гостинката од Украина, Оксана Мадараш, а во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор: Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Настапуваат: Сандра Митровска во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Ристе Велков како Алфио, Катерина Стојановска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија во придружба на хорот и оркестарот од Македонската опера и балет. „Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени. фото: Facebook/ MOB]]>

Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на Рисима Рисимкин вечерва се отвора новата сезона на МОБ https://arhiva.vistina.com.mk/so-premiera-na-sovremeniot-balet-saga-identiteti-na-risima-risimkin-vecherva-se-otvora-novata-sezona-na-mob/ Fri, 06 Oct 2023 12:50:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321517

Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на кореографката Рисима Рисимкин вечерва и утревечер во 20 часот се отвора новата сезона на Македонската опера и балет (МОБ). Насловните улоги ги толкуваат прима-балерините Марија Кичевска Шокаровска и Мирјана Поп-Алексова Атанасова, како и истакнатата солистка Саша Евтимова, придружувани од Балаж Лочеи (к.г. Унгарија) и другите солисти и ансамблот на Балетот. Настапуваат и: Наташа Трендафилова Гицев, Илијана Данилов, Христина Наќевска, Игор Веланоски, Ендру Кук (к.г.Англија), Веселин Трајковски, Алфред Јаго (к.г. Англија), Франциско Хименез Руиз (к.г Шпанија) и Мирослав Митрашиновиќ. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка” на великанот Блаже Конески.
Македонската кореографка Рисима Рисимкин, која последниве години е актуелна на танцовите сцени во Париз, Њујорк и Пекинг, каде за нејзините кореографски остварувања добива одлични критики, после подолго време на наша покана, работи престава во Националниот балет. Рисимкин подготви национално дело, инспирирано од музиката, традицијата и современото македонско поетско творештво, каде прави симбиоза помеѓу битовота, класичната и модерната танцова лексика преточена во музиката на светски познатиот композитор Тони Китановски, костимите се на повеќе пати наградуваниот костимограф, Благој Мицевски, а сценскиот дизајн е на Матеа Мијановиќ, чии сценографски решенија добиваат одлични оценки на познатите танцови светски сцени. Авторската екипа, во соработка со танчерите на Националниот балет, создаде едно спектакуларно дело, во кое се испреплетува историјата, традицијата и современиот уметнички израз – вели Олга Панго, уметнички директор на Балетот.

„Фолклорно – класична симбиоза“ – ексклузивен настан на МОБ и Танец https://arhiva.vistina.com.mk/folklorno-klasichna-simbioza-ekskluziven-nastan-na-mob-i-tanets/ Tue, 26 Sep 2023 12:01:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319813

На сцената на Македонската опера и балет, на 27-ми септември 2023 со почеток во 20 часот ќе се одржи ексклузивен настан, „Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на на НУ Македонска Опера и Балет и НУ Танец. За прв пат во македонската понова историја, Македонската опера и балет и Танец ќе прозвучат заедно, со повеќе од 130 учесници на сцена, во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Водарки“, како и многу други македонски орски и вокални мелодии од богатиот репертоар на Танец. Концертот ќе се одвива под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Настапува оркестарот, хорот и играорниот кор на НУ Танец, како и оркестарот и хорот на НУ Македонска опера и балет. Фолклорно-класична симбиоза е замислен како музичка фузија на две различни традиции – класиката и фолклорот, вешто преточена во новите аранжмански партитури на Дарко Илиевски (истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на Танец). Македонската јавност и македонската музичка култура во целост, ќе добијат уште едно комплексно дело со врвен уметнички израз, кое на достоинствен начин го чува и унапредува македонското музичко творештво.]]>

ВИС „Аманет“ слават јубилеј – пет години постоење со концерт во МОБ: „Многу мерак имам“ https://arhiva.vistina.com.mk/vis-amanet-slavat-jubilej-pet-godini-postoene-so-kontsert-vo-mob-mnogu-merak-imam/ Fri, 31 Mar 2023 12:29:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296139

Вокално-инструменталниот состав „Аманет“, на 1 април (20 часот), во Националната опера и балет со концертот насловен „Многу мерак имам“ ќе го одбележи јубилејот, пет години од своето постоење. Овој состав располага со богат репертоар, којшто се состои од традиционални ора и песни од повеќе региони во Македонија, изведувани на традиционални инструменти како кавал, гајда, шупелка, тамбура, ќемане и тапан. Присутните ќе имаат можност да уживаат во изведбата на народните песни „Девојче, девојче, црвено јаболче”, „Многу мерак имам, бабо” и „Зачукале тапаните” како и некои постари песни кои за првпат ќе имаат можност да ги слушнат. Ќе бидат изведени и ората “Чучук”, “Штипска крстачка” , “Ситна лиса”… Инаку, групата е составена од 11 членови: Андреј Трајковски, Роберт Ангеловски, Филип Арилон , Новица Крстевски, Оливер Настовски, Христијан Јаневски, Јане Крстевски и Никола Волканоски – инструменталисти, додека како вокали настапуваат Симона Петковска, Ивана Чаловска-Ангеловска и Ленче Димовска. Како гости, пак, ќе настапат инструменталистите Стојче Трајанов и Џељо Дестановски, како и  долгогодишен соработник на ВИС “Аманет“, Владо Дојчиноски. ВИС „Аманет” има реализирано повеќе концерти, настани и хуманитарни акции, а соработува и со неколку културно-уметнички друштва, со чија помош заемно придонесуваат за афирмација на македонскиот фолклор во светот. „Иако сме релативно млада група, нашата мисија и цел е да ја сочуваме традицијата и тоа токму ширејќи го звукот на таа традиција. За возврат, многупати сме биле наградени со награди и признанија, кои се само поттик да продолжиме да ја шириме нашата мисија, светот да ја слушне македонската традиционална песна“, велат од „Аманет”.]]>

На 31 март во МОБ: Детската балетска претстава „Петар Пан“ и кај нас https://arhiva.vistina.com.mk/na-31-mart-vo-mob-detskata-baletska-pretstava-petar-pan-i-kaj-nas/ Mon, 20 Mar 2023 13:15:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294201

На 31 март, во Националната опера и балет премиерно ќе бидат изведени две претстави на детската балетска претстава „Петар Пан“. Станува збор за омилениот лик и роман на Џејмс Метју Бари, таткото на вечните деца и на сите оние што не сакаат да пораснат. Ова е претстава за сите убавини на земјата Недојдија, за имагинација оплеменета со многу добра музика, игра и разноразни чудесии што ќе ги анимираат децата во претставите од 17.30 и 20.00 часот. Петар Пан е синоним за палавоста, волшепство и семожност, за магичен прав со кој летаат малечките херои и светот, едноставно станува волшебен. Оргиналноста на оваа претстава за деца и за сите оние што си го чуваат детето во себе е што нема класичен наратор туку либретото го пее Ѕвончица преку различни песнички. Сценариото и сонговите ги потпишува Ристо Самарџиев, визуелната магија е доловена преку костимите на Елена Вангеловска и сценографијата на Љупчо Јованов. Музиката ја потпишува Владимир Дојчиновски -Дојчин, режија е на Ирена Лозинска а продукцијата на М- Соунд. И уште нешто: Петар Пан е музичко балетски спектакл во кој учествуваат 56 деца од балетско студио „Арт балет“, заедно со Веселин Трајковски и Ницолас Алехандре Хоурсеау, гостите при балетскиот ансамбл. Билетите можат да се набават на mktickets.mk, Југотон и Литература.мк.]]>

Mанифестацијата се враќа на голема врата: „Глумците пеат“ на 20-ти април во Македонската опера и балет https://arhiva.vistina.com.mk/manifestatsijata-se-vraka-na-golema-vrata-glumtsite-peat-na-20-ti-april-vo-makedonskata-opera-i-balet/ Mon, 06 Mar 2023 13:33:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291973

„Драги пријатели, со огромна доза на емоции и со уште поголема одговорност, ви најавувам дека шоуто „Глумците пеат“ се враќа на сцена“, соопшти на социјалните мрежи Маја Бабиќ, ќерка на неодамна починатиот актер Марин Бабиќ, кој беше идеен творец на манифестацијата. Таа меѓудругото вели дека никогаш досега не и било потешко да напише статус и да ги оддели емоциите од работата (професионалноста). „Ни остави аманет и знаевме дека мора да го исполниме. Затоа што ТОЈ толку многу ги сакаше и копнееше да ги врати. И затоа, во чест на Марин ја враќаме на глумците, на театарот, на публиката. Оваа година ќе биде на 20-ти април, во Македонската опера и балет, но од догодина ќе ги вратиме на денот на кој припаѓа – 26-ти март, во чест на 27-ми март, светскиот ден на театарот. Деновиве со Ира, пребарувајќи по старите архиви, сфативме дека за жал нема многу останато од претходните изданија. Неколку снимки, неколку фотографии и многу убави сеќавања. Време за нови спомени, за нови убави моменти“, напиша Маја Бабиќ на социјалните мрежи додавајќи дека во идниот период ќе следат уште информации поврзани со овој голем музичко-забавен настан.]]>