младост – лудост – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 17 Jan 2023 10:42:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png младост – лудост – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Подготвена на сè за успех: Беше Мис Југославија, а поради кариера и слава позирала гола за насловните страници (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/podgotvena-na-se-za-uspeh-beshe-mis-jugoslavija-a-poradi-kariera-i-slava-pozirala-gola-za-naslovnite-stranitsi-foto/ Tue, 17 Jan 2023 10:42:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284577

Андријана Анчи Дабетиќ, поранешна мис на Југославија во 1994 година и пејачка, кога ја започна својата пејачка кариера, беше подготвена на сè за успех. Тоа најчесто подразбира дека сакала да ја заинтригира публиката не само со гласот, туку и со својот раст, а често и гола позирала за насловните страници, а правела и провокативни календари. Како што истакнува денеска, тоа било младост - лудост, но кога би требало да го направи тоа одново, би го направила истото, бидејќи нема од што да се срами.
„Горда сум и среќна што и покрај медиумската пауза, преживеав и што секој можен весник што постои изминативе 30 години пишуваше за мене и бев на насловните страници. Бев во сите емисии, пишуваше и „Политика“ за мене, завршив на насловната страница на „Темпо“ и „Спорт“, што на сите им беше чудно. Ама знаете што, некој е интересен, некој не, некој може да си црта на трепките, но не е интересно, а некој да каже само една реченица и ќе биде интересно за секого. Денеска не ми е проблем да разговарам, да запознавам луѓе, да пеам во живо. Луѓето кои си ја знаат работата знаат да ја ценат - рече Анчи, додека на прашањето дали се кае за нешто, таа рече:
- Непромислено кажував работи што не требаше, можеби требаше да си го гризнам јазикот, но ако ме прашате мене, ќе кажам. Тоа е посилно од мене. Луѓето не сакаат да ја слушаат вистината, но ако си дадете право да го прашате моето мислење, не можете да се налутите ако го кажам тоа. Ако само сакаш да слушнеш што сакаш, нема да кажам ако не се согласувам со тоа. Додека на почетокот на кариерата се облекуваше провокативно, пејачката призна дека своевремено имала непријатна средба и осудувања од колегите поради тоа. фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

Ќе го препознаете ли овој српски „фраер“, кој денес е позната музичка „ѕверка“, а прави нешто, што денес самиот не би можел ниту да го гледа?! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kje-go-prepoznaete-li-ovoj-srpski-fraer-koj-denes-e-poznata-muzichka-dzverka-a-pravi-neshto-shto-denes-samiot-ne-bi-mozeln-itu-da-go-gleda-foto/ Fri, 23 Apr 2021 11:05:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200291

Ретро фотографиите и видеата понекогаш се чудо. Не само што не враќаат во минатото, во годините на младоста и лудоста, туку и не потсетуваат дека некогаш сме имале храброст да правиме  работи што денес не би се осмелиле ни да ги гледаме на видео, кога некои други ги прават! Ама тоа е младоста... Едно такво ретро адреналинско видео сподели познатиот српски  музичар и композитор, актуелен „фраер“ и од жирито на најгледаното регионално, музичко шоу за таленти, „Ѕвездите на Гранд“. Снимка е стара повеќе од две децении, кога тој ги посетил познатите Викториини водопади и скокнал од височина од 120 метри.Тогаш имал долга коса и беше многу помлад, а како што на шега изјави, видеото е морничаво од две причини: Првата е неговата фризура, а втората е височината од која скока“. Ако се' уште не ви текнува кој е, ние ќе ви откриеме дека во прашање е Александар Милиќ - Мили. Погледнете го видеото со неговиот адреналински шок-скок:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by MILIGRAM (@miligramofficial)

Фото: Инстаграм принтскрин/miligramofficial
]]>

Младите, летните забави, возењето во раните утрински часови и безбедноста во сообраќајот https://arhiva.vistina.com.mk/mladite-letnite-zabavi-vozenjeto-vo-ranite-utrinski-chasovi-i-bezbednosta-vo-soobrakjajot/ Fri, 29 Jun 2018 11:03:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=35324

Возењето во раните утрински часови може да претставува проблем за младите возачи и потенцијален ризик  да се соочат со тешкотии при управувањето со возилото. Ослободени од училишните и од факултетските обврски, во периодот од годината кога бројните концертни настани и отворените летни дискотеки ветуваат добра забава до раните утрински часови, секој млад човек со нетрпение чека да се собере друштвото и да си овозможи нова летна авантура. Секако, задоволството не би било комплатно доколку денот не се искористи максимално и не се направат повеќе работи одеднаш. И пред да го зграпчите зајдисонцето и да се препуштите на лудите летни авантури, не заборавајте: Младост е да уживаш во летните авантури, лудост е тие да прекинат зад воланот! По долгиот и жежок ден, спасот да се подише свеж воздух и да се разладат, младите го наоѓаат надвор од своите домови, на тревата во парк, во кафе бар или во некоја од градските дискотеки. Разладени со некоја пијачка плус, понесени од атмосферата и од друштвото, по добро поминатата вечер скоро секое друштво се собира на „афтер парти“ на локација на која нема да пречат никому и дома се враќаат во рана зора кога започнува новиот ден. Една од  малку предвидливите ситуации, која како релативно нови учесници во сообраќајот младите ретко ја забележуваат а е многу опасна и е одговорна за голем број сообраќајни незгоди предизвикани од млади возачи – е возење уморни во раните утрински часови.
Она што младите  не го предвидуваат е заморот што го совладува  организмот,  без разлика на силата и енергијата што ја чувствуваат во тој момент. Возењето во услови на мрак е само по себе опасно бидејќи е потешко да се види патот пред себе, но возењето во услови на зазорување е уште поопасно бидејќи  човечкото око се бори со светлината што се пробива од мракот и се напрега да се фокусира на објектите на патот, односно на самиот пат, на луѓето и на другите возила. Основен инстинкт на организмот во борбата со заморот и поспаноста е постојаното трепкање на окото со цел  да го одржи организмот буден. Борејќи се со сонот, се намалува концентрацијата и можноста за правилно рассудување, се намалува перцепцијата, реакциите на естремитетите се забавени и можноста за брзо маневрирање е отежната. Сето ова го прави возењето опасно, а грешките се толку големи што чинат живот. Дополнително отежнување за заморениот поглед претставуваат и светлата и фаровите од другите возила, односно нивниот одблесок во  ветробранското стакло и ретровизорите на автомобилот, заедно со првите утрински  сончеви зраци. Доколку навистина мора да управувате моторно возило и да учествувате во сообраќајот под вакви околности, имајте во автомобилот еден пар резервни очила за сонце. Освен  намалената перцепција и намалениот фокус,  и другите реакции на организмот  во вакви услови, во раните  утрински  часови се исти како кога  се управува моторно  возило под дејство на алкохол. Согласно тоа, возењето во раните утрински часови,  покрај тоа што претставува предизвик, претставува и голема опасност  а потврда за тоа е големиот  број  на сообраќајни незгоди што се случуваат во овој период од денот. Според статистиката на РСБСП, најчесто учесници во нив се млади возачи или возачи-почетници. РСБСП со порака: „ Запомнете! Возењето одговорно,  е дел од иднината на секој млад човек. Младост без лудост! Вози одговорно!]]>