Младите доаѓаат“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 01 Jun 2021 12:39:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Младите доаѓаат“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Младите доаѓаат“: Ученици од државните музички училишта ќе настапат на концерт во Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/mladite-doagjaat-uchenici-od-drzavnite-muzichki-uchilishta-kje-nastapat-na-koncert-vo-makedonskata-filharmonija/ Tue, 01 Jun 2021 12:39:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205119

Овој четврток, 03 јуни 2021 год. во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат учениците од државните музички училишта. На програмата се дела од Хајдн, Пихл, Штамиц, Моцарт, Глук, Сен-Санс и Григ. Како солисти ќе настапат: Софија  Михајловска – пијано (VIIодд., класа: проф.м-р Ана Трајановска), Огнен Златанов – контрабас (II година, класа: проф.м-р Благој Маротов), Јосипа Василевска – флејта (I година, класа: проф. Николина Ефтимова Тодоровска), Виктор Рафајловски – пијано (III година, класа: проф. Катерина Фидановска Ќетковиќ), Теодора Пејиќ – соло пеење (III година, класа: проф.Александра Коцевска), Магдалена Дрмач – виолончело (I година, класа: проф. Александра Јаневска) и Гоце Златев – пијано (I година, класа: проф. Славица Мицевска). Концертот „Младите доаѓаат“ ќе го води местро Сашо Татрчевски. Роден во Битола каде се здобива со основно и средно музичко образование. Дипломира и магистрира на ФМУ Скопје на катедрите за хорско и оркестарско диригирање, а посетува и мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Санкт Петербург и Сартеано. Настапувал со различни ансамбли вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Оркестарот на МОБ, Симфонискиот оркестар на ИКО – Рим, Симфонискиот оркестар на Ермитаж од Санкт Петербург, Битолскиот камерен оркестар, Битолската опера, Симфонискиот оркестар на Битолско културно лето, Солисти на ФМУ, Симфонискиот оркестар на ФМУ, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „КонТемпора“, Мандолинскиот оркестар при МКЦ и други камерни и симфониски состави. Во моментов работи како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и диригент на симфонискиот оркестар и мешаниот хор „Драган Шуплевски“, како и уметнички раководител на Женскиот младински хор при МКЦ и професионалниот мешан хор „Про Арс“.
]]>