млади – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 18 Sep 2023 09:23:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png млади – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Младите се жалат: Сѐ помалку баби и дедовци денес ги чуваат внуците https://arhiva.vistina.com.mk/mladite-se-zhalat-s-pomalku-babi-i-dedovtsi-denes-gi-chuvaat-vnutsite/ Mon, 18 Sep 2023 12:00:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318398

Лицата од тн. генерација „милениумци“, родени последните 15 – 20 години од минатото илјадалетие, денес имаат 25 – 40 години и се сеќаваат како престојувале кај нивните баби и дедовци секој викенд и / или цел летен одмор. Денес, сметаат многумина, состојбата е значително поинаква, па една мајка-милениумка објаснува – зошто е тоа така? „Прејдовме од генерација деца кои секој викенд го минуваа кај баба сѝ и дедо сѝ, во генерација родители кои секој миг го минуваат со своите деца“, гласи насловот на видеото објавено на Тикток-профилот @brittnievh. – За многу луѓе денес, поширокото семејство е „невидливо“. Селото веќе не ги воспитува децата. Ние (родителите) сме „селото“. Тоа е разликата меѓу нас, заклучува авторката во своето видео. Во коментарите потоа, многумина се согласија, велејќи дека жалат што нивните деца немаат ист однос со бабите и дедовците, каков што самите тие имале со своите. „Нема село, нема помош. Само јас и мојот сопруг сме. Никој не е заинтересиран“, „Ме воспитуваа баба ми и дедо ми, така што не би ни очекувала дека моите родители знаат да се грижат за моето дете“, „Имам измешани емоции за ова. Жалам што родителите секогаш ме праќаа кај баба ми, но би сакала денешните баби да помагаат повеќе“ – се дел од коментарите.   Извор: Курир.мк]]>

Антидепресивите кај помладата популација предизвикуваат емоционално осиромашување https://arhiva.vistina.com.mk/antidepresivite-kaj-pomladata-populatsija-predizvikuvaat-emotsionalno-osiromashuvane/ Tue, 24 Jan 2023 11:21:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285536

Антидепресивите, кои се’ почесто се користат, особено кај помладата популација, предизвикуваат емоционално осиромашување, покажа студијата која нуди нови сознанија за ефектите на лековите и нивните можни несакани ефекти. Студијата покажа дека здравите волонтери реагирале помалку на позитивни и негативни повратни информации откако земале селективни инхибитори на репреземањето на серотонинот (SSRI) три недели. Негативните емоции би можеле да бидат дел од тоа како лековите им помагаат на луѓето да се опорават од депресија, но исто така може да предизвикаат несакан ефект. Еден од авторите на студијата, проф. Барбара Сахакијан од Универзитетот во Кембриџ рече дека ова може да биде еден начин на кој делуваат антидепресивите. Тие одземаат дел од емоционалната болка што ја чувствуваат луѓето кои страдаат од депресија, но за жал, изгледа дека одземаат и дел од задоволството, објасни таа. Студијата може да им помогне на пациентите подобро да се информираат пред да ги земат лековите, рече таа, но додаде дека нема сомнеж дека антидепресивите се корисни за многу пациенти. Според Здравствениот орган на ОК, повеќе од 8,3 милиони пациенти во Англија примиле антидепресив во 2021-2022 година. SSRI се меѓу најчесто користените и се ефикасни за повеќето, иако не за сите пациенти. Некои луѓе рекоа дека по користењето на лекот се чувствуваат емоционално блокирани или дека убавите нешта веќе не се пријатни, а студијата сугерира дека ова се однесува на 40-60 проценти од луѓето кои земале лек. Сепак, не е јасно дали овој симптом е несакан ефект на лекот или симптом на депресија. Извор: Курир.мк]]>

Алкохолот ја зголемува опасноста од мозочен удар и кај помладите лица https://arhiva.vistina.com.mk/alkoholot-ja-zgolemuva-opasnosta-od-mozochen-udar-i-kaj-pomladite-lica/ Fri, 04 Nov 2022 12:30:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274464

Пиењето алкохол на возраст меѓу 20 и 40 години претставува ризик од мозочен удар. Луѓето кои пијат умерени до големи количини алкохол се повеќе изложени на опасност од оние кои пијат помалку или воопшто не. Научниот труд е објавен во списанието „Неуролоџи“ (Neurology). Намалувањето на алкохолот кај возрасната група од 20-40 години може значително да ја намали опасноста од мозочен удар кај младите. Истражувачи од Националната универзитетска болница во Сеул работеле со доброволци кои биле подложени на четири медицински прегледи и дале информации за своите навики за пиење. Сите пациенти биле следени шест години. Според податоците потоа, луѓето кои пијат најмалку 105 грама алкохол седмично може да се дефинираат како умерени или тешки алкохоличари. Нискиот внес е еднаков на помалку од 105 грама алкохол во седмица. Стандарден пијалак во САД содржи 14 грама алкохол. Тоа е еднакво на 340 милилитри пиво или 140 милилитри вино. Младите луѓе на возраст меѓу 20 и 40 години кои пиеле најмалку 105 грама – две или повеќе години потоа имале 20 отсто поголема веројатност да добијат мозочен удар отколку оние кои воопшто не пијат или кои пијат по малку. Ризикот се зголемува со текот на годините и потрошувачката. По четири години умерено или повеќе од умерено пиење, ризикот веќе достигнува 23 отсто. извор:курир.мк]]>

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија 2021“ се враќа во киносалите https://arhiva.vistina.com.mk/filmskiot-festival-za-mladi-dzifoni-makedonija-2021-se-vrakja-vo-kinosalite/ Thu, 30 Sep 2021 13:03:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221331

Филмскиот фестивал за млади Џифони Македонија“ повторно во живо. По минатогодишното онлајн издание, деветтото издание на Џифони Македонија ќе се одржи  од 7 до 12 октомри во Скопје, на добро познатите локации: во Кинотеката, во Младинскиот културен центар и во киното „Милениум“. Веќе неколку дена е објавен повикот со кој се повикуваат сите ученици од средните и од основните училишта да се пријават за учество во меѓународното жири. Во намален број заради протоколите за безбедност, околу 180 ученици од основните и средните училишта од градот заедно ќе гледаат филмови и ќе учествуваат на креативни работилници, мастеркласови и други интересни содржини. За учесниците од странство и од другите градови во Македонија ќе биде обезбедена видеоконекција преку која ќе им се приклучат на своите врсници во активностите. Пријавувањето е  отворено до 4 октомври (понеделник). Формулар за пријава во категоријата Јуниори (VI, VII, VIII и IX одделение) https://tinyurl.com/Juniori21 Формулар за пријава во категориите Кадети и Сениори (I, II, III и IV година средно) :https://tinyurl.com/GiffoniMK21 Формулар за волонтери: https://tinyurl.com/GiffVolonteri Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од македонската Агенција за филм и Министерството за култура, Град Скопје, партнерот од Италија – „Џифони Експиериенс“ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.]]>

ФОТО: Младите богаташи со одмори од соништата https://arhiva.vistina.com.mk/foto-mladite-bogatashi-so-odmori-od-sonishtata/ Fri, 13 Aug 2021 10:18:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215220

Додека најголем дел од нас се обидуваат да преживеат на овие пеколни температури децата на богатите имаат малку поразлична агенда. Егзотични места, јахти, скапи автомобили, но и хеликоптери се само дел од нивните секојдневни активности. ]]>

„Синедејс“ објави конкурс за млади од 16 до 20 години за снимање еко-филм https://arhiva.vistina.com.mk/sinedejs-objavi-konkurs-za-mladi-od-16-do-20-godini-za-snimanje-eko-film/ Fri, 04 Jun 2021 12:06:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205735

Фестивалот на европски филм „Синедејс“ објави конкурс за млади од 16 до 20 години од Скопје и Македонија, кои може да аплицираат како тимови од три до пет учесници за снимање кратки видеа на однапред зададена еко-тема. Учесниците ќе имаат задача во рок од 72 часа да направат сценарио, да снимат и да монтираат кратко видео на тема што ќе ја одберат по случаен избор, во текот на петдневниот престој во Скопје за време на фестивалот, кој ќе се одржи од 10 до 20 јули годинава. Рокот за пријавување е до 10 јуни 2021 до 16 часот, а повеќе информации се достапни на следниот линк. На учесниците ќе им бидат покриени трошоците за сместување, пат, храна и акредитација за фестивалот, а за целата екипа од најдобриот филм, ќе биде обезбедена и награда од фондот на настани во МКЦ.]]>

Што го привлекува вниманието на младите на социјалните медиуми? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-go-privlekuva-vnimanieto-na-mladite-na-socijalnite-mediumi/ Tue, 25 May 2021 12:53:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203999

Во екот на технолошкиот развој и комуникација на прво место се секако социјалните медиуми. Многу од нив се дел од секојдневието на младите генерации. Eдна од најважните цели која е заедничка за секоја содржина е да се привлече внимание на што е можно повеќе читатели и да се сподели меѓу различни групи на луѓе. Токму тоа беше поттик за две студентки од ФИНКИ да направат истражување на тема - Што го привлекува вниманието на младите на социјалните медиуми? За таа цел спроведоа анкета на повеќе испитаници и разговараа со стручно лице кое има долгодишно искуство во интернет рекламирањето. Преку овие активности дојдоа до интересни заклучоци. “Содржината зависи од производот кој комуницира и најголем ефект имаат видео содржините во кои треба да се запази приказната на брендот. Младите денес комуницираат визуелно, па така вниманието најмногу го привлекува впечатливиот наслов, добрата комбинација на бои и слики кои се придружени со текстуални пораки” – велат тие.]]>

Младите масовно не користат кондом https://arhiva.vistina.com.mk/mladite-masovno-ne-koristat-kondom/ Wed, 19 Aug 2020 11:45:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164018

Младите се свесни дека треба да користат кондом секој пат, но кога моментот ќе настапи, ова правило премногу често се игнорираат. Двегодишното глобално истражување на Durex докажува дека многу млади не се загрижени за последиците од сексот без заштитни средства и / или не се сигурни доволно за да инсистираат да користат кондом, што значи дека тие често преземаат ризици, кои се свесни дека не смеат да ги преземат. Популарното верување дека “тоа нема да се случи токму на мене” во комбинација со недостаток на свест за инфекциите, сексуално преносливи, и несаканата бременост го негува развојот на т.н. “култура на неодговорноста”. Фактите се индикативни: 40% од сексуално активните на возраст меѓу 16 и 24 години признаваат дека имале секс со повеќе од еден партнер без кондом, а 61% даваат потврден одговор дека обично не размислуваат за кондом до моментот во кој тој ќе им затреба. Иако често ризикуваат, само 14% од испитаниците признаваат дека сексуално преносливите инфекции се нивната основна грижа. Помалку од четвртина споделуваат дека најголемата загриженост од незаштитен секс е несаканата бременост. Статистиките од одговорите на испитаниците покажува какви се размерите на бариерите за безбеден секс. Речиси половина (48%) од испитаниците сметаат дека никој од нивните пријателски кругови не би се заразил со ХИВ и СИДА. “Минатата недела имав секс со некого без да користам кондом. Отидов во болница, зедов пилула и проблемот беше решен. Истото е како да имаш настинка“, вели еден од испитаниците. “Мислам дека ХИВ-от е поврзан со генерациите. Нашата генерација не мисли за ХИВ“, е мислењето на друг дел од учесниците во студијата. “Безбеден секс треба да биде одговорност и на двајцата партнери, но она што го научивме од многу млади мажи за време на нашето истражување беше дека жените имаат клучна улога – се случува она што тие го сакаат. Младите жени велат дека без разлика дека се свесни дека треба да инсистираат нивниот партнер да користи кондом редовно, во многу случаи двојката не користи кондом од ред причини. Еден од најчестите аргументи е дека ако тие инсистираат нивниот партнер да користи кондом, тоа би го оттргнало. Овој страв од отфрлање или убивање на расположението е главната пречка за многу млади жени, но ние откривме дека во повеќето случаи тоа воопшто не соодветствува на реалноста. Всушност е точно спротивното“, коментира Марк Пирсон, регионалнен бренд директор на Durex. Дополнителна статистика: – 34% од момчињата преферираат да имаат секс без кондом, обидувајќи се да се извлечат без да го користат – 15% Од анкетираните девојки велат дека носат кондом секогаш кога излегуваат – Тројца од четворица испитаници признаваат дека во одреден степен се срамат да зборуваат за секс. извор:нетпрес.ком.мк]]>

Ако Тамара Михајловска во изборниот спот им ја плесна суровата реалност в лице, па збеснаа, Слаткар вистината им ја плесна во песна: Во „Распукала Шар Планина“ го опеа егзодусот на македонската младина (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ako-tamara-mihajlovska-vo-izborniot-spot-im-ja-plesna-surovata-realnost-v-lice-pa-zbesnaa-slatkar-vistinata-im-ja-plesna-vo-pesna-vo-raspukala-shar-planina-go-opea-egzodusot-na-makedonskata-mladina-vi/ Thu, 02 Jul 2020 07:53:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156688

Фамозниот видеоспот од изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во кој е содржана суровата вистина за заминувањето на младите од Македонија во еден правец,  социјал-демократите ги соочи со поразителната вистина од нивното владеење, па цунамито безмилосни напади, невкусни коментари, сурови лични навреди, дрски омаловажувања, тргна… Кави не зборови од богатиот арсенал на приземниот вокабулар на политичките неистомисленици ќе се урне врз плеќите на протагонистите во изборниот рекламен видеоспот, во кој најголемиот број од „отровните пикантерии“ беа фокусирани на главниот лик – младата девојка која разочарана од „безнадежноста и животот во земја на дното“, сака да ја напушта својата татковина… засекогаш! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tamara-mihajlovska-devojkata-od-izbornata-reklama-za-koja-se-krena-golema-galama-spotot-gi-pogodi-a-reakciite-se-nivna-nemokj-da-se-odbranat-od-svojot-neuspeh-za-seto-toa-shto-vetile-za-mladite-a-nish/ Откако Тамара Михајловска им ја плесна суровата вистина в лице, политичките неистомисленици преку нивните платени мегафони во „невладините режимски“ медиуми и послушните полтрони - дежурни лајачи на социјалните мрежи се обидоа да ја распнат. И опозиционата партија и нивната документарно-уметничка реторика во инкриминираното изборно видео, но најмногу младата девојка која така сликовито и реално си ја одигра својата улога, што соочувајќи ги со дното на кое го доведоа младиот човек во земјава, власта и оние околу неа ги фрли во очај. Лавина злоба, сексизам и национализам и реки омраза потекоа на социјалните мрежи, обидувајќи се да ги извртат тезите за да ја минимизираат сопствената мизерија во која ја доведоа токму онаа најработноспособната, најкреативната, најинвентивната, најпрогресивната... категорија на граѓани во Македонија - младите. Откако се потрошија расфрлајќи се со гнасотии и „легнаа на брашното“, следува нова шлаканица на истата тема. Овој пат од човек кој не е политичар, не е член на партија, не е кандидат на ниту една листа освен на онаа која ја составува народот, а на неа гласаат неговите обожаватели и конзументи на неговите песни - музичката Топ листа. И тој и тие се токму од онаа истата категорија која  власта ја испрати да си купи билет за пат во еден правец... За излез од Македонија. Токму тој, Марко Маринковиќ попознат како Слаткаристика, во својата најнова песна „Распукала Шар Планина“ го опеа егзодусот на македонската младина! Низ стихови што параат душа, им ја стави пред нос македонската слика и прилика за злосторот што им го направија на младите ќерки и синови на оваа земја. Уплашени, понижени, изгубени во бесперпективност, со можност за само еден избор - правец било каде, само не овде... НЕ дома, каде што се најпотребни, НЕ на родното огниште каде што се најсакани, Не на своето каде што најмногу припаѓаат... Туку, некаде надвор по белиот свет, каде пристојно ќе живеат, но својата родна грутка никогаш нема да ја прежалат! И ако младата политичка активистка Тамара Михајловска во изборниот спот им ја плесна суровата реалност в лице, па збеснаа, Слаткар вистината им ја плесна во песна. Користејќи го мотивот од старата македонска народна песна „Распукала Шар Планина“ го опеа егзодусот на македонската младина. Присилена да мигрира од политичко-економски мотиви, од нефункционирањето на системот, обезличеноста, изопаченоста, полтронството, неправдата, корупцијата, криминалот, неморалот, урнатите вредности... и останатите гадости во кои Македонија се дави! И бидејќи власта и оние што ја преферираат и поддржуваат, вистината ги погаѓа и толку многу ги боли, што од неа дури и кожата им се ежи,  дали сега и Слаткар како и Тамара ќе се обидат да го распнат на социјалните мрежи? https://www.youtube.com/watch?v=UMQ9wjbF2wg&feature=youtu.be&fbclid=IwAR2CSQn9oFLb5A3tDnjxBcEe68zDbGcmSgo68S8OJ4Ui1_WewZNzgOs-RIM&app=desktop        ]]>

Тамара Михајловска – девојката од изборната реклама за која се крена голема галама: „Спотот ги погоди, а реакциите се нивна немоќ да се одбранат од својот неуспех за сето тоа што ветиле за младите, а ништо не исполниле“! https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-mihajlovska-devojkata-od-izbornata-reklama-za-koja-se-krena-golema-galama-spotot-gi-pogodi-a-reakciite-se-nivna-nemokj-da-se-odbranat-od-svojot-neuspeh-za-seto-toa-shto-vetile-za-mladite-a-nish/ Wed, 01 Jul 2020 08:12:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156415

Република Македонија  на 15 јули ја очекуваат вонредни парламентарни избори. Според многумина - одлучувачки... Последна шанса да ја биде или не оваа држава? Изборната кампања е во полн ек, реторика се зажестува, но се чини дека некои од изборните видеоспотови уште од првиот ден, со првото нивно емитување во етерот му станаа „трн во око“ на политичкиот опонент. Веројатно затоа што  речиси документарно ја отсликуваат реалноста која е повеќе од сурова, а вистината боли... Најмногу оние, чии ветувања наместо исполнувања се претвориле во лаги, во кои ниту самите тие повеќе не можат да си веруваат, зашто ушите можеш да ги излажеш да слушаат се и сешто, но очите го гледаат она што навистина се случува, а душата повеќе не може да ја трпи мизеријата, и неправдата, зашто животот на дното - не е живот... Особено не за секој млад, здрав, прав, способен човек, полн со надежи, желби, мечти, знаење, умеење и енергија тие да сака да си ги оствари во сопствената земја, во чија бесперпективност, за жал е само понижено гласачко бројче во служба на неколкумина политички моќници, нивните фамилии, ним блиските олигарси и нивните слепи послушници... Тогаш што друго му останува на младиот Македонец освен да замине... Далеку од дома, било каде, само не овде, со купен билет за еден правец...! Токму вакавата состојба реално опишана и отсликана во кадрите на видеото кое ќе ги соочи со поразителната вистина од нивното владеење, ќе ги погоди социјал-демократите, па цунамито безмилосни напади, невкусни коментари, сурови лични навреди, дрски омаловажувања... и кави ти уште не зборови од богатиот арсенал на приземниот вокабулар на политичките неистомисленици ќе се урне врз плеќите на нарачателите, реализаторите и протагонистите во изборниот рекламен видеоспот на ВМРО-ДПМНЕ, во кој најголемиот број  од „отровните пикантерии“  ќе бидат фокусирани на главниот лик - младата девојка која разочарана од  „безнадежноста и животот во земја на дното“, сака да ја напушта својата татковина... засекогаш! Но, која е всушност младата русокоса убавица што го исплаши „ѕверот“, која така убедливо влегувајќи во улогата, уверливо ја отслика македонската реалност во последниве години? Толку уверливо што „им ги побрка лончињата“ на политичките опоненти, па нивните платени мегафони во режимските медиуми и послушните дежурни лајачи на социјалните мрежи ги „истерсе од“... знаете веќе што? Тамара Михајловска е обична млада девојка, која е студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии на отсекот - Електроенергетски системи, каде зема активно учество во студенстските настани кои ги спроведува факултетот и како што самата вели, нејзиното презиме нема никаква роднинска врска со актерот Тони Михајловски. Многумина ја препознаваат преку нејзиното хоби - фотографијата, за која ќе се заинтересира уште на 16 години кога го освоила првото место на државно ниво за фото-сторија на тема: Животната средина и нејзино зачувување. Тоа ќе и овозможи  да учествува на  натпреварот на европско ниво, каде ќе го освои второто место, а со тоа нејзините дела ќе бидат објавени на фотографска изложба во Лондон. Следниот голем чекор го прави како  претставник од Македонија за CNN-iReport како photojournalist за настанот „Водици во Скопје“,  по што вратите широко и се отвораат за повеќе фотографски  настани низ цела Македонија од кој и настанот X-Factor во Скопје. „Покрај фотографијата пасија ми се балетот, уметничко лизгање и секско глумата, а исто така ги обожувам животните и патувањата“ - ја започнува својата приказна Тамара ексклузивно за Вистина.ком.мк Актерската ролја во споменатиот изборен спот кој  на владеачката партија и „боде очи“ не и е прва улога на младата Тамара. „По позитивните коментари од изборната реклама за претседателските избори 2019 година , бев повикана на аудиција за реклама за оваа изборна кампања. Во сценариото најдов многу суштински и реални проблеми со кои се соочуваме ние младите во Македонија и поради таа причина ја прифатив улогата“ - вели таа, и додава дека е долгогодишен активен член во партијата, бидејќи смета дека младите се оние кои треба да ги донесат промените во Македонија. „Партиски сум активна првенствено со цел да придонесам во обновата на Македонија. Кандидат сум на листата за пратеник во Изборна единица 1 по предлог на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Сигурна сум во убедлива победа на изборите, а со тоа и сите можности се отворени“ -  самоуверено тврди таа, надоврзувајќи се на пораката што ја испраќа изборната реклама во која таа игра: „Сметам дека рекламата испраќа порака за младите во Македонија и нивните емоции во момент на напуштање на својата татковина. Пораката е  младите да останат дома да се борат и придонесат за својата посветла иднина во Република Македонија. И самата сум имала можност да ја напуштам Македонија, но одлучив дека треба да останам, затоа што искрено се надевам на подобра иднина. Таа подобра иднина ја гледам во програмата - Обнова на ВМРО-ДПМНЕ, каде максимално е ставен акцент на младите, нивниот просперитет и обезбедување на услови за нивно градење како интелектуалци кои можат да придонесат во развојот на Македонија. Затоа на оние кои размислуваат за напуштање на земјава им порачувам: Останете да ја изградиме заеднички нашата посветла иднина во Македонија. Тука да ги продолжиме нашите корени и да створиме безбедно и убаво место за живеење“ - вели Тамара, коментирајќи го нападите и атаците врз видеото и лично врз себе: „Искрено очекував рекламата да ги погоди моите партиски неистомисленици, од причина што тие истите ветуваа враќање на младите и тврдеа дека обезбедиле живот за нив и нивен просперитет во Македонија. Но по сите недолични и крајно шовинистички реакции упатени лично кон мене, можам да кажам дека пораката од рекламата за младите е реална. Многу од младите не заминуваат од Македонија само заради економоски причини, туку заради тотално крахираниот систем на секое поле, предводено од нивното раководство. Затоа тие реакции всушност ги доживувам како нивна немоќ да се одбранат од нивниот неуспех кон сето тоа што ветиле за младите, а ништо не исполниле. Почитувам сечие мислење, но во границите на конструктивна критика... Останатите треба да научат да се посветат првенствено на својот живот и да научат за морални вредности“ - ги објаснува недоличните коментари и навреди кон себе оваа млада девојка. Улогата во спотот воопшто не и било тешко да ја одигра, бидејќи, како што самата потенцира, тоа не е глума, туку се соживеала со потешкотиите и иселувањето на младите со кои, за жал, се соочуваат. Актерското искуство  на Тамара датира оддамна, уште времето на средношколските денови во гимназијата Р.Ј. Корчагин, каде што се изведуваат одлични средношколски претстави. Токму на нив ќе го стекне искуството на сцена за актерство, ќе  придонесе за нејзината умешност во глумата. Во меѓувреме, покрај студиите и политичкиот активизам, Тамара Михајловска продолжува да го осознава фотоапаратот и фотографската наука. „И до сега сум сликала повеќе типови на фотографија. Импресионирана сум од црно-белата воедно и аналогната фотографија. Моментално се насочувам на уметничка и пејзажна фотографија од местата што ги посетувам“ - ја завршува својата приказна оваа убава, шармантна, интилигентна и исклучително храбра и отворена млада дама, која очигледно не се плаши од предизвиците на животот. Напротив, храбро им оди во пресрет, за да си обезбеди поубава и посреќна иднина, себе си и на младите, како од својата, така и идните генерации во Република Македонија. ]]>