млад отворен театар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 06 Nov 2022 06:58:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png млад отворен театар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 47. издание на Млад отворен театар – МОТ https://arhiva.vistina.com.mk/47-izdanie-na-mlad-otvoren-teatar-mot/ Sun, 06 Nov 2022 06:30:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274500

Младинскиот културен центар (МКЦ) го најавува и 47-то издание на Младиот отворен театар - МОТ, еден од најстарите театарски фестивали во регионот со интернационална програма, кој ќе се одржи од 10 до 19 ноември, со 23 продукции односно 25 програмски активности. Ова издание на МОТ се случува во годината на јубилејот - 50 години МКЦ. „Моќта на театарот и театарот на моќта, по 47-ми пат ќе пркоси и ќе 'нервира' со своето присуство и живост. Во годината на јубилејот - 50 години МКЦ - Млад отворен театар направи програма со која ќе биде домаќин на театри од Словенија, Грција, Турција, Велика Британија, Србија, Црна Гора и Македонија, со најмал буџет во последните 20 години. Оваа година средствата за реализација на фестивалот ни се намалени за 60%, но нашата одговорност кон безмалку половина век фестивалска историја нè предизвика да направиме уште еден програмски одличен фестивал", истакна Русе Арсов во името на тимот на МКЦ. Фестивалската програма започнува со дуодрамата од домашна продукција на Народниот театар Битола со „Кислород" на Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ, која ја најавува и програмската определеност на фестивалот кон домашната продукција, во чест на повеќедецениски програмски уредник и директор на МОТ, Љубиша Никодиновски Биш, кој почина оваа година. „Годинешниот фестивал е во чест на еден од основачите на МОТ Љубиша Никодиновски Биш, кој почина оваа година. Во негов спомен востановуваме награда БИШ, која ќе се доделува на најдобра театарска претстава од домашна продукција меѓу две фестивалски изданија. За таа цел МКЦ како организатор, отвори повик на кој се пријавија 25 продукции, а на фестивалот ќе бидат прикажани осум селектирани претстави. Оценувањето на претставите го прави меѓународно жири. Инаку на 18-ти ноември имаме вечер токму посветена на Биш", дополнува Арсов. Меѓународната фестивалска програма на МОТ започнува на 11 ноември со „Можат ли птиците да се забавуваат?" по текст на Тијана Грумиќ, а во режија на Никола Исаковиќ, претставата на Битеф театар, која не потсетува дека светот не е и не треба да биде антропоцентирчен. Луѓето се само дел од природата која исто така има свое право да расте, да цвета, да лета, да пее, да трча, да врие, па и да се забавува. Соработката на МКЦ со Атина и Епидариус фестивал од Грција, ја носи „Република Баклава" на фестивалот, како и соработката со Апстракт театар од Велика Британија, кој стигнува со „Red planet", а од регионот стигнуваат „Ана Каренина" од Црна гора, „Блискост на допирот" од Србија, „Under Construction" и „Sad Sam Almost 6" од Словенија. Домашната продукција ќе ја претстават „Демони" на Народниот театар Битола, потоа гостуваат НУЦК „Антон Панов" – Струмица со „Циркуз Пирандело", Турскиот театар со „Шопинг и факинг", „Градот како сцена (Изгубени модернистички утопии)" на ФРУ/АКТО, „ Скопјани" на Театар за сите, „Глумици" на Артопија, „Процес" на Ивица Димитирјевиќ, „ Создаваме град, градиме иднина!" на Симона Димковска. МОТ годинава има богат танцов театар, меѓу нив „УПМ" на ИКС на квадрат, „Go figure it out" на Скопје танцов театар, „Популус" Филип Петковски, како и „Јас сум ти" на Искра Шукарова и Тереза Лазарев. Фестивалот завршува со „Антитело" дипломска претстава на ФДУ. Зa дизајнот на овогодишното издане на фестивалот е користена фотографија од делото „Отаде црнилото" на уметникот Велимир Жерновски. 47-тиот Млад отворен театар ќе се случува на сцените на Младински културен центар, Public room и КЦ Јадро.]]>

46. издание на Млад отворен театар – МОТ https://arhiva.vistina.com.mk/46-izdanie-na-mlad-otvoren-teatar-mot/ Sat, 13 Nov 2021 11:06:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227186

46-тото издание на Млад отворен театар – МОТ, ќе се одвива во два блока – од 18 до 26 ноември и од 2 до 7 декември изведби во живо односно целосно физичко издание на фестивалот со програма од 26 внимателно селектирани претстави.

Ова издание на МОТ е особен предизвик бидејќи се обидуваме да го зачуваме духот на еден од најстарите меѓународен театарски фестивал во регионот, во овие несигурни времиња, кога многу фестивали се принудени да ги откажуваат своите активности, а самите театри се борат да ги одржуваат своите редовни репертоари. Ние одлучивме храбро да го правиме 46-от МОТ и тоа во два блока, првиот посветен на меѓународна програма во која ни гостуваат претстави од Австрија, Словенија, Бугарија, Турција, Србија и Хрватска и вториот на домашна независна продукција“ – изјави Русе Арсов во име на тимот на МКЦ.

Фестивалската програма започнува на 18 ноември во МНТ со „Како крајот и да не е сосема блиску“ – екпериментална претстава на Битеф театар инспирирана од суптилните поместувања на светот, односите и човечката интеракција во дигиталната реалност. Претстава во која нема актери, а публиката може да биде изведувач, гледач и да го бира аголот на гледање. Куриозитет на ова издание е што ќе имаме можност да одгледаме три изведби на расказите на Румена Бужаровска „Мојот маж“, кој одамна ги надмина границите на нашата земја, а речиси истовремено во сред пандемија се поставувше на три сцени: Југословенско драмско позориште, Белград (СРБ), Словенско народно гледалишче, Љубљана (СЛО) и во Драмскиот театар во Скопје.
Трите режисерки, Јована Томиќ, Ивана Ѓилас и Нела Витошевиќ за прв пат ќе имаат можност да се сретнат на панел-дискусија во рамки на МОТ. Отстапивме простор за три продукции курирани од нашите долгогодишни соработници Локомотива – Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата, а ќе ги погледнеме и Скопје танцовиот театар со „Искричаво“, Турскиот театар „Вишновата градина“ и копродукциите на Македонскиот народен театар со претставите на Ѓорѓи Јолевски „Последната лента на Крап“ и македонската премиера на „Нема да биде крај на светот“ – копродукциски проект со САРТР од Сараево, БиХ, во режија на Нина Николиќ. Задоволство е да се биде домаќин и на ансамблот на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со „Глембаеви“ на Бранко Брезовац и Народен театар Битола и претставата „History of motherfuckers“ на Андраш Урбан. МОТ ќе биде домаќин и на австриската продукција „Theater am Lend“ со претставата „Кабли“, во која учествуваат и двајца македонски автори – Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски, а при крај на првиот блок се гледаме со Словенско младинско гледалишче (СЛО) и нивната „Уметноста е ормар“ во режија на Иван Петернељ. Вториот дел од МОТ почнува на 2 декември и во него го гледаме одразот на незвисната домашна продукција, која во периодот на пандемија се покажа како исклучително активна и токму затоа го заслужува вниманието и овој МОТовски репертоар. Ќе ги погледнеме претставите на Лука Кортина „Дневна доза мазохизам“, Сибел Абдиу „Модиљани“, Ангела Стојановска со „Срам“, Борис Василески „Вистинскиот запад“, Нела Витошевиќ „Работи за кои не зборуваме“, Јован Ристовски „Три“, Ана Батева „Шапка, анус, чоколадо и уште нешто“, Пандорината кутија: Наследството на ќерката  на Ришард Ниечим, „Мајсторот за спомени“ на Јане Спасиќ, „ПодГотвено“ на Дејан Спасовиќ, „Имагинарен, ти“ на Блерим Дардишта и „Јовано, Јованке“ на Јована Зајкова и Бобан Русески.  46-тиот Млад отворен театар ќе се случува на шест сцени, Младински културен центар (сала 25 Мај и сала Фросина), Драмски театар, Театар Комедија, МНТ и Дом на АРМ. Повеќе информации за целата програма и распоред на www.mot.mk и www.mkc.mk. Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите ќе бидат достапни преку www.bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ од 15 ноември (понеделник). Сите настани ќе се одржуваат според важечките протоколи за одржување на настани. Сепак, тимот на МОТ го задржува правото на измени во програмата, за што навремено ќе биде известена јавноста.]]>

45-тото издание на МОТ ќе биде хибридно: Онлајн претстави по пат на видеостриминг https://arhiva.vistina.com.mk/45-toto-izdanie-na-mot-kje-bide-hibridno-onlajn-pretstavi-po-pat-na-videostriming/ Fri, 20 Nov 2020 07:20:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177246

45. издание на интернационалниот театарски фестивал „Млад отворен театар“ - MOT 2020 и покрај коронапандемијата сепак ќе се одржи и тоа под мотото: МОТ ...ќе има и утре!
Но овој пат за прв пат во поинакво, онлајн издание, преку видеострим во периодот од 24 ноември до 3 декември 2020.
„Со огромна чест го најавуваме овa 45-то, за прв пат хибридно издание на MOT theatre festival. Програмата ќе може да ја следите во живо и онлајн (специјални стримови само за МОТ од нашите домашни продукции, како и пријателите од Словенија, Грција и Хрватска).
Сработивме многу годинава и нема да дозволиме да извиси МОТ. Не ја даваме живата уметност, не го даваме театарот и оптимистично го отвораме и затвораме фестивалот со претстави во живо, бидејќи ќе има и утре другари! Заради целава ситуација во која се наоѓаме, го задржуваме правото на измени во распоредот, затоа ве молиме да не следите. Наскоро повеќе инфо и влезници...“ - вели во кусото соопштение организторот во својата објава на Фејсбук страниццата на МКЦ.
 ]]>