млад кромид – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Feb 2024 12:30:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png млад кромид – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Постојано го фрлате, а делот од овој зеленчук го штити вашето срце, го намалува холестеролот… https://arhiva.vistina.com.mk/postojano-go-frlate-a-delot-od-ovoj-zelenchuk-go-shtiti-vasheto-srtse-go-namaluva-holesterolot/ Tue, 27 Feb 2024 13:15:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316557

Моментално во тек е сезоната на младиот кромид и затоа искористете ја можноста и јадете го секој ден. Зелениот дел од младиот кромид никако не треба да го фрлате затоа што во него се наоѓаат состојки кои се одлични за нашето здравје. Младиот кромид е богат со витамини и минерали и одличен е за заштита на здравјето. Има антибактериски својства и штити од воспаленија, помага при настинки, а добар е и за подобрување на системот за варење. Содржи витамини А, К и Ц, додека од минерали содржи фосфор, калиум и калциум. Зошто е добро да јадете млад кромид? Го штити срцето – полн е со антиоксиданти кои го штитат телото од оштетувања предизвикани од делувањето на слободните радикали. Покрај тоа, младиот кромид го одржува крвниот притисок во границите на нормала и го намалува ризикот од создавање на крвни грутки. Одличен е за видот – штити од воспаленија и го намалува ризикот од очни заболувања. Содржи многу витамин А којшто е неопходен за добар вид. Само еден кромид содржи околу три отсто дневна потреба за витаминот А. Ги јакне коските – витамините Ц и К со кои изобилува младиот кромид се одлични за заштита на коските. Само едно кромитче содржи околу 2о отсто од препорачаната доза на витаминот К и околу два отсто витамин Ц. И едниот и другиот се важни за густината на коските. Недостатокот на овие витамини ги зголемува шансите за развој од остеопороза. Го намалува холестеролот – младиот кромид има голем број на супстанции кои го намалуваат лошиот холестерол во крвта. Неговиот зелен дел е многу здрав и покрај тоа што помага во намалување на холестеролот одличен е за враќањето на зголеменото ниво на шеќер во нормала. За поубава кожа – му помага на телото да произведе колаген којшто е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е заслужен за забавување на настанување на брчки на лицето и се наоѓа во многу од кремите. извор:точка.ком.мк]]>

Зошто младиот кромид треба да биде дел од вашето секојдневно мени? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-mladiot-kromid-treba-da-bide-del-od-vasheto-sekojdnevno-meni/ Tue, 22 Mar 2022 13:50:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243911

Младиот кромид, растение кое потекнува од родот Allium, се одгледува повеќе од 5000 години на речиси сите континенти, а особено е распространето во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка. Станува збор за една од првите земјоделски култури која има многу поволни ефекти врз организмот. Во продолжение прочитајте ги нејзините здравствени придобивки. 1. Младиот кромид е „имунитетска бомба“ Ова растение е богато со минерали и витамини како витамин А и Ц кои го штитат здравјето на целиот организам, го зајакнуваат имунолошкиот систем и успешно се справуваат со инфекциите во организмот. Освен тоа, витаминот А е клучен за здравјето на очите, за зараснување на раните, но и за лекување на некои цревни заболувања. 2. Чувар на коските и забите Овој зеленчук содржи и значителна количина на калциум и витамин К кои се неопходни за одржување на густината на коските и забите. Покрај тоа, витаминот К учествува и при синтезата на протеини кои играат голема улога при коагулацијата (згрутчување) на крвта. 3. Чувар на срцето Младиот кромид е сојузник на срцето и циркулаторниот систем поради присуството на калиум кој го намалува високиот крвен притисок. Ова растение се состои и од други супстанции кои ја подобруваат циркулацијата на крвта и го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2. 4. Одличен за дигестивниот систем Оваа билка е добар извор на диетални влакна кои ја подобруваат работата на цревата. 5. Сојузник при слабеење Во сто грама млад кромид се содржат само триесет калории, па затоа неговото консумирање им се препорачува на оние кои се обидуваат да ослабат или да одржат здрава телесна тежина. Откако прочитавте за здравствените придобивки од младиот кромид, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за зелени палачинки со млад кромид. извор: punkufer.dnevnik.hr]]>