мкц – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Feb 2024 13:47:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мкц – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Музички „Поздрав од Португалија“: Hause Plants, Castilho и DJ Porto во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/muzichki-pozdrav-od-portugalija-hause-plants-castilho-i-dj-porto-vo-mkts/ Wed, 07 Feb 2024 10:38:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337932

Во зимскиот февруари, ни доаѓа топла музичка честитка од Португалија! Три артисти, докажани и покажани, исончани и музички потковани:
Hause Plants : инди рок грепка од Лисабон https://www.youtube.com/watch?v=fip2ND1_u78
Castilho : инди поп кантавторот, кој веќе не маѓепса една вечер на Cinedays во јули, 2023 https://www.youtube.com/watch?v=WxojttuWL2s
DJ Porto : член на Hause Plants, да се доврши вечерта прописно.
Па што друго би правеле на 10 февруари? Првин ќе кликнеме на линкот : www.bileti.mkc.mk а потоа се честиме со pastel de nata.
Се гледаме!
Концертот е дел од програмата #Liveurope на МКЦ. LIVEUROPE e првата паневропска иницијатива, која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти.
]]>

„Земјотрес“ во МКЦ по 12-ти пат: Фестивал на свежа, домашна и независна музика https://arhiva.vistina.com.mk/zemjotres-vo-mkts-po-12-ti-pat-festival-na-svezha-domashna-i-nezavisna-muzika/ Wed, 24 Jan 2024 13:36:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336142

Се тресеме. Сите заедно. Се тресеме од студ, се тресеме од неизвесност…. се тресеме од извесност. Се тресеме од туѓите избори, од памет не вадат нашите избори. Се тресеме 12 години со нашиот „Земјотрес“, се тресеме елегантно, ма прекрасно се тресеме. Скопје е трусно подрачје, совршена сцена за урбана зомби апокалипса во континуитет. Па се тресеме во континуитет. Се тресеме во ритмот на музиката, кожи наежени, младост подготвена да експлодира низ конзервата на ебеното примитивно општество. Се тресеме од општеството, а би сакал ние да го треснеме посред глупата му фаца.
Земјотресно Скопје. Дојдете да се тресеме заедно по 12-ти пат во МКЦ, а и МКЦ се тресе. Ладно му е. Додете да го гушнеме. Дојдете да се видиме, прегрнеме.
Настапуваат:  Ади Имери трио, Андреја Салпе, ATA, Damage Control, Добрила и Дориан дуо, Donplaya, Gargara, Искра,  Кенопсија, Културно Уметнички Работници, Lincoln Letter,  Luke Levin, MC Kain, Meggy, Мирко Попов, Новиот почеток, ОВЦ Колектив, Tengri, The Ooz, Trendkill, Visionary...
„Зeмјотрес“ e nајголем фестивал на свежа, домашна и независна музика
Сабота, 3-ти февруари 2023, почеток: 19:00, крај: 04:00
 Локација: Младински Културен Центар Влезници во претпродажба на bileti.mkc.mk + билетара на МКЦ

Бени Шаќири е нов директор на МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/beni-shakiri-e-nov-direktor-na-mkts/ Mon, 22 Jan 2024 12:26:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335698

Музичарот Бени Шаќири е назначен за директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), потврди градоначалничката Данела Арсовска за САКАМДАКАЖАМ.МК. -Покрај Шаќири, кандидатури поднесоа и продуцентот и филмски работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи, пишува порталот. -Шаќири доаѓа на местото на Никола Алексов, дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата во јануари откако Арсовска го разреши Ванчо Богоев. Тогаш од Програмскиот совет на МКЦ рекоа дека Богоев, кој 36 години е дел од институцијата, е сменет бидејќи не сакал да го вработи пејачот Бени Шаќири, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП. Од МКЦ рекоа дека тогашниот генерален секретар на Градот Зоран Глигоров вршел екстремни притисоци да се потпише вработување на Шаќири, пишува порталот. Фото: Фејсбук/Arben BENI Sakiri - THE KING OF ROCK Music]]>

„Кризата игра“: Отворање на изложба на Игор Станоески во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/otvorane-na-izlozhba-na-igor-stanoeski-vo-mkts/ Sat, 20 Jan 2024 06:58:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335461

Во понеделник, 22 јануари во 20 часот во Галеријата МКЦ ќе биде отворена изложбата “Кризата Игра” на Игор Станоески. Игор Станоески a.k.a ИГИ МАН е мултимедијален автор, музичар, композитор-аранжер, текстописец, академски скулптор и продуцент. Роден е на 02.07.1986 во Скопје, завршува средно училиште за применета уметност отсек применето вајарство Лазар Личеноски – Скопје во 2004, дипломира на Факултетот за Ликовни Уметности – Скопје , на отсекот вајарство во класата на Жарко Башески во 2013 година. По дипломирањето работи паралелно на уметнички истражувања во насока на спојување на класичните медиуми во мултимедијална целина која опфаќа звук (музика) , форма (скулптура) , цртеж и боја. Првите интернационални референци ги добива во сферата на музиката и аудио-визуелните проекти , меѓутоа подоцна акцентот на неговото творештво се доближува кон традиционалните ликовни медиуми како сликарството и вајарството низ повеќе самостојни и групни изложби во земјава и надвор. Во 2017 година го официјализира своето творештво отворајќи ја фирмата “ Креативна работилница ИГИМЕН “ со дејности, создавање и издавање на аудио записи и креирање на уметничко творештво. Изложбата претставува внатрешно патување низ дефектите на сегашноста. Кризата како персонификација на механиката на хаосот, наспроти хармонична светлина. Струја за програмирање на колективот и истовремено алатка за кршење на индувидуализмот. Патот низ кризата е синтетизирано трансформиран во игра за оние кои успеваат да ја преживеат. Досега има изложувано во повеќето галериски простори низ Македонија, како и надвор од државата.
Фото: Фејсбук/Igor Stanoeski  (Igi Man)

Петар Ренџов и пријателите најавија солистички концерт – “Македонски музички сонети” https://arhiva.vistina.com.mk/petar-rendhov-i-prijatelite-najavija-solistichki-kontsert-makedonski-muzichki-soneti/ Mon, 27 Nov 2023 12:49:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328764

Петар Ренџов со неговоте долгогодишни музички пријатели најавува солистички концерт насловен како "Македонски музички сонети" во организација на „Мјузик Стор“ продукција. Концертот е закажан на 11.12.2о23 во МКЦ во Кино Фросина од 20 час. Изненадувањата со кои Ренџов секогаш воодушевува се врзани за просторот каде се одржуваат концертите и тоа првиот 2005 беше во кањонот Матка , 2006 во Универзалната сала , 2009 пред црквата св.Богородица во центарот на Скопје , потоа како организатор и изведувач на Концертот на Тумбао салса бенд 2015 настапи со вокално инструментална група од Куба "Азафран микс" , 2019 одржа концерт на врвот на планината Водно на месноста наречена "Крстини", поточно на највисоката кота веднаш под крстот кој претставува симбол на градот повеќе од 20 години. "Македонски музички сонети" е најава е за одржување на интимен концерт пред бројка од амо 250 присутни почитувачи на македонската музичка традиција измешана со есенцијални музички правци како што се џезот, блузот и кубанската салса. Со право очекуваме врвни музички креации кои докажано се присутни во изведбите на неговата резбана гитара . ]]>

„Ѕуница“ – инклузивна театарска претстава во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/zunitsa-inkluzivna-teatarska-pretstava-vo-mkts/ Tue, 21 Nov 2023 13:19:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327978

На 23.11.2023 година, во МКЦ во 19 часот, ќе може да ја погледенете инклузивната театарска претстава „Ѕуница“. Децата од дневниот центар и нивните другарчиња, инспирирани од сликовницата „Ѕуница“, по втор пат спремија инклузивна претстава за вас. Режија: Роберт Ристов Сценографија: Сара Синани Драматург: Дарко Спасов Илустрација и графички дизајн: Иванка НиБа Фотографија и графички дизајн: Владанка Колева Преведувач на знаковен јазик: Соња Кимова Делевска Продукција на звук: Студио Абра-Кадабра Продуцент на звук: Христијан Аризанкоски Автор на музика: Драган Илиев Актери: Калина Груиќ, Арабела Тудиќ, Магдалена Стојкоска, Ангела Делевска, Калина Чанговска, Анамарија Здравеска Актери Доза Среќа: Никола, Христијан, Дарко, Коста, Денис, Рабије, Ава, Кан, Кристијан, Орхан, Ариел, Софи… Работено според сликовницата Ѕуница од Бранислав Николов и Иванка НиБа во издание на издавачка куќа „Светулка“ Пријатели: Град Скопје, МКЦ, издавачка куќа Светулка, … Во оваа приказна во авантура ве носат Бојана, Мендо, Зајче и Птичка кои сложно ќе одиграат една братска слога. Авторот беспрекорно отсликува четири профили на ликови кои се различни, но секој вреден на свој начин. Така е и со децата. За една група или заедница да остане сложна потребен ни е некој мудар како Бојана, силен како Мендо кој ќе нѐ износи на рамена, досетлив како Зајче и гласен како Птичка. Она што човек не може да го направи сам, во слога со пријателите ќе успее, па заедно со нив ќе може да помести дури и планина.“ Ѕуница за прв пат беше промовирана на Саемот на книга 2023 година, учествуваше со промоција и работилница на фестивалот „Млади европски приказни, млади креативци“, учествуваше на фестивалот „Литера“, Промоција во Гевгелија, Битола и во Охрид. Децата од сите градови веќе си имаат своја омилена строфа и илустрација, па направија ремек дела на работилниците кои беа организирани во склоп на пронмоциите. Сликовницата е достапна во најголеите книжарници кај нас но и онлајн на фб страната на Едиција Светулка. Влезот е со симболична цена од 100 денари.]]>

„Артан Лили“ во МКЦ на 8-ми март 2024 година https://arhiva.vistina.com.mk/artan-lili-vo-mkts-na-8-mi-mart-2024-godina/ Wed, 01 Nov 2023 12:17:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324946

Концертот на овој култен белградски андерграунд бенд се случува во екот на прославата на нивното 10 годишно активно постоење.
"За Скопје не врзуваат прекрасни спомени, од самиот почеток на бендот. Трипе ги продуцираше нашите први песни, додека во Куманово го склопивме името на нашата музичка група. Во Македонија наидовме на огромна поддршка од нашите сами почетоци, па редно е да се оддолжиме со еден голем концерт. Не сме биле таму неколку години и еве вистинска прилика да се видиме и претставиме во полно светло! Со нас ќе настапи и еден стар пријател на групата, еден од најпознатите регионални визуелни уметници, виџејот Изванредни Боб. Купете влезници на време и да се видиме во МКЦ, ви спремаме луда журка за паметење!" - еуфорично изјавуваат членовите на бендот кој има импресивна листа на есенски настапи и каде во склоп на нивната регионална турнеја на листата ќе се најде и МКЦ.
Отткако е објавен нивниот прв сингл "Џони" во ноември 2012, „Артан Лили“ несомнно прераснаа во еден од најмногу спомнуваните музички состави во регионот, кога се зборува за новата сила на домашната и регионална музичка сцена. Групата со текот на времето се засили, во сега веќе препознатливата четворка: Бојан Слачала - бас и вокал, Романа Слачала - вокал и дајре, Марко Ајковиќ - тапани и Иван Скопуловиќ - гитара. Нивните 3 последни синглови се во соработка со познати колеги од локалната сцена: "Рокенрол после рок ен рола" во соработка со Зоран Костиќ - Цане, фронтменот на групата Партибрејкерс, "Отров" со Никола Врањковиќ и "хардкор и панк" заедно со Зоран Маринковиќ, фронтмен на групата Бјесови.
Со своите синглови ги освојуваат сите релевантни радиски и тв топ листи во својата земја и регионот. Најинтересен е пласманот на песната "Ако станемо ту", која одма како новитет застана на првото место на листата "Дискомер" на "Студио Б", што претходно, во 40 години откако постои листата, им идело под рака единствено на музички групи како Bjelo Dugme и Ekaterina Velika.
До сега имаат издадено 2 студиски албуми “Artan Lili” и “New Deal”. Добитници се на првата по ред награда "Милан Младеновиќ".
Артан Лили во МКЦ на 8. март 2024 во 21.00 часот. Билети на: bileti.mkc.mk

Концерт на ALGIERS во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/kontsert-na-algiers-vo-mkts/ Tue, 10 Oct 2023 12:03:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321920

Вечерва во киното Фросина во Младинскиот културен центар со почеток од 21 часот ќе се одржи долгоочекуваниот концерт на американската музичка група ALGIERS. ALGIERS се политички освестено инди-рок трио кое комбинира елементи на пост-панк и но-вејв со блуз и госпел музика. Нивните почетоци се во далечната 2009 година во Атланта, Џорџија, кога гитаристот Lee Tesche и басистот Ryan Mahan, и двајцата дел од градската полетна андерграунд рок и ноиз сцена, го среќаваат вокалистот и гитаристот Franklin James Fisher, чии музички корени потекнуваат од големата црнечка госпел традиција на Југот, соул-блузот на Nina Simone и остриот фанк. Сите членови на бендот свират перкусии, клавијатури и програмираат тапани. Триото почнува да пробува и да свири концерти, комбинирајќи најразлични влијанија и вадат хибриден нивни личен звук што содржи и даб, панк и афро-фанк. Зад себе имаат 4 студиски албуми: “Algiers” (2015), “The Underside of Power” (2017), “There is no year” (2020) и последниот “Shook” (2023) на кој како гости се појавуват Big Rube, Zack de la Rocha од култниот бенд Rage Against the Machine, billy woods, Nadah El Shazly, Lee Bains III и други. Нивната нова музика, критичарите ја опишуваат како “пркосна, жанровски сеопфатна техниколор журка на стар куќен трем во рурална Атланта”. Како предгрупа на бендот, се јавуваат германците “Left for Pleasure”, дарквејв бенд од Лајпциг со силно EBM влијание. Нивниот звук го карактеризира темнa и меланхолична атмосфера, со по некој зрак на надеж. Музички, со нивните настапи, гледаат да создадат длабокo емотивно искуство со присутната публика. Left for Pleasure се дел од програмата Liveurope за поддршка на млади и надоаѓачки бендови. Концертот ќе започне во 21 часот, билети се уште по цена од 400 денари на билетарницата на МКЦ или на олајн линкот на МКЦ за продажба на билети.]]>

На 6-ти октомври: Хрватската панк – фолк атракција, бендот „Бркови“ во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/na-6-ti-oktomvri-hrvatska-pank-folk-atraktsija-bendot-brkovi-vo-mkts/ Mon, 25 Sep 2023 12:45:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319605

Една од најголемите концертни атракции во регионот – балканската панк фолк велнес група „Бркови“, настапува во МКЦ Скопје – Петок, 06 октомври 2023 година! На овој концерт, „Бркови“ ќе го промовираат својот нов албум „Крвава новчаница” од која ќе изведат неколку нови песни, а остатокот од репертоарот ќе го сочинат најзначајните песни од сите периоди на нивното постоење! Шамсо 69 и екипата до сега имаат објавено 8 студиски албуми. Нивните видео спотови имаат неколку милионски прегледи. Во претходните неколку години, бендот прерасна во еден од најактивните со концерти ширум Хрватска и регионот, а бележат и неколку настапи во Европа, Велика Британија и Канада. Интересен е и фактот што на „Бркови“ минатата година им се придружува и Игор Паспаљ, кој од престижниот магазин “Guitar World” е прогласен за светски #гитарист на годината во 2020 година. Официјалната ФБ страна на БРКОВИ: www.facebook.com/punkfolkwellness< Линкот за билети е тука: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1291 ]]>

13. издание на Фестивалот „Здраво млади“ на 23 септември во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/13-izdanie-na-festivalot-zdravo-mladi-na-23-septemvri-vo-mkts/ Sat, 23 Sep 2023 06:23:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319356

На 23 септември (сабота) со почеток во 20 часот па се до раните утрински часови следниот ден, ќе се одржи 13 јубилејно издание на фестивалот на нова музика ЗДРАВО МЛАДИ кој повторно го носи свежиот звук на светската музика во Скопје. На 5 бини во Младинскиот културен центар ќе настапат повеќе од 20 артисти од 11 земји од Европа. Како и секоја година, програмата на фестивалот цели кон жанровска разновидност, нови и надежни артисти како и веќе етаблирани музичари во својата музичка кариера. Надоаѓачките артисти се срцевината на фестивалот, Во салата 25 Мај во МКЦ, популарно познта како Денсинг сала како централниот настан ќе го отвори настапот на рускиот џез панк состав Оми, по кој следи фолк сензацијата Џутко и Плодови Земље од Хрватска, потоа домашниот состав Мај Тиар со нов состав и најава за новиот албум, хрватската психоделична банда Немања за на крај вечерта на оваа бина се затвори со долгоочекуваниот настап на хрватскиот анти рапер Војко В и Доуп Куќата. Киното Фросина е наменето за млади надоаѓачки артисти кои имаат на кои дел од нив настапот на ЗДРАВО МЛАДИ им е посебен предизвик во нивните свежи кариери. На оваа бина, ќе се проследат настапите на новата звезда на српската поп музика Жива, португалката маѓионичарка на уку лелето Рита Брага, домашниот џез фолк состав Калата и францускиот рапер Јоланде Башинг. Клубот МКЦ е резервиран за електронските артисти на фестивалот. Овде, публиката ќе има прилика да го чуе легендарниот рокенрол изведувач Иан Свенониус и неговиот последен проект Ескапизам, францускиот електронски артист чиј настап долго се очекува YMNK, кралевите на кумбијата Маускович Денс Бенд, италијанците Планет Опал и звездите на вечерта, британците PVA, кои за многу кратко време ќе се искачат многу високо на светските топ листи. Џебното кино во МКЦ е резервирано за промоција на литературно музичкиот колектив Слово Култ со настап на 3 електронски артисти, ЏејДи Зази, Елизабета Костадиновска и Маргарет Аноун. На платото пред МКЦ пак, со свој диџеј сет ќе не загреваат во текот на целата фестивалска вечер – резидент диџејот на Здраво Млади, диџеј Фиц заедно со поддршка од локалните диџеј уметници Ајнур Касо и Ертунч Сали. Младински културен центар ветува уште едно спектакуларно издание на фестивалот, кој оваа година е финансиран од страна на Министерството за култура и Град Скопје, како и настапите на артистите кои се дел од програмата Лајвјуроп. Билетите  може да се набават на билетарницата на МКЦ или на олајн линкот за продажба на билети на МКЦ.]]>