мкафест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 15 Oct 2019 08:08:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мкафест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вака „Гранд“ му ја честиташе Макфестовата победа на Мартинијан Кириловски https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-grand-mu-ja-chestitashe-makfestovata-pobeda-na-martinijan-kirilovski/ Tue, 15 Oct 2019 08:08:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112545

Во сабота заврши 34-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, а првото место го освои Мартинијан Кириловски со песната „Стопати на ден“. Со ова нејзиниот автор Ристо Самарџиев (музика и текст) стана најнаградуваниот автор во историјата на „Макфест“ што како автор, што како изведувач или обете. Аранжманот на победничката песна го направил Иле Спасев, кој ги сработил и миксот и мастерингот, а истата е снимена и во неговото студио. Мартинијан преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите, а честитки пристигнаа и од продукцијата „Гранд“ каде што Кириловски учествуваше во музичко шоу и ја ги собра сите симпатии. „Честитаме: „Ѕвездата на Гранд“ со која Јелена Карлеуша сакаше да сними дует победи на „Макфест“, пишува Гранд. Инаку, Кириловски на јавноста му е познат по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде во последната сезона беше под менторство на Карлеуша и стигна до самото финале. Јелена имаше само пофални зборови за кумановецот и истакна дека би сакала да сними дует со него. „Кога би имала некоја супер песна која ќе му се допадна со задоволство ќе снимам дует со него бидејќи тој е прекрасен и посебан пејач, а можеби и наследник на Тоше Проески“ изјави Карлеуша во една прилика. Во продолжение слушнете ја песната победничката песна на Макфест. https://youtu.be/ZlVvMtDGk1Q Инаку, второто место е на Александар Митевски и Драган Спасов Дац со песната „Уште ми фалиш“ кои освоија три илјади евра. Третата позиција според гласовите на жирито и комисијата, отиде во рацете на гостинките од „Фрајле“ кои настапија со македонска песна „Не признавај“ и освоија награда од илјада евра.]]>