митко апостоловски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 Aug 2022 14:23:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png митко апостоловски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина познатиот македонски актер Митко Апостоловски https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-poznatiot-makedonski-akter-mitko-apostolovski/ Fri, 05 Aug 2022 13:50:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261705

Македонскиот актер Митко Апостоловски почина на 67 годишна возраст. Неговиот колега Петар Горко преку социјалната мрежа Фејсбук се прости од него. – Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот, напиша Горко. Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995). Од 1995 година е повторно е член на ансамблот во Народниот театар во Битола.Театарската публика ќе го памети по неговите маестрални улоги: Фезлиев ("Црнила"), Војдан ("Тетовирани души се враќаат дома"), Креонт ("Медеја"), Дидро ("Развратникот")... Беше дел од актерската екипа и на познатите ТВ серии: "Наши години", "Илинден", "Белото циганче", "Тврдокорни"... Неговата актерска кариера ја одбележаа и бројни филмски улоги во:"Бог да ги убие шпионите", "Заборавени", "Големата вода", "Трето полувреме", "До балчак", "Последниот македонец" и други. Неговите пријатели, соработници и колеги се простуваат од него со емотивни пораки на социјалните мрежи... фото:фејсбук/Јутјуб принтскрин]]>