митевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 Jul 2022 11:33:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png митевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александар Митевски и Дац со хуманитарен настап за опожарениот дом на семејството Трајковски од општина Бутел https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-mitevski-i-dac-so-humanitaren-nastap-za-opozareniot-dom-na-semejstvoto-trajkovski-od-opshtina-butel/ Fri, 15 Jul 2022 11:33:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258847

Ве покануваме на хуманитарен настан кој ќе се одржи на 15.07.2022 (петок)  година со почеток од 21 часот на игралиштето на ФК Локомотива - до А1 арената „Борис Трајковски“, на кој ќе настапат Александар Митевски и Дац.
Цена на хуманитарната влезница е 300 денари, а истата може да се набави на самиот влез или онлајн, на „Купи карти за се“. Собраните средства од хуманитарниот настан ќе се уплатат за изградба на семејната куќа на семејството Трајковски од Општина Бутел, која го изгуби својот дом во пожар.
Да бидеме хумани. Да се дружиме и да помогнеме за семејството Трајковски да добие нов дом.
]]>

Италијанците по балкони и тераси, македонската естрада по куќи и станови – онлајн: Од карантин со песна против Короната! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/italijancite-po-balkoni-i-terasi-makedonskata-estrada-po-kukji-i-stanovi-onlajn-od-karantin-so-pesna-protiv-koronata-video/ Wed, 18 Mar 2020 08:35:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140042

Заразата се повеќе се шири, коронавирусот зема замав, шпицот се' уште не го достигнал, бројот на заболени допрва ќе расте кај нас... Прогнозите на стручњаците и лекарите не се баш „розови“, далеку од оптимистички. Карантин, изолација и купување време... Засега друг лек нема, а ниту пак имаме поинаков избор... Но, затоа едно е сигурно: песимизмот не смее да надвладее, паниката да завладее, да колабира духот на народот. Затоа секој како што знае и умее наоѓа оддишка од реалноста, ги трга мислите од лошите вести со кои сме бомбардирани, се обидува да ја најде убавата страна на изолацијата. Италијаните тоа го направија со музика и песна по своите балкони и тераси, а ние Македонците или поточно македонската естрада зачна нов вид на борба против коронавирусот, но и депресијата од затвореноста меѓу „четири ѕида“ - со онлајн песна по куќи и станови! Први кои го скршија мразот  се Панчо и Андреј од ар-ен-би дуото „ДНК“. Нивниот онлајн концерт во понеделникот, 16 март 2020 год. од една страна „за жал“, од друга пак, за среќа,  беше најпосетениот концерт во нивната кариера! Така барем се изјаснија во своето постконцертно соопштение проследено со пораката:  #СЕДИ_ДОМА #БИДИ_КУЛ Со ДНК дефинитивно го имавме најчудниот, но и „најпосетен” концерт во нашата кариера :) Во домашни услови, без публика пред нас, но со вашата интерактивна поддршка, таа ОГРОМНА ЉУБОВ и ЕНЕРГИЈА која ни ја дадовте во тие два часа се почувствувавме како да пееме на Coachella :), а и бројките на стримингот беа слични (преку 113.000 прегледи на видеото и повеќе од 170.000 рич на постот. Се надеваме дека барем малку ви ја разубавивме вечерта и барем за кратко ви ги стопливме срцата и ве оттргнавме од негативните мисли од епидемијата наречена корона која го опфати целиот свет, а, за жал, не ја рипна и нашата Македонија. Целта и пораката на нашиот „концерт” беше и повеќе од јасна #СЕДИ_ДОМА #БИДИ_КУЛ, а со самото тоа помагате на сите околу вас и само така заеднички и сложно можеме да го победиме вирусот и да се вратиме на нашето секојдневие. Мора да се заблагодариме на членовите на целиот бенд,  Стојан Стојановски за перфектниот стриминг, Оли за звукот, луѓето од @eam_tshirts за направените маици и сите наши (дури двајца) колеги, Теа Трајковска и Огнен Здравковски, фанови и пријатели кои безрезервно не поддржаа во реализација на нашата идеја. Бидете ми живи и здрави, чувајте се, изолирајте се и се гледаме за брзо време во некоја сала или клуб како што е редот, рекоа Панчо и Андреј, по синоќешниот онлајн концерт чија цел беше да се разбие монотонијата и да се направи поинтересно седењето дома. Видео/аудио концертот на двоецот ДНК, иако во домашен амбиент, беше не само од забавен, туку и од едукативен карактер, а со единствена цел подигање на свеста на сите наши сограѓани да се остане дома, бидејќи токму тоа е најважно во овие тешки моменти. Останете дома, изолирајте се и  следете ги препораките од Министерството за здравство! Линк од концертот за оние кои го пропуштија: https://www.youtube.com/watch?v=gQVxhTjHJ8s&feature=youtu.be&fbclid=IwAR2FaD5Qdc271jVWTCYtOEB8TK8im_NLpt99zhGp2iAlUufrnQEe5luez_c Во исто време, истата вечер  Александар Митевски, Драган Спасов - Дац и Бојана Скендеровски од студиото на нејзината „Скендеровски продукција“ направија свој мини концерт во живо. Онлајн седенка, со песни за душа, со избор од македонски и не само македонски евергрини и хитови. „Дац и Александар одлучија да Ви направат изненадување .За да ви го разубавиме малку вашето "седење дома", во понеделник 16 март во 20 часот Ви подготвуваме мала музичко-забавна програма која ќе зрачи од студиото на „Скендеровски“. Оваа седенка со сите Вас во домашна атмосфера ќе оди ВО ЖИВО на Youtube и нашата Фејсбук страница.Со сет од наши и ваши омилени песни, ќе промуабетиме за интересни нешта, а низ програмата домаќин ќе ни биде  Бојана Скендеровски. Ќе ве потсетиме на препораките од Министерството за здравство, а со нашата музика "ќе дојдеме на гости" во сите Ваши домови. Бидете со нас“ - напишаа во најавата на нивната седенка со песни за душа, која имаше исто така солидна онлајн видеопосетеност. Македонската поп дива Калиопи Букле со истата идеја. Со своите песни на онлајн дружба со своите фанови. Таа нив ги повика вчеравечер, 17 март 2020год. точно  во 19.00 часот да и се приклучат и да ја следат на Инстаграм - лајв... за да пеат заедно!
 
View this post on Instagram
 
My dearest, the song has always been the greatest prayer! In these difficult days, the most important thing is to keep our faith alive. We are witnesses of something that has never happened in human history !!!! The world has never been quarantined !!!!! And for that reason, when everything is done and gone .... we will tell stories to our grandchildren , we will recount the events and incidents and I hope that we will learn to be better people from this situation... Let’s sing together tonight and every other day , on livestream on instagram! Tonight I’m planning to sing CRNO I BELO with you... See you at 7pm! #hajdedapjevamo #kaliopi #letsingtogether #tonight #7pm #instagramlive #againstcorona

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official) on

„Драги мои, песната отсекогаш била најголемата молитва! Во овие тешки денови, најважно е да ја одржуваме нашата вера жива. Сведоци сме на нешто што никогаш не се случило во човечката историја !!!! Светот никогаш не бил ставен во карантин !!!!! И од таа причина, кога сè ќе заврши и ќе снема .... ќе им раскажуваме приказни на внуците, ќе ги прераскажеме настаните и инцидентите и се надевам дека ќе научиме да бидеме подобри луѓе од оваа ситуација ... Ајде да пееме заедно вечерва и секој втор ден, во живо на Инстаграм! Вечерва планирам да пеам „Црно и бело“ со вас ... Се гледаме во 19 часот“ - ги повика фановите преку Инстаграм, Калиопи.
Утревечер пееме повторно заедно, бидејќи музиката и насмевката лечат сѐ!  Сега е време да ги избереме песните ! Која песна би сакалe да ја пеете со мене?Ќе ги пееме оние 3 песни кои што ќе имаат најмногу гласови од вашите предлози на Twitter, Facebook, Instagram и YouTube“ - напиша Калиопи на својот Инстаграм профил канејќи  ја својата публика одново на „домашна онлајн журка“! Во овие времиња на домашна изолација, покрај сите домашни обврски или оние работните, кои можат да се вршат и од дома, малку релакација на духот, на сите ни недостасува. Веруваме дека ова нема да запре овде, дека ќе стане нешто што во нормални услови би го нарекле тренд, а во вакви, почеток на една дружба што ќе трае и на која ќе и се приклучат и многу други музичари и пејачи од разни жанрови, но и останатите уметници... Поети, сликари, актери... Зошто да не проследиме поетско читање, некоја монодрама или видео изложба од дома, онлајн, во однапред закажан термин?]]>

Се ожени Војче Петрушев од групата „Маестро“: Свадбено „шоу“ на хармоникашот! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-ozeni-vojche-petrushev-od-grupata-maestro-svadbeno-shou-na-harmonikashot-foto-video/ Wed, 05 Feb 2020 09:26:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=132684

Во присуство на најблиските, поширокото семејство, роднините, голем број пријатели  и многу колеги од естрадата, минатиот викенд се ожени познатиот хармоникаш Војче Петрушев од групата „Маестро“. Тој со својата избраничка,сега животна сопатничка Моника, беше неколку години во љубовна врска. Свадба голема се случуваше во познатиот и ексклузивен скопски ресторан, на која покрај вообичаените адети и свадбени процедури свадбената веселбата беше на највисоко ниво. А како и не би била кога се жени естраден уметник кому свирењето  свадби му е меѓудругото дел од работата, а освен тоа на свадбата присуствува речиси половина естрада! Сепак, највесел на свадбата бил токму младоженецот, кој во еден момент ја фатил харомонката и приредил вистионско свадбено „уан мен шоу“ честејќи ги гостите со неколку песни. Покрај него, невестата секако, нераздвo јна придружничка, исто толку весела и расположена за свадбен џумбуш! Уште на стартот на свадбата каде Александар Митевски и Драган Спасов - Дац ја отвориле  вечерта, се видело дека ова нема да биде обична свадба. Имено, младоженците гостуваат како ликови во нивниот видеоспот за песната „Љуби ме“, во која Војче свири и хармоника, па Митевски и Дац им возвратија со изведба на нивната „Уште ми фалиш“. Во изведбата им се придружиле и младенците, Војче со хармониката а невестата со својот вокал, но и сите останати гости кои во еден глас ја пееле песната! По свадбата хармоникашот на својот фејсбук профил сподели статус со благодарност на сите кои свадбениот чин нему и на неговата сакана им го  направиле незаборавен ден за паметење, најубав во животот!      ]]>

Митевски и Дац со ретроспектива на младоста и животот во – „Уште ми фалиш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mitevski-i-dac-so-retrospektiva-na-mladosta-i-zivotot-vo-ushte-mi-falish-video/ Thu, 17 Oct 2019 10:12:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113122

По наградите кои ги собраа со темата „Цреши охридски“ на фестивалот „Охрид фест - Охридски трубадури“, Александар Митевски и актерот Драган Спасов - Дац се појавија и на годинешниов „Макфест 2019“. И не само што влего во финалето, туку нивната „Уште ми фалиш“ за малку не победи, туку го освои вицешампионското второ место, а тие на своето конто додадоа награда од три илјади евра. Автор на музиката и аранжманот е Александар Митевски, додека стиховите заедничко дело на Митевски и Драган Спасов - Дац, а миксот и мастерингот на песната ги направил Бобан Василевски.  Митевски и Дац и со оваа песна ја продолжиле нишката на современи шансони, срцепарателни балади кои со тек на времето како по некое непишано правило стануваат евергрини.... Безвременски песни за сите генерации. Особено за оние повозрасните, кои низ стиховите на песните како што е „Уште ми фалиш“ прават ретропективна на својот живот и својата младост, на сите остварени и неостварени љубови, желби, мечти, младешки сништа... без оглед кои се и што се, колку се познати или успешни, исполнети и реализирани личности. Токму такво е и одлично осмисленото видео за песната, за чија визуелизација се погрижила екипата од „Пикадо креатив колектив“. Едноставно, драмски, без расфрлање со голем буџет, но мошне ефектно, со приказна која во потполност ги следи и кореспондира со стиховите на песната. А, во видеото избор на познати и признати, успешни македонски, пред се' скопски фаци. Од познати уметници, градски луѓе, бизнисмени, артисти, угостители, композитори, професори, новинари, малостопанственици... чии лица ќе ги препознаете во видеото, а нивните имиња можете да ги прочитате на подолгиот список во одјавната шпица на спотот. Вистински „олстарс“ на успешни луѓе, скопската урбана елита која не е лесно да се собере на едно место во функција на приказната и нејзината визуелизација. Браво за идејата и нејзината реализација, која можете да ја проследите во видеото за „Уште ми фалиш“ во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=genLcmIahNw  ]]>

Газда Зеко не е фер… од кога фајронт вака рано? Пиже, Џамбазов, Митевски, Цајо, Џовани… вака познатите скопски ликови се простија од нивниот другар! https://arhiva.vistina.com.mk/gazda-zeko-ne-e-fer-od-koga-fajront-vaka-rano-pize-dzambazov-mitevski-cajo-dzovani-vaka-poznatite-skopski-likovi-se-prostija-od-nivniot-drugar-foto/ Fri, 18 May 2018 07:47:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27732

Познаниците, пријателите и најверните другари се простуваат од својот „вечен“ брат Горан Атанасов-Зеко, скопската урбана легенда, еден од најпознатите угостители, менаџери, основоположници на современиот, урбан ноќен живот во македонската метропола и еден од основачите на култните „Хавана бенд“. Меѓу останатото и социјалните мрежи се преполни со пораки на збогување со скопскиот боем од сите кои го знаеа, особено од оние блиските, кои го познаваа во душа. Меѓу нив секако, познати фаци, јавни личности, урбани скопски легенди како што беше и тој... Пиже, Џамбазов, Митевски, Цајо, Џовани... се само дел од неговите блиски пријатели и другари кои со посебни посвети го испраќаат Зеко.
Газда Зеко…не е фер.Од кога фајронтот волку рано?
Пијачките недопиени, приказните недораскажани, жените недоозборувани…
Брате Зеко…не е фер. Не беше ваков договорот.
Нели требаше да снимаме нова песна? Нели ти ќе ја пееше, оти Пиже и јас сме биле дунстери?
“Пријатељу“ Зеко…не остави и без зборови и без солзи…
 
И да знаеш, ти беше еден од ретките кој имаше и во главата, и во душата, и во срцето, а и меѓу нозете. Ние само се трудевме да те имитираме.
 
Биди добар таму горе и чувај место на твојата маса.
Наскоро се гледаме.
 
Вечно твои браќа, Пиже и Игор…“ - напиша Игор Џамбазов во својот проштален статус менувајќи ја својата профилна фотографија на Фејсбук.
  „Брате Зеко…не е фер. Не беше ваков договорот. Нели требаше да снимаме нова песна? Нели ти ќе ја пееше, оти Пиже и јас сме биле дунстери? “Пријатељу“Зеко…не остави и без зборови и без солзи…“  -  објави Сашо Пижевски - Пиже, неговиот вечен компањон и член на „Хавана бенд“ потпишувајќи се заедно со Џамбазов на прошталната посвета.  
  А, во едно од неколкуте своои потсетувања на својот најдобар другар, додава: „Абе Зеко, пријатељу, не ти требаше ова, па баш сеа ли? Не знам ти што си рачунал, ама ја не рачунав дека ќе искочи вака, "јебига, се дешава" шо би рекол ти. Ајде уживај таму горе...ќе дојде време да ни ги отвориш тоа рајските врати, да си пееме ко шо си пеевме....и да си се смееме ко што увек се смеевме..
Фалиш Зеко, многу ми фалиш, да знаеш“.
Александар Митевски, во свооето збогување од Зеко напишал: „Почивај во мир, пријателе ? Огромна загуба.. Затоа што имам чувство дека во овој град ти сите нé порасна, нé научи на музика.. Беше симбол на другарство, добрина, грижливост, ведрина, ноќен живот, мерак за музика.. Еден бескраен список, до последен здив... ? Сочувство до семејството и пријателите“.
Авторот Јовица Ивановски, неговиот добар пријател од својот другар Зеко се прости со песна:
Уште еден од основоположниците на современиот и урбан начин на ноќно живеење во Скопје, некогаш најпознатиот менаџер на урбаните скопски ноќни забави, Милорад Цајиќ - Цајо, му посвети своевиден проштален омаж на својот пријател Зеко, чиј дел искористивме во нашиот In memoriam за урбаната скопска легенда.