мите занов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 Feb 2023 08:44:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мите занов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Модна ревија по светски терк во Скопје, а во прв ред доминираше познатата српска пејачка во која беа вперени сите очи (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/modna-revija-po-svetski-terk-vo-skopje-a-vo-prv-red-dominirashe-poznatata-srpska-pejachka-vo-koja-bea-vpereni-site-ochi-foto/ Mon, 27 Feb 2023 08:35:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290613

Изминатиот викенд во Скопје се одржа модна ревија насловена „Nocturnal“ со потписот на младиот македонски дизајнер Мите Занов. Целната група на оние кои купуваат дизајнерка облека со македонски потпис е мала, и тоа е добро познато, но затоа кога треба да се биде во публика, тогаш одзивот на посетеноста е сосема спротивен од подготвеноста да се купи некое парче. Па така, на ревијата за пролет 2023 година секое столче беше зафатено, публиката стокмена од глава до петици, расположена за да се види понуденото, но и да се биде виден во центарот на случувањата, да се има фотка плус за на социјалните мрежи и секако да се испочитува дизајнерот. Меѓу присутните беа дел и од познатите Македонки кои соработувале со Занов или пак допрва ќе направат спој. Во публиката да ги погледнат најновите креации беа пејачките, Лара Иванова, Теа Трајковска, водителката и пејачка Јана Бурче, а не изостана ниту Елена- „Живот со стил“. Сепак, во фокусот беше една дама, сексапилна, мистична, доминантна... Првиот ред беше резервиран за младата позната српска пејачка Сара Џо која облечена во дизајн од новата колекција на Занов ги собра сите погледи. Црниот деколтиран коктел фустан ја истакна нејзината совршена линија, а впечатливата шапка допринесе таа да биде доминантна меѓу присутните, но и мистична. Таа беше почесниот гостин на ревјата, а моментот беше и прилика македонската публика да ја види непосредно и фановите да се фотографираат со неа. Кога станува збор за колекцијата „Nocturnal“, Занов акцентот го ставил на минимализмот и монохрмонатиката, но се издвојуваа и впечатливите детали како масивните шапки кои дадоа доза на доминација и женственост. Панталони, фустани, мантилили и корсети по кои е препознатлив дизајнерот, беа вклучени од целосната модна композиција која несомнено ги освои дамите кои сакаат да бидат впечатливи и уникатни. Во продолжение погледнете дел од колекцијата и атмосферата на овој моден настан кој донесе викенд свежина од градските случувања. фото:Инстаграм принтскрин/Занов]]>

Роберт Билбилов најде роденденски подарок за публиката – „Нигде не те наоѓам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/robert-bilbilov-najde-rodendenski-podarok-za-publikata-nigde-ne-te-naogjam-video/ Tue, 11 May 2021 06:59:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201953

 Додека светот стагнира(ше) заради корона пандемијата, Роберт Билбилов  работеше и сега откако почна да се наѕира крајот на опаката зараза, а работите полека почнуваат да се придвижуваат, познатиот македонски продуцент, музичар, автор и пејач продолжува таму каде што застана - да “вади“ хитови. Рефренот на новата песна  ќе ве освои на прво спушање: „Мугри без нас, слика без глас, чудно е, ти си дел од мене, а пак си празнина...“, се дел од стиховите од новиот музички производ на Роберт Билбилов кој го носи името „Нигде не те наоѓам“. После мала пауза, на својот роденден (09 мај 2021), Билбилов го промовираше видеото заедно со темата на својот Јутјуб канал. Текстот за „Нигде не те наоѓам“ го потпишува неговиот стар соработник Робин Зимбаков, додека, пак, музиката и аранжманот се на самиот Роберт. „Пандемијата со коронавирус ја искористив на некој начин продуктивно, минував доста време во студио , па така и се роди „Нигде не те наоѓам“, рефрен на кој внимателно работев и за кој сум сигурен дека ќе наиде на позитивни реакции и критики од страна на публиката. Премиерата се случи на мојот роденден и е подарок од мене за сите вас, сакав некако да го одбележам на ваков начин и искрено се надевам дека „Нигде не те наоѓам“ ќе се најде на вашата плеј музичка листа ова лето“-  порача Билбилов. Кадрите за видеото се снимени на неколки локации, а зад режисерската палка стои „Motion Emotion Film Production“. Во спотот се појавува манекенката Ирина Кузевска, а задолжени за изгледот на актерите – протагности во оваа мала музичка филмска приказна на Билбилов беа Даниел Николовски , Викторија Бурсаќ и модниот дизајнер Мите Занов. Во продолжение слушнете ја „Нигде не те наоѓам“, погледнете го видеото  и доколку ви се допаѓа, споделете го на вашите профили на социјалните мрежи и поддржете ја македонската музика! https://www.youtube.com/watch?v=C7pVkkTkMRk]]>

Голи нозе и нагласен сексапил: Кој е заслужен за изгледот на нашата годинешна евровизиска претставничка?! https://arhiva.vistina.com.mk/goli-noze-i-naglasen-seksapil-koj-e-zasluzen-za-izgledot-na-nashata-godineshna-evroviziska-pretstavnichka/ Wed, 14 Mar 2018 08:50:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15987

Неделава пред македонската јавност беше претставена евровизиската песна „Lost and Found“ со која групата „Ај Кју“ во месец мај  ќе ја претстави Македонија на изборот за песна на Евровизија во Лисабон. Песната дојде во пакет заедно со видео спот кој како и музиката звучи и изгледа модерно. Како за песната, така и за изгледот на претставиниците, кај нас секогаш има простор за дискусија, различни ставови, коментари, пофалби, критики... Засега се уште е непознато кој ќе ги стилизира „Ај Кју“ на големата евровизиска сцена, но познато е кој беше задолжен за нивниот изглед на спотот.
Станува збор за креации на младиот дизајнер Мите Занов и дизајнерката Јована Филиповиќ, додека пак спојот на парчињата или стајлингот го направи модната новинарка и стилист, Милена Танаскоска, со која групата соработува подолго време. Дали истиот тим ќе биде задолжен за сценскиот изглед во Лисабон, останува да видиме, а дотогаш погледнете го спотот и преслушајте ја нашата „Lost and Found“. https://www.youtube.com/watch?v=hJ8vStigz7k]]>