мите димовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 Jan 2024 13:32:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мите димовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Суперхикс“ празнично ви ја подаруваат – „Како боли“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/333350-2/ Tue, 02 Jan 2024 13:23:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333350

На неколку дена пред самиот дочек на Новата 2024-та година, позната македонска поп-ска-реге група Суперхикс ја промовираше својата најнова песна „Како боли“ заедно со видеоспотот за истата. Музиката и аранжманот се на членовите на Суперхикс, додека текстот за оваа песна го подготвија Дарко Попов и Борис Минов. Песната е снимена во студиото „Тра Ла Ла“, под продуцентска палка на Мите Димовски. Режијата,камерата и монтажата на видеото ги потпишува  Трифун Ситниковски. „Наскоро излегува и студискиот албум, а бендот се подготвува за серија активности поврзани со јубилејот „30 години Суперхикс“, велат од „банда инструмнтале“ како што популарно се нарекува бендот. Какво празнично изненадување подготвиле тие за своите фанови и публиката, погледнете од видеото во продолжение продолжение: ]]>

Игор Џамбазов сосе сите нас, жртви на фатален авто коитус е во – „Дебела сенка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dhambazov-sose-site-nas-zhrtvi-na-fatalen-avto-koitus-e-vo-debela-senka-video/ Wed, 07 Jun 2023 07:35:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305220

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов ја промовираше својата нова песна „Дебела сенка“, за која тој ги напиша музиката и текстот а аранжманот е на Игор Атанасоски алиас Гуру Харе и Мите Димовски. „Оваа песна излегува во вистинско време. Успеав да го најдам датумот кога сум го почнал фајлот, тоа е септември 2019 година. Значи, јас сум ја ‘крчкал’ оваа работа четири години. Знам дека имав една музика, па се откажав од неа зашто беше премногу депресивен блуз. Во меѓувреме почнав да слушам стара музика, имав инспирација од Боб Дидли кој е препознатлив по својот заразен ритам. Мислам дека „Дебела сенка“ го има баш тој заразен ритам и еден од најпевливите рефрени во историјата на македонската музика. Но, пораката е битна, тоа што го наумив да им го пренесам на слушателите, го направив“ - рече Џамбазов за „Радио Бубамара“ каде премиерно беше промовирана песната чии стихови така пластично ја опишуваат „оваа ситуација“ во која триесет и кусур години се наоѓа нашата Македонија и поголемиот дел од нејзиниот народ, жртва на фатален авто коитус. Оние другите „што не можат да ги онадат“ колку што можат да издржат оние првите, се исто така опишани во текстот на песната, а кој  на која страна се наоѓа, сам ќе си се препознае... Сепак сите заедно, како да сме на „тешки дроги, алкохол и лекови“... во „Дебела сенка“  со векови... Затоа, Македонијо, прибери се... Време е“ - како што вели крајот на песната која можете да ја проследите од видеото во продолжение: ]]>

На „Суперхикс“ новата песна им е баеги – „Крута“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-superhiks-novata-pesna-im-e-baegi-kruta-audio/ Mon, 11 Jul 2022 12:33:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258104

„Суперхикс“  деновиве го претставија првиот од неколкуте нови синглови, снимени во текот на месец јуни оваа година. Необичен наслов за една песна. Снимена е  во студиото „Тра-ла-ла-ла“ на Мите Димовски, која неодамна ја здогледува виделината денот со својата промоција на социјалните мрежи и во радиоетерот. Ова песна воедно ќе биде и првата од неколкуте нови синглови на „Суперхикс“, кои публиката со нетрпение ги чека. Во меѓувреме:  Петар Младеновски - бас и вокал, Борис Минов - гитара, Дарко Попов - тапани, Александар Спасовски - труба, Симе Златков - саксофон, Бранко Илиевски - тромбон, Гоце Лалковски - грамафони, Стефан Алексовски - клавијитури, сите членовите на скопската „банда инструментале“, како што „Суперхикс“ се нарекуваат,  ќе настапуваат на концерти низ Македонија, а тоа ќе биде и одлична шанса покрај палетата свои хитови и песната „Крута“ да ја промовираат пред својата публика во живо. Како  звучи „Крута“, проследете во продолжение:  ]]>

Гуру Харе и Тања Тас заедно во уште една своја попатна музичка станица ви ја претставуваат – „Бројаница“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/guru-hare-i-tanja-tas-zaedno-vo-ushte-edna-svoja-popatna-muzichka-stanica-vi-ja-pretstavuvaat-brojanica-video/ Wed, 12 Jan 2022 13:58:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234645

Македонскиот гитарист и автор Игор Атанасовски попознат на јавноста под уметничкиот псевдоним Гуру Харе, има новата инструментална песна. Овој пат во соработка со Тања Тас пејачка на групата „Темпера“. Песната се вика „Бројаница“ и покрај Тања како вокал, во нејзината реализација учествувале Дамир Имери на Хемонд органа и Мите Димовски на тапани. Автор на музиката, текстот и аранжманот е самиот Гуру Харе, кој исто така ги свири сите гитари. Песната е снимена и продуцирана во скопското студио „Тралала“ кај Мите Димовски кој ја потпишува музичката продукција на „Бројаница“. Тања Тас го направила и видеото со кое е илустрирана оваа баладична рок-блуз тема која е вокално лирична, амузички помалку поитсетува на нешто помеѓу сентиш темите на првите албуми на Марк Нофлер и неговите  „Dire Straits“ и музиката на Крис Риа... Можеби најмногу заради гитарскиот призвук и начинот на кој се отсвирени гитарските делници иако заради емотивно отпеаниот вокал песната води во еден сосема друг правец. Во секој случај „Бројаница“ е тема што логично ја продолжува низата на разноличност, а сепак со препознатлив гитарски печат на еден од најавтентичните и највпечатливите македонски гитарски мајстори и рок/блуз автори, Гуру Харе. ]]>

Игор Џамбазов сака да ве потсети дека… многу му е премалку во – „Love is so Good“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-saka-da-ve-potseti-deka-mnogu-mu-e-premalku-vo-love-is-so-good-video/ Thu, 09 Sep 2021 12:31:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218551

„Love is so Good (многу ми е премалку…)“ е најновата песна на македонскиот шоумен, актер и пејач Игор Џамбазов. Текстот и музиката се дело на Игор, а аранжманот е на Мите Димовски во чие студио  „Тра ла ла“ песната и е снимана и продуцирана. Инструментите во песната ги свират врвни македонски музичари - инструменталисти  како: Гуру Харе (гитара), Дамир Имери (клавијатури), Оливер Јосифовски (бас), Владимир Крстев (виолина) и Мите Димовски (тапани). Песната е визуелизирана со видеоспот кој го потпишува „Охо“ продукција, истата онаа продукциска куќа која стои зад ТВ проектите како детскиот серијал „Пет плус“ или ТВ серијата „Преспав“. Камерата е на Тони Величковски, а монтажата на Сашко Потер. Спотот е сниман на Попова Шапка, а покрај кадрите од таму, во спотот се прикажува и дел од ликовното творештво на неговата партнерка, македонската планинарка и ликовен творец Илина Арсова. Проследете како звучи и изгледа кога Игор Џамбазов сака да ве потсети дека... Многу ми е премалку во „Животот е убав“: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=KMXuhJzIfVo&t=1s[/embed]]]>

„Темпера“ со нов музички повик – „Дојди“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tempera-so-nov-muzichki-povik-dojdi-video/ Mon, 22 Jun 2020 12:33:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155025

Позитивни, енергични и со полно срце рок ен рол, македонскиот музички бенд „Темпера“ повикуваат на „весел исход и неконтролиран бој“ како одговор на новата реалност. „Дојди“ е петти сингл во низа од новиот материјал по дебитанскиот албум „Играј!” „Дојди” чиј композитор е басистот Ѓоле Максимовски на стихови на пејачката Тања Тас  е песна исполнета со динамична ритмика, вокални и гитарски хармонии, спој на ретро и модерен звук оплеменет со виртуозноста на Петар Христов, кој гостува на саксофон. Видео спотот за песната го изработи Александар Ристовски-Принц. Снимена, микасана и продуцирана во „Тралала“ студиото на Мите Димовски - тапанарот на групата, музички продуцент и приватно сопруг на вокалот  Тања Тас,  покрај која во бендот уште членуваат и Драган Гиновски Гино - гитара и Ѓоле Максимовски - бас гитара. Слушнете и погледнете како звучи изгледа кога „Темпера“  те повикува со... „Дојди“: https://www.youtube.com/watch?v=Y2DZDD1PrXQ&feature=emb_logo]]>

Игор Џамбазов ги спакува – „И племето и семето“, како одраз на времето во кое живееме (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-gi-spakuva-i-plemeto-i-semeto-kako-odraz-na-vremeto-vo-koe-ziveeme-video/ Fri, 15 Nov 2019 09:51:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118708

Популарниот македонски шоумен и пејач Игор Џамбазов ја објави својата нова песнa со наслов “И племето и семето”. Она што од секогаш привлекувало најголемо внимание во музиката на Игор биле текстовите на песните. Со должен респект на компонираното, како и на гитарската умешност на Гуру Харе и неговиот бенд, сепак Џамбазов најмногу е познат не по хитовите или пеењето, туку по пораките кои ги испраќа преку своите песни,  па тоа не е исклучок и овој пат. Иако можеби и не е кој зна колку тешко да се најде инспирација во времето и државата во кои живееме, опкружени со секојдневните небулози и будалаштини со кои се будиме и легнуваме, но сето ова лудило Игор знаел како најдобро да го спакува во неколку минути „поезија за амнезија“ на годините низ кои минуваме. Едноставен опис и на „племето и на семето“ од каде се' почнува и со кои се' ќе заврши... Сага за времето во кое се' е отидено... Во неповрат или пред вратата на „новиот почеток“, кој да знае... Чекавме долго па ќе почекаме уште некое време, колку и долго тоа да е. Можеби само до следната песна на шоуменот? Во меѓувреме преслушајте ја оваа, „И племето и семето“, како одраз во огледало на времето во кое живееме, за која „осомничен автор“ е Игор Џамбазов, со кого свиреа членовите на „Гуру Харе бенд“ во Бардовци, во студиото „Тра Ла Ла“ на Мите Димовски, кој е и продуцент на истата. Во едноставното, но мошне ефектно „музичко - стендап хромаки видео“ полицаецот го игра Оливер Војиновиќ. Зад камерата бил Роберт Божиновски, видеото го монтирал Иван Костадинов, а режијата е на Гоце Трајковски, додека „И племето и семето“ се наши... Наше секојдневие. Затоа уште еднаш убаво преслушајте и внимателно погледнете што има маестро Џамбазов да ви каже по тоа прашање: ]]>

Игор Џамбазов заврши во Барадовци (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-zavrshi-vo-baradovci-foto/ Wed, 23 Oct 2019 08:54:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=114062

Македонскиот актер, водител и шоумен Игор Џамбазов заврши во Бардовци. Претходно имаше чудна објава на својот Инстаграм профил во вид на кусо видеоклипче. Најпрвин им посака „Добар ден“ на сите, за потоа да им каже: „Априлили“... среде октомври!
 
View this post on Instagram
 
Април у октобру...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Дека деновите ни се далеку од добри е оддамна јасно, а деновиве и старата проверена ку*ва Европа среде октомври ни направи: „Априлилили...“ за пристап, па можеби Џамбаз тоа сакал да го каже, тврдеа некои. Други пак велат, на топлото време мислеше човекот. Пролет во есен! Април во октомври! Но, оние што добро го познаваат сомничаво вртеа со глава, особено откако неговата најнова Инстаграм објава беше од - Бардовци! „Бардовци, на релакс“ - напишал Џамбазов покрај матната фотографија на која уморен и подзамижан, како нешто важно да сака да соопшти, да каже, ама... https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dzambazov-za-bekstejdz-chichko-igor-nema-deca-i-ponekogash-si-plache-sam/ Ама не се секирајте се' е во ред со човекот. Бардовци е одлично место за живеење, освен една локација во него. А, Џамбазов престојуваше во елитната скопска населба во која е лоцирано студиото „Тра ла ла“ на  Мите Димовски, каде се снимаше новата песна на Игор, која наскоро ќе ја здогледа виделината на денот. Насловена е некако симболично: „И племето и семето“,  па се надоврзува со приказната за „добрите“ денови од  почетокот на текстов. Оние кои веќе ја слушнале, Како Весна - „Бејби“ на пример,  велат дека ќе биде вистински мегахит. Џамбазов можеби никогаш не правел хитови во класична смисла на зборот, но многу од она што го испеал, било чиста реалност и станало евергрин. Така мириса и овој пат!  ]]>

Гуру Харе и Тамара заедно во – „Љубов“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/guru-hare-i-tamara-zaedno-vo-ljubov-video/ Tue, 15 Jan 2019 12:46:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=67606

Гуру Харе или македонскиот музичар Игор Атансоски кој се крие зад овој прекар, има нова авторска песна. Како еден од најценетите македонски гитаристи, особено кога се „старите вредности“ во прашање како што се рокот и блузот, Харе е познат по соработката со многу домашни музичари, изведувачи, вокали...
Од придружната група на неприкосновениот Тоше Проески, која патем тој ја оформи, преки членувањето во „Меморија“, до соработката со Сашо Гигов - Гиш и Петар Ренџов во легендарните „Банкрот Блуз Бенд“, па се' до песните и настапите со Игор Џамбазов или „Нокаут“ и уште безброј поголеми или помали музички проекти.
Последнава негова песна носи наслов „Љубов“ , а за свој соработник кој ќе и вдахне душа и совршено ќе ја отпее, харе овој пат ја одбра Тамара Тодевска.
„Да пееш за љубов, а тоа да не биде патетично, треба навистина да пееш од душа, а Тамара точно тоа и го направи. Таа ја има онаа „блуз жичка“ што мене ме придвижува и тоа е се' што треба“ - вели Харе во  своето неодамнешно интервју за српскиот портал Опуштено.рс!   
Музика и текстот се на самиот Харе,  вокалите споменавме ги пее Тамара, гитарските делници, логично   ги псвири Харе, бас линиите Трајко Симоновски - Таци,  тапаните  Мите Димовски, а клавијатурите Дамир Имери.
Темата „Љубов“ е снимена и миксана во „Тра-ла-ла студио“ на Мите Димовски, а видеоанимацијата ја потпишува Александар Јанковиќ, со почит кон Рој Лихтенштајн, како што пишува. Вака звучи и е визуелизирана „Љубов“-та на Гуру Харе и Тамара: https://www.youtube.com/watch?v=On1CSmZ7IH0]]>

Новата сезона на серијата „Преспав“ започна со „Курцшлус“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/novata-sezona-na-serijata-prespav-zapochna-so-kurcshlus-video/ Mon, 03 Dec 2018 13:00:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=61102

Хумористичната ТВ серија „Преспав“ се покажа како еден од најуспешните македонски ТВ проекти продуцирани во последно време кај нас. Јелена, Ула, Коста, инспектор Томе, Марио, Тони, Миле, Таљат... и останатите ликови направија вистинска револуција кај ТВ гледачите, кои оддамна не беа виделе нешто толку ново, современо, урбано, свежо, а сепак забавно и хумористично, спакувано во вид на домашен игран производ.
Затоа и „Преспав“ мораше да продолжи... Новата, трета по ред  сезона  на „Преспав“ ќе започне да се емитува на 17 декември, овој пат на фреквенцијата на јавниот сервис - МТВ, за време на викендите во сабота и недела, со почеток во 20.15 часот на првиот програмски сервис. Новата сезона наголемо се најавува како во медиумите, така и со големи билборди на кои се ликовите од серијата. Но, уште пред да започне, во новата ссезона на „Преспав“ се лучи „Курцшлус“!!! И тоа музички!
Неееее... не се секирајте не е во прашање никакво недоразбирање, кавга или препирка... напротив! Така само се вика новата или поточно првата песна, поткрепена со вокална подлога на веќе добро познатата најавна инструментална тема на серијата. „Таму некаде на север од југот, едно малечко местенце Преспа се прочу во светот. Се појави чудовиште, се бараше нафта, дојдоа странски претставници, се организираа избори, и што ли уште не! Пансионот што никогаш не спие. Таму некаде е Преспав...!“ 
А во видеото за „Курцшлус“ покрај искористените веќе постоечки кадри од серијата, се појавува целата актерска екипа, која како и во серијата, секој од нив маестрално ја игра својата ролја, додека главниот вокал во темата го пее Игор Џамбазов, а рефрените хорски сите заедно.
Режијата и монтажата на видеото ги потпишува Ла Сандра Ѓоргиева, директор на фотографија е Дејан Димески, додека  музика, текст и аранжманот на најавната тема се на Мите Димовски, во чие студио „Тра ла ла“ и е снименаистата. Продуцент како и на целата серија е Пеце Талески. Погледнете и слушнете како звучи и изгледа кога во „Преспав“ ќе се случи „Курцшлус“! ]]>