Мистеријата на бугарските гласови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 02 Oct 2019 12:30:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Мистеријата на бугарските гласови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Концерт на Lisa Gerrard („Dead Can Dance“) & The Mystery Of The Bulgarian Voices во „Македонската филхармонија“ на 8 октомври https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-na-lisa-gerrard-dead-can-dance-the-mystery-of-the-bulgarian-voices-vo-makedonskata-filharmonija-na-8-oktomvri/ Wed, 02 Oct 2019 12:30:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=110403

Концертот на маестралната Lisa Gerrard и нејзиниот последен проект со женскиот хор од соседна Бугарија, добитничките на престижната Греми награда - The Mystery of the Bulgarian Voices - Le Mystère des Voix Bulgares! ќе се одржи на 8 октомври 2019 година, во салата на Македонската филхармонија. Инаку, по потекло од ирски емигранти, Lisa Gerrard е родена и живее во Австралија, каде што и ја започнува својата кариера пред речиси 40 години. Прилично експерименталната пост панк музичка сцена на крајот на 70-те во Мелбурн ја спојува со Brendan Perry, со кој во 1981 го создаваат уникатниот проект Dead Can Dance, кој опстојува и денес со неколку креативни прекини. Dead Can Dance се неприкосновен и по многу нешта автентичен музички состав, кој обединува два вокали, кои со својата моќност и боја како да го сликаат почетокот или крајот на светот. Lisa Gerrard и Brendan Perry својата инспирација изминатите декади ја црпат од племенското, окултното, световното, но и од земското, профаното постоење. Нивната музика може да ве потсетува на сѐ претходно доживеано и чуено, но и на ништо, да ви биде комплетно нова и свежа. Во професионалната биографија на Lisa Gerrard се впишани неколку соло проекти, како и музика за филм, на кои таа се потпишува и како авторка, но и како изведувачка. Така, за музиката за епскиот спектакл Гладијатор, таа и композиторот Hanz Zimmer беа наградени со Златен глобус. The Mystery Of The Bulgarian Voices се женски хор од Бугарија, кој опстојува од средината на минатиот век и го негува автентичниот бугарски мелос, зачинет со нереално, самовилско пеење. Светот за прв пат слушна за овој хор на крајот на 80-те години на минатиот век, кога хорот го издава својот истоимен албум “Le Mystère des Voix Bulgares”, кој се продава во огромен тираж и хорот ги освојува светските сцени со своето мистично акапела пеење. Нивниот втор албум “BooCheeMish”, се појавува по речиси две декади и на него тие соработуваат со Lisa Gerrard, со која иако потекнуваат од различни култури, создаваат една природна бајколика симбиоза. Концертот на Lisa Gerrard & The Mystery Of The Bulgarian Voices ќе се одржи во концертната сала на „Македонската филхармонија“, на 8 октомври 2019 година! Билети на билетарница МКЦ  или online: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=524]]>

Лиса Џерард и „Мистеријата на бугарските гласови“ во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/lisa-dzerard-i-misterijata-na-bugarskite-glasovi-vo-skopje/ Wed, 03 Jul 2019 11:50:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=95977

На 8 октомври во Македонската филхармонија концерт ќе одржи маестралната Лиса Џерард со нејзиниот последен проект со женскиот хор од соседна Бугарија, добитничките на престижната награда Греми – „Мистеријата на бугарските гласови“ (The Mystery od the Bulgarian Voices).  По потекло од ирски емигранти, Лиса Џерард е родена и живее во Австралија, каде што и ја започнува својата кариера пред речиси 40 години. Прилично експерименталната пост-панк музичка сцена на крајот на 70-те во Мелбурн ја спојува со Брендан Пери, со кого во 1981 го создаваат уникатниот проект „Дед кен денс“ (Dead Can Dance), кој опстојува и денес со неколку креативни прекини. „Дед кен денс“ се неприкосновен и по многу нешта автентичен музички состав, кој обединува два вокали, кои со својата моќност и боја како да го сликаат почетокот или крајот на светот. Лиса Џерард и Брендан Пери својата инспирација изминатите декади ја црпат од племенското, окултното, световното, но и од земското, профаното постоење. Нивната музика може да ве потсетува на сѐ претходно доживеано и чуено, но и на ништо, да ви биде комплетно нова и свежа. Во професионалната биографија на Лиса Џерард се впишани неколку соло-проекти, како и музика за филм, на кои таа се потпишува и како авторка, но и како изведувачка. Така, за музиката за епскиот спектакл „Гладијатор“, таа и композиторот Ханс Цимер беа наградени со Златен глобус.
„Мистеријата на бугарските гласови“ се женски хор од Бугарија, кој опстојува од средината на минатиот век и го негува автентичниот бугарски мелос, зачинет со нереално, самовилско пеење. Светот за првпат слушна за овој хор на крајот на 80-те години на минатиот век, кога хорот го издаде својот епонимен албум „Le Mystère des Voix Bulgares“, кој се продаде во огромен тираж и хорот ги освои светските сцени со своето мистично акапела-пеење. Нивниот втор албум „BooCheeMish“, се појави по речиси две декади и на него тие соработува со Џерард, со која иако потекнуваат од различни култури, создаваат една природна бајколика симбиоза. Концертот на Лиса Џерард и „Мистеријата на бугарските гласови“ ќе се одржи во Филхармонијата, на 8 октомври 2019 година. Влезниците по промотивна цена се веќе пуштени во продажба во билетарницата на МКЦ и онлајн на bileti.mkc.mk. ]]>