мисла од свила – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 15 Feb 2023 12:53:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мисла од свила – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Станоевски – Игимен во чест на татко му, заедно со Пијан Славеј ги вратија времето и спомените во – „Мисла од свила“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-stanoevski-igimen-vo-chest-na-tatko-mu-zaedno-so-pijan-slavej-go-vratija-vremeto-i-spomenite-vo-misla-od-svila-audio/ Wed, 15 Feb 2023 12:47:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289059

Младиот ликовен уметник, музички автор и гитарист, Игор Станоевски, алијас Игимен сними нова песна која е подготвена за радио промоција, со најава со која го привлече вниманието, а го поврзува со своите семејни корени. „Станува збор за наследена песна од татко ми за која напишав текст, а на неа гостува вокалистот Бранислав Николов алијас Пијан славеј од  култните „Фолтин”. Оваа песна е снимена во “Студио Алшар”. Тон Мајстор е Ивица Јанкуловски со кого ја делиме и продукцијата на песната. Се појавуваат Дарко Мучев Мучо на бас и Бодин Попов на тапани, додека гитарите ги свирам јас, во насока и стилот на татко ми со цел да го доловам неговиот тон“, вели Игор. Интересно е што музичката тема датира од крајот на 70-тите или почетокот на 80- тите години и е дел од арсеналот на песни кои ги наследил од својот татко, познатиот музичар и новинар Петар Станоевски, кој за жал прерано не напушти.   „Со неа сакам да го најавам претстојниот албум Unforgetable You посветен на татко ми. Албумот е завршен минатата година. Меѓутоа мислам дека му недостигаше песна на македонски јазик, покрај неколкуте теми на англиски јазик, како и инструменталните композициции кои доминираат на албумот“ , раскажува музичарот за песната и албумот во најава. Петар или Перо– Пешак како што го знаеја во скопските музички кругови, беше новинар и уредник во дневниот весник “Вечер”, одличен музичар и извонреден гитарист, посветен на рокенролот и блузот. Дел од дуото „Ловци на бисери”, со кои своевремено извадија и касета и остварија низа гостувања во различни музички емисии и сопствено шоу на Македонската телевизија. Како звучат Игимен и Пијан Славеј во „Мисла од свила“, проследете во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>