мишо ковач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Dec 2023 12:04:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мишо ковач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мишо Ковач неодамна беше хоспитализиран, а сега неговата сопруга октри каква му е состојбата https://arhiva.vistina.com.mk/misho-kovach-neodamna-beshe-hospitaliziran-a-sega-negovata-sopruga-oktri-kakva-mu-e-sostojbata/ Thu, 07 Dec 2023 12:04:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330357

Музичарот Мишо Ковач (82) неодамна беше хоспитализиран, откако со возило на брза помош беше пренесен во сплитската клиничка болница. Како што пишуваат хрватските медиуми, тој е пуштен на домашно лекување. Музичарот Мишо Ковач (82) неодамна беше хоспитализиран, откако со возило на брза помош беше пренесен во сплитската клиничка болница. Како што пишуваат хрватските медиуми, тој е пуштен на домашно лекување. По тој повод се огласи неговата сопруга Лидија Ковач.
– Благодарение на лекарите, на целиот медицински персонал и на сите вработени во болницата, кои во невозможни услови даваат се' од себе за доброто на секој пациент, Мишо го продолжува опоравувањето дома – рече Лидија. Ковач, кој минатата година требаше да настапи на новогодишната ноќ во Вуковар, поради високата температура мораше да го откаже тој настап. Ова не е првпат познатиот пејач да се соочува со здравствени проблеми, но деталите за неговата моментална состојба се уште не се познати. фото: Instagram / misokovacofficial]]>

Мишо Ковач заврши во болница: Пејачот итно хоспитализиран во Сплит, неговата ќерка ја потврди веста https://arhiva.vistina.com.mk/misho-kovach-zavrshi-vo-bolnitsa-pejachot-itno-hospitaliziran-vo-split-negovata-kerka-ja-potvrdi-vesta/ Tue, 28 Nov 2023 12:32:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328933

Пејачот Мишо Ковач е примен во болница поради нарушено здравје. Како што потврдила неговата ќерка Ивана, станува збор за висока температура. „Татко ми заврши во Клиничкиот болнички центар во Сплит бидејќи имаше висока температура. Ништо сериозно. За постарите луѓе кои веќе имаат некакви потешкотии како него, треба да одат во болница... Не е исто како кај нас здравите кога ќе добиеме висока температура“ - изјави Ивана Ковач. Инаку, Мишо Ковач имаше крајно бурен живот. Имено, пејачот по смртта на синот Еди долго време не можел да дојде на себе. Се обиде да си го одеме животот пукајќи си во срцето, но за среќа преживеа, па се разведе од долгогодишната сопруга. На крајот, тој најде мир со Силвија Конте Калви Марковиќ, астролог 30 години помлада од него. Таа, тврдеше дека  го одвикнала од седативи и му го спасила животот. Пејачот сношти со возило на брза помош заврши во КБЦ Сплит, а моментално е на пулмолошкиот оддел. Во кусиот телефонски разговор за медиумите Ивана звучела многу смирено и ги уверила новинарите дека состојбата не е згрижувачка. Фото: Инстаграм/ivanakovacofficial]]>

Тешка исповед на поранешната сопруга на Мишо Ковач за ноќта кога го загубиле синот и распадот на некогаш среќното семејство (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/teshka-ispoved-na-poraneshnata-sopruga-na-misho-kovach-za-nokjta-koga-go-zagubile-sinot-i-raspadot-na-nekogash-srekjnoto-semejstvo-foto/ Mon, 15 Aug 2022 09:49:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262618

Љубовната приказна на мисицата Анита Батурина и музичарот Мишо Ковач започнала кога таа имала само 18 години, а тој бил во брак со Љубица Ковач. Веста за оваа афера одекна како бомба во 1971 година. По две години парот се венча, набрзо се роди синот Еди, а потоа и ќерката Ивана. Живееле во Загреб, во луксузен стан во Горњи град, го обиколиле речиси целиот свет, а медиумите ги хранеле со приказни за мирен семеен живот без конфликти и афери. Сликата на идеално семејство траеше до почетокот на 90-тите, кога нивниот син Еди беше убиен во војната. Батурина ја раскажа приказната за тоа што точно се случило и како семејството се распаднало. Анита сега во голема исповед за „24 sata.hr“  раскажа за трагичната ноќ кога го загубиле синот. - Јас и Мишо ги воспитувавме да бидат секогаш добри со другите деца и да им помагаме, па секогаш беа опкружени со своите врсници. Потоа дојдоа 90-тите. а Еди стана „Bad Blue Boy“. Се сеќавам дека почна да гледа воени филмови со своите пријатели. Почна да зборува дека сака да војува, иако имаше само 16 години. Му реков на Миша дека тоа воопшто не ми се допаѓа и дека мораме да направиме нешто за да го фокусираме на училиштето, но Еди не попушти, се присетува Анита на настаните пред трагедијата. - Мишо тогаш имаше добар пријател кој водеше воена единица, па кога виде дека Еди сака да го доживее воениот живот, го замолил пријателот да го земе. Бевме убедени дека по неколку дена ќе му здодее строгата дисциплина, но се случи спротивното. Еди прв станувал, правел се што му било кажано, спиел на подот, и се покажал како примерен војник. Беше маѓепсан од идејата дека еден ден ќе биде како филмските херои. Се врати дома и продолжи да сонува за војна, вели Анита за деновите пред смртта на Еди. - Мишо тогаш направи глупост. Купил пиштол и му го дал на Еди. Го молев да не го прави тоа, да му става оружје во рацете на детето, но Мишо имаше огромна доверба во Еди и ми тврдеше дека нашиот син е доволно одговорен и знае што има во рацете. И Еди повеќе не се одвојуваше од пиштолот. Го носеше и на состаноци. До таа кобна вечер, Еди секогаш се јавуваше ако останеше подолго и секогаш знаевме каде е и што прави. Но, тој не одговори вечерта и не дојде дома дури во 22 часот, дури во 23 часот, ни до полноќ. Се шетав низ станот луда од грижа, со лошо чувство. Го молев Миша да направи нешто, да оди да го бара. И тој беше надвор од себе од грижи, но не знаеше кому да се јави, каде да оди. Излегував пред куќата, гледав по улицата, чекав од некаде да се појави Еди. Околу три и пол по полноќ ни заѕвони телефонот. Мишо одговори и остана без зборови. Полицијата го известила дека Еди е во Драшковиќева, во Трауматолошката болница и  му рекле дека Еди „има полесна повреда на мозокот“. Тие веднаш отишле во болница и тогаш за последен пат го виделе својот син. - Смртта на дете е со сигурност најлошото нешто што може да им се случи на родителите. Дотолку повеќе што првичните прогнози беа охрабрувачки и ништо не навестуваше таков крај. Мишо бил целосно скршен човек, а како што вели Анита, веднаш видела дека нема да може да се справи со тагата поради губењето на синот. - И јас се распаѓав, но на Миша му реков дека мора да се стегнеме поради Ивана. Беше на чувствителна возраст, имаше 14 години, го загуби својот сакан постар брат, а потоа гледаше како ние двајца само плачеме и молчиме. Нашето девојче страдаше сама - ги опишала Анита најтешките денови во нејзиниот живот, кои доведоа до целосен распад на некогаш среќното семејство. Фото:Принтскрин/YT/Јутјуб]]>

Мишо Ковач повторно завршил во болница: Пејачот позитивен на коронавирус https://arhiva.vistina.com.mk/misho-kovach-povtorno-zavrshil-vo-bolnica-pejachot-pozitiven-na-koronavirus/ Wed, 15 Dec 2021 10:03:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231246

Пејачот Мишо Ковач (80) пред неколку недели беше пуштен од сплитската болница  каде беше хоспитализиран поради воспаление на белите дробови и висока температура. Сега познатиот пејач повторно заврши во болницата во Сплит, бидејќи е позитивен на коронавирусот. Освен пејачот, на корона е позитивна и неговата сопруга Лидија како и ќерката Ивана, пренесува „Слободна далмација“. Имено, на Мишо одеднаш му се слошило и пред неколку дена бил однесен во болница каде што бил приклучен и респиратор.  Откако примил кислород тој се чувствувал многу подобро и бил пуштен на домашно лекување. Инаку, Мишо Ковач неодамна беше хоспитализиран на Одделот за пулмологија на Клиничкиот болнички центар Сплит, а лекарите се сомневале на пневмонија. На крајот се испоставило дека нема пневмонија, па музичарот по антибиотска терапија бил пуштен дома. По излегувањето од болница, Мишо се чувствувал добро и со семејните пријатели Томија и Вања Божиковиќ заминал во Строжанац. Заедно со ќерката и сопругата престојува во изнајмен стан бидејќи се реновира неговата куќа. фото: Инстаграм/принтскрин/јутуб]]>

По 20 години Мишо Ковач во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/po-20-godini-misho-kovach-vo-skopje/ Mon, 08 Jan 2018 09:17:31 +0000 http://vistina.mk/?p=9125

По долги 20 години македонската публика конечно добива можност да ужива во песните на легендарниот хрватски пејач, Мишо Ковач. На 17 февруари 2018, во Скопје, во ВИП Арената Борис Трајковски ќе се случува вистински концертен спектакл. Во месецот на виното и љубовта домашната публика за последен пат во Скопје, во живо ќе може да ги слушне омилените: ,,Ти си песма моје душе,, Остала си увјек иста,,. ,,Један дан живота,,,,, Aко ме оставиш,, … Oчекувајте концерт кој ќе Ве врати во едни убави времиња, концерт кој ќе Ве развесели и ќе Ви ја разнежни душата. Билетите за овој настан може да ги набавите преку продажната мрежа на kupikartizase.com, 1/2Југотон, Југотон и Розе Веро 2.]]>

Мишо Ковач на проштален концерт во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/misho-kovach-na-proshtalen-koncert-vo-skopje/ Tue, 12 Dec 2017 11:18:28 +0000 http://vistina.mk/?p=6381

По долги 20 години македонската публика конечно добива можност да ужива во песните на легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач. Како што најавуваат организаторите на скопскиот концерт на 17-ти февруари 2018-та во Скопје, во ВИП Арената “Борис Трајковски” ќе се случува вистински концертен спектакл. Во месецот на виното и љубовта домашната публика за последен пат во Скопје, во живо ќе може да ги слушне омилените: “Ти си песма моје душе”, “Остала си увјек иста”, “Један дан живота”, “Aко ме оставиш”… Името и песните на хрватската музичка неповторлива ѕвезда кај нас им се познати на многу генерации и токму затоа присуството на неговиот последен концерт за музичко збогување со публиката во нашата земја треба да биде задолжително за сите љубители на неговите песни, односно фанови на единствениот Мишо Ковач. Билетите за мега спектаклот ќе бидат пуштени во продажба од среда (13.12.2017) преку продажната мрежа на kupikartizase.com, Пола Југотон, Југотон и Розе Веро 2.
]]>