миша алексиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 10 Dec 2020 13:42:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png миша алексиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бора Ѓорѓевиќ не може да ја преболи смртта на неговиот другар од бендот: „Починал Џеј, а јас земам телефон да му вртам на Миша, дали е вистина?“ https://arhiva.vistina.com.mk/bora-gjorgjevikj-ne-moze-da-ja-preboli-smrtta-na-negoviot-drugar-od-bendot-basistot-na-riblja-chorba-pochinal-dzej-jas-zemam-telefon-da-mu-vrtam-na-misho-dali-e-vistina/ Thu, 10 Dec 2020 13:12:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180216

Бора Ѓорѓевиќ, пејач и фронтмен на рок групата „Рибљ чорба“, не може да прифати дека го нема веќе неговиот пријател и колега од бендот, Миша Алексиќ, Џеј Рамадановски, Тихомир Тика Арсиќ...
„Гледав во весникот утрово и со олеснување констатирав дека денас никој близок не умрел“ - очајно изјави Бора.
„Беше невозможно Џеј да не се сака. Чорба за првпат замина на австралиска турнеја во 1990 година со тогаш младиот Џеј. Тој беше на почетокот на својата кариера, љубезен и симпатичен“ - се присети Бора.
Прославениот бенд и починатиот пејач се поврзани со духовитата песна „Гастарбејтерска 2“, снимена на албумот на „Рибља чорба“  - „Ноевата арка“ во 1999 година. Набројувањето на народните пејачи што оди на тезга „преку границаа“ за време на викендите во секоја строфа завршува со познатиот стих: „... и секако Џеј“. Било планирано, на крајот од песната, како гостин,Џеј да рече: „И секако јас“, но тоа не се случило, бидејќи тој не бил во Белград за време на снимањето на песната.
„Кога ја снимивме таа песна, некои од споменатите пејачи ни беа лути, некои не, а Џеки беше воодушевен“ - се сеќава Бора. Тој ми велеше: „Брат, ти благодарам. Ми ја качи цената, сите ми бараат“. Последен пат се сретнавме на бензинската пумпа, по свирките за Стара Нова 2017 година. Падна и пеење и плачење. Потоа дојде 2020 година...“ - воздивнува  Бора, собирајќи сила да додаде.
„Сето ова е толку болно. Го слушам концертот на Бајага на 'Синиот воз' и двапати кревам телефон за да разговарам со Миша за концертот. Џеј починал, а јас го земам телефонот за да му се јавам на Миша, да го прашам дали е вистина. Сите во бендот сме скршерни...“ - со жал констатира Бора.
Фото: Инстаграм принтскрин/riblja_corba_do_groba_fan_
]]>

Почина Миша Алексиќ: Басистот на „Рибја чорба“ ја изгуби битката со коронавирусот https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-misha-aleksikj-basistot-na-ribja-chorba-ja-izgubi-bitkata-so-koronavirusot/ Sun, 29 Nov 2020 10:37:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178545

Басистот на рок групата „Рибја чорба“, Мирослав Миша Алексиќ, почина на 67-годишна возраст. Познатиот музичар ја загуби битката со коронавирусот. Миша Алексиќ се лекуваше во Клиничкиот болнички центар „Бежанијска Kоса“, а состојбата му се влоши и беше ставен на апарати за дишење. Неговата ќерка Мина Алексиќ неодамна на Фејсбук напиша дека славниот басист добил ковид-19,  бил пренесен во болница и ставен на респиратор. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/gitaristot-na-ribja-chorba-e-zarazen-so-koronavirus-i-tri-dena-se-naogja-na-respirator/ „Секој час е негова борба за живот, исто како мојата и на мајка ми за него. Миша би сакал сите наши драги луѓе да знаат кој е лав и борец. Би сакала сите луѓе што го сакаат и го почитуваат како мајстор на рок овие денови да бидат со нас “, напиша Мина Алексиќ. Кариерата ја започна во 1970 година во групата „Ројали“ како бас гитарист и пејач. Таа година групата го освои второто место на натпреварот „Вечер со радио“, организиран од уредникот на емисијата Радио Белград. Следната година, тој отиде во САД, каде што заврши средно училиште во Пајксвил, Мериленд. По враќањето во Југославија и под влијание на британските рок-великани „Deep Purple“ и „Led Zeppelin“, Миша ja формира групата „СОС“ со Драган Штуловиќ, Драган Тасиќ и Стеван Стевановиќ. По неколкуте промени во составот, во бендот се приклучија Рајко Којиќ и Вицко Милатовиќ, со кои Алексиќ ја направија „Рибја чорба“ во 1978 година заедно со поранешниот пејач на групата „Рани мраз“, Борислав Бора Ѓорѓевиќ. Покрај тоа што беше басист на групата, Миша Алексиќ беше и текстописец и продуцент на албумите на „Рибjа чорба“, еден од најпопуларните рок бендови на овие простори. За време на неговата кариера, тој исто така пишувал песни и продуцирал албуми за бројни други уметници и бендови.]]>

И басистот на „Рибја чорба“ на респиратор води тешка битка на „живот и смрт“ со коронавирусот: „Држи се куме, ќе го победиш и ова зло“ – му порача Бајага https://arhiva.vistina.com.mk/i-basistot-na-ribja-chorba-na-respirator-vodi-bitka-na-zivot-i-smrt-so-koronavirusot-drzi-se-kume-kje-go-pobedish-ova-zlo-mu-poracha-bajaga/ Wed, 25 Nov 2020 10:56:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177975

Басистот на рок групата „Рибја чорба“, Миша Алексиќ е исто така заразен со коронавирусот и од 13 ноември се лекува во ЦБЦ „Бежанијска коса“. Тој е веќе неколку дена ставен на респиратор и во моментов води тешка битка на „живот и смрт“ со Ковид 19. По тој повод се огласи неговиот колега и пријател, некогашниот  член на првата постава на „Чорба“, Момчило Бајагиќ - Бајага, кој му посака што побрзо да закрепне и ми испрати зборови на поддршка. Држи се, куме, стар мајсторе. Досега успешно си поминал многу работи, па затоа сум сигурен и верувам дека ќе го победиш и ова зло. Веднаш штом ќе се опоравиш, те чекаме на пробата на Таш. Знаеш дека има некои работи што не вреди без тебе да се свират. Бајага и тимот те сакаат! “ - напиша на официјалната Фејсбук страница Бајага.]]>

Басистот на „Рибја Чорба“ е заразен со коронавирус и три дена се наоѓа на респиратор https://arhiva.vistina.com.mk/gitaristot-na-ribja-chorba-e-zarazen-so-koronavirus-i-tri-dena-se-naogja-na-respirator/ Wed, 25 Nov 2020 08:59:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177894

Бас гитаристот на рок групата „Рибја Чорба“ Миша Алексиќ (67) е заразен со вирусот корона и се лекува во КБЦ „Бежанијска коса“ од 13 ноември. Состојбата на Миша е влошена и тој веќе три дена е на респиратор. Неговата ќерка Мина Алексиќ  објави својот емотивен статус на Фејсбук, нагласувајќи дека секој час е негова борба за живот. „Мојот Миша се зарази со коронавирус и веќе три дена е на апарати за дишење. Секој час е негова борба за живот, како и за мене и мојата мајка. Миша би сакал сите наши драги луѓе да знаат колку е борец. Тој би сакал сите луѓе што го сакаат и го почитуваат како мајстор на рок овие денови да бидат со нас и да веруваат дека ќе победиме Ковидот. Сите мислевме дека е шега и до пред две недели седев со моето семејство на ручек и се смеевме дека не сакаме да носиме маски и разговаравме каде да одиме на забава или ручек. Јас сега останав со два родители во болница. Исплашена сум, но јас верувам во среќа и добра енергија. Ве молам, за Миша да праќаме силна енергија до Универзумот и што побрзо да биде на сцената“, напипа Мина покрај заедничката фотографија со татко и.]]>