мис фешн тв. жан клод ван дам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 21 Sep 2018 07:41:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мис фешн тв. жан клод ван дам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Емилија Димитриевска на Мис Фешн ТВ во друштво на славниот актер: Жан Клод Ван Дам ја сака Македонија… а, уште повеќе Македонките! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/emilija-dimitrievskana-mis-feshen-tv-vo-drushtvo-na-slavniot-akter-zan-klod-van-dam-ja-saka-makedonija-a-ushte-povekje-makedonkite-video/ Fri, 21 Sep 2018 07:35:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=49086

Најпознатата модна телевизија  Фешн ТВ во Турција организираше уште еден престижен ивент, наградите за Мис фешн ТВ.  На овој избор за убавица на модната ТВ, учество зема и една наша манекенка, убавата, згодна и атрактивна Емилија Димитриевска.
На финалната вечер се претстави со вечерна тоалета изработена од Бутик Ламас, а  специјален гостин и член на жири комисијата во финалната вечер беше и светски познатиот актер во акционите  филмови особено од 80-ите и 90-те, Жан Клод Ван Дам.
Екипата на Фешн ТВ покрај сиот ТВ гламур кој го презентира, е позната и по своите раскошни забави, каде се собираат најубавите манекенки, познатите лица од светот на модата и шоу бизнисот, бизнисмени, јавни фаци, богата клиентела...
Токму по завршувањето на официјалниот дел на изборот, нашата убавица и легендарниот актер се дружеа  на постмодното „афтерпарти“... Очигледно атрактивната Македонка максимално го инспирирала  мускулестиот глумец, па покрај многуте нешта што имале да си ги кажат при нивното запознавање, Ван Дам на прва се воодушевил од Македонија. Неговите поздрави и изрази на љубов кон Македонија и самиот ги демонстрира во видеото од забавата, кое нашата Емилија го постираше на социјалните мрежи. „Те сакам Македонијо... Навистина те сака Ван Дам... Ја  сакаме Македонија“ - се зборовите на се уште одлично стоечкиот актер кој во друштво на нашата сексапилна убавица очигледно, сакал-нејќел ја засака Македонија... а, уште повеќе Македонките! Дали заради својата атрактивност и неодоливиот сексапил или заради заедничката сфера на интерес - боречките вештини со кои Ван Дам се прослави во своите филмови, а Емилија како што е познато тренира бокс, или заради сето тоа заедно и уште многу други нешта, Ван Дам „падна на прва“ на шармот на убавата македонска мисица!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Emilija Dimitrievska Official (@dimitrievskaemilija) on

Емилија пак во постот под видеото ќе остави своја порака: „ЖКВД, те сакам до месечината и назад... Ти благодарам за се'“ - вели нашата мисица во постот. Веројатно има и зошто! Впрочем добриот впечаток - долго се памети... Како што Жан Клод ќе ја памети сексапилната Македонка од земјата на која јавно и ја изразуваше својата љубов!
Впрочем, погледнете го кусиот видеосеријал на Емилија Димитриевска, во реализација на Дарко Митев, за да имате претстава што тоа толку го воодушеви славниот актер, за да ја засака Македонија... и Македонките, секако!
]]>