мирослав рус – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 08 Sep 2022 06:15:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мирослав рус – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јуре Бркљача, победник од публиката на „Охрид фест 2022“: Момче „со медитаранот во себе“ https://arhiva.vistina.com.mk/jure-brkljacha-pobednik-od-publikata-na-ohrid-fest-2022-momche-so-meditaranot-vo-sebe/ Wed, 07 Sep 2022 07:36:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265923

Јуре Бркљача (27), млад музичар од Задар -Хрватска, на Интернационалната вечер на „Охрид фест“ со песната „Не постојим кад ниси ту“ на Мирослав Рус ја освои првата награда од публиката. Со „медитеранот во себе“, топлината во гласот и далматинска непосредност ги освои сите, па вети дека ќе доаѓа почесто. Неговиот музички пат во Хрватска започна на натпреварот „Тhe voice“ во 2015 година, и за само неколку години целиот талент и дарба испливаа на површина. Еве со какви импресии Јуре се врати во својата татковина. По поминати 1000 километри, што прво направи кога пристигна дома? Јуре: Патував со феноменална екипа од Словенија, што за прв пат ја запознав, а се дружевме како да се знаеме со години. Тоа беа новинарот Вања Вардјан и дел од групата „Рандеву“, Миро Чекелиш и Божидар Волфанд. Од Охрид тргнавме за Загреб, со неколку паузи, па и „гурманска“ во Скопје, каде ручавме, пристигнавме во понеделник, околу 4 часот наутро. Првин легнав да се наспијам. Потоа, веднаш се фатив за гитарата а потоа почнав со тренинг. И, кои се впечатоците неколку дена по победата на „Охрид-фест“, како беше на фестивалот, колку те изненади наградата, ја почувствува ли енергијата на исчекување на „она нешто“? Јуре: Голема чест ми е победата на „Охрид фест“ а најдраго ми е што публиката го препознаа медитеранот во песната. Се изненадив како луѓето ме прифатија „од прва“. Целта ми беше да дојдам во Македонија, да се претставам и да ја запознам вашата земја, не размислував за никаков пласман. Особено што едни од моите најголеми музички идоли ми се Тоше Проески и Влатко Стефановски, така што честа да победам во земјата од каде што се тие, е уште поголема. Првпат си во Македонија и ете, се случи убава работа, награда и можноста да ни доаѓаш почесто. Што ти се допадна кај нас? Јуре:  Најмногу од се ми се допаднаа луѓето кои имаат голема љубезност кон гостите. Охрид е прекрасен, го има „она нешто“. Сите денови пред фестивалот се дружевме во локалот Харбор и свиревме клавир. Запознав добри луѓе и пријатели на кои ќе им се јавам секогаш кога ќе дојдам во Охрид. А што се однесува до храната, многу е добра и морам да признам дека веќе ми недостасува. Соработуваш со Мирослав Рус, и тоа е голема радост за двајцата, па кажи ни како започна тој музички пат, како работите? Јуре: Рус е мојот пријател пред се. Во една прилика ги слушаше моите песни во студио и едноставно се случи „кликнување“, имаме многу сличен поглед на музиката. Мене ме импресионираа неговите песни и текстови.. Сметам дека Рус е еден од најдобрите автори на сите времиња на овие простори. Има безвременски песни. Од него најмногу научив за музиката и за работата. Го снимивме заедно мојот прв албум „Остани тајна живота мог“ и подготвуваме уште песни кои едвај чекаме да ги слушнете. Рус е посебна личност, добар пријател и човек. Кои ти се ангажманите во следниот период? Јуре: Работиме на новиот албум и на тоа сум најмногу фокусиран. Се радувам на новите песни и средби со публиката. Свирењето во живо ми ги полни батериите и ми дава голем предизвик. Имам многу енергија и младост, сакам да ја искористам таа прилика и да оставам трага зад себе. Фото: Марино Бркљача]]>

Давид Темелков преку „Скопје 2014“ визуелно ја овековечи својата констатација – „Свијет се промијенио“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/david-temelkov-preku-skopje-2014-vizuelno-ja-ovekovechi-svojata-konstatacija-svijet-se-promijenio-video/ Thu, 21 Mar 2019 14:14:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78728

По учеството во регионалниот „Х фактор“,  Давид Темелков продолжи својата кариера да ја гради во Хрватска, каде што изминативе неколку години соработува со едни од најреномираните музички автори , легендарниот Мирослав Рус. 
По неколкуте поп теми  и балади, дојде време е за мало освежување и нова музичка насока во кариерата на македонскиот пејач, што неодамна се огледа во излегувањето на песната „Свијет се промијенио“ или „Светот се промени“, која е во фанки-стил и отвора ново поглавје.
Песната засега ја има само на хрватски јазик, но се надеваме дека ќе имаме можност да ја слушнеме и на македонски. Во меѓувреме,  „Свијет се промијенио“ доби и свој видеозапис кој пејачот одбра да биде снимен на улиците на македонската метропола, Скопје, кој го реализираше македонската видеопродукција „Мелем“, а видеопродуцент е Јосип Шукер.
Како изгледа визуелизацијата на најновата тема на Давид Темелков, со прекрасните кадри од проектот „Скопје 2014“, одбран по кој знае кој пат и од многупоголеми регионални ѕвезди ( Ж. Јоксимовиќ, З. Чолиќ, В. Стефановски...), да биде дел од нивните видеоспотови, погледнете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=ShMASxYe878&feature=youtu.be]]>

Давид Темелков во Венеција и пееше – „Љубави“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/david-temelkov-vo-venecija-i-peeshe-ljubavi-video/ Fri, 19 Jan 2018 08:05:31 +0000 http://vistina.mk/?p=10148

„Сè е во знакот на ’Љубовта’! Нова песна и видео од авторската работилница на музичкиот волшебник Мирослав Рус“ - со овие зборови  Давид Темелков ја најави својата нова песна и видеото за неа  насловено  „Љубави“, чија премиера се случи завчера, на 16 јануари 2018. Песната ја следи и одлична видео-приказна, која е снимена во еден од најромантичните градови на светот – Венеција, а во неа талентираниот скопјанец  на  привремен престој во Загреб е во прегратките на атрактивната бринета Сара Спинчиќ. „Задоволство ми е да го претставам својот нов проект со  Давид Темелков. Станува збор за младо момче, кое дојде од Македонија и стана наш сограѓанин во Загреб, што ми е многу мило, бидејќи станува збор за извонреден талент кој на некој начин ме врати во композиторските води. Можам скромно да речам дека песната најавува еден вистински албум што го подготвивме. Давид е исклучително талентиран, музички образован и носи темперамент и начин на пеење кои ги негуваат пејачите од тоа подрачје“  - ќе  изјави Рус за соработката со Давид. Со оваа песна продолжува успешната соработка што започна со последната песна на Давид, „Љубав на даљину“. „Песната ’Љубави’ ја создаде големиот автор Мирослав Рус, во издание на ’Хит рекордс’. Огромна чест и задоволство е да се работи со човек како него. Самата композиција беше едно неочекувано изненадување кое Рус го сподели со мене, преку телефон, за време на мојот престој во Македонија. Во целата приказна, како и во самата песна, се вљубив веднаш, а текстот го запаметив од едно слушање. Создавајќи ја истата, долго размислувавме како сето тоа треба да звучи на крајот. Самиот предлог за снимање на видеото во Венеција го даде Рус, а волку убава песна заслужува и одлично видео снимено во еден таков прекрасен град. Се потрудивме да го дадеме најдоброто од себе, а вам ви останува да просудите дали сме успеале во тоа - рече Давид.
За видеото, кое освојува со кадри од градот со 350 мостови и 170 канали, заслужна е младата и креативна екипа на „Хит продукција“, предводена од режисерот Јосип Шуќер. Посебна атракција се кадрите од Венеција прекриена со магла, што е ретка појава, а која успеале да ја пренесат и во самото видео кое можете да го погледнете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=66&v=T47qI8arYZE]]>