миро буљан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 27 Jan 2022 13:50:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png миро буљан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Миро Буљан: Тоше ќе беше прекрасен татко https://arhiva.vistina.com.mk/miro-buljan-toshe-kje-beshe-prekrasen-tatko/ Thu, 27 Jan 2022 13:50:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236596

„Кога некој ќе ме праша нешто за Тоше, мојот одговор секогаш гласи дека сакам моите деца да бидат такви како него“. Токму со оваа реченица Миро Буљан го започна интервјуто во „Бекстејџ“. Истакнат хрватски композитор и продуцент. Име и презиме кое и те како е познато на Балканот. Досега има соработувано со најголемите Балкански имиња, меѓу кои и нашиот Тоше. Имено, Миро работеше на последниот албум на Тоше, „Игри без граници“, за кој Тоше на последната промоција изјави дека тоа му е најдобриот албум кој некогаш го направил. Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“, Миро Буљан се потсети на деновите поминати со Тоше. Во продолжение погледнете го интервјуто: ]]>

Давид Темелков праведно го допре – „Прстот на судбината“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/david-temelkov-pravedno-go-dopre-prstot-na-sudbinata-video/ Tue, 30 Nov 2021 07:29:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229450

Во понеделникот, на 29.11.2021 г.  во најгледаниот естрадниот магазин „Бекстејџ” кој се емитува секој работен ден на Телма во 16.15 и 22.15  ќе се случи промоцијата на  новиот сингл на Давид Темелков со интригантен наслов „Прстот на судбината” и уште поинтригантен видео спот, кој е како краткометражен игран филм проследен со одлична приказна што се гледа во еден здив од почеток до крај. Спотот ја следи песната за чии стихови е заслужен Драгиша Баша, додека самиот Давид го потпишува препевот, а Миро Буљан стои зад музиката и  аранжманот. „Поставувањето на големи очекувања и високи стандарди за овој спот беа единствен избор и единствен пaтоказ. Особено голем предизвик беше тоа што дознав дека Нетфликс неодамна  снимаше серија на истата локација каде што беше сниман и овој спот, и поради тоа, се требаше да биде на врвно ниво. Никогаш до сега не сум уживал во некое снимање како во снимањето на овој спот. Целосно уживав во улогата на режисер и продуцент, снимајќи со своите пријатели кои со својата глума, безпоштедност и позитивната енергија го направија овој спот таков каков што е. Ова снимање ми представуваше едно големо задоволство“ – изјави Темелков на денот на ТВ промоцијата на спотот за естрадниот магазин од зад сцената. Режијата на видеото како што рековме е на самиот Давид Темелков, додека  снимател бил Јосип Нинковиќ - Нинац, а монтажата ја направиле тие двајцата заедно. Спотот изобилува со многу ликови, а во него свои улоги како актери имаат: Карла Ринчиќ, Сара Силаѓи, Доминик Делиќ, Ловро Иштваничиќ, Среќко Франовиќ, Абрахам Салимон Аре, Марин Молиќ, Матео Ракитиќ, Иан Румац, Мартин Стојковиќ, Лаура Мариќ. Шминката ја изработила Кана Ковач-Михаљчевиќ. Ако се' уште не знаете за каква песна и спот станува збор, ќе дознаете доколку го проследите видеото во продолжение: ]]>

Давид Темелков со песна и мобил видео како роденденски подарок за себе и своите фанови во – „Не кревај раце“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/david-temelkov-so-pesna-i-mobil-video-kako-rodendenski-podarok-za-sebe-i-svoite-fanovi-vo-ne-krevaj-race-video/ Wed, 23 Jun 2021 12:29:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208134

Македонскиот пејач Давид Темелков, кој веќе десеттина години гради музичка кариера и во Хрватска,го прослави својот 29-ти роденден. По тој повод, тој на своите обожаватели им подарува нова песна и спот. Не кревај раце“ („Не дижи руке“) е снимена на македонски и на хрватски јазик, а за неа музиката ја напиша Миро Буљан, текстот е на Соња Буљан, додекаа препевот на македонски го направи Давид. „Интересно е дека мојата долгогодишна девојка Елена е главна актерка во спотот, кој, верувале или не, целосно е снимен со мобилен телефон, во монтажата имав помош, а режисер сум јас самиот. Инаку таа е телевизиска водителка, заедно сме веќе шест години и ми е огромна поддршка во сѐ. Имав мала незгода, пред снимањето скршив нога, но, за среќа, тоа не се забележува во кадрите. Снимавме на Истра, во Водњан, Ровињ и во Пула. Всушност, ова е наша автентична приказна, бидејќи Елена е од Истра, поточно од Водњан, па во видеоприказната ја овековечивме и нејзината улица“, вели Темелков за Нова Македонија. Темелков наскоро ќе го одржи и својот прв солистички концерт. Имено на 12-ти август, тој ќе го отвори годинашното „Новоградишко лето“. „Ќе пеам пред 40.000 луѓе два часа, а по мене настап ќе имаат легендарните „Парни ваљак“. Планирам за таа пригода да направам еден сплет од песните на Тоше, кои многу ги сакам, а меѓу нив секако ќе биде и „Илузија“ на композиторот Кире Костов, која како да е за мене пишувана“- додава Темелков, повикувајќи ве да ја слушнете неговата нова песна и погледнете видеото. ]]>

Боже, чувај не од зло… ама и од глупости: Александар Белов прв ја откри кражбата, ама дали оние на кои сите покажаа со прст се и арамии? https://arhiva.vistina.com.mk/boze-chuvaj-ne-od-zlo-ama-i-od-gluposti-aleksandar-belov-prv-ja-otkri-krazbata-ama-dali-onie-na-koi-site-pokazaa-so-prst-se-i-aramii/ Sat, 20 Jul 2019 10:44:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98474

Руски бенд украде песна од Тоше Проески! Деновиве како бомба одекна приказната за „кражбата“ на некогашниот голем хит „Боже, чувај ја од зло“ на  македонската поп икона Тоше Проески, од страна на руската поп-рок група  „Земљане“, со наслов „Боже“!

И сите медиуми, а најмногу македонските он лајн(о) портали како во фотокопирница почнаа да ја пренесуваат или препишуваат веста за кражбата на песната на големиот Тоше. При тоа повеќето од нив без да напишат, зашто веројатно нивните „дактилограф(к)и толку и знаат, дека песната воопшто не е ни на Тоше, туку тој само ја испеа, а нејзини автори се хрватската авторска двојка: Миро Буљан (музика) и нам добро познатата „несудена Ружин снајка“, Антонија Шола (стихови).
Прв „недокажаната кражба“ на социјалните мрежи ја обзнани, кој друг ако не пејач... Александар Белов! „Боже чувај ја од зло, со нови автори. не знам како и што, ама ова е кражба од прв степен. Мислам дека песните од Тоше треба и тоа како да се сочуваат“ - напиша Белов на својот Фејсбук профил и лавината тргна!
Но, очигледно е дека во целата „ука-бука“ недостасуваат коцкички во мозаикот. Како прво, никој не се запраша, ниту пак праша, дали можеби новопотпишаните автори не се потпишале туку така под авторското дело кое не е нивно? Светот е глобално село и денес не е тешко бргу да те фатат со „прстите во медот“, нели? Токму затоа, пред да се крене толкава ѓурултија, некој од самонаречените новинари, а всушност препишувачи по порталите, можеби требаше да крене телефон, ако не кај Русите, тогаш кај вистинските автори, зашто до Буљан или Шола и не е така тешко да се дојде.
Единствено ретките познавачи на работите од новинарската фела, а ги има малку, се запрашаа дали можеби овде не се работи за трговија со интелектуалната сопственост? Така на пример, новинарката Бранка Костиќ Марковиќ е една од ретките, ако не и единствената  која пред да каже или напише, резонирала дека во музиката со авторството може и да се тргува.
Конечно, покојниот „крал на попот“ Мајкл Џексон во 1985 година за милионски суми ги откупи правата на песните од легендарните „Битлси“, за што сер Пол Макартни покрена судски спор сакајќи да си ги поврати, но...
Сепак, „Боже“ особено ја разлути македонската публика и особено верните фанови на Тоше, која остави бројни коментари под објавената песна на Јутјуб, бидејќи како автор на музиката е наведен Владимир Трушин, додека за стиховите бил задолжен Владимир Киселев. 
„Оваа песна е од големиот хуманитарец Тоше Проески“, „Засрамете се што ја украдовте неговата песна“, „Барем споменете го оригиналниот автор и изведувач“, се само дел од коментарите на македонските корисници на Јутјуб, откако песната осамна на оваа платформа. Но, дали Владимир Трушин и Владимир Киселев се „арамии“ и дрски „плагијатори“  или вистинските автори Миро Буљан и Антонија Шола  дале согласност, па допрва ќе се огласат по ова прашање, останува да видиме! https://www.youtube.com/watch?v=ur33MIZe2B8]]>

Јоце Панов продолжува да го освојува регионот со „Ноќас купујем илузије“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/joce-panov-prodolzuva-da-go-osvojuva-regionot-so-no-as-kupujem-iluzije-video/ Sat, 01 Jun 2019 10:42:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90859

Македонскиот пејач Јоце Панов кој веќе неколку години е присутен и на регионалната естрада, го претстави својот нов сингл насловен „Ноќас купујем илузије“, кој е наменет за успех токму надвор од границите на Македонија.
Автори на песната се проверените хрватски музички мајстори, композиторот Миро Буљан и текстописецот Ненад Нинчевиќ, а сето тоа го снимаше и го испродуцира нашиот хитмејкер и продуцент Лазар Цветкоски. Тој ги отсвири и деловите на акустична и електрична гитара, а заедно со Јоце и сестрата Магдалена Цветкоска ги отпеал и придружните вокали.
Новата песна стигна во комплет со видео во реализација на „Генерал филм“, снимено под режисерската палка на Дарио Јанковиќ, а покрај Јоце во видеото се појавува и ќерката на Дарио, моделот Ана Марија Јанковиќ.
Како сето тоа звучи и изгледа, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=ACS558Ug7v4  ]]>