Мирисливите бои на душата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 29 Oct 2019 13:42:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Мирисливите бои на душата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Промоција на книгата „Мирисливите бои на душата“ во сеќавање на Катица Трајковска – Абјаниќ https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-na-knigata-mirislivite-boi-na-dushata-vo-sekjavanje-na-katica-trajkovska-abjanikj/ Tue, 29 Oct 2019 13:42:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115134

Катица Трајковска Абјаниќ (1951 – 2018) е личност која остави траен белег врз македонската култура. Таа беше позната ТВ - новинарка, уредничка и авторка од областа на културата, која најголемиот дел од својот работен век ѝ го посвети на Редакцијата за култура и уметност во Македонска радиотелевизија. Таа беше една од пионерите на дигиталната уметност во Македонија, а го даде и совојот придонес за развојот на франкофонијата во Македонија. „Мирисливите бои на душата“ е зборовен израз на нејзината духовна состојба во дванаесет месечната борба со болеста. Инспирирана од благодарноста, таа напиша куси раскази за средбите и личностите кои оставиле белег на нејзината животна отсечка. Оваа книга е израз на љубовта и страданието, но пред сѐ на благодарноста која секој од нас треба да ја има и во најтешките мигови од животот. Книгата е поделена на неколку целини, па така освен кусите раскази на Трајковска Абјаниќ, поместени се текстови од Коста Милков, отец Климент, Кица Колбе, Андреј Јованчевски, Емилија Џипунова, Искра Гешоска и дон Давор Топиќ. Тие од различен аспект пишуваат за средбите со авторката, нејзините раскази и пријателствувањето со неа. Во оваа прилика изразуваме огромна благодарност затоа што го прифатија предизвикот да ја создадеме оваа книга како израз на љубов и благодарност кон Катица. Промоцијата ќе се одржи на 30ти октомври на малата сцена во Македонскиот народен театар. Почеток во 19 часот.]]>