мирисаш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 23 Mar 2020 08:59:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мирисаш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Барбара Поповиќ добро знае дека ти… „Мирисаш“… на неа! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/barbara-popovikj-dobro-znae-deka-ti-mirisash-na-nea-video/ Mon, 23 Mar 2020 08:57:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140877

Пејачката Барбара Поповиќ по одличните дует  изведби со Александар Тарабунов во макфестовската „Би те одбрал само тебе“ или верзиите на латино преработките на старите хитови на Роберт Билбилов: „Избриши ги ти солзите“ и „Сега јас сум на ред“, ја промовираше новата песна насловена „Мирисаш“, за која сними и видеозапис. Станува збор за тема чија што музика, аранжман и продукција ја потпишува Роберт Билбилов, а текстот е заедничко дело на Робин Зимбаков и Роберт Билбилов. Видеото е снимено во Скопје и е работено под режисерската палка на познатиот уметнички и моден фотограф и видеорежисер, Зоран Стојановски – Зонде. Во кадрите покрај Барбара се појавуваат и Роберт Билбилов, самиот Зоран Зонде Стојановски, Александар Тарабунов, нејзината сестра и многу пријателки на Барбара, па веројатно и затоа спотот зрачи со позитивна енергија и спонтаност. „Долго време работевме на оваа тема и размислувавме кога би било најдобро да излезе во етер и конечно се решивме. Се надевам ќе им се допадне на слушателите и ќе измамиме насмевка во овој тежок период во кои се наоѓаме сите. Станува збор за тема која е во малку поразличен стил од оној кој сум го пеела  до сега, малку експериментиравме со  нов призвук. Мислам дека „Мирисаш“ е само почеток на она што допрва ќе следи“ -  вели Барбара. Во продолжение погледнете го видеото за „Мирисаш“ кое Барбара официјално го претстави на Youtube каналот: ]]>