мире – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 30 Aug 2019 10:49:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мире – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Еве што направи Јанко – „Јади бурек“ за да не му „јадат бурек“ по дома: Ем убавицата среќна, ем тој мирен и спокоен (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-shto-napravi-janko-jadi-burek-za-da-ne-mu-jadat-burek-po-doma-em-ubavicata-srekjna-em-toj-miren-i-spokoen-foto/ Fri, 30 Aug 2019 07:12:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104345

Јанко Илковски, познатиот „ток шоу“ ТВ водител нема кој не го знае. Едни го обожаваат, други „очи неќат да му видат“, ама сепак сите го гледаат него и неговото шоу „Јади бурек“ со години. Кој со интерес, кој од интерес, кој од страв да не го спомне и стави на тапет.
Ама, ако мислите дека „бурекџијата“ е неприкосновен и дома како на ТВ екранот каде „жари и пали“, сте се излажале. Во голема заблуда сте ако помисливте дека Јанко нема грижи и проблеми и дека него по дома не го ставаат „на тапет“!? Напротив! Познат како семеен човек, Јанко и неговата сопруга Лидија годинава ја дочекаа и полуматурата на нивната ќерка Сара.
Јанко добро го познавате, ама кога ќе ја погледнете Сара, од прва ќе сфатите дека се работи за вистинска убавица. Многумина дури и коментираат на социјалните мрежи дека воопшто не личи на него, туку целата е на мајка и, ама ние сепак ќе се воздржиме од коментари. За де на ја погодиме машкоста или поточно, машката суета на водителот, па да почне да се преиспитува и да му направиме дополнителни проблеми по дома.  Зашто проблеми и онака доволно има. Или имаше, ама итриот  Јанко, веднаш знае како да ги реши.
Имено, Сара е веќе во оние години па доаѓаат и оние моменти кога девојките во процесот на созревање сакаат да изгледаат уште поубаво, попривлечно и подопадливо од она што природата како убавина им го дала, а кај Сара и тоа како не штедела. Арно ама, женско си женско, па ти оди докажи му дека и вака е убава...
Затоа Јанко мораше напомош да  повика пријател или поточно да му појде на работа. А таму, работата за час завршена. Ем ќерката задоволна, ем мајка и среќна ем Јанко раат... Впрочем, прочитајте што напиша самиот во постот што го сподели заедно со фотографијата на својата убавица!
 ]]>