министерство за култура – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 01 Dec 2023 13:51:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png министерство за култура – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година https://arhiva.vistina.com.mk/ministerstvoto-za-kultura-go-objavi-konkursot-za-grad-na-kulturata-za-2024-godina/ Thu, 30 Nov 2023 13:34:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329428

Министерството за култура го објави Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес, манифестација „Град на културата во 2024 година“. На Конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во Република Македонија, со исклучок на Град Скопје, и општините во Градот Скопје. Пријавувањето се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk, почнувајќи од 29.11.2023 г. во 8:00 часот, заклучно со 29.12.2023 г. во 23:55 часот. Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе може да ги најдат на веб-страницата https://uslugi.gov.mk/frequently-asked-questions.nspx), како и преку контакт-центарот на Националниот портал за е-услуги. Еден од приоритетите на Министерството за култура е унапредувањето и достапноста на македонската култура, а со проектот „Град на културата“ се зајакнуваат културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, а соработката со локалната самоуправа придонесува за економски и туристички поттик на општините низ државава. „Град на културата“ во 2023 година беше Крушево, чија комплексна и содржајна програма се одвиваше под мотото „Крушево – жив споменик на културата“. Општина Крушево, во годината кога се одбележа и 120 години од Илинденското востание, пулсираше во ритамот на македонската култура и го промовираше македонскиот идентитет и посебност.
]]>

Скафандер министерката за култура фатена во лага: Документите за „Вевчанскиот карневал“ покажуваат дека организторот испратил целосна документација https://arhiva.vistina.com.mk/skafander-ministerkata-za-kultura-fatena-vo-laga-dokumentite-za-vevchanskiot-karneval-pokazhuvaat-deka-organiztorot-ispratil-tselosna-dokumentatsija/ Mon, 16 Jan 2023 13:47:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284459

Бисера Костадиновска Стојчевска е фатена во лага, тоа го потврдија и доказите кои излегоа во јавноста, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.
Костадиновска Стојчевска и СДС безочно лажат дека општина Вевчани не поднела целосна документација за покровителство на министерството за култура на Вевчанскиот карневал. Срамно е Костадиновска Стојчевска како прв човек во министерството да не знае или да не е информирана, а да излегува во јавноста со лаги и манипулации, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Вевчанскиот карневал не доставил апликација минатата година, а дека пред пандемијата, во 2019 и во 2020 година е поддржуван со по 1.100 000 денари, реагираа од Министерството за култура откако организаторот на Вевчанскиот карневал кажа дека оваа година не добиле финансиска поддршка од Министерството за култура. Имено целосната апликација од општина Вевчани до министерството е испратена на 11.11.2022 години, додека трае Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа за заштита на културно наследство за 2023 година. Целосни невистини се констатациите на скафандер министерката дека апликацијата е не целосна. Општина Вевчани, оваа година, но и минатата година се одбиени од министерството за култура и Бисера Костадиновска Стојчевска за финансиски средства на традиционалниот вевчански карневал. Иако овој карневал е во постапка за конечно да влезе на листата на културно нематеријално наследство сепак од владата на СДС и ДУИ и оваа година решија да не го поддржат. Иако изминатите години, секоја година ова министерство одвојувало значителна сума од Буџетот за организација на Карневалот, велат од ВМРО ДПМНЕ. И покрај тоа што Костадиновска Стојчевска го опструира карневалот, и таа не се појави изминатите денови во Вевчани, сепак општина Вевчани и градоначалникот Спасе Кочовски, заедно со покровители и љубители на карневалот успеа да го реализира овој настан.
Непојавувањето на Костадиновска Стојчевска на карневалот е само уште еден доказ дека оваа антимакедонска власт на СДС и ДУИ целосно сакаат да ја уништат културата, како и вековната традицијата во Македонија. Вевчанскиот карневал успешно се реализираше и на него продефилираа десетици маски, го посетија илјадници туристи, како од државата, така и од странство, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Од ВМРО ДПМНЕ бараат Костадиновска Стојчевска да и им се извини на Вевчанци, како и на целата македонска јавноста за лагите кои ги изнесе, но и за игнорантскиот однос на Вевчанскиот карневал и веднаш да си поднесе оставка. ]]>

Лидија Кочовска со насолзени очи ја прозва власта: „Срамота е што никој од Министерството за култура не се појави на погребот на мајка ми“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lidija-kochovska-so-nasolzeni-ochi-ja-prozva-vlasta-sramota-e-shto-nikoj-od-ministerstvoto-za-kultura-ne-se-pojavi-na-pogrebot-na-majka-mi-video/ Thu, 24 Nov 2022 07:15:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277253

Македонската музичка сцена неодамна остана посиромашна за уште едно големо име, откако нѐ напушти Невена Кочовска. Пејачката на легендарната македонска група „Мањифико“, позната по нејзиниот моќен, а истовремено нежен глас, беше заштитен знак на овој интернационален бенд кој постигна огромен успех во меѓународни рамки. Меѓу видните ветски личности пред кои свиреа и пееја, беа и Јосип Броз-Тито и поранешниот мексикански претседател Лопез Матео. Имаа тсвирено на преку 3.000 концерти во повеќе од 30 земји во светот. Невена и Панче Кочовски се и родители на  познатите македонски песестри- пејачки, Тања и на Лидија Кочовски. Нивните ќерки секогаш со гордост зборуваат за родителите. Прекарот на Лидија на Инстаграм е токму Лидија Мањифико. Естрадниот магазин „Бекстејџ“ одавајќи и почит на оваа македонска естрадна примадона, која воедно беше и професор по пеење, ја покани нејзината помала ќерка Лидија која зборуваше за Невена, но и го искажа сиот свој револт кон државата Македонија, бидејќи никој од Министерството за култура не и одаде почит на нејзината мајка и не се појавил на нејзиното последно испраќање. Целесното интервју на Лидија Кочовска за „Бекстејџ“ погледнете го во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Министерството за култура им ја повлече донацијата, Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка демантира: „Аца Лукас е платен од спонзори и не настапува во рамкте на „Џој Фест“ https://arhiva.vistina.com.mk/ministerstvoto-za-kultura-im-ja-povleche-donacijata-sashko-mitovski-gradonachalnik-na-kriva-palanka-demantira-aca-lukas-e-platen-od-sponzori-i-ne-nastapuva-vo-ramkte-na-dzoj-fest/ Thu, 18 Aug 2022 09:10:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263229

Министерството за култура  објави дека нема да префрли 153.000 денари на Општина Крива Паланка за организирање на рок фетивалот „Џој Фест“, бидејќи на него ќе настапи Аца Лукас. По оваа вест се јави градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митовски кој  вели дека концертот на српскиот фолк пејач не е во рамките на фестивалот, туку  е договорен за прославата на Денот на рударите. „Парите од Министерство за култура не се префрлени, само е склучен договор, а настапите на сите учесници на „Џој Фест“ и Аца Лукас веќе се платени од спонзори. Што значи дека Министерство за култура не ни мора да ги префрла, иако, секако дека беа наменети за македонски пејачи. На „Џој Фест“ ќе настапат Каролина Гочева, Бени и„Нон Стоп“, Гоце Саф, „Брас брадарс“ и други, што значи исклучиво македонски пејачи. Но и за нив 153.000 денари од Министерство за култура не се доволни, а тие се веќе исплатени, вели Митовски. „Џој Фест„  е поп-рок фестивал и се роди на иницијатива на група музичари од Крива Паланка, но по неколку години влезе под капата на општината и на него за сите овие години никогаш не учествувал турбо фол пејач. Оттаму и кажувањето на градоначалникот дека концертот на Лукас, кој е закажан за 28-ми овој месец, не е во рамките на „Паланечко културно лето“ и фестивалот, бидејќи „Џој Фест“ со настап на Бени, Каролина и другите пејачи и групи се одржува ден претходно, на 27-ми август. Според него српската турбо фолк ѕвезда ќе настапи исклучиво поради желба на граѓаните, бидејќи во секојдневен разговор со нив тие самите го предложиле српскиот пејач да ги забавува за празникот. „Со парите од Министерство за култура не ни може да се плати Аца Лукас, а искрено и дел од македонските пејачи. Аца Лукас чини 15.000 евра, а од Министерство за култура добивме 153.000 денари (околу 2.500 евра) како кофинансирање за учество на домашни пејачи. Мене навистина ми е жал за ваквата одлука и за недоразбирањето.  По оваа информација јас се слушнав со министерката, на која и реков дека не мора да ги исплатат, бидејќи и настапите на домашните изведувачи ќе ги покриеме со спонзори. Општината учествува  само со 600.000 денари, а останатите пари за другите манифестации, меѓу кои и концертот на Лукас се од спонзорства. Еве ќе кажам дека за концертот на Аца Лукас еден од поголемите спонзори е и самиот рудник во Крива Паланка, бидејќи, како што реков, неговиот настап е за Денот на рударите, по нивна желба“ - изјави Митовски.]]>

Министерството за култура е „глувонемо“ за македонска музика и нема „чувство за осет“ за домашната естрада: И „ДНК“ и „Last Еxpedition“ ги „извисија“! https://arhiva.vistina.com.mk/ministerstvoto-za-kultura-e-gluvonemo-za-makedonska-muzika-i-nema-chuvstvo-za-oset-za-domashnata-estrada-i-dnk-i-last-expedition-gi-izvisija/ Sat, 19 Feb 2022 08:47:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239783

Резултатите од конкурсот на Министерството за култура за финансиска поддршка на проекти од национален интерес во културата, како и секоја година и оваа кренаа многу прашина, предизвикаа бура од незадоволства, отворија многу дилеми: Дали, кој, колку, за какви проекти, по кои критериуми и приоритети... треба да биде финансиски помогнат и субвенциониран! Дали партискиата припадност, етничкиот клуч или личните вкусови и интереси одново не беа во прв план, на штета на уметничките квалитети, естрадната популарност, минатиот труд, остварените резултати, оставените заслуги, квалитетот на понудата на она, за што е барано да биде субвенционирано...? Едни задоволни „мудро молчат“ и триат раце, други нездоволни пукаат од сите орудиа по „непринципиелната распределба“ на финансиските средства. Најмногу од нив се чини се оние од македонската естрада или поточно од поп-рок сцената, од која повеќето што конкурираа беа „прескокнати“. Едни од оние што останаа „извисени“ од Министерството за култура се и макеонското ар ен би дуо „ДНК“. Панчо и Андреј најавувајќи го својот јубилеј - 20 години постоење, разочарани и лути испратија реакција до јавноста преку медиумите: „Оние кои не пратат и следат знаат дека оваа година како ДНК славиме еден (за нас) голем јубилеј од 20 години постоење, кое ќе го прославиме со голем солистички концерт во арената “Борис Трајковски”. Датумот наскоро ќе биде објавен, а до тогаш сакаме да споделиме една информација со вас целокупната јавноста и сите медиуми. Денес, (17 јануари 2022) штотуку ја добивме информацијата, која воедно е големо разочарување за нас. Официјално, без никакво образложение сме одбиени од страна на Министерството за култура каде што најчесно и со целосно коректно доставена документација конкуриравме на годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата од областа на музичката и музичко-сценската дејност. Да не бидеме погрешно сфатени не се жалиме, туку само сакаме да ви ја доловиме ситуацијата како е третирана македонската поп индустрија и воопшто македонската музика. Затоа и сцената е таму каде што е и не гледаме светла иднина додека вака сме/се третираат македонските артисти. Станува збор за ЈУБИЛЕЈ од 20 години. Ако бенд со 20-годишна кариера, кој зад себе има преку 60 синглови, 3 албуми, 2 големи соло концерти (Скопски саем), еден анплагд концерт (Универзална сала) , безброј настапи низ државата и надвор од неа, презентирајќи ја државата, нѐ множат со НУЛА, што останува останатите за останатите наши колеги и оние млади артисти кои започнале кариера или планираат да ја започнат. Ова е тотално омаловажување, деградирање и непочитување на своето. За жал, секогаш сме биле деструктивни како нација и секогаш туѓото се ценело многу повеќе. Ние концертот ќе го направиме како и да е бидејќи, пред сѐ, тоа ѝ го должиме на нашата публика која нѐ следи изминативе 20 години и ќе бидеме среќни и радосни со секој еден што ќе ни направи чест да дојде таа вечер, која за нас ќе биде еден од најбитните денови во нашите животи. Жалиме што сме родени во оваа држава, но ја сакаме Македонија, бидејќи тука е нашата публика заради која сме тоа што сме денес и воедно која, според нас, е НАЈДОБРА на свет, а тука се и нашите СРЦА. Министерство за култура нека ви служи на чест. Се гледаме на концерт. Со почит,  Панчо и Андреј„ - напишаа во својата реакција членовите на македонското ар ен би дуо „ДНК“! Од рокерите, кои најчесто беа „изоставени од колачот“ реакција и од култната македонска алтер-рок група „Ласт Експедишн“, која на сцената постои повеќе од 30 години. Еден од нејзините лидери, вокалот на бендот Енис хаџиќ - Енко, јавно на својот Фејсбиук профил го прозва Министерството за култура и особено Комисијата за музичко - сценска дејност , во чија надлежност беа одлуките за доделување финансиска помош за проекти за кои конкурирале и членовите на „Ласт експедишн“, кои исто така „извисија“: „Втора година по ред како Министерството за 'култура' го одбива за средства еден од најзначајните македонски бендови икад LAST EXPEDITION. Претходните три години не ни конкуриравме бидејќи знаев каков ќе биде крајниот резултат. Знам дека сме прогласени за неподобни кај некои 'фаци' од повисоките кругови, ама од друга страна многу ми е ќеиф што немам ист вкус со доле наведените. 'Шефот' што знае за еден ден да напраи, оваа петорк (а од бендот) не е способна за цел живот. Сите останати ве сакам многу и бидете ми здрави, живи, позитивни и среќни“ - напиша Енко во своето обраќање јавно вперувајќи го прстот токму во споменатата комисија како најголем виновник за „немање слух“ за домашната поп-рок естрада и нејзиното музичко творештво, на чии членови истакнувајќи ги со име и презиме им порачал: „Не очекував ништо друго од луѓе со ваков 'капацитет'“. Ова се само двата најеклатантни примери, а нив ги има уште... Со право или не, децениите опстојување на сцената, резултатите во вид на албуми, песни, спотови, концерти... и конечно нивната публика се најдобрата „комисија“ која суди и оценува, кого за што го бидува и кој што и колку заслужува! Фото: Фејсбук принтскрин/Enis Hadjikj/Стефан Рајхл/Маја Аргакијева/ДНК]]>

Копук култура https://arhiva.vistina.com.mk/kopuk-kultura/ Sat, 09 Feb 2019 08:57:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=71908

Реномирани културни  и музички манифестации, концерти, театри, тетарски и музички фестивали, продукции и издавачки куќи...  кои се од особено значење за културата во Република Македонија,  останаа „бледи во oчите“ од десет пати намалените суми, или  пак  „со прстот в уста“ зашто воопшто ги нема на списокот, кога е распределбата на годишните средства од програмата  за поддршка на културата во државава.  Се случи невидена распродажба на културниот идентитет кој во 2019 ќе заврши на бувљак.
Министерството за култура и неговите комисии, поточно оние кои седат во нив, или абер немаат од култура или се толку многу партизирани полтрони, што кутрите се само фигури, односно играчки во туѓите раце. Се разбира некои од нив се избрани да бидат доброволни жртви, други  се „колатерална штета“, но сите заедно, со или без нивно знаење, се согласувале или не со листата на субвенционираните,  сепак ја одиграле својата улога... за една употреба! Во 2019 Република Македонија, ќе биде ем Северна, ем сведена на културна касаба со копук култура!
Па наместо да го зголемиме бројот на концерти на големите светки поп, рок или џез ѕвезди, на музички, балетски, театарски... фестивали и манифестации, на квалитетни изданија... нашите пари завршија во џебовите на  анонимци! Сега наместо првокласен концерт, ќе слушате второразредни дунстери, наместо врвна театарска претстава ќе гледате боси аматери, наместо изворен македонски фолклор, ќе ги слушате звуците од соседството на нечии матични држави, наместо книги, енциклопедии, квалитетна литература, ќе читате „самопрогласени бестселери“ од Џепчиште или Муртино, сеедно...  Наместо барем еден светски врвен културен или субкултурен настан во 2019-та во секој  нејзин квартал,  добивме по еден (п)артал! Не дека „Авалон“ или Оливер Белопета (Скопски џез фестивал, Оф фест...) на пример,  цел живот треба да бидат закачени на државна цицка, напротив... Ама најдете и кажете има ли подобри, поуспешни, поквалитетни, покадарни...? Ако ги има, бујрум  да им дадеме шанса. И ним и на сите оние што светот ќе го доближат до нас, а нас ќе не ланисараат во светот  кога е културата во прашање.
Во ред, можеби и ги има, ама и нив некој треба да е кадарен, стручен, елоквентен... или што би рекле модерно, „експерт“  да ги препознае и посочи, предложи и помогне.  Чуму комисии, ако во нив седат „аматери“ или „партиски профитери“?   Или експертите се само параван, а улогите ионака претходно поделени... се рабира, заедно со парите. Нашите пари, парите на даночните обврзници, со кои некој си ги израмнува политичките сметки, користејќи тролови во играта на тронови? Се ближат претседателските избори, а кохезијата на политичката врска помеѓу коалиционите партнери во власта очигледно е разнишана. Довербата исто така, па за  да не се случи гласовите на ортаците од власта да отидат фира, или не дај Боже, на погрешна страна, не е лошо малку повеќе да се задоволи политичкиот партнер. Најлесно е да ја жртвуваш културата... и најбезболно! Така мислат оние од власта. Парите и онака мора да одат некаде. За жал и оние од градската власт, кога е поделбата на колачот од наши пари наменет за финансирање проекти од културата, не се поарни. Напротив, кај нив е бетер!
Градоначалникот на Скопје  Петре Шилегов не пропушти да ги награди и да подели пари на  своите најблиски соработници и пријатели од светот на културата. Ни срам ни перде, најбезоразно и најбезобзирно им ги тутна в џеб  на своите први соработници, како на неговиот шеф на кабинетот Никола Наумоски, истовремено и братучед на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, кој  доби  субвенции за неговото Здружение за активизам, теорија и уметност „Плоштад Слобода“!
Музичко-политичкиот  „шарен мегафон на власта“ Мирко Попов и неговото „ПМГ рекордс“ исто така лапнаа од колачот, па дури ниту  бившиот министер за култура со најкус рок на траење  Роберт Алаѓозовски, сега национален  координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата на СДСМ, не беше заобиколен во делењето на  наши пари од Град Скопје. И никому ништо!
И немојте после да ве чуди кога Стинг, Лени Кравиц или Ерос Рамацоти наместо во Скопје ќе морате да одите по Белград, Загреб, Софија, Тирана... за да ги слушате и гледате?!  Светските џез великани најблизу до Скопје ќе музицираат во Љубљана, а поколенијата наместо да ја читаат историјата на македонската музика преточена во енциклопедиски изданија, ќе мора да им ја раскажуваат постарите со усмени преданија од колено на колено, небаре сме пусто турско!
Наместо квалитетни, професионални или аматерски театарски или фолклорни смотри и фестивали ќе гледате сомнителни дилетантски селски приредби, наместо „Македонски радиски фестивал МАРС“  и валоризирање на македонската музичка сцена, ќе бидат валоризирани третокласни  „рока мандољина“  манифестации или фестивали што постојат сами за себе и два-тројца од  потесното семејство на организаторот или ивенти на кои уметноста е сведена на теорија и активизам...  Важно државни пари дрпнале... За нивната копук култура!          ]]>

Поништени одлуките за субвенции на музичарите https://arhiva.vistina.com.mk/ponishteni-odlukite-za-subvencii-na-muzicharite/ Fri, 19 Jan 2018 08:29:52 +0000 http://vistina.mk/?p=10208

Актуелниот Закон за поддршка на домашната продукција е тешко применлив и не ја исполнува функцијата за која е донесен, беше заклучено на состанок меѓу претставниците на Министерството за култура и Македонската радио-телевизија, кој се одржа во вторникот, на 16 јануари 2018 година. Целта на состанокот беше да се разгледаат опциите за разрешување на состојбата со примената на законот.
Исто така, констатирано е дека Македонската радио-телевизија, по спроведениот надзор и по насоките дадени од страна на Министерството за култура, ќе пристапи кон поништување на одлуките за избор и одлуките за неизбор по основ на вториот и третиот квартал од 2017 година. Преставниците на Министерството за култура и МРТ се договорија во иднина заеднички да ги координираат активностите во насока на поддршка и развој на домашната музичка продукција.]]>