министерка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 16 Jan 2023 13:50:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png министерка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Скафандер министерката за култура фатена во лага: Документите за „Вевчанскиот карневал“ покажуваат дека организторот испратил целосна документација https://arhiva.vistina.com.mk/skafander-ministerkata-za-kultura-fatena-vo-laga-dokumentite-za-vevchanskiot-karneval-pokazhuvaat-deka-organiztorot-ispratil-tselosna-dokumentatsija/ Mon, 16 Jan 2023 13:47:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284459

Бисера Костадиновска Стојчевска е фатена во лага, тоа го потврдија и доказите кои излегоа во јавноста, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.
Костадиновска Стојчевска и СДС безочно лажат дека општина Вевчани не поднела целосна документација за покровителство на министерството за култура на Вевчанскиот карневал. Срамно е Костадиновска Стојчевска како прв човек во министерството да не знае или да не е информирана, а да излегува во јавноста со лаги и манипулации, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Вевчанскиот карневал не доставил апликација минатата година, а дека пред пандемијата, во 2019 и во 2020 година е поддржуван со по 1.100 000 денари, реагираа од Министерството за култура откако организаторот на Вевчанскиот карневал кажа дека оваа година не добиле финансиска поддршка од Министерството за култура. Имено целосната апликација од општина Вевчани до министерството е испратена на 11.11.2022 години, додека трае Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа за заштита на културно наследство за 2023 година. Целосни невистини се констатациите на скафандер министерката дека апликацијата е не целосна. Општина Вевчани, оваа година, но и минатата година се одбиени од министерството за култура и Бисера Костадиновска Стојчевска за финансиски средства на традиционалниот вевчански карневал. Иако овој карневал е во постапка за конечно да влезе на листата на културно нематеријално наследство сепак од владата на СДС и ДУИ и оваа година решија да не го поддржат. Иако изминатите години, секоја година ова министерство одвојувало значителна сума од Буџетот за организација на Карневалот, велат од ВМРО ДПМНЕ. И покрај тоа што Костадиновска Стојчевска го опструира карневалот, и таа не се појави изминатите денови во Вевчани, сепак општина Вевчани и градоначалникот Спасе Кочовски, заедно со покровители и љубители на карневалот успеа да го реализира овој настан.
Непојавувањето на Костадиновска Стојчевска на карневалот е само уште еден доказ дека оваа антимакедонска власт на СДС и ДУИ целосно сакаат да ја уништат културата, како и вековната традицијата во Македонија. Вевчанскиот карневал успешно се реализираше и на него продефилираа десетици маски, го посетија илјадници туристи, како од државата, така и од странство, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Од ВМРО ДПМНЕ бараат Костадиновска Стојчевска да и им се извини на Вевчанци, како и на целата македонска јавноста за лагите кои ги изнесе, но и за игнорантскиот однос на Вевчанскиот карневал и веднаш да си поднесе оставка. ]]>

Плукната Вики Миљковиќ: Пејачката и членка на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ има своја двојничка во српската министерка за трговија, туризам и телекомуникации? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pluknata-viki-miljkovikj-pejachkata-i-chlenka-na-zirito-na-dzvezdite-na-grand-ima-svoja-dvojnichka-vio-srpskata-ministerka-za-trgovija-turizam-i-telekomunikacii-foto/ Thu, 01 Apr 2021 09:14:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197069

Не е невообичаено да има случаи на неверојатна сличност меѓу две познати личности кои не се во никакво сродство или роднинска  врска. Еден таков пример е случајот со фолк пејачката и членка на ѓирито на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Виолета Вики Миљковиќ и сегашната министерка за трговија, туризам и телекомуникации на Србија,  Татјана Матиќ. Сличноста меѓу двете е толку впечатлива што некои „неупатени“ корисници на социјалните мрежи се прашуваа дали можеби се близначки? Освен што физички се многу слични една на друга, нивниот стил на облекување и фризура е скоро идентичен на некои фотографии, па многумина веруваат дека министерката и пејачката може да се заменет на некое време, и дека веројатно тоа никој не би го забележал. Оваа љубопитност ги заскокотка некои корисници на Твитер заедницата, чии коментари сепак беа на страната на политичарката. „Вики Миљковиќ оригинал! Дали Вики знае дека има сестра близначка која е министер во Владата на Србија? Нема разлика! Фризурата на министеркатат и стајлингот - истата Вики! Би било кул министерката да биде неколку дена во жирито на Звездите на Гранд, а Вики да оди во Немањина 11! Сепак, може да се види дека Вики е од селото близу Ниш, а министерката е родена во Белград!“ - се само дел од коментарите на Твитерџиите. Фото: Инстаграм принтскрин/viki_miljkovic/tatjanamatic.official]]>

Личниот фотограф на министерката за финансии е позитивна на коронавирус https://arhiva.vistina.com.mk/lichniot-fotograf-na-ministerkata-za-finansii-e-pozitivna-na-koronavirus/ Wed, 17 Jun 2020 11:28:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154209

Личниот фотограф на министерката за финансии, инаку вработена во една национална телевизија е позитивна на коронавирус. Според информациите кои се ширеа по социјалните мрежи, таа редовно одела на работа, но од министерството демантираат дека во последните 16 дена се појавила на работното место. Според министерството за финансии поради тоа нема причината да се превземаат дополнителни мерки за заштита, oбјавува Инфомакс. -Станува збор за фотографка која е ангажирана со авторски хонорар во Министерството за финансии и која доаѓа да фотографира на настани кога има потреба. Последен пат беше ангажирана да слика пред 16 дена и оттогаш не била да слика настан. Таа била тестирана позитивна деновиве и и била направена епидемилошка анкета. Штом дознавме ги контактиравме епидемиолозите, кои согласно сите информации кои ги дадовме и временскиот период не информираа дека нема потреба од преземање на мерки. Во Министерството за финансии се работи според утврдените здравствени протоколи, задолжително се носат заштитни маски, секаде има пунктови за дезинфекција и се внимава да се држи дистанца од 2 м и повеќе. И посакуваме брзо закрепнување, стои во одговорот од министерството. Сепак, министерката за финансии ги превзема сите мерки за заштита на своето здравје, доволен доказ е тоа што таа се вози во посебен лифт во министерството за финансии. Наши извори во министерството упатуваат на тоа дека откако е започната кризата има наредба еден од лифтовите во министерството да го користи само Ангеловска, а сите останати над 400 вработени да се возат со само еден лифт. Лифтот на министерката секојдневно се дезинфицира и се поминува со УВ лампи. Извор: Курир.мк
]]>