минереали – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Dec 2023 12:54:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png минереали – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Витамини и минереали за повеќе насмевки и забава во зима https://arhiva.vistina.com.mk/vitamini-i-minereali-za-poveke-nasmevki-i-zabava-vo-zima/ Tue, 19 Dec 2023 12:02:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331644

Здравата исхрана и редовната физичка активност треба да бидат дел од сечие секојдневие, тие помагаат да се одржи способноста на телото да одговори на секоја закана соодветно. Но дали е тоа доволно? Недостатокот на витамини и минерали  може да доведе до намалување на перформансите на одбранбениот систем, а како да бидеме сигурни дека телото ги добива сите потребни хранливи состојки за оптимална функција на имунитетот? Не постои универзално решение кое ќе даде резултат кај секој. Некому му се потребни комплексни комбинации од витамини и минерали, а некому му е доволно во дневната рутина да додаде комплекс од витамини B. Во која група спаѓате вие?

Детето пребира храна, преземете контрола

Секој понекогаш пребира некоја храна, но кај децата и тинејџерите тоа е ритуал кој може да зависи од вкусот на јадењето или едноставно од бојата на состојките во чинијата. Многу од нив имаат листа на намирници за кои не сакаат да направат компромис и воопшто не ги внесуваат во исхраната. Повеќето витамински производи имаат примамлив вкус и мирис, па генерално сите ги прифаќаат. Витаминските сирупи им помагаат на родителите да имаат подобра контрола врз нутритивната вредност на храната која децата ја јадат. Здрави деца значи и насмеано семејство. Oligovit витаминскиот сируп за деца на Галеника е комбинација од повеќе витамини и тоа: витамин А, витамин D3, витамин Е, витамин  B1, витамин B2, витамин B6, витамин C, ниацин и пантоненска киселина. Генерално, комбинацијата на витамини и на минерали, кога е наменета за возрасни можат да го спасат денот и да не ве напушти чувството на благосостојба. Микронутриентите во витамините и минералите се одговорни за реакцијата на нашиот имунолошки одговор. Односно, ги спречуваат патогените да се размножуваат. Всушност можат да влијаат на намалување и олеснување на симптомите преку поддршката која ја дава на имунолошкиот систем. Ако ви е потребен добар мултивитамин, Олиговит е достапен и за возрасни, а во портфолиото на овој бренд има голем избор на комбинации од витамини и минерали наменети за жени, трудници, мажи и лица кои интензивно вежбаат. За возрасни Олиговит е комбинација од 10 витамини  А, D3, Е, B1, B2, B6, B12, C, ниацин, пантоненска киселина и 10 најпотребни минерали – калциум, железо, јод, цинк, флуорид, молибден, бакар, манган, магнезиум и хром. Галеника е еден од најголемите фармацевтски производители во регионот кој со децении се вложува за подигање на нивото на грижата за здравјето, како и на превентивата. Компанијата ја согледува важноста од подигање на свесноста кај луѓето за влијанието на здравата исхрана и редовното движење врз здравјето, но ја препознава и потребата од висококвалитетни производи со микронутриенти кои може да помогнат во зголемување на севкупното ниво на енергија на поединецот.

Не можете без кафе, а сепак ви недостига енергија

Комбинацијата на витамини B може значајно да влијае на енергетската состојба на секој човек, особено ако има навики кои ја намалуваат можноста телото да ги апсорбира витамините B. Не мора да станува збор за лоши навики, едноставно и утринското кафе или чаша алкохол може да влијае на нивото на витамин  B или на витамин C во телото. Овие витамини се растворливи во вода, а кафето е диуретик кој го забрзува исфрлањето на течности од организмот а со тоа и на витамините кои се неопходни за метаболички процеси во телото. Една од комбинациите на витамини B, која е препознатлива на пазарот затоа што се произведува од 1955 година, е производот на Галеника кој во македонските аптеки може да се набави без рецепт. Спојот на повеќе витамини B, кои се неопходни за телото и може да се внесат и во форма на таблетки, обезбедува поддршка на нервниот систем, но и на имунитетот, како и на општата енергетска состојба на поединецот. Недостаток на B комплекс може да доведе и до анемија, мускулна слабост, интестинални проблеми, оштетување на нервите, нарушување на видот и други состојби. Секој од витамините B има различна улога во телото. B1 или тиамин му помага на телото да создаде енергија, а влијае и врз работата на нервниот систем, срцето и другите мускули. B3 или ниацин е добар за нервниот систем, циркулацијата на крвта и го намалува нивото на лош холестерол. B5 или пантотенска киселина е значаен за одржување на здрава кожа. B6 или пиридоксин помага при разградувањето на протеините и го одржува здравјето на нервниот систем. B12 или кобаламин влијае на апетитот и помага во превенцијата од анемија.

Не кратете на сонот, ниту на прошетките

Имунитетот е мошне комплексна појава за која секојдневно се дознаваат нови работи. Но, она што е добро познато и докажано е дека за јак имунитет потребни се сон и физичка активност. Не мора да одите во фитнес центри или да трчате. Секојдневната прошетка или  рекреативно искачување ќе донесат подеднакво бенефити за телото како и здравата исхрана. За крај, може да се каже дека добриот избор на суплемент со правилна и здрава исхрана заедно ќе работат да се зајакне имунитетот и подобри нивото на енергија и благосостојба на поединецот. Физичката активност, пак, има бенефити, но е и нераскинливо поврзана со потребата од минерали и витамини да обезбедат енергија за телото. Затоа погрижете се да обезбедите минерали и витамини со кои ќе го затворите кругот и украсите со насмевки од целото семејство.]]>