мина блажев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 04 Jul 2023 10:44:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мина блажев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мина Блажев: Огромна е одговорноста да се пее „Море сокол пие“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mina-blazhev-ogromna-e-odgovornosta-da-se-pee-more-sokol-pie-video/ Tue, 04 Jul 2023 10:44:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308837

Четвртата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“ е „Море сокол пие“во изведба на младата и талентирана Мина Блажев, која вели дека е пресреќна што со својата изведба ќе придонесе за зачувување на нашето културно богатство. „Ми претставува огромна чест и благодарна сум што сум дел од овој прекрасен проект, како и што со мојата изведба ќе придонесам за зачувување и негување на нашите македонски патриотски песни и културното богатство. Многу сум среќна што се споивме 12 одлични изведувачи и што заедно со целиот тим имаме една заедничка мисија, а тоа е на нашите македонски песни да им го продолжиме векот и да ги доближиме до новите генерации. Чувствувам огромна одговорност што во овој проект ќе се претставам со песната „Море сокол пие“, која е една од моите омилени македонски песни и која на секое слушање буди посебни чувства во мене. Токму затоа и сакав оваа прекрасна македонска народна песна да ја слушнете во една поинаква верзија, полна со емоции и со еден посебен, мој личен печат. Со целиот тим сакаме да допреме до новите генерации, но, секако, во убавата песна да уживаат и постарите. Верувајте дека сите навистина се вложивме максимално во творењето на оваа верзија и сигурна сум дека по слушањето на истата и вие ќе го почувствувате тоа! Сигурна сум дека со овој проект ќе придонесеме за обединување на нашиот народ со вистината која ја носат овие патриотски песни и ќе успееме да ги оствариме и останатите цели на овој прекрасен проект!“, вели Мина уште еднаш порачувајќи сите да слушаме македонска музика и да си ги почитуваме и негуваме корените од каде што потекнуваме! „Море сокол пие“ е македонска народна песна за која постојат неколку верзии, а се претпоставува дека првата снимка е направена врз основа на онаа најстарата датирана од 1837 година. Последната верзија, пак, во изведба на Мина Блажев е со потписот на Николче Мицевски, кој е автор на аранжманите на целиот проект составен од 12 нумери во изведба на 12 изведувачи, и од светот на фолкот и од светот на забавната музика. Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот се потпишува Скендеровски продукција. Дел од „Македонијо во срце те носиме“ освен Мина Блажев, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски, чии изведби публиката веќе имаше можност да ги чуе, се и: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Марија Спасовска и Зуица Лазова. Публиката ќе има можност сите 12 песни да ги чуе и во живо, бидејќи како дел од проектот наесен планиран е и концертен караван кој под истото име ќе ја обои Македонија во најубавите звуци - да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас. Уживајте во изведбата на Мина Блажев и прекрасната „Море сокол пие“: ]]>

Мина Блажев во бикини: Младата пејачка со тело и пропорции на манекенка, колешките „ги фрли во сенка“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mina-blazev-vo-bikini-mladata-pejachka-so-telo-i-proporcii-na-manekenka-koleshkite-gi-frli-vo-senka-foto/ Tue, 26 Jul 2022 07:31:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260149

Уште една македонска пејачка од помладата генерациија на повозрасните им одржа лекција како треба една естрадна личност да изгледа. Мина Блажев неподносливите летни горештини ги дочека во бикини, а со она што го покажа буквално многумина засени... Со својот телесен изглед  и пропорции на манекенка, Мина многу од своите постари колешки фрли во сенка. Имено младата „естрадна кобра“ ( како што гласи насловот на нејзината последна песна заедно со ДНК) покажа колку е добра кога е телесниот раскош во прашање. Мина како малечка сирена на брегот, во црни бикини ги распослала своите телесни облини на песочната плажа на која згодната убавица доминира со својата појава. Иако се' уште млада, пејачката покажа дека и тоа како има што да понуди... И на музички план и оние нешта со кои умее да ги возбуди своите млади обожаватели и следбеници на социјалните мрежи. Објавените летни фотографии на кои доминира совршената фигура на Мина која многумина остави без здив, беше опсипана со илјадници коментари, комплименти и пофалби...
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Mina Blazhev (@minablazev1)

Некои одат до таму иако се можеби и нерелни, дека младата пејачка е македонската Емили Ратајковски...  А, кој да знае... можеби и е? Фото: Инстаграм принтскрин/minablazev1]]>

Мина Блажев се разголи по бикини, па покажа со што располага кога има помалку облека на себе: „Мина е „бомба!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/mina-blazev-se-razgoli-po-bikini-pa-pokaza-so-shto-raspolaga-koga-ima-pomalku-obleka-na-sebe-kakva-machka-foto/ Sat, 07 May 2022 07:30:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212066

Ова лето, за разлика од претходно, летните одмори се со попуштени и со лабави корона мерки,  а познатите тоа го искористија уште отсега да заминат некаде и да уживаат на плажа. Така, на социјалните мрежи може да се најде по некоја фотографија на која познатите дами позираат  и се „дозираат“ со сонце, витамин Д, на одмор, релаксација и рекреација, пред да се вратат на своите секојдневни обврски. Разолени и со помалку облека на себе, дамите ги покажаа своите атрубити и тело за чиста „10ка“. Младата и талентирана пејачка Мина Блажев ја отвори  летната сезона, па и таа се расоблече по бикини и го покажа своето згодно, витко, затегнато тело. Прво, младата дама позираше во долги летни шарени панталони, со само горен дел од бикинито. Иако на ова фотографија, не покажа нешто повеќе, нејзините фанови ја опсипаа со позитивни коментари. Но, затоа е тука нејзината фотографија на која позира потпрена на чамец во бикини издание. Меѓутоа, во фокусот е нејзиниот изглед, „виткото тело за гледање“ и одличната фигура на која може понежниот пол да и позавидат, а  посилниот да уживаат во оваа „глетка за чиста петка“. За оваа фотографија, Блажев доби над 3000 лајкови, а нејзините следбеници ја опсипаа со позитивни коментари, „Мачка убава“, „Прекрасна“, „Жешка“; „Многу убава Мина“, се само некои од коментарите кои може да се прочитаат под фотографијата на која Мина е... „бомба“! Фото: Инстаграм принтскрин/minablazev1]]>

Мина Блажев е со ДНК на… – „Кобра“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mina-blazev-e-so-dnk-na-kobra-video/ Mon, 06 Sep 2021 09:34:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218024

ДНК имаат нова песна, овој пат соработка со младата и талентирана Мина Блажев. Песната е со наслов „Кобра“ и веќе стандардно, кога станува збор за авторскиот тим, е заедничко дело на Панчо и Лазар Цветкоски, во чие студио и е снимена. Видеото, пак, е работено во Приштина под режисерската палка на Валон Азири од „Cinegr 8“ продукција. -Овој пат имаме една убава соработка, нешто сосема поразлично, односно имаме младешка песна со убав ритам која веруваме дека ќе биде вистинско освежување, велат Панчо и Андреј од ДНК. https://www.youtube.com/watch?v=WOgYgmkXkpQ&t=60s]]>

Мина Блажев се разголи по бикини, па покажа со што располага кога има помалку облека на себе и веднаш доби комплимент од Мелита (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/mina-blazev-se-razgoli-po-bikini-pa-pokaza-so-shto-raspolaga-koga-ima-pomalku-obleka-na-sebe-i-vednash-dobi-kompliment-od-melita-foto/ Thu, 16 Jul 2020 06:54:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158937

Иако оваа година летната сезона и одморите се многу поразлични од претходните, тоа не ги спречи македонските јавни личности да заминат до македонскиот бисер – Охрид и да ги полнат батериите на некоја плажа. Тамара Тодевска, Лила Филиповска, Елена Велевска, Викторија Лоба....оваа година за своја дестинација ја одбраа Македонија и прекрасниот Охрид. Тие се расоблекоа по бикини, ги покажаа своите облини...покажаа како фаќаат боја на домашен терен, уживаат на плажа, а најчесто се во друштво на своето семејство, пријатели... Младата и талентирана пејачка Мина Блажев се приклучи на своите колешки и на летната сезона, па и таа се расоблече по бикини и го покажа своето згодно, витко, затегнато тело. Мина позира на во црно бикини, но дали станува збор за нова или постара фотографија остана мистерија. Не остана мистерија нејзиното убаво и заводливо тело на кое може да и позавидат многу млади девојки. Објавата за помалку еден ден доби повеќе од 2000 лајкови и коментар на некогашната македонската водителката Милета Ракиќевиќ која на Мина и порача дека изгледа како ракета. Се согласувате ли?]]>

Кога Мина Блажев отворено ќе ти признае – „Не можам без тебе“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-mina-blazev-otvoreno-kje-ti-priznae-ne-mozam-bez-tebe-audio/ Thu, 31 Oct 2019 14:29:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115780

Јавноста младата тинејџерка Мина Блажев ја запозна како македонска претставничка на „Детскиот Евросонг“ во 2017 година, кога со песната „Dancing Through Life“ не претставуваше во Тбилиси - Грузија. Претходно симпатичната и шармантна Мина, која е внука на Владимир Блажев, алиас Панчо од ДНК, а на јавноста и стана позната по своите забележителни настапи на регионалното музичко талент шоу „Ѕвездичките на Пинк“ каде ги собра аплаузите и ги доби сите пофалби од жирито. По детскиот Евросонг во Грузија, Мина лани, на почетокот на летото во 2018 година ја издаде својата прва самостојна песна „Веќе нема“ зад која авторски стоеше Роберт Билбилов, а беше визуелизирана и со симпатично летно видео кое го изработи Александар Ристовски - Принц. Несомнено талентираната тинејџерка со ова го најави својот пробив на домашната естрада, а годинава  ja продолжи соработката со истиот автор - Р. Билбиров, најпрвин со англиската тема „Confusion“ во септември годинава, а веднаш потоа и  појавувајќи се одлична песна на последниот „Макфест 2019“. „Не можам без тебе“ е современа, ар-ен-би/поп тема, која во себе содржи модерни звуци, перфектно испеглана продукција и аранжманско пакување какво што и прилега на стилот, вокалот и возраста на една вака млада пејачка. Иако не чепна од наградите, песната зад чии стихови стои Робин Зимбаков, го наоѓа својот пат во радиоетерот особено кај помладата публика на интернет каналот Јутјуб. Песната ја следи визуелизација во вид на Арт Ворк колаж  видео составено од фотографии со сегменти од настапот на Мина на макфестовската сцена, кој го изработил уметничкиот фотограф и режисер Зоран Стојановски  - Зонде. Како сето тоа изгледа и како звучеше макфестовската „Не можам без тебе“ на Мина Блажев, потсетете се и проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=dH3wRuKKz2g]]>

Мина Блажев по евровзискиот настап во новата песна порачаува – „Веќе нема“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mina-blazev-po-evrovziskiot-nastap-vo-novata-pesna-porachauva-vekje-nema-video/ Fri, 06 Jul 2018 10:42:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=36624

Талентираната Мина Блажев, девојчето кое ја  претставуваше Македонија на последното, јубилејно, 15-то по ред издание на детската Евровизија во ноември лани,  во грузиската престолнина Тбилиси ја започна естрадната кариера со својата прва соло песна.

По  евровизиската  „Dancing Through Life“на која  комплетен автор беше композиторот и продуцент Александар Масевски, а стиховите беа отпеани на македонски и на англиски, слатката Мина излезе од студиото на хитмејкерот и музички продуцент Роберт Билбилов со ар ен би првенчето насловено „Веќе нема“.
Just RB Production на Билбилов стои како зад музиката, така и зад продукцијата, додека одличното тинејџерско видео, снимено во околината на Скопје, во прекрасен летен амбиент, само визуелно ја надополнува ионака одличната звучна слика на песната, а него го потпишува проверениот мајстор, Александар Ристовски - Принц.
Очигледно  уште со првата песна со која ја стартува својата естрадна кариера, Мина повторно покажува дека „крвта не е вода“. Имено, Мина Блажев е внука на Владимир Блажев, алиас Панчо од ДНК, која на јавноста и стана позната по своите забележителни настапи на регионалното музичко талент шоу „Ѕвездичките на Пинк“ каде ги собра аплаузите и ги доби сите пофалби од жирито.
Дека „Веќе нема“ дилеми оти Мина Блажев е новата македонска поп ѕвездичка што се раѓа, слушнете и погледнете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=bzi2_824xZs&feature=youtu.be    ]]>

Втора победа за Русија, 12-то место за Македонија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vtora-pobeda-za-rusija-12-to-mesto-za-makedonija-video/ Tue, 28 Nov 2017 12:42:54 +0000 http://vistina.mk/?p=5048

Во Олимписката палата во главниот град на Грузија, Тбилиси, денеска се одржа јубилејното, 15. по ред издание на детската Евровизија, во чии рамки се натпреваруваа претставници на 16 земји. Македонија, која се влучи во натпреварот од самиот почеток во 2003 година, овој пат учествуваше по 13. пат, а наша претставничка годинава беше талентираната Мина Блажев, која се натпреваруваше со темата „Dancing Through Life“, потпишана од Александар Масевски.

https://www.youtube.com/watch?v=rDUASNf0l4c Младата пејачка имаше одличен настап на евровизиската сцена во Тбилиси, а според гласовите и од стручното жири и од публиката, нејзината песна се пласираше на 12. место, што воедно е седми пат за Македонија да го има овој пласман. 1Гласови од стручните жирија Ова јубилејно издание на популарниот фестивал понуди навистина одлични песни, а како што можеше да се забележи и од гласањето, најголеми фаворити беа домаќинот Грузија и Русија. Токму меѓу овие две земји се водеше најтесната битка, но сепак, сосема заслужено, победата ја понесе руската претставничка Полина Богусевич со нејзините „Крилја што освоија вкупно 188 поени. Ова воедно е втора победа за Русија, која претходно триумфираше во 2006 година со близначките Толмачеви, познати и за возрасната евровизиска публика по учеството на стандардната верзија на фестивалот во 2014 година, кога се пласираа на 7. место. https://www.youtube.com/watch?v=bMj52qjlLIU Со само 3 поени помалку (185), на второто место заврши грузијскиот претставник Григор Кипшиџе, а со 172 поени третопласирана беше Австралијанката Изабела Кларк. 2Вкупен резултат од гласовите од жиријата и од публиката За разлика од стандардната „Евровизија“, јуниорската верзија не се одржува во земјата што победила, па така следната година младите евровизиски обожаватели ќе се дружат во главниот град на Белорусија, Минск. Како што спомнавме, ова беше 13. учество за Македонија, чиј најдобар пласман досега сè уште е 5. место, кое го освоија Росица и Димитар во 2007 и Боби Андонов во 2008 година, додека најлош пласман, односно на последно место сме се пласирале во 2006, 2013 и 2015 година.
Настапот на Мина, како и победничката песна на Русија можете да ги погледнете погоре, а доколку го пропуштивте директниот пренос на МРТ1 или онлајн, целата манифестација можете да ја прегледате овде.
 
]]>

Еве како да ја поддржите Мина и Македонија со Вашиот глас на детскиот Евросонг (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kako-da-ja-poddrzite-mina-i-makedonija-so-vashiot-glas-na-detsktiot-evrosong-video/ Fri, 24 Nov 2017 11:25:46 +0000 http://vistina.mk/?p=4721

На 26 ноември (недела), кога во главниот град на Грузија ќе се одржи јубилејното, 15. по ред издание на детската „Евровизија“. Меѓу 16-те земји учеснички е и Македонија. Наша претставничка годинава е талентираната Мина Блажев, која ќе се натпреварува со песната „Dancing through life“. Таа на сцената ќе биде сосема сама, без придружни вокали и танчери, така што целото внимание ќе биде насочено кон неа, а Мина ќе ја видиме под реден број 8, односно осма по ред. 
Публиката ќе има можност да започне да гласа уште од денес, 24 ноември, притоа секој може да даде глас за 3, 4 или 5 земји, вклучувајќи ја и својата, што значи задолжително гласајте за реден број 8 и нашата Мина... останатите гласови се Ваша желба!
Ова гласање  се одвива на официјалната веб-страница на фестивалот и ќе заврши точно пред неговиот почетокот, а по завршувањето на изведбата на сите учесници ќе биде повторно отворено за период од 15 минути.
Резултатите од публиката ќе сочинуваат 50 проценти од крајниот резултат, а останатата половина ќе ја одредат стручните жирија од сите земји учеснички. Сето тоа претворено во поени ќе го одреди победникот на годинешнава.
И ова, 15. издание на детската „Евровизија“ ќе биде пренесувано во живо на првиот канал на МРТ, в недела, 26 ноември, со почеток од 16.00 часот.
И ЗАПОМНЕТЕ: Оваа година за прв пат ќе можете да гласате и за сопствената земја. Поддржете ја Мина и Македонија со Вашиот глас. Како? За начинот на гласање дознајте повеќе од приложеното видео во продолжение: ]]>

Погледнете ја првата проба на Мина (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/poglednete-ja-prvata-proba-na-mina-video/ Thu, 23 Nov 2017 13:12:22 +0000 http://vistina.mk/?p=4625

За само неколку дена, на 26 ноември, во главниот град на Грузија ќе се одржи јубилејното, 15. по ред издание на детската „Евровизија“, во чии рамки ќе се натпреваруваат вкупно 16 земји, вклучувајќи ја и Македонија. Како што е познато, нашата претставничка годинава е талентираната Мина Блажев, која ќе се натпреварува со песната „Dancing through life“, а сега имаме можност да видиме како ќе изгледа и звучи сето тоа на сцената во Олимписката палата во Тбилиси, благодарение на снимките од првата генерална проба. Младата пејачка на сцената ќе биде сосема сама, без придружни вокали и танчери, така што целото внимание ќе биде насочено кон неа, а од тоа што може да се слушне од првата проба, Мина одлично се подготвила да ги одбрани боите на нашата земја. Веќе е познат и официјалниот редослед на настапи за годинашниот фестивал, така што Мина ќе ја видиме под реден број 8.  23754812_10155119271556200_6874715334262046138_n Исто така, годинава има и мали измени во гласањето, па публиката ќе има можност да започне да гласа уште на 24 ноември, притоа секој може да даде глас за 3, 4 или 5 земји, вклучувајќи ја и својата. Гласањето ќе се одвива на официјалната веб-страница на фестивалот и ќе заврши точно пред почетокот на фестивалот, а во рамките на самата манифестација ќе биде повторно отворено за период од 15 минути. Резултатите од публиката ќе сочинуваат 50 проценти од крајниот резултат, а останатата половина ќе ја одредат стручните жирија од сите земји учеснички. Сето тоа претворено во поени ќе го одреди победникот за годинава. 15. издание на детската „Евровизија“ ќе биде пренесувано во живо на првиот канал на МРТ, в недела, 26 ноември, со почеток од 16.00 часот. https://www.youtube.com/watch?v=Z3t9mwTwJhY]]>