мимоза – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Dec 2022 11:44:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мимоза – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За салатата сигурно сте чуле, но мимоза тортата сигурно ќе ве воодушеви: Совршен солен рецепт за празниците https://arhiva.vistina.com.mk/za-salatata-sigurno-ste-chule-no-mimoza-tortata-sigurno-kje-ve-voodushevi-sovrshen-solen-recept-za-praznicite/ Mon, 26 Dec 2022 11:44:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281608

За таа посебна вечер кога ја дочекуваме Новата година, треба да се потрудите кога е во прашање трпезата. Многумина веруваат дека ако е богата таа вечер, ќе биде богата во текот на целата година. Сепак, како да се подготви нешто што е ново, различно, а сепак има толку совршен вкус? Имаме за вас супер солен рецепт, кој, сигурни сме, досега не сте имале шанса да го направите. Станува збор за солена торта која го носи името на омилената салата на многу луѓе, Мимоза. Така, за тортата Мимоза ви требаат едноставни состојки и малку време, а резултатот ќе ве воодушеви. Состојки за кората: половина литар млеко 4 лажици брашно 125 гр путер 5 јајца Подготовка: Во половина литар млеко измешајте 4 лажици брашно. Погрижете се да нема грутки. Посебно растопете го путерот и кога ќе почне да врие додадете го во млекото и сварете го како пудинг. Оваа смеса тргнете ја од оган и оставете ја да се излади. Потоа посебно изматете 5 белки и 5 жолчки во два сада. Во изладената смеса прво додајте ги жолчките, па белките и изматете со миксер. Ставете да се пече во подмачкан плех околу половина час. Кога ќе се излади кората се сече по ширина за да се добијат две кори. Состојки за филот: 300 гр меко сирење 2 павлаки половина кг шунка (рендана) малку мајонез бибер сол Подготовка: Се матат сирењето и павлаката, па се додаваат останатите состојки. Сè убаво соединете. Редослед: кора, цел фил, кора Одозгора можете да ја премачкате кората со тенка павлака и да изрендате малку сирење и да декорирате по желба. Извор: Курир.мк]]>

Рецепт за мимоза: Салата на која никој не може да ѝ одолее https://arhiva.vistina.com.mk/recept-za-mimoza-salata-na-koja-nikoj-ne-moze-da-odolee/ Mon, 21 Nov 2022 12:45:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276792

Покрај руската салата, речиси секоја празнична трпеза е украсена со мимоза, која има неодолив и богат вкус. Многу лесно се прави, а со овој рецепт ќе ја направите совршената, која за кратко време ќе исчезне од трпезата. Состојки: - 300 гр. шунка; - 300 гр. кашкавал; - 4 јајца; - 4 компири; - 150 гр. мајонез; - 6 кисели краставички; - 2 моркови; - 360 гр. кисела павлака; - сол. Подготовка: Во тенџере ставете ги компирите и морковите и налејте ги со вода да ги покрие. Не ги лупете компирите, туку варете ги со кора. Кога зеленчукот ќе биде готов, оставете го да се излади, а потоа излупете ги компирите и изрендајте ги заедно со морковите на крупно ренде. Во сад измешајте павлака и мајонез и посолете по вкус. Јајцата се ставаат да се варат. Кога ќе бидат готови оставете ги да се изладат па изрендајте ги. На крупно ренде изрендајте ги и шунката, краставиците и кашкавалот. Долниот дел од садот во кој ќе ја послужите мимозата премачкајте го со мајонез и павлака. Потоа наредете ги ренданите компири. Врз компирите ставете ја шунката, а потоа намачкајте со тенок слој прелив. Посипете го изренданиот морков, па намачкајте го со павлака и мајонез. Наредете ги јајцата и киселите краставички и покријте ги со остатокот од преливот. Одозгора посипете сирење, издробените жолчки и декорирајте по желба. Оставете ја салатата во фрижидер најмалку еден час, а потоа е подготвена за употреба. На здравје! извор:точка.ком.мк]]>

Срце од ајвар: Ноне доби најнеобична роденденска честитка од најсаканата личност! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srce-od-ajvar-none-dobi-najneobichna-rodendenska-chestitka-od-najsakanata-lichnost-foto/ Tue, 28 Sep 2021 06:37:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220784

Роденден е денот што го чекаме цела година... Само што некои го чекаат дома, некои но бекој локал, кафеана, кафетерија, клуб, дискотека, игротека... Зависи од возраста, желбите. замислите и можностите. Но, има некои што роденденот ќе го дочекаат далеку од дома, а сепак опкружеени со најблиските, најмилите, најдрагите личности во мислите... Некогаш ним роденденот на далечина им го честитавме со писма и телеграми, денес за среќа сето тоа оди многу побргу или за миг, преку современите можности на денешната технологија, интернетот и социјалните мрежи. Роденден славиме сите, секако и познатите личности, или барем оние кои некогаш тоа биле... А денес се токму далеку од дома, живеат и работат некаде таму по белиот свет, како што е случајот со некогашната македонска поп ѕвезда, пејачката Нона Неделковска или само Ноне. Токму денес, 28 септември на македонската „џепна венера“ и е роденден. Сто пати сме рекле дека на дамите не им се бројат годините, особено не на Ноне, зашто според нејзиниот младешки „бејби фејс“  изглед, ако не и ги знаете и да сакате не можете да и ги изброите. „Најшетаната велешанка“ во моментов повторно не е дома... Крстари преку седум мориња и океани, работејќи веќе со години на прекуокеанските крузери. Но тоа не значи дека роденденот не го слави...Или пак случајно најблиските и пријателите и го заборавиле. Напротив, уште од рано изутрина на нејзиниот Фејсбук почнаа да пристигаат роденденски честитки во вид на бројни пораки... Со најубави „желби рој“, емотикини на љубов, среќа и радост..., со по понекоја фотографија! Нај печатлива, но и науникатни, најкреативна и веројатно најмногу полна со љубов роденденската честитка од мама Мимоза! Цвеќе, бомбони, балони, емотикони, чоколади, пијалак... сето тоа веќе сме го виделе безброј пати во роденденските честитки и е очекувано да се сподели покрај убавите зорови. Но, она што мајка и на Ноне и го „спакува“ како фотографија со роденденска честитка, навистина ретко се гледа. Или поточно - се гледа за прв пат и затоа е ем оригинално, ем уникатно, ем „златно“! Две недели претходно ќерката и го честиташе роденденот на мајката, а сега мама и возврати на себесвојствен начин: Две срценца од тазе подготвено ајварче, со свеќички што горат во нив, два пати по три парченца сирење, едно варено јајце и чаша свежо цеден овошен сок. Сето тоа прекрасно гарнирано со свежи цветчиња и сервирано во чинија на масата како роденденска појадок честитка за својата ќерка. Да се стопиш од среќа, а и прсти да излижеш... Секако во првата прилика кога „форевер јанг“  Нона ќе се врати дома. Роденденот нека и е среќен, најсреќен... честитка и од редакцијата на Вистина.ком.мк! Фото: Инстаграм принтскрин/nona.nedelkovska
 ]]>

Ќе ви се стопи срцето: Со емотивен пост и семејна фотографија мајка и’ на Ноне и го честиташе роденденот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kje-vi-se-stopi-srceto-so-emotiven-post-i-semejna-fotografija-majka-i-na-none-i-go-chestitashe-rodendenot-foto/ Fri, 28 Sep 2018 08:48:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=50473

Македонската морепловка и бивша пејачка Нона Неделковска денес слави роденден. На дамите не им се бројат годините се разбира, ама затоа им се бројат честитките и подароците.
Бидејќи е далеку од родниот Велес, Ноне не можеше да прими подароци од најблиските, ниту пак да ги почести за роденденот!  Ама затоа тие неа ја почестија со роденденски честитки, подарувајќи и ги најискрените емоции од длабочината на душата и срцето и посакувајќи и се најубаво, се разбира преку социјалните мрежи.
Но од сите честитки, се чини, најубава, најискрена и најемотивна е онаа - мајчинската. Впрочем од мајчинската љубов има ли нешто повредно и посвето? Така, нејзината мајка Мимоза за роденденот на својата Ноне и ја испрати најубавата честитка во постот, поткрепен со семејната фотографија на која сите се собрани.
„Светот им прави пат само на оние кој знаат каде чекорат.Една од нив си и ти, нека светот ти ги отвори патиштата до сите твои желби и убавини. Живеј го секој убав миг, сакај ги оние што те сакаат,нека те следи среќа секој нов ден. ТЕ САКАМЕ И МНОГУ НИ НЕДОСТАТУВАШ морепловецу наш. Среќен роденден“ - и пишува во постираната роденденска честитка мајката на својата ќерка. Во исто време среќна што ја има, а сепак тажна што не е во тој момент до неа да ја гушне, бакне и да и честита онака како што само родителот знае и умее да му се радува на своето дете. Како што впрочем и самата Ноне и го честиташе пред некој ден роденденот на својата сакана мајка:
Затоа и од нас, редакцијата на Вистина.мк: Среќен роденден Ноне!  ]]>