милица ризо трајков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 29 May 2023 07:05:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png милица ризо трајков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Милица Ризо Трајков одново фасцинираше со стајлингот, но настапот на младата екстравагантна кавадарчанка, жирито не и го оцени баш најдобро (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/militsa-rizo-trajkov-odnovo-fastsinirashe-so-stajlingot-no-nastapot-na-mladata-ekstravagantna-kavadarchanka-zhirito-ne-i-go-otseni-bash-najdobro-foto/ Mon, 29 May 2023 07:05:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303919

Македонката Милица Ризо Трајков од Кавадарци и овој пат во натпреварувањето на регионалното музичко талент  шоу „Ѕвездите на Гранд“, фасцинираше со својот необичен и екстраваганден стајлинг. Опчинети беа сите, но не и жирито, кое и доделли само 4 гласа за вокалното умеење и настапот и грст критики. Милица ја отпеја „Црно и бело“ од Калиопи и „Слатка мала“ од Јелена Карлеуша, но младата кавадарчанка не ги задоволи до крај нивните критериуми. Нејзиниот настап прва го коментираше Марија Шерифовиќ која и порача дека за свои 18 години има сериозен потенцијал, но и дека овој пат малку претерала со задачата која што си ја поставила пред себе. „Ти си храбра девојка и имаш сериозен потенцијал, квалитети и основа. Сепак, мислам дека малку претера во задачата што си ја поставила. Не знам од каде ти е толку изморено вибрато на 18 години? Растегнато како да е 6 часот и 15 минути наутро, а ти 8 часа претходно си пеела свадба“-  заклучи Марија. Ѓорѓе Давид, искрено и порача што е она што му се допаѓа, но и каде и се грешките. „Песната од Калиопи ти стои, но твоето пејачко знаење е мало и тука мораше на многу елементи да работиш. Обидувајќи се да го достигнеш оној врисок мислам дека доста од тоа продаде во песната и малку фалеше да ги пукне грлото. Тоа те чинеше и во следната песна. Избирај песни што ти стојат, како и во минатиот круг. Она ‘Мотори’, тоа ќе го паметам. Изгледаше како некоја ‘вамп’ европска жена, излезе тука и растури. Одлично! Но ова денес не беше добро“ - и порача рокерот потенцирајќи дека другата кандидатка била подобра. Цеца Ражнатовиќ и порача дека е полна со енергија и на сцената само што не експлодира. Но и таа сметаше дека песната од Калиопи била претешка за неа, иако навистина дала сé од себе. По ова се огласи и менторот на македонската учесничка, Александар Милиќ Мили, кој изјави дека за нејзината енергија на сцената не би коментирал, но истовремено ги замоли гледачите на јутјуб да стават коментар дали е тој луд што мисли дека неговата кандидатка заслушува шест гласови? По шегите на Поповиќ и Шерифовиќ на сметка на Мили за кажаното, Милица Ризо Трајков заради малкуте гласови заврши во бараж, но на крајот сепак успеа да се пласира за во следниот круг. Како изгледаше нејзиниот настап ( на 2 часа и 25 мин.) и коментарите - погледнете во видеото од целата емисија во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Милица Ризо Трајков повторно беше најестравагантна меѓу сите нови „Гранд ѕвезди“: Младата кавадарчанка ги засени сите на „Гранд“ сцената (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/militsa-rizo-trajkov-povtorno-beshe-najestravagantna-megu-site-novi-grand-zvezdi-mladata-kavadarchanka-gi-zaseni-site-na-grand-stsenata-foto-video/ Tue, 02 May 2023 06:08:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300112

Милица Ризо Трајков (18) oд Кавадарци е една од највпечатливите учеснички во „Ѕвездите на Гранд“ кога станува збор за изборот на сценска гардероба. Така беше досега со секој нејзин нов настап, така беше и беше во вечерното викенд издание на (29.04.2023) на „Ѕвездите на Гранд“ каде сексапилната кавадарчанка повторно беше уникатна и исклучително впечатлива. „За стајлингот, да бидам искрена, најважно е пред сè да ми се допадне мене. Тој и овојпат беше избран за да се вклопува во песните. Особено за „Инсомнија“ од Јелена Карлеуша изгледот мораше да биде впечатлив“, вели Милица. Таа носеше црн комбинезон со една гола ногавица и мрежести хулахопки, каккои голем број златни детали во вид на златна рол крагна околу вратот и златни  еполети на рамениците... Подоцна се појави во долго портокалово здолниште, како и моден детаљ за главата налик на шапка, изработена од мноштво црни пердуви. „Две седмици пред настапот бев болна и бев на инфузии, инјекции и инхалации. И не го кажувам ова за да се жалам затоа што честопати ми се случува, но мислам дека се исплатеше целиот напор и стрес, затоа што во овој круг сметам дека се претставив навистина солидно“ - вели младарта Македонка и додава: „Пред да настапам стресот беше голем, но кога излегов на сцената сè помина во најдобар ред. Искрено, не размислував околу гласовите на жирито, туку се фокусирав на пеењето и на настапот. Се радувам што на крај се претставив како што треба и ги добив сите гласови од жирито. Нивните коментари беа одлични, но не значи дека ако имав критики од нив ќе се разочарав. Напротив, критиките ме мотивираат уште повеќе“ - појаснува атрактивната тинејџерка. „Првата песна ми беше љубовна балада и сметав дека треба да изгледам раскошно и за тоа се погрижи мојот тим, додека во втората песна, за која се одлучивме заедно со мојот ментор Мили, изборот падна на „Инсомнија“ од Јелена Карлеуша. За неа сметав дека аутфитот требаше да биде сосема поразличен од првата песна и мислам дека тоа беше вистински погодок“ - раскажува Милица. „За сценскиот настап, барем досега, не сум подготвувала посебна кореографија. Затоа што кореографијата сметам дека ми оди од рака и тоа го правам спонтано на самата сцена. Севкупно сум задоволна од настапот во 4-иот круг и ќе се трудам секој следен настап да бидам вокално и сценски поподготвена и поуверлива“ - вели впечатливата македонска натпреварувачка во “ѕвездите на Гранд“, чиј дел од последниот настап можете да го погледнете подолу.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Milica Rizo Trajkov (@milicarizzo)

Фото:Инстаграм принтскрин/ zvezde granda/milicarizzo]]>

Македонците беа главни во последното издание на „Ѕвездите на Гранд“: Јасмин Алиевски со глас како Тоше, Милица Трајков со еротски имиџ ала Карлеуша од наше маало (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedontsite-bea-glavni-vo-poslednoto-izdanie-na-zvezdite-na-grand-jasmin-alievski-so-glas-kako-toshe-militsa-trajkov-so-erotski-imidh-ala-karleusha-od-mashe-maalo-video/ Mon, 06 Mar 2023 07:15:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291731

Во актуелната сезона на најпопуларното регионално музичко талент натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ македонските преставници без главни ѕвезди. Македонија покажа дека има потенцијални кандидати за големото финалето, а многумина веруваат дека токму еден од нив  ќе биде нашиот Јасмин Алиевски, за кого уште отсега велат  еден од најсериозните претенденти за победа. Скопјанецот јавноста го знае како учесник во ова шоу уште од пред неколку години, но овојпат за разлика од порано, со своите досегашни преставувања во оваа сезона никого не остави рамнодушен. Така беше и сега, на неговиот последен настап на кој тој ги освои сите гласови од жири-комисијата. Тоа го потврди и големиот шеф кој рече: „Јасмин е убедливо најдобар кандидат од Македонија“ - кажа во еден момент Саша Поповиќ. Причина повеќе да му се верува на Поповиќ е и фактот што Јасмин  се појави на сцената болен, со температура 38,5, но машки го издржа настапот на кој речиси совршено ги донесе и двете песни: „Остала си увјек иста“ од Мишо Ковач, но отпеана во верзијата на Тоше Проески и „Срце није камен“ , одново од македонската музичка икона, кој очигледно е идол на Алиевски. Настапот на Јасмин можете да го погледнете на 2:43:00 на видеото подолу. Вториот македонски претставник, поточно 18-годишната претставничка Милица Ризо Трајков од Кавадарци во истиот миг кога се појави на сцената на „Ѕвездите на Гранд“  слободно може да се каже дека го шокираше и  жирито и публиката, а веројатно и ТВ гледачите во целиот регион. Имено, младата кавадарчанка се појави на грандиозната сцена во ултра екстравагантно и  провокативно издание, па со својата еротска појава и перформанс никого не остави рамнодушен. Милица налик на белградската „мала од скандала“ Јелена Карлеуша на себе носеше еден вид провиден комбинезон  во вид на проѕирна мрежа под која јасно се гледаше интегрираната долна облека од црни гаќички и градник со светкави апликации, кои само ги потенцираа парчињата кои горе и долу ја покриваа интимата на пејачката. Младата кавадарчанка појасни дека за нејзиното издание вечерва се погрижила дизајнерката Боркица Квин од Кавадарци, чија смела креација беше пофалена од Цеца, додека пеењето... Трајков за својот настап доби и пофалби и критики проследени со четири гласа што и обезбедија место во баражот, по кој на крајот таа сепак мина во следниот круг. Но толку не се коментираше нејзиното пеење колку  што тема на муабет беше екстравагантно - провокативниот  изглед  на смелата тинејџерка која во слободното време се занимава со модерен балет.
Во продолжение погледнете ја целата емисија и изданијата во кое се претставија Јаснмин Алиевски и Милица Трајков во „Ѕвездите на Гранд“:
]]>