милионери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 10 Jul 2023 12:16:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png милионери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Еве на што милионерите никогаш не трошат пари https://arhiva.vistina.com.mk/eve-na-shto-milionerite-nikogash-ne-troshat-pari/ Mon, 10 Jul 2023 12:16:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309626

„Поминав пет години проучувајќи 233 милионери за да дознаам за нивните навики и начин на размислување“, напиша Том Корли, финансиски експерт во својата статија на Make.it. Тие беа од различно потекло, имаа различни искуства, но сите имаа годишен бруто приход од најмалку 160.000 долари и нето вредност од 3,2 милиони долари, пишува Данас. Особено ме интересираше на што ги трошат парите. Но, речиси сите ми кажаа дека престанале да трошат пари на одредени работи: Со цел милионерите да им дадат приоритет на своето здравје, тие престанаа да купуваат неквалитетна, преработена храна и наместо тоа се одлучија за органска или висококвалитетна храна која нема конзерванси. Тие често бараа производи што може да се поврзат со нивната земја на потекло и посетуваа пазари и намирници кои беа познати по висококвалитетното овошје, зеленчук и месо. Евтино направени производи Одбиле да трошат пари на најновите модни трендови или евтин и лошо конструиран мебел. Наместо тоа, многумина претпочитаа да инвестираат во квалитетни и трајни парчиња гардероба и домашен мебел. Честопати цената беше два до три пати повисока од цената на евтината облека и мебелот со слаб квалитет. Но, тие беа спремни да направат поголеми набавки, бидејќи сепак беше поевтино отколку постојано да се заменуваат евтини конструкции. Големи поправки на дом или автомобил На истиот начин, многу милионери ми рекоа дека, ако можат, повеќе би сакале да потрошат пари за целосно замена на стари покриви, машини за перење, машини за миење садови, фрижидери, шпорети, па дури и возила, наместо да ги насочуваат своите тешко заработени пари за скапи поправки. Иако често е поскапо, тие го оправдаа со тоа дека нешто ново ќе трае многу подолго од нешто што било поправено, што им давало мир на милионерите. Алатки и опрема за работа на отворено Иако некои уживаа во работата на отворено, како што се косење трева, плевење, уредување и кастрење, огромното мнозинство – кога станаа богати – најмија пејзажен архитект да се грижи за целата работа на отворено. Тоа значеше дека тие повеќе не трошат пари за поправка или замена на стара опрема. Многумина ги дадоа своите алатки на семејството и пријателите. Она што го купуваа беше време. Бидејќи повеќе не мораа да одвојуваат час или два секоја недела или месец за да го одржуваат својот имот, тоа им даваше повеќе време за одмор, релаксација или уживање во рекреативни активности. Игри со лотарија Многу милионери избегнуваа коцкање додека го градеа своето богатство, а тој здрав разум се пренесе и во нивниот нов финансиски живот. Откако станале богати, одбиле да трошат пари на лотарија и ги охрабриле своите вработени, семејството и пријателите да го сторат истото. Бидејќи веројатноста за добивка на лотарија е мала, тие го сметаа за губење пари. Наместо тоа, подобро беше тие средства да се инвестираат во незаборавни искуства. Извор: Курир.мк]]>

Преку порно сајт, девојката која го прекина финалето во ЛШ и нејзиното момче преку ноќ станаа милионери (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/preki-porno-sajt-devojkata-koja-go-prekina-finaleto-vo-lsh-i-nejzinoto-momche-preku-nokj-stanaa-milioneri-video/ Wed, 05 Jun 2019 10:14:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91399

Кинси Волански преку ноќ се здоби со неверојатна популарност по втрчувањето на теренот во текот на финалето од Лигата на шампиони, на натпреварот помеѓу Ливерпул и Тотенхем.
„Тоа го направив се со цел да пробам нешто ново, го сакам тоа чувство кога адреналинот ми струи низ вените. Никогаш неможев да замислам дека ќе добијам толку пораки за поддршка и сето ова ми е неверојатно, се уште сум многу возбудена“ - вели 22-годишната девојка.
Како што пишуваат британските медиуми, таа се појави на теренот во боди на кое беше испишано: „Vitaly Uncensored“, што впрочем го рекламирала порно – сајтот чиј сопственик е нејзното момче, кој бил организатор на целата идеја, по што заработиле околу 3.4 милиони евра! https://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=AsaiJzmvKbI]]>

Тие се милионери: Вложиле малку пари, а денес живеат во невиден луксуз! https://arhiva.vistina.com.mk/tie-se-milioneri-vlozile-malku-pari-a-denes-ziveat-vo-neviden-luksuz/ Wed, 14 Mar 2018 09:37:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=16001

Биткоин грозницата го тресе целиот свет. Иако многумина мислат дека криптовалутите се една голема измама, факт е дека некои поединци убаво се збогатиле на тој начин.
На пример, поранешниот градежник Даниел Колоси минатата година вложил 5.000 долари во криптовалути заедно со пријателите. За само неколку месеци заработил 200.000 долари, а се проценува дека таквиот начин на работење ќе го направи милионер во 2019. година.
Очекувано, дел од парите кои ги заработил од криптовалутите ги потрошил на патувања низ светот, а планира да се пресели на Тајланд. Ерик Финман во 2011. година инвестирал 1.000 долари кои ги добил од својата баба за 12. роденден. Според денешната вредност на криптовалутите, поседува околу 4 милиони.
Финман направил договор со родителите - ако биде милионер до 18 години, не мора да оди на факултет. Се збогатил толку брзо што родителите му дозволиле да го напушти училиштето многу порано, на 15 години. Еди Зилан одлучил сета заштеда од 12.000 долари да ја вложи во криптовалути. Парите инаку ги заработил држејќи часови по тенис, а кога имал 18 години решил да ризикува. Три години подоцна, на сметка имал милион долари.
Потоа ја отворил компанијата "Cryptocurrency Financial", специјализирана за советување за вложување во криптовалути. Самиот се нарекува "Волкот од крипто-светот". Можеби веќе ви се познати браќата Тајлер и Камерон Винклвос. Тие своевремено го тужеле Марк Цукерберг поради наводна кражба за идејата за Фејсбук. Бидејќи тој бизнис им пропаднал, биле меѓу првите вложувачи во криптовалутите. Со оглед на вредноста на биткоинот, близнаците би можеле да бидат први биткоин милијардери на светот.
Инаку, тие го добиле спорот против Фејсбук и оштета од 65 милиони долари, а во март 2013. година вложиле околу 11 милиони долари во купување на околу еден процент од светските резерви на Биткоин, кога електронската валута вредела 120 долари. Точниот износ не е познат, но се верува дека станува збор за околу 100.000 биткоини, во вредност од повеќе од милијарда долари. Рован Хил ја напуштил работата во рудник кога имал 26 години, откако ги земал парите кои ги заработил на Биткоини. Заработените пари ги троши на патувања.
извор:точка.мк
]]>