милица џаровска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 08 May 2023 08:29:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png милица џаровска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џаро ќе ја потпишува биографијата „Живот на коцка“ на Саемот на книгата https://arhiva.vistina.com.mk/dharo-ke-ja-potpishuva-biografijata-zhivot-na-kotska-na-saemot-na-knigata/ Mon, 08 May 2023 08:27:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300948

За возбудливиот живот на менаџерот Велибор Џаровски- Џаро се раскажува во книгата „Џаро-живот на коцка“ чиј автор е новинарката Милица Џаровска, а е во издание на издавачкиот центар „Три“. Овој вторник, 09 мај 2023 година на Саемот на книгата на Саемот на книгата во Арена „Борис Трајковски“, на штандот на „Три“, од 18 часот, Џаро и авторката ќе ја потпишуваат книгата која е негова биографија. Од првата „местенка“ која се случила во семејната куќа во населбата Ѓорче Петров каде што и денес живее, до необичната, но успешна соработка со најголемите музички и спортски ѕвезди од поранешна Југославија е раскажано во книгата за Џаро.
„Многу пати во јавноста сум ги споделувал моите приказни, но време беше да се стават и на хартија, тие и уште некои кои досега ги немам кажано. Мојот „живот на коцка“ не се однесува само на коцката, туку на начинот на кој го живеев во едно поинакво време, па затоа ѝ дозволив на ќерка ми да го стави токму овој наслов. Но, и денес иако побавно се движам, знам да им кажам на помладите: „Јас имам проблем со ногата, немам проблем со главата“. Ве чекаме сите на Саем во вторник“, изјави Џаровски. Книгата се продава во сите книжарници на „Три“ низ Македонија.
]]>

Твоето лице е познат сурат: Мамо, мамо, Џаро ми е драг… А и како не би, кога е негова (фото)копија! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tvoeto-lice-e-poznat-surat-mamo-mamo-dzaro-mi-e-drag-a-i-kako-ne-bi-koga-e-negova-foto-kopija-foto/ Fri, 09 Feb 2018 11:36:01 +0000 http://vistina.mk/?p=12263

Меѓу мноштвото занимливи  „играчки“ на Интернет и социјалните мрежи, деновиве кај нас особено актуелна стана еднаинтересна апликација. Имено, преку ноќ на Фејсбук почнаа да никнуваат апликации со фотографии од типот: Како би изгледал(а) да си... женско, машко, холивудска ѕвезда, кога ќе остареш... и слично!
И еден куп љубопитни души нормално, веднаш ставија своја фотографија за да се доживеат како познати и славни, како мажи и жени од спротивниот пол или во постари години... И некој повеќе, некој помалку убави или препознатливи, ама сепа се видоа што би било кога би биле... Или поточно, какви би биле да се... тоа што несе!
Меѓу сите љубопитни и по некоја познато дете на уште попознат родител... Како естрадната новинарка Милица Џаровска, ќерка на легендата на естрадното менаџерство во регионот, Велибор Џаровски Џаро.
И очекувано - сличноста е фрапантна. Да му беше син, новинарката немаше толку да личи на татка си! „Плукнат“ Џаро... како помлад!
Своевремено, Сузана Спасовска пееше: „Мамо, мамо, Џаро ми е драг...“! А како и да не и е на Милица, кога ем и е роден татко, ем е „плукната“ (фото)копија на него! На нејзиниот „Благоја“, како што новинарката си го вика така си!