миленко неделковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Apr 2020 07:47:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png миленко неделковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „1 на 1“ или „1 против 1“: На Жаре можеби му фали бербер, ама не и духовитост, па вака го имитира „Миленко Неделко“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/1-na-1-ili-1-protiv-1-na-zare-mozebi-mu-fali-berber-ama-ne-i-duhovitost-pa-vaka-go-imitira-milenko-nedelko-video/ Thu, 09 Apr 2020 07:37:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143985

„Короната пуста да остане... Таа од вообичаениот начин живот не раздели, живот што го живеевме со години. Шегата настрана кога за здравјето се работи, иако шегата е велат, добра за здравјето, особено за здравјето на духот, кој и во овие тешки времиња никако не смее да клоне. Затоа шегата им е и главен адут на многумина, па и на оние кои се спречени да си ги извршуваат секојдневните работни задачи и работата од која живеат, а работата, поточно професијата им е јавна. Во тој случај алтернативните онлајн решенија од дома се единствениот начин колку-толку да останат во дослух со народот, во контакт со својата публика, или во случајов ТВ гледачите. „1 на 1“ е една од најгледаните забавни ТВ програми, веројатно најгледаното забавно „ток шоу“  кај нас, а неговиот идеен творец, автор и водител Жарко Димитриоски со текот на годините и од него и од себе направи бренд. И сега, кога брендот не може да се реализира на вообичаениот начин, Жаре бара чаре, како да го има, и како неговите гледачи да не останат покуси за неговото „1 на 1“, а  притоа тој и понатаму да биде оригинален и забавен за својата публика. И кога веќе не може онака, како што вообичаено го тера своето „1 на 1“ шоу,  Жаре најде терк како да го тера поинаку. Иако белјата што не снајде и нас и светот не е воопшто за смеење, Жаре поучен од максимата дека смеата и хуморот се лек за секоја болест,  ја употреби токму таа формула, како алтернација за својата емисија во даденава ситуација. Скечеви за душа или поточно „Скеч шоу“ во кое Жаре со лик и дело, карактер и однесување ги имитира познатите македонски јавни личности... Најмногу, неговите колеги, познати и влијателни новинари, ТВ водители, шоумени... Покрај сите ѕвезди на ред дојде и тој...  Миленко Неделковски, познат како „медиумски булдожер“ со „тврд“ политички став, без „влакна на јазикот“, бескомпромисен, директен, радикален, контроверзен, омилен и омразен... Но, по многу нешта единствен и оригинален. И додека водителот на „1 на 1“ се подготвуваше за супертешката задача да влезе во ликот на „Миленко - Неделко“,  брзо сфати дека сета коса што ја има не е доволна, иако претходно констатираше дека во изолација „зараснал“, па на Жаре му фали - бербер! Ама не оној што пее, туку што потстрижува. Но, по веста дека токму берберот го заразил градоначалникот на едикојаси општина со коронавирус, по што берберот починал, водителот брзо се откажа од идејата „кој те шиша“, но не и од имитацијата, зашто емисијата, а и народот не може да чека! Откако во долгата перика го најде спасот, а ги собра и сите останати пропратни реквизити од арсеналот на Миленко, Жарко Димитриоски тргна во... „1 на 1“ или „1 против 1“ и за миг се претвори во ликот кој треба да се глуми. Теорија на вистината или теорија на заговор, само Миленко - Неделко го знае вистинскиот одговор. А вие, погледнете како изгледаше дозата добар хумор во лошо време, во „Скеч шоу“-то на Жаре, во улогата и ликот на Миленко-Неделко Велики...
]]>

Специјалната на „голем одмор“: Осамна фотографија од Катица Јанева во Шутка? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/specijalnata-na-golem-odmor-osamna-fotografija-od-katica-janeva-vo-shutka-foto/ Wed, 11 Sep 2019 08:14:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106153

На социјалните мрежи се појави фотографија на која „наводно“ е Катица Јанева во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Фотографијата ја објави новинарот Миленко Неделковски на неговиот Фејсбук профил -пишува порталот „Нет Прес“ објавувајќи ја фотографијата за која мислењата се поделени. Едни се колнат дека тоа е навистина „специјалната на голем одмор“ во истражниот скопски затвор, други глава даваат дека тоа не е таа, зашто оваа на фотографијата е многу послаба отколку онаа што ја знаеме, ама... Кој да знае... Кога си таму на третман, колограмите бргу се топат! А Вие, проценете самите: е или не е тоа „специјалната“ од зад решетки... или жицата во Шутка?]]>