миленици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Nov 2023 09:17:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png миленици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ретко кој може да чува вакви миленици, но за Тамара и децата тие се вистинска среќа и љубов во домот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/retko-koj-mozhe-da-chuva-vakvi-milenitsi-no-za-tamara-i-detsata-tie-se-vistinska-sreka-i-lubov-vo-domot-foto/ Thu, 02 Nov 2023 08:00:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324998

Пејачката Тамара Тодевска е супер мама кој редовно умее да им направи забава на своите најсакани – ќерката Хана и синот Дарен. Ретко кое детенце не сака да има во домот некакво милениче, најчесто куче или маче, а мама и тоа како им дозволува. Сакаат тие, ама сака и таа, па енергиите се комплетно поклопени без оглед на возраста. Во домот на Тамара редовно има ново милениче, а овој пат тоа се две необични нови другарчиња. Станува збор за црно и бело глувче кои се од видот на хрчаци кои им го прават посабавноп секојдневието на Хана и Дарен. По училиште и граднинка дома ги чекаат живи играчки кои не ги испуштаат од рацете. За некои ова е незамисливо, за нив голема среќа и љубов во домот која ја имаат двојно. Тука е и кученцето кое пак им е друштво и за прошетките надвор. Се’ на се’ исполнето и забавно, а кога децата се среќни и задоволни, мама е уште посреќна! фото:Инстаграм принтскрин/Тамара Тодевска]]>

Важни совети за сопствениците на кучиња: малку треба да направите за голема среќа на вашето милениче https://arhiva.vistina.com.mk/vazhni-soveti-za-sopstvenitsite-na-kuchina-malku-treba-da-napravite-za-golema-sreka-na-vasheto-mileniche/ Tue, 26 Sep 2023 12:30:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319708

Секој сопственик на куче разбира колку може да биде предизвик да се справи со непослушното однесување на својот четириножен пријател. Скокање, лаење, копање – сето тоа се активности кои можат да го исцрпат сопственикот. Дали некогаш сте се запрашале како да го поттикнете вашето куче да присвојува добри манири? Керолајн, која го основала училиштето за обука на кучиња Good Dog Training, истакнува дека важноста на наградувањето на кучињата за мирно однесување често се потценува. Според неа, кучињата често привлекуваат внимание кога се однесуваат непослушно, што ги мотивира да продолжат со однесувањето. Не го игнорирајте кучето кога е мирно „Ако лаењето привлекува повеќе внимание отколку мирното однесување, што мислите дека кучето ќе направи кога сака да го привлече вашето внимание?“, прашува Керолин. За да го поттикнете посакуваното однесување, важно е да не го игнорирате кучето кога се однесува смирено. Наградата за мирно седење или лежење е исто толку важна како и наградата за добро однесување за време на прошетка. „Нема потреба да го будите кучето ако спие, но ако е будно, тивко пофалете го, нежно галете го или подарете му наградата која треба да поттикне смиреност, а не возбуда, советува Керолајн“. Мирното однесување е наградено Следниот пат кога ќе забележите дека вашето куче се релаксира, наместо само да поминете покрај него, зошто да не му дадете мало задоволство или да му дадете нежни зборови на пофалба? Со примена на овој пристап, наскоро може да забележите значителни подобрувања во однесувањето на вашето куче. На крајот, вашето куче ќе разбере дека мирното однесување носи позитивни последици, кои ќе го мотивираат да биде помирен и попослушен. Извор: Курир.мк]]>

Весна Бејби Петрушевска без трошка шминка во сосема опуштно издание по дома(фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-petrushevska-bez-troshka-shminka-vo-sosema-opushtno-izdanie-po-doma-foto/ Mon, 18 Sep 2023 07:00:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318366

Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска реши со нејзините следбеници  на „Инстаграм“ да сподели две фотографи направени во опуштена домашна атмосфера. Таа е доста активна на социјалните мрежи и таму често позира и промовира одредени брендови  актерската школа која посветено ја води но, знае да открие и по некој детаљ од приватноста и како го поминува слободното време како што беше случај и сега. Имено, таа на фотографиите позираше во прегратка на нејзините миленици, а како јавна личност која постојано е изложена под будното око на јавноста и секогаш изгледа скоцнано со шминка, овој пат се покажа во едно поинакво светло. Актерката е голем љубител на животните, а нејзината наклонетост кон четириножни суштества докажува дека расте се повеќе и повеќе. Таа го потврди тоа и овој пат со  фотографиите кои ги објави на краките приказни на нејзиниот Инстаграм профил. Бејби позира седејќи во нејзината удобна фотелја во  дневна соба буквално „покриена“ со нејзиниот миленик не криејќи ја радоста од преубавата дружба за време на викендот. На фотографијара впечаток оставаат и нејзините  домашните влечки со костурски глави кој доминираат во преден план, а кои  подоцна беа „нападнати“ и грицнати од миленичето кои сакаше само да си поигра. „Мрзлива недела“, напиша актерката на фотографиите, а дефинитивно недела ја искористила максимално да ужива и да ги полни батериите во присувство на милениците. Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Весна Петрушевска Бејби]]>

Продолжете им го животот на своите кучиња со овие важни совети од ветеринарите https://arhiva.vistina.com.mk/prodolzhete-im-go-zhivotot-na-svoite-kuchina-so-ovie-vazhni-soveti-od-veterinarite/ Mon, 11 Sep 2023 12:16:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317433

Ветеринарите доктори Азиза Глас и Герардо Перез-Камарго ја нагласува важноста на љубовта, грижата и висококвалитетната храна за здравјето на постарите кучиња и како тоа може да им го продолжи животот. Редовните ветеринарни прегледи, урамнотежена исхрана, чистење на забите и одржување на здрава телесна тежина се клучни фактори. Дополнително, тие додаваат дека е важно на кучињата да им се обезбеди ментална стимулација и љубов за да им биде животот исполнет и среќен. Редовни ветеринарни прегледи Редовните ветеринарни прегледи се клучни за рано откривање на болеста и навремено лекување. Тие вклучуваат годишни испитувања за возрасни кучиња и кученца и полугодишни прегледи за постари кучиња. Урамнотежена и хранлива исхрана Хранењето на вашето куче со квалитетна и свежа храна помага да се зачува здравјето и да се спречат болести. Свежата храна може да го отвори апетитот и да обезбеди важни хранливи материи. Чистење на забите Редовното чистење на забите и одржувањето на оралното здравје е важно за спречување на пародонталните заболувања и зачувување на општото здравје на кучето. Одржување здрава телесна тежина Дебелината може да има сериозни здравствени последици за кучињата, вклучително и развој на дијабетес и други болести. Следењето на тежината и редовна физичка активност се важни за одржување на идеална телесна тежина. Со примена на овие совети, сопствениците на кучиња можат да му помогнат на својот миленик да живее подолг и поздрав живот, пренесува Newsweek. извор:курир.мк]]>

Речиси сите сопственици на кучиња ги прават овие грешки, а тие го скратуваат животот на вашето домашно милениче https://arhiva.vistina.com.mk/rechisi-site-sopstvenitsi-na-kuchina-gi-pravat-ovie-greshki-a-tie-go-skratuvaat-zhivotot-na-vasheto-domashno-mileniche/ Thu, 06 Apr 2023 10:49:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296951

Како сопственици на домашни миленици, сакаме да мислиме дека на нашите кучиња им обезбедуваме здрав, среќен живот. Ги храниме со одлична храна, им подаруваме многу љубов и ги носиме на прошетки кога и да имаме време. Но, има многу повеќе работи што се важни во одгледувањето здраво кученце. И понекогаш, нашиот зафатен начин на живот нè наведува да направиме некои грешки кои всушност го скратуваат животот на нашите четириножни миленичиња. На прво место е прејадувањето. Бидејќи кучињата се лакоми, тие би јаделе 24 часа на ден ако можат. Многу е важно да не им се дава повеќе храна отколку што е потребно за нивната раса. Покрај тоа што може да се здебелат од премногу храна, тоа ќе им го отежне движењето, вишокот килограми носи и одредени здравствени ризици за кучето. Давањето човечка храна од трпезата е исто така навика на повеќето сопственици кои не можат да одолеат на молбениот поглед на кучето што ги гледа додека јадат. Но, речиси ниту една храна што ја јадат луѓето не е соодветна за здравјето на кучињата. На второ место е заборавањето на здравјето на метаболизмот на кучето. Ако немате навика да го вежбате вашето куче на дневна основа, тоа може да значи дека вашето куче е изложено на поголем ризик да развие здравствени проблеми. Редовното вежбање не само што ја држи под контрола тежината на вашето домашно милениче, туку и го зајакнува имунолошкиот систем, ја зголемува моќта на срцето и обезбедува ментална стимулација. Тоа е исто така одличен начин да се поврзете со вашето домашно милениче и да ја зголемите вашата дневна рутина за вежбање. Грижата за крзното и кожата на вашето куче е многу важна, но понекогаш може да биде многу стресна. Навистина е важно вашето куче да го гледа дотерувањето како забавно и позитивно искуство. Ако вашето куче е под стрес или вознемирено од тој кој го средува, тоа може да стане негативен циклус. Колку повеќе е под стрес вашето куче, толку потешко му е одржувањето, што го зголемува стравот и анксиозноста. Извор: Курир.мк]]>

Кучето е вашиот најдобар пријател, дознајте како треба да го заштитите вашето милениче https://arhiva.vistina.com.mk/kucheto-e-vashiot-najdobar-prijatel-doznajte-kako-treba-da-go-zashtitite-vasheto-mileniche/ Mon, 26 Sep 2022 12:45:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268711

Научно е докажано дека кучињата се извор на позитивна енергија во домот. Покрај радоста која ја носат со себе, домашните миленици се и голема одговорност, посебно ако се темпераментни и сакаат да ја истражуваат околината, па често се губат или бегаат од дома. Во вакви ситуации мора да бидате внимателни, да направите се што можете за да го намалите ризикот вашето милениче да се изгуби, но и да го намалите стресот и стравот низ кое поминува во вакви ситуации. Ви даваме пет практични совети како да го заштитите вашето милениче, но и себе од стресни ситуации. Соодветно ланче Доколку вашиот миленик од мал не е научен да шета сам без ланче и да се движи блиску до вас, потребно е да му обезбедите ланче кое ќе биде соодветно и ќе одговара на неговите потреби. Важно е ланчето да му овозможи лесно и слободно движење, да одговара на неговата големина и тежина. Задолжително од време на време проверувајте ја цврстината на ланчето колку е истрошено и на време набавете си ново доколку е потребно. Размислувајте превентивно Доколку дојде до непријатна ситуација и вашиот миленик се изгуби, направете се што е во ваша моќ побрзо да го најдете. Доколку е пронајдено од случаен минувач помогнете му полесно да ве пронајде,  односно задолжително чипувајте го и на ременчето закачете ги вашите информации, адреса и телефонски број. Чувството дома и надвор од дома Во период на патувања или промена на локација, природно е вашето куче да проба да се „врати дома“, односно да избега и да се изгуби во непозната средина. Во ваков случај искористете стари играчки, ќебиња, дури и стари предмети кои мирисаат на вас и на вашиот дом со цел да им помогнете да се чувствуваат поудобно и посигурно во новата околина. Реагирајте брзо За да го намалите ризикот,  набавете си специјално дизајниран паметен уред кој ќе го закачите на ременчето на вашиот миленик. Ваквите уреди овозможуваат преку мобилна апликација постојано да ја следите локацијата на вашето куче и да добивате известување доколку тоа излезе од домот или од местото кое вие предходно сте го обележале како сигурна зона. Уредите се едноставни за ракување а вие ќе знаете каде е вашето милениче. Грмотевици и огномет Гласните и неочекувани звуци од непознато потекло можат да бидат многу страшни за вашето куче, особено ако се пропратени со мирис и светлина. Во вакви, за кучето страшни и стресни ситуации, тоа може да избега или да се сокрие. За да го намалите стресот, но и ризикот од непријатни ситуации навикнете го кучето на гласни звуци, односно пред игра, прошетка или пред било која ситуација која за кучето е пријатна пуштете му звук на огномет. Од време на време зголемувајте ја јачината на звукот, се со цел вашето куче да се навикне на вакви ситуации и лесно да го преброди стресот од истите доколку е само дома. Извор: Курир.мк]]>

Помошникот на Лејди Гага што и ги шета кучињата застрелан во гради: Пејачката нуди пола милион за да ги добие назад украдените миленици! https://arhiva.vistina.com.mk/pomoshnikot-na-lejdi-gaga-shto-i-gi-sheta-kuchinjata-zastrelan-vo-gradi-pejachkata-nudi-pola-milion-za-da-gi-dobie-nazad-ukradenite-milenici/ Fri, 26 Feb 2021 08:59:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191560

Шетачот на кучињата на пејачката Лејди Гага (34), , беше застрелан четири пати во градите од двајца мажи кои потоа ги украдоа два француски булдога на пејачката. Имено, Рајан Фишер во средата околу 22 часот ги шетал милениците на Лејди Гага по име Кои, Мис Азија и Густаво, во западниот дел на Холивуд, кога беше застрелан пред неговата куќа на авенијата Сиера Бонита.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Полицијата брзо пристигнала на местото и го пронашла Фишер свесен, но во сериозна состојба. Дишеше многу тешко и итно беше пренесен во болница, но како што пишува ТМЗ, сигурно е дека човекот ќе се опорави. Кои и Густаво биле украдени, додека Мис Азија избегала, а подоцна полицијата ја пронашла. Инаку, Фишер ги шетал со кучињата додека Лејди Гага моментално е во Италија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Славната Гага во тоа време била во Рим, каде снимала филм, а според ТМЗ, таа рекла дека е „без прашања“ подготвена да плати дури 500.000 долари за да ги врати своите кучиња.]]>

Луксуз на сите страни: Мелита го покажа до домот, а ова се заслужните за љубов,среќа и топлина (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/luksuz-na-site-strani-melita-go-pokaza-do-domot-a-ova-se-zasluznite-za-ljubov-srekja-i-toplina-foto/ Thu, 23 Apr 2020 08:07:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146080

Пандемијата не затвори сите дома, а тоа е една голема причина за да направиме уште повеќе да уживаме и да се полниме со позитивна енергија од просторот каде минуваме најмногу време. Особено сега, повеќе можеме да ѕирнеме во приватноста на познатите поради изолацијата од коронавирус. Токму поради големиот дел поминат во домот, Мелита Ракиќевиќ има своја девиза: -Среќен дом е дом полн со љубов, топлина и многу миленици- пишува таа за фотографиите од домот кои ги објавува. Мелита „Пет шоу“ е емисијата по која многумина ја паметат до ден денес, а нејзиното име се поврзува со телевизискиот проект и бизнисот за миленици кој го имаше. Но, ниту денес не е нешто многу поразнично, бидејќи шоуто со милениците Мелита го има дома. Луксузен мебел, интересен ентериер, но вниманието е најголемо на милениците кои дополнително го разувуваат домот, а особено ја топлат душата на газдарицата!]]>

7 совети: Како да се грижите за домашните миленици за време на пандемија https://arhiva.vistina.com.mk/7-soveti-kako-da-se-grizite-za-domashnite-milenici-za-vreme-na-pandemija/ Thu, 19 Mar 2020 12:45:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140460

Освен за животните кои се наоѓаат во зоолошките градини и имаат соодветна грижа, потребна е грижа и за домашните миленици и останатите животни. Во овие услови редовно работат ветеринарните станици, но се препорачува да бидат ограничени контактите со луѓето бидејќи тоа е клучно за забавување на ширењето на коронавирусот. На граѓаните кои имаат контакт со животни, им се советува да користат заштитни ракавици и средства за дезинфекција. Со оглед на тоа што им се случило на домашните миленици во земји кои се погодени од пандемијата на новиот вирус, свесни за моменталната состојба во земјата, им нудиме неколку совети на граѓаните за грижа за нивните домашни миленици: 1. Не се откажувајте од вашето домашно милениче Кучињата и мачките не го пренесуваат вирусот COVID – 19. Затоа, напуштањето на вашето милениче од страв дека ќе ви пренесе вирус, не е разумно. 2. Снабдете му храна за следните 2 недели Како што размислувате за набавка на храна за себе, размислете и за набавка на храна за миленичето. Нема да има недостиг на храна во продавниците, но доколку не сакате непотребно да влегувате во контакт со повеќе луѓе, чувајте неколку лименки и сува храна за вашето домашно милениче. Набавете и сè друго што му е потребно како: средство за заштита од паразити и крлежи, но исто така и кеси за измет. 3. Информирајте се за тоа која продавница за храна за миленичиња врши испорака до дома Кога немате храна и други резерви за миленичињата, нарачајте ги потребните нешта преку телефон или преку Интернет со испорака до вашиот дом. 4. Проверете ја здравствената состојба на вашето домашно милениче Доколку треба да го однесете миленичето на ветеринарен преглед или треба да се вакцинира, не одложувајте го тоа. Исконтактирајте го ветеринарот и закажете термин преку телефон, наместо да чекате во чекална. 5. При прошетка на кучето, следете ги упатствата на надлежните институции Доколку кратко го прошетате во паркот, избегнувајте да бидете премногу блиски со другите луѓе. Потребно е растојание од неколку метри, за ваша заштита и заштита на другите луѓе. 6. Понудете им помош на постарите сограѓани за прошетките на нивните кучиња Набавка на храна и лекови не е единствениот начин на кој можете да им помогнете на постарите граѓани. За некои, драгоцена помош ќе им биде и прошетката на кучето. Со доброто дело ќе го подобрите вашето здравје. Прошетката е многу здрава физичка активност. 7. Вдомете куче или мачка Периодот додека владее коронавирусот запомнете го по вклучување на нов член со четири нозе во вашиот дом. Тоа ќе ви го намали стресот и ќе ви биде одлично друштво за време на долгиот престој дома. Доколку сте од оние кои работат од дома, тогаш периодот е идеален за запознавање. Работењето од дома е добро за вас, но и за кучето или мачката што ќе го згрижите. извор:кафепауза.мк]]>