милениче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 29 Jan 2024 12:26:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png милениче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Познатите досега споделуваа лични информации за себе, а сега почнаа и за своите миленичиња: Миа Костова ги замоли сите да го направат ова  (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-dosega-spodeluvaa-lichni-informatsii-za-sebe-a-sega-pochnaa-i-za-svoite-milenichina-mia-kostova-gi-zamoli-site-da-go-napravat-ova-foto/ Mon, 29 Jan 2024 12:17:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336590

Ако досега Инстаграм на познатите инфлуенсери/ки им служеше за споделување на моменти од нивниот живот, покажувајќи со што се подновиле, каде биле на шопинг, што употребуваат за разубавување, но и да откријат што повеќе лични лични за себе, со цел да ги запознаат што подобро, сега преминаа и на своите миленичиња разоткривајќи  ги и нив. Една од нив е македонската екс ТВ водителка, а сега една од најпознатите наши инфлуенсерки, Миа Костова. Таа неодамна им се заблагодари на фановите дека е многу задоволна од бројката на прегледи кои постојано се зголемува, а така добива и се поголема мотивација за работата од која добро заработува. Миа секогаш има нешто ново да открие од нејзиниот личен живот што досега јавноста не го знае, но сега ги изненади нејзините следбеници и со нив сподели информации за нејзиното домашно милениче, кученцето Беба. Миленичето од расата малтезер често го споделува на фотографии, бидејќи го носи секаде со неа каде и да патува а сега напиша: - Ве молам направете го ова за вашето домашно милениче, па ќе можеме да прочитаме сè за нив! Па така, дознавме нешто повеќе  и за него како тоа која му е омилена храна, колку е старо и која е омилената работа што сака да ја прави, но и кој е неговиот најголем страв. - Се вика Беба, од расата малтезерка, старост е скоро 5 години, омилена човечка храна му е кашкавалче, најголем страв за  него е правосмукалката, омилено нешто му е  да трча на трева во круг и да спие цел ден, омилени играчки нема бидејќи не сфаќа за што слушат, спие каде сака, се вози во кола без проблем  и по 12 саати, и никогаш не хрчи - откри таа, а во позадина секако ја одбра најубавата фотографија од миленичето. Миа е горда на своето милениче, а сега докажа и колку го сака и ужива во негово друштво посветувајќи му се целосно и оддано, откривајќи ги неговите особини, бидејќи тоа и го разубавува животот. Фото: printskrin/instagram/miandrija]]>

Ова треба да го знаат сите кои чуваат мачка: Вашето милениче вака ви покажува најискрена љубов https://arhiva.vistina.com.mk/ova-treba-da-go-znaat-site-koi-chuvaat-machka-vasheto-mileniche-vaka-vi-pokazhuva-najiskrena-lubov/ Mon, 22 Jan 2024 13:10:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335688

Кога малите предатори го споделуваат својот плен со вас, тоа мора да е знак на љубов. Исто така, ако ви ги донесат своите играчки, тоа значи дека многу ве сакаат. Мачката ќе ви ја покаже својата љубов на свои специфични начини, како на пример да го трие лицето од вашето за да ве обележи со својот мирис, да ви го покаже стомакот и да ве стиска со шепите. Сепак, еден од најчудните начини на кои мачките го прават тоа е кога ќе ви го донесат својот плен. Многу сопственици на мачки, особено оние кои имаат пристап однадвор, наишле на ситуација кога нивната миленичка донела глушец, врапче, гуштер или слично мало животно кое успеала да го фати до нивниот праг или во куќата. Не е типично за мачките да го јадат својот улов и тоа го прават многу ретко, попрво ќе ви го донесат, без разлика дали е мртов или жив. А кога мачето гордо ќе ви го донесе својот плен, не го карајте бидејќи на тој начин таа всушност ви покажува дека ве сака и ве смета за дел од нејзиното семејство. Исто така, тоа е начинот на кој сака да ви се заблагодари што ја нахранивте. Без разлика колку се припитомени, мачките сè уште ги имаат своите ловечки инстинкти, кои се зачувани во последните неколку стотици години. Мачките се горди на своите ловечки вештини и кога ќе ви го донесат својот улов, ви носат подарок – така го толкуваат тој чин. Кога малите предатори го споделуваат својот плен со вас, тоа мора да е знак на љубов. Исто така, ако ви ги донесат своите играчки, тоа значи дека многу ве сакаат. Ако сепак сакате да го спречите вашето домашно милениче да фати птици, глувци и други мали животни и да ги внесе во вашата куќа, првото нешто што можете да направите е да ги спречите да излегуваат надвор, доколку е можно. Секогаш е побезбедно мачките да бидат внатре за да не се повредат или залутаат. Исто така, можете да и понудите на мачката некоја подвижна играчка која може да ја брка низ куќата и многу да се забавува додека го прави тоа. Ова треба да ги задоволи истражувачките и ловечките инстинкти на ова многу љубопитно и интелигентно животно.   Извор: Курир Фото: freepik]]>

Лила годината ја заврши со нова љубов и предизвици какви досега немала: „Господ напомош“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-godinata-ja-zavrshuva-so-nova-lubov-i-predizvitsi-kakvi-dosega-nemala-gospod-napomosh-foto/ Mon, 08 Jan 2024 08:00:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330450

Новогодишните елки во домот украсени, а празничниот дух се трудиме секој на свој начин да си го донесеме во домот и во срцето. Секој со своите желби за поубаво денес и утре, па здрави, живи, помудри и поискусни да преминме кон Новата 2024 година. За Лила Филиповска изминатата беше тешка, но и победничка година. Таа се избори со опаката болест, проговори јавно за се’ што доживеа од премрежјата со ракот на дојка, а откако успешно ја тргна тежината од себе, се препушти на животот каков што секогаш умеела да го живее, само овој пат уште послатко од преходно и со уште поширока насмевка за новото утре. Во своите јавни излагања за болеста спомена и дека најголемиот лек во излекувањето на тешката состојба било нејзиното домашно милениче- мачорот Рагнар. Лила тогаш прати моќна порака колку се важни домашните миленици, а во случајов мачките за луѓето и во добро, но и кога ни е најтешко. Поучена од искуство, Лила за крај на 2023 година се реши за еден важен чекор, да добие дупла доза од лекот наречен мачешка љубов. Лила се реши да вдоми уште едно маче, џинџер младо мачорче кое е во фаза кога штотуку накитената елка во домот му е најинтересна за играње. Рагнар веќе мора да направи простор од својата бележана територија, особено кај газдарицата која веќе му даде простор на новиот миленик и тоа во спалната. Портокаловиот крзнен убавец се вика Мајло и од старт е привилигиран да и спие на градите на Лила, да и преде и да и праќа позитивни вибрации. Периодот на адаптација со две мачки сигурно ќе потрае, а за згодите и незгодите од овој голем предизвик веруваме дека допрва ќе гледаме од „стори“ објавите на Лила која веќе си знае дека и треба „Господ напомош!“ фото: Instagram printskrin/ lilafilipovska]]>

„Атос е дома!“: Сара и Димитар својот миленик конечно го пронајдоа, но дали ја научија и лекцијата или кога на нивниот пес ќе му дојде потреба од кучка, неминовна е ваква случка? (ФОТО)  https://arhiva.vistina.com.mk/atos-e-doma-sara-i-dimitar-svojot-milenik-konechno-go-pronajdoa-no-dali-ja-nauchija-i-lektsijata-ili-koga-nivniot-pes-ke-mu-dojde-potreba-od-kuchka-neminovna-e-vakva-sluchka-foto/ Mon, 06 Nov 2023 10:46:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325495

Македонската харфистка и поп пејачка Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски неодамна доживејаа потполно иста ситуација како и пред три години. Тие откако го изгубија нивниот важен член од семејството, лабрадорот Атос,  по апелот за помош, тој повторно е дома, а тие возбудени и полни со неверување го пречекаа како што доликува. „Атос е дома!, Пукам од среќа. Фала најмногу на хероите што го најдоа, земаа и донесоа - напиша таа на кратките  Инстаграм приказни. По напнатата атмосфера, мистеријата повторно е решена, благодарение на соседите по еднонеделната потрага, исто како и минатиот пат. „Повратак ј*бача. Дечки, мисиров си дојде дома… односно комшиите ни го донесоа… најголемо благодарам до комшиите што го видоа и го прибраа. И неизмерно благодарам до сите вие драги пријатели што ни помогнавте и се вклучивте во потрагата“ - стоеше во заедничката објава  на пресреќните сопственици.
Коментарите кои ги добија од следбениците, каде што ја објавија најновата убава вест, беа од советувачки карактер, како на пример повторно никогаш да не го пуштаат без надзор но, имаше и такви без влакна на јазикот каде им порачаа сега да му стават ГПС. Сара тогаш за неубавата случка веднаш ги извести сите следбеници на социјалните мрежи, барајќи помош од сите оние кои  случајно  ќе го видат. Вознемиреноста од одсуството на миленичено иако беше голема и траеше долго, повторно заврши со среќен крај. Сепак дали загриженоста само ја ставија во „привремено мирување“ зашто кога Атос ќе му дојде потебата од кучка, неминовна е ваква случка или  сопствениците по двата немили настана конечно извлекоа поука, па ќе превземат навреме мерки за ова да биде последен пат нивнот пес „ненајавено да замине на пат“,  останува времето да покаже. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сара Мејс/ Димитар Атанасовски  ]]>

Галењето со вашето милениче е најдобриот лек за смирување https://arhiva.vistina.com.mk/galeneto-so-vasheto-mileniche-e-najdobriot-lek-za-smiruvane/ Tue, 24 Oct 2023 13:00:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323641

Само пет минути галење на домашно милениче ќе ве релаксира, ќе го намали нивото на стрес и ќе го подобри нашето расположението. Ова го велат истражувачите, кои дошле до заклучок дека галењето на милениче го намалува нивото на стрес кај луѓето. И животните, исто така, стануваат позадоволни и лојални, бидејќи галењето го зголемува лачењето на , „хормонот на љубовта”. -Не мора нужно да имаме сопствени миленичиња за милување, да милуваме можеме и туѓи животни,  ефектот ќе биде ист, велат научници. Извор: Курир.мк]]>

Беља во домот на Агнеса Органџиева: Русокосата инфлуенсерка побара помош, откако нејзината сродна душа одби да ја слуша и ја грабна за коса (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/belja-vo-domot-na-agnesa-organdhieva-rusokosata-influenserka-pobara-pomosh-otkako-nejzinata-srodna-dusha-odbi-da-ja-slusha-i-ja-grabna-za-kosa-foto/ Sat, 07 Oct 2023 07:24:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317082

Македонската инфлуенсерка Агнеса Органџиева, живее со двете ќерки и чува егзотичен миленик – кралски питон. Таа змијата ја чува дома во терариум веќе две години, а нејзиното име е Раја. Миленикот на Агнеса не е отровен но, но може да и направи беља како што тоа се случи сега, бидејќи повремено го вади од неговото живеалиште за да си поигра и да го погали, за  тој да не се чувствува осамен. Имено, Агнеса необичното домашно милениче овој пат го зеде во прегратката за да го помилува, снимајќи го со камерата за да го  покаже на нејзините следбеници. „Раја, мојата сродна душа“ - напиша Агнеса позирајќи гордо и задоволно, додека миленикот лазеше по нејзините гради и врат. Но, за кратко време рускосата се фати за глава од тоа што набргу ја снајде. Бидејќи кралскиот питон има многу особено однесување кога се чувствува под стрес, веројатно овој пат рептилот се почуствувал малку загрозен па, веднаш го свиткал своето тело заплеткувајки се во екстензиите на косата на Агнеса. Помошта дојде од нејзината ќерка Вивиен која веднаш почна да ја отплеткува и се обиде да ја реши ситуацијата за да ја извлече од незгода нејзината мајка, која мирно седеше и чекаше некој колку - толку  да и ја спаси грижливо негуваната коса. Ситуацијата во домот на Агнеса сепак остана под контрола и заврши среќно, бидејќи во моментот русокосата не беше сама. Што ќе се случеше да беше поинаку и дали  змијата  ќе добие казна од нејзината сопственичка, останува да видиме. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Агнеса Органџиева    ]]>

Ѕирнете во домот на Душица Јаковљевиќ: Секој детал е специјално дизајниран, а ќе се воодушевите од катчето за кучето (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zirnete-vo-domot-na-dushitsa-jakovlevik-sekoj-detal-e-spetsijalno-dizajniran-a-ke-se-voodushevite-od-katcheto-za-kucheto-foto/ Fri, 29 Sep 2023 07:16:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320333

Водителката Душица Јаковљевиќ често го споделува своето секојдневие со своите следбеници и открива како изгледа внатрешноста на станот во кој живее.
Иако е дел од светот на познатите, не се срами што се уште живее како потстанар, но тоа не ја спречува да ја уреди внатрешноста на имотот каде живее по нејзин вкус.
Кујната која има шанк е опремена со потребните апарати, а на фрижидерот има и разни магнети.
Во ходникот водителката како и секоја дама има огромно огледало во кое се фотографира пред да замине некаде, а највпечатливо е катчето  за нејзиното милениче и делот
 за јадење .
Фото: Принтскрин/Инстаграм
]]>

Викторија Лоба ги загрижи нејзините пријатели на Инстаграм: „Болничка е“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/viktorija-loba-gi-zagrizhi-nejzinite-prijateli-na-instagram-bolnichka-e-foto/ Fri, 05 May 2023 08:00:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300726

Македонската пејачка со руско потекло, Викторија Лоба,  често споделува фотографии од нејзините настапи, од  нејзиниот стил на облекување  но често покажува и докажува  дека е  и голем љубител на животните, бидејќи три години ужива во друштвото на нејзините миленичиња, кучeнцата од расата Померанец. Таа честопати од нив споделува симпатични фотографии на кои тие слатко позираат. Лоба неодамна со нив славеше и први Мај и ги прошета низ градот Охрид.
Но овој пат со нејзините следбеници и пријатели сподели дека нејзиното милениче сега е болно. Имено, Лоба објави загрижувачко видео со кое покажа и на кое лесно се забележува дека Дунче не е како што треба. Но и таа самата напиша: „Болничка е Дунче“ - стоеше на објавата на социјалната мрежа Инстаграм заедно со многу тажен и загрижувачки емотикон, со кој потврдува како се чувствува таа во овие моменти. Инаку, оваа раса на кучиња, померанец, е доста популарна периодов и нивната цена на пазарот за миленици се движи околу илјада евра. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Викторија Лоба]]>

Не станува збор за куче или мачка: Ова домашно милениче носи најголема среќа https://arhiva.vistina.com.mk/ne-stanuva-zbor-za-kuche-ili-machka-ova-domashno-mileniche-nosi-najgolema-sreka/ Mon, 24 Apr 2023 12:10:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299135

Можеби кучето и мачката се најчестите домашни миленици, но кога е во прашање среќата во домот, постои подобар избор. Во последните децении многу се зборува за фенг шуи како древна уметност, кога станува збор за украсување и внесување предмети во куќата, за кои се верува дека носат среќа, мир и богатство. А, она за што ретко се зборува, а малкумина го знаат е дека постои домашно милениче кое може да донесе неверојатна количина на добро за целото семејство. Тоа е златна рипка. Ова животно е високо ценето низ ориенталниот свет и е многу почитувано од будистите бидејќи претставува еден од светите амблеми на Буда. Па, источните земји цврсто веруваат дека семејствата кои имаат златна рипка во својот дом живеат долг и здрав живот, а Египќаните уште од античко време веруваат дека овој миленик носи среќа на целото семејство. И во Грција златната рипка е моќен симбол, а само мажените жени добиваат златна рипка како подарок за да имаат среќа во бракот и многу деца. Многумина веруваат дека златните рипки се најмоќниот талисман кој привлекува богатство. Кинезите веруваат дека златната рипка чува добра енергија во куќата, без која според нивното верување нема мир, благосостојба и пари во ниту еден дом. Извор: Курир.мк]]>

Водителката ја врати насмевската на лицето: Николина Пишек го покажа новиот член на семејството (фото + видео) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelkata-ja-vrati-nasmevskata-na-litseto-nikolina-pishek-go-pokazha-noviot-chlen-na-semejstvoto-foto-video/ Thu, 13 Apr 2023 08:01:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298078

Тешките денови кои започнаа минатата година кога почина нејзиниот сопруг Видое Ристовиќ, сега се малку подобри за Николина Пишек, која овој пат го покажа новиот член на семејството. Николина денеска објави фотографија и видео со својот миленик, мало куче кое силно го прегрна и напиша дека е нов член на семејството: - Нов член на семејството. Неверојатно слатко и исто толку опасно за секој чевел што ќе му се најде на патот. Притоа докторирал бегање во соседните дворови и шармантност на сите присутни. Гарантирам дека не сте виделе некој кој може да заспие побрзо и подлабоко на неверојатни места. Јаде се што не е побрзо од него, а ги нема многу. Брзо расте, сега е поголем - напишала Николина која уживала да се смее на својот нов миленик.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Пишек неодамна откри како се чувствувала спокојно додека нејзиниот сопруг бил жив и како се се променило со неговата смрт: - Оваа ситуација ме научи многу. Можеби бев повеќе склон да ја ставам главата во песок, да ја следам линијата на најмал отпор, да живеам во зоната на удобност кога е работата во прашање. Одбив многу понуди, навистина не морав да работам. Имено, јас и мојот сопруг се договоривме повеќе да се занимавам со детето, семејството и организацијата на преселувањето. Не сакавме нашето дете да го одгледуваат дадилки, а бидејќи Видоје работеше многу, јас бев таму за нашата ќерка. Тоа беше нашиот договор, кој, за жал, се покажа како меч со две острици - изјави таа за „Љубавиздравље.хр.“ Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>