миле кузамновски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 13 Mar 2020 08:14:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png миле кузамновски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Емотивна исповед на Миле Кузмановски: „Јасмина ме освои со прифаќањето на Јана и Ана“ https://arhiva.vistina.com.mk/emotivna-ispoved-na-mile-kuzmanovski-jasmina-me-osvoi-so-prifakjanjeto-na-jana-i-ana/ Fri, 13 Mar 2020 08:14:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139181

Пејачот Миле Кузмановски во интервју за „Бекстејџ“ си ја отвори душата за својата почината сопруга Верче, за ќерките, но и за втората сопруга Јасмина. Имено, во 2012 сопругата на Миле Кузмановски по тешко боледување почина од рак, а пејачот остана сам со двете ќерки Јана и Ана. „Нормално е еден период да те фати онаква криза затоа што некако се тоа го поднесов на нога, тој период го поминував заедно со сопругата Верче и еден период реков дека ќе направам пауза од песната, од мојата работа. Но, кога ќе сфатиш дека мораш да живееш понатаму, да заработиш и да донесеш дома, а веќе си дошол на едно ниво каде тешко се стасува, а уште потешко се одржува, ќе беше жално да го оставам микрофонот“ вели Кузмановски за Бекстејџ и додава: „Моите соработници направија песни. Некако продолжив да пеам“ вели пејачот кој песната „Роман“ и албумот „Крал без круна“ ја посвети на неговата почината сопруга. Меѓутоа, по шест години од смртта на првата сопруга, фолк пејачот повторно се ожени и со сегашната сопруга Jасмина ја има двегодишната ќерка Ева. Тој откри со што Јасмина го освоила. „Со спонтаноста, добрината, разговорот, прифаќањето на Ана и Јана и затоа производ на таа љубов е ќерката Ева која по дома е една играчка за сите и е златно дете, но навистина е едно специфично дете, па кога си нервозен и тажен ќе те омекне како памук. Животот сега доби една друга димензија, се е хаотично, но е интересно“ вели Кузмановски за Бекстејџ. Фолк легендата откри и како е да се справува со четири жени по дома. „Ана и Јана веќе се тинејџерки, учат средно училиште на медицина. Тие имаат едни барања, малата има други барања, Јасе има други барања. Мислам дека некако се баланираме“ вели пејачот.  ]]>