миле бузалевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 May 2020 11:35:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png миле бузалевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сите имаа првомајски викенд, а Миле Бузалевски и Ула од „Преспав“ имаа „викенд на мртовци“: Џамбазов на Тијана и најде совршена локација во Дојран, ама не за викендичка (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/site-imaa-prvomajkski-vikend-a-mile-buzalevski-i-ula-od-prespav-imaa-vikend-na-mrtovci-dzambazov-na-tijana-i-najde-sovrshena-lokacija-vo-dojran-ama-ne-za-vikendichka-video/ Mon, 04 May 2020 06:56:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=147660

Годинава, заради корона пандемијата, 1-ви Мај го славевме поинаку од вообичаените излети, пикници, скара... До душа малкумина тоа сепак го направија во природа, а повеќето скара вртеа на својата или викендичката кај пријателите, во својот домашен двор, на терасата или балконот од станот... Како и да е, сите имавме каков -таков првомајски викенд, и тоа продолжен, карантински! Кога сме кај природата и викендичките, Игор Џамбазов оддамна е дислоциран надвор од Скопје. Со специјална дозвола за престој, шоуменот е привремено преселен во Дојран, чиј градоначалник скопјани и сите други кои не се жители на неговата општина, не ги прима на подолг престој во градот крај најмалото македонско природно езеро. За да ја разбие здодевноста, Џамбазов секојдневно си наоѓа некаква забава, а дел од најинтересните моменти редовно ги споделува на социјалните мрежи со своите следбеници и обожаватели, а и со целиот македонски народ. Првомајскиот викенд вака или онака мин,  преку ден со скара и пијачка, а навечер... се' и сешто, најмногу вртење канали по телевизија. МРТ во својот редовен термин меѓу 20 и 21 часот ги емитува репризите на старите епизоди на хумотистичниот ситком серијал  од пансионот „Преспав“, па за првомајскиот викенд беше емитувана и епизодата насловена „Гробно место“, каде главен лик беше Тијана Дапчевиќ, односно загрижената газдарицата Ула, која сакаше да си се обезбеди себе си и својот Коста, за не дај Боже... со убава локација за „живот после смртта“! И додека, Ула, Коста и останатите го „бараа чарето“, чичо Миле Први Бузалевски, т.е. Игор Џамбазов директно од Стар Дојран и упати видео порака на неговата „Преспав“ снашка Ула, односно Тијана,  со совршено решение за нејзиниот животен проблем, поврзан со „вечниот живот“ после животот. Имено, тој и порача дека за неа има совршена локација... „И нашол гробно место како од бајките. Со поглед на (ј)езеро... Да ти е ќеф да умреш“ - како што напишал Џамбазов во описот на видеото со црн хумор. И додека сите имаа првомајски карантински скара викенд,  Миле Бузалевски и Ула од „Преспав“ имаа првомајски... „викенд на мртовци“! Погледнете ја видеопораката на Миле до Ула, односно на Џамбазов до Тијана:
 
View this post on Instagram
 
Да ти е ќеф да умреш... Са погледом на језеро. @tijana.dapcevic @pansionprespav

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

]]>

Еве кој е новиот сопственик на „Преспав“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-koj-e-noviot-sopstvenik-na-prespav-video/ Wed, 25 Dec 2019 07:33:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125766

Неодамна на првиот канал на МРТ започна да се емитува четвртата сезона од серијата „Преспав“, а веќе во пансионот владее позитивно лудило. Уште на почетокот, Преспавци успеа да ја насмејат публиката и да го задржат нејзиното внимание, а веќе со нетрпение се очекува следната епизода. Во третата епизода наречена „Цимерки“, Јелена од Драчево доби нова цимерка Исаура која дојде да им го „поремети“ мирот и редот на станарите во Преспав. Исто така се бираше и новиот сопственик на „Преспав“, како и членовите на новиот одбор. Имено, новиот газда на „Преспав“ е Миле Бузалевски. Улога на Миле ја игра македонскиот актер Игор Џамбзов кој во четвртата сезона ќе биде главниот раководител на пансионот.  Како Миле како сопственик ќе се снајде со сите згоди и незгоди останува да видиме. Во продолжение погледнете ја епизодата. За потсетување, со продуцирање на новите 20 епизоди од четвртата сезона, „Преспав“ ќе одбележи јубилеј – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор.]]>

Уште една позната личност „спроведена“ со качулка на глава: Секоја сличност е случајна… само, споредбата е намерна! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ushte-edna-poznata-lichnost-sprovedena-so-kachulka-na-glava-sekoja-slichnost-e-sluchajna-samo-sporedbata-e-namerna-foto/ Thu, 21 Nov 2019 08:28:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=119689

Ова стана навика... Море каква навика, пракса стана... Да спроведуваат мистериозни ликови, или поточно познати лица, на кои лицето не им се гледа.  Да не може човаек да ги идентификува. „Забулени“ од глава до петици, покриени од глуждови до лисици! По неа, ете го и него. Судено му било да го „спроведат“ директно таму каде што треба. А сите го знаат како голем Македонец! Патриот... И тоа уште од дете, кога како партизнаско курирче го „поткопуваше“ фашистичкиот окупатор! Херој на нашето време тогаш, а Бога ми и денес!  Зашто и денес ликот му таков, патриотски... Ликот што го толкува, де... Овој најновиот во најгледаната домашна ТВ серија во последно време или што би рекле по странски: „ТВ ситком“ ! Епа токму него, бате Миле Бузалевски... од „Преспав“. Го фатија и го „спроведоа“ директно на снимање. И тоа никој да не го препознае, иако со гордо крената глава, сепак со качулка преку неа го пикнаа во студиото, божем е државен непријател број еден, арамија и рекетар, како некои... А не е, ама... Ама затоа пак, ниту тој  не остана имун на „политичко-судскиот циркуз“ што ни се случува, па Игор Џамбазов реши да се солидазира со народот, на себесвојтвен и оригинален начин. Колку да покаже дека срамот ништо не ќе може да го скрие и покрие, па симболиката на „криминалот и лажниот морал“ ја сподели преку фотографија на својот Инстаграм профил. Притоа, секоја сличност е случајна... Само споредбата е... намерна!      ]]>