милчо манчевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 18 Aug 2023 07:41:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png милчо манчевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Доминација на црвен килим на Сараевски филмски фестивал: Ана Стојановска го носеше најсексапилниот фустан од кој погледот кон неа останува фиксиран (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dominatsija-na-tsrven-kilim-na-saraevski-filmski-festival-ana-stojanovska-go-noseshe-najseksapilniot-fustan-od-koj-pogledot-kon-nea-ostanuva-fiksiran-foto/ Fri, 18 Aug 2023 07:41:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314204

Најновото дело на Милчо Манчевски, филмот „Кајмак“, беше прикажан на 29. Сараевски филм фестивал во програмата „Open Air“, каде што ќе присуствува и дел филмската екипа. Ана Стојановска која е препознатлива по филмовите на Манчевски и актуелна по последниот, „Кајмак“, беше меѓу глумиците што го привлекоа вниманието на црвениот килим на сараевскиот фислмски фестивал. Ана едноставно кажано доминираше со својот минималистички, но ултра впечатлив стајлинг. Таа избрала црн асиметричен фустан со топ од горниот дел и длабок пресек кај струкот и колговите, што дополнително ја нагласи нејзината вита става. Ана чекореше заедно со режисерот Милчо и колегата Филип Трајковиќ, движејќи се меѓу нив како божица кон која погледот се фиксира. Ана на секоја од премиерите на „Кајмак“ знае модно да издоминира играјќи на карта на провокација, но сосема умерана и соодветна на нејзиниот темперамент и приликата каде се појавува. Актерката периодов е доста ангажирана и за емисијата „Во радиус“ заедно со колегата Дритон Вејсели, а се прикажува на МТВ. Во однос на „Кајмак“ наскоро ќе има и американската премиера, во рамки на 33-тиот фестивал „Синеквест“ во Калифорнија од 15 до 30 август. Се работи за еден од најголемите независни фестивали на американскиот континент. До крајот на август и почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште четири фестивали. фото:Инстаграм принтскрин/Ана Стојановска

Повеќе на vistina.mk]]>

Најновото дело на Милчо Манчевски, филмот „Кајмак“, беше прикажан на 29. Сараевски филм фестивал во програмата „Open Air“, каде што ќе присуствува и дел филмската екипа. Ана Стојановска која е препознатлива по филмовите на Манчевски и актуелна по последниот, „Кајмак“, беше меѓу глумиците што го привлекоа вниманието на црвениот килим на сараевскиот фислмски фестивал. Ана едноставно кажано доминираше со својот минималистички, но ултра впечатлив стајлинг. Таа избрала црн асиметричен фустан со топ од горниот дел и длабок пресек кај струкот и колговите, што дополнително ја нагласи нејзината вита става. Ана чекореше заедно со режисерот Милчо и колегата Филип Трајковиќ, движејќи се меѓу нив како божица кон која погледот се фиксира. Ана на секоја од премиерите на „Кајмак“ знае модно да издоминира играјќи на карта на провокација, но сосема умерана и соодветна на нејзиниот темперамент и приликата каде се појавува. Актерката периодов е доста ангажирана и за емисијата „Во радиус“ заедно со колегата Дритон Вејсели, а се прикажува на МТВ. Во однос на „Кајмак“ наскоро ќе има и американската премиера, во рамки на 33-тиот фестивал „Синеквест“ во Калифорнија од 15 до 30 август. Се работи за еден од најголемите независни фестивали на американскиот континент. До крајот на август и почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште четири фестивали. фото:Инстаграм принтскрин/Ана Стојановска]]>
Премиера на „Кајмак“ и ретроспектива на Манчевски на „Софија филм фест“ https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-kajmak-i-retrospektiva-na-manchevski-na-sofija-film-fest/ Fri, 17 Mar 2023 11:31:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293900

Интернационалниот филмски фестивал во Софија претставува целосна ретроспектива на творештвото на македонски режисер Милчо Манчевски – неговите седум долгометражни филма и две од краткометражните дела. Ова ќе биде бугарска премиера на неговиот најнов филм, „Кајмак“. „Ретроспектива на целосното творештво е едно од оние специјални задоволства – гледаш каде ти оди гласот. Го поминуваш животот правејќи уметност, се внесуваш и жртвуваш и убаво ти е; и гледаш дека има луѓе што тоа го следат, твојата уметност ги радува, им значи, им влијае на тоа како размислуваат“. Милчо Манчевски е еден од ретките македонски режисери кој ја имал честа да бидат организирани десетина меѓународни ретроспективи на неговиот опус досега. Манчевски ја има и честа да биде претседател на главното жири на 27. издание на фестивалот, кој се отвори синоќа и ќе трае до 31 март. „Во последните неколку децении ‘Софија филм фест’ ѝ ги претставува на домашната публика делата на Манчевски, кои имаат извонредно влијание, демонстрираат мајсторско чувство за пресоздавање психолошки портрети и стануваат омилени на публиката. Годинава, одлучивме за овој режисер од светски ранг да ги претставиме ретроспективно неговите филмови“, соопшти Фестивалот. Ќе бидат прикажани „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“, „Четврток“ и „Крајот на времето“. Сите филмови се добитници на фестивалски и други меѓународни награди. Проекцијата на „Кајмак“ е на 18 март, а ќе присуствуваат и режисерот и дел од актерката екипа. Манчевски последен пат гостуваше во Софија во 2020 за да го претстави „Врба“, кога доби и специјална награда на фестивалот. Жирито предводено од Манчевски треба да го избере добитникот на главната награда на Фестивалот од 12 номинирани филма, а ќе бидат доделени и награди за најдобар балкански филм, за документарен филм, за бугарски краткометражен филм и за најдобар филм на младински теми. Главно мото на годишното издание на СФФ е зелената идеја за справување со климатските промени и заложбите за зголемување на белите дробови на планетата Земја. СФФ ќе има свои изданија и во Пловдив од 17 март до 2 април, во Варна од 24 март до 2 април и во Бургас од 30 март до 7 април. На почетокот на месецот „Кајмак“ ја освои специјалната награда на жирито во престижната програма Недела на режисерите на фестивалот „Фантаспорто“ во Порто, Португалија, а магазинот „Лаксанте“ го оцени филмот со четири ѕвезди и напиша: „Манчевски повторно создава моменти на голема емоционална и скулптурална убавина, со прекрасна фотографија, која успева да го одржи формалното единство, без оглед на тоа дали влијае во комичниот или во драмскиот регистар. Резултатот е екстремно хуман и прекрасен филм, ама истовремено и филм што е искрен и суров. Уште еден пример за големината на кинематографијата на Милчо Манчевски“. Во исто време „Кајмак“ беше прикажан и на „Фест“ во Белград, каде што сите три проекции беа однапред распродени, а актерката екипа од филмот, која присуствуваше на премиерата, доживеа огромен аплауз. „Кајмак“ е седми филм на Манчевски и е црна комедија и критика на малограѓанскиот морал и на илибералните тенденции во општеството. Беше најгледан филм во Македонија во 2022, а светската премиера ја имаше на филмскиот фестивал во Токио. „Кајмак“ е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција во соработка со МРТ, а поддржана од „Еуримаж“. Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Продуцент е Јане Ќортошев, директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, монтажер Емил Нунинга, музиката е на „Дејниш стринг квартет“ и Игор Василев-Новоградска, кастингот е на Милка Анчевска, а маската на Марио Микисанти. Извор: Макфакс

Повеќе на vistina.mk]]>

Интернационалниот филмски фестивал во Софија претставува целосна ретроспектива на творештвото на македонски режисер Милчо Манчевски – неговите седум долгометражни филма и две од краткометражните дела. Ова ќе биде бугарска премиера на неговиот најнов филм, „Кајмак“. „Ретроспектива на целосното творештво е едно од оние специјални задоволства – гледаш каде ти оди гласот. Го поминуваш животот правејќи уметност, се внесуваш и жртвуваш и убаво ти е; и гледаш дека има луѓе што тоа го следат, твојата уметност ги радува, им значи, им влијае на тоа како размислуваат“. Милчо Манчевски е еден од ретките македонски режисери кој ја имал честа да бидат организирани десетина меѓународни ретроспективи на неговиот опус досега. Манчевски ја има и честа да биде претседател на главното жири на 27. издание на фестивалот, кој се отвори синоќа и ќе трае до 31 март. „Во последните неколку децении ‘Софија филм фест’ ѝ ги претставува на домашната публика делата на Манчевски, кои имаат извонредно влијание, демонстрираат мајсторско чувство за пресоздавање психолошки портрети и стануваат омилени на публиката. Годинава, одлучивме за овој режисер од светски ранг да ги претставиме ретроспективно неговите филмови“, соопшти Фестивалот. Ќе бидат прикажани „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“, „Четврток“ и „Крајот на времето“. Сите филмови се добитници на фестивалски и други меѓународни награди. Проекцијата на „Кајмак“ е на 18 март, а ќе присуствуваат и режисерот и дел од актерката екипа. Манчевски последен пат гостуваше во Софија во 2020 за да го претстави „Врба“, кога доби и специјална награда на фестивалот. Жирито предводено од Манчевски треба да го избере добитникот на главната награда на Фестивалот од 12 номинирани филма, а ќе бидат доделени и награди за најдобар балкански филм, за документарен филм, за бугарски краткометражен филм и за најдобар филм на младински теми. Главно мото на годишното издание на СФФ е зелената идеја за справување со климатските промени и заложбите за зголемување на белите дробови на планетата Земја. СФФ ќе има свои изданија и во Пловдив од 17 март до 2 април, во Варна од 24 март до 2 април и во Бургас од 30 март до 7 април. На почетокот на месецот „Кајмак“ ја освои специјалната награда на жирито во престижната програма Недела на режисерите на фестивалот „Фантаспорто“ во Порто, Португалија, а магазинот „Лаксанте“ го оцени филмот со четири ѕвезди и напиша: „Манчевски повторно создава моменти на голема емоционална и скулптурална убавина, со прекрасна фотографија, која успева да го одржи формалното единство, без оглед на тоа дали влијае во комичниот или во драмскиот регистар. Резултатот е екстремно хуман и прекрасен филм, ама истовремено и филм што е искрен и суров. Уште еден пример за големината на кинематографијата на Милчо Манчевски“. Во исто време „Кајмак“ беше прикажан и на „Фест“ во Белград, каде што сите три проекции беа однапред распродени, а актерката екипа од филмот, која присуствуваше на премиерата, доживеа огромен аплауз. „Кајмак“ е седми филм на Манчевски и е црна комедија и критика на малограѓанскиот морал и на илибералните тенденции во општеството. Беше најгледан филм во Македонија во 2022, а светската премиера ја имаше на филмскиот фестивал во Токио. „Кајмак“ е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција во соработка со МРТ, а поддржана од „Еуримаж“. Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Продуцент е Јане Ќортошев, директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, монтажер Емил Нунинга, музиката е на „Дејниш стринг квартет“ и Игор Василев-Новоградска, кастингот е на Милка Анчевска, а маската на Марио Микисанти. Извор: Макфакс]]>
„Кајмак“ на Милчо Манчевски од 17 ноември премиерно во целата држава https://arhiva.vistina.com.mk/kajmak-na-milcho-manchevski-od-17-noemvri-premierno-vo-celata-drzava/ Mon, 14 Nov 2022 12:49:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275733

На големата сцена во Македонската филхармонија на 16 ноември во 20 часот ќе се одржи гала премиера на филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски. Веќе следниот ден премиерно ќе почне да се прикажува во речиси 30 градови низ земјава. „Кајмак“ минатиот месец имаше светска премиера во Токио, а потоа се прикажуваше и во рамките на Филмскиот фестивал „Златен коњ“ во Тајпеј. Во филмот играат Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други. Македонски продуцент е „Банана филм“. Продуцентот Јане Ќортошев на денешната прес-конференција по повод премиера на филмот, посочи дека направиле напори „Кајмак“ да игра во секое кино во целата држава, каде што за тоа има техничка можност. – Секаде каде што имаше мало, големо проекторче или вистински проектор како за на кино, таму ќе може да се погледне „Кајмак“. Од Скопје до Гевгелија, од Тетово, Гостивар, до Штип, Радовиш, Свети Николе, Богданци, Македонска Каменица, Прилеп.., буквално во цела Македонија. Истото го направивме и со „Врба“ и тоа е она што треба да се направи кога станува збор за македонски филм, рече Ќортошев. Режисерот и продуцент Милчо Манчевски на прес-конференцијата напомена дека успеале да реализираат филмот премиерно да се прикажува во исто време во целата држава. Тој се надева дека на луѓето ќе им значи филмот, потенцирајќи дека не мора да го сакаат филмот, туку доволно е само да ги „разбуди“. – Важно е да и дадеме на публиката можност да го види филмот, затоа што во крајна линија луѓето платиле филмот да се направи. Целта е да создадеш нешто убаво што ќе го оплемени човекот, ќе го натера да размисли малку, да има побогати емоции, барем во моментот додека го гледа филмот, рече режисерот. Според Манчевски, секое добро уметничко дело ја кани публиката да го гледа светот, барем на кратко, со поинакви очи. – Така и „Кајмак“ ја кани публиката не само да го види светот со поинакви очи, туку да не суди. Наместо тоа, да сочувствува со ликовите, иако сите тие во исто време се и жртви и душмани, појасни режисерот. Актерката Ана Стојановска, која го игра ликот на Виолетка, рече дека премиерата во Токио било одлично искуство. – Црвениот тепих во Токио сам по себе беше возбудлив. Филмот по се изгледа им се допадна многу на Јапонците, но и за мене и Сара, бидејќи таму првпат го гледавме филмот. Го забележавме суптилното смеење на Јапонците за време на гледањето на филмот. Толку им се допадна филмот, што не следеа целиот кварт подолу по премиерата, за да може да се сликаат со нас, додаде Стојановска. Актерот Александар Микиќ, кој го игра ликот на Карамба, рече дека тоа е прекрасно напишан лик во кој може да се пронајдат многумина. – Голем предизвик беше за мене да го играм ликот на Карамба, но од друга страна ми беше и лесно, затоа што е предобро напишан. Со Милчо се „кликнавме“ заедно уште на пробите, се надополнувавме и го градевме ликот заедно цело време. Инаку, Карамба постои. Не како конкретен човек, туку во однос на тоа дека многу луѓе можат да се пронајдат во него, објасни Микиќ на прес-конференцијата. Според актерката Камка Тоциновски, која го игра ликот на Ева, токму овој лик е тој што излегува од своја оска и го губи правецот. – Ева излегува од своја оска и го губи правецот. Ако знаеме дека среќата е некакво внатрешно чувство, тогаш Ева можеби и би можела да биде среќна, само таа едноставно нема време за тоа, објасни актерката Тоциновски. Актерката Сара Климоска, која го толкува ликот на Тоста, на прашање зошто овој лик секогаш е на дното во општеството, објасни дека тоа е затоа што Тоста никогаш во животот немала можност да покаже своја волја. – Тоста никогаш во животот немала можност да покаже своја волја, своја желба или своја пасија. Таа прифатила дека едноставно таков е животот, другите ќе одлучуваат за неа. Во првиот момент кога сфаќа дека може да ги земе работите во свои раце и дека може сама да одлучува, го користи тоа максимално, вели Климоска. „Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода. фото:МИА

Повеќе на vistina.mk]]>

На големата сцена во Македонската филхармонија на 16 ноември во 20 часот ќе се одржи гала премиера на филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски. Веќе следниот ден премиерно ќе почне да се прикажува во речиси 30 градови низ земјава. „Кајмак“ минатиот месец имаше светска премиера во Токио, а потоа се прикажуваше и во рамките на Филмскиот фестивал „Златен коњ“ во Тајпеј. Во филмот играат Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други. Македонски продуцент е „Банана филм“. Продуцентот Јане Ќортошев на денешната прес-конференција по повод премиера на филмот, посочи дека направиле напори „Кајмак“ да игра во секое кино во целата држава, каде што за тоа има техничка можност. – Секаде каде што имаше мало, големо проекторче или вистински проектор како за на кино, таму ќе може да се погледне „Кајмак“. Од Скопје до Гевгелија, од Тетово, Гостивар, до Штип, Радовиш, Свети Николе, Богданци, Македонска Каменица, Прилеп.., буквално во цела Македонија. Истото го направивме и со „Врба“ и тоа е она што треба да се направи кога станува збор за македонски филм, рече Ќортошев. Режисерот и продуцент Милчо Манчевски на прес-конференцијата напомена дека успеале да реализираат филмот премиерно да се прикажува во исто време во целата држава. Тој се надева дека на луѓето ќе им значи филмот, потенцирајќи дека не мора да го сакаат филмот, туку доволно е само да ги „разбуди“. – Важно е да и дадеме на публиката можност да го види филмот, затоа што во крајна линија луѓето платиле филмот да се направи. Целта е да создадеш нешто убаво што ќе го оплемени човекот, ќе го натера да размисли малку, да има побогати емоции, барем во моментот додека го гледа филмот, рече режисерот. Според Манчевски, секое добро уметничко дело ја кани публиката да го гледа светот, барем на кратко, со поинакви очи. – Така и „Кајмак“ ја кани публиката не само да го види светот со поинакви очи, туку да не суди. Наместо тоа, да сочувствува со ликовите, иако сите тие во исто време се и жртви и душмани, појасни режисерот. Актерката Ана Стојановска, која го игра ликот на Виолетка, рече дека премиерата во Токио било одлично искуство. – Црвениот тепих во Токио сам по себе беше возбудлив. Филмот по се изгледа им се допадна многу на Јапонците, но и за мене и Сара, бидејќи таму првпат го гледавме филмот. Го забележавме суптилното смеење на Јапонците за време на гледањето на филмот. Толку им се допадна филмот, што не следеа целиот кварт подолу по премиерата, за да може да се сликаат со нас, додаде Стојановска. Актерот Александар Микиќ, кој го игра ликот на Карамба, рече дека тоа е прекрасно напишан лик во кој може да се пронајдат многумина. – Голем предизвик беше за мене да го играм ликот на Карамба, но од друга страна ми беше и лесно, затоа што е предобро напишан. Со Милчо се „кликнавме“ заедно уште на пробите, се надополнувавме и го градевме ликот заедно цело време. Инаку, Карамба постои. Не како конкретен човек, туку во однос на тоа дека многу луѓе можат да се пронајдат во него, објасни Микиќ на прес-конференцијата. Според актерката Камка Тоциновски, која го игра ликот на Ева, токму овој лик е тој што излегува од своја оска и го губи правецот. – Ева излегува од своја оска и го губи правецот. Ако знаеме дека среќата е некакво внатрешно чувство, тогаш Ева можеби и би можела да биде среќна, само таа едноставно нема време за тоа, објасни актерката Тоциновски. Актерката Сара Климоска, која го толкува ликот на Тоста, на прашање зошто овој лик секогаш е на дното во општеството, објасни дека тоа е затоа што Тоста никогаш во животот немала можност да покаже своја волја. – Тоста никогаш во животот немала можност да покаже своја волја, своја желба или своја пасија. Таа прифатила дека едноставно таков е животот, другите ќе одлучуваат за неа. Во првиот момент кога сфаќа дека може да ги земе работите во свои раце и дека може сама да одлучува, го користи тоа максимално, вели Климоска. „Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода. фото:МИА]]>
Премиера на „Кајмак“ пред охридската публика на 17 ноември https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-kajmak-pred-ohridskata-publika-na-17-noemvri/ Fri, 11 Nov 2022 13:43:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275551

На 17-ти ноември, 2022 г. (четврток), во големата сала на НУ Центар за култура ,,Григор Прличев“-Охрид, своја премиера пред охридската публика ќе има најновиот филм „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски.
„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода, пишува во најавата на Центарот за култура-Охрид.
Во филмот играат глумците Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други. Почеток 20.00 часот, карти по цена од 150 денари.

Повеќе на vistina.mk]]>

На 17-ти ноември, 2022 г. (четврток), во големата сала на НУ Центар за култура ,,Григор Прличев“-Охрид, своја премиера пред охридската публика ќе има најновиот филм „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски.
„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода, пишува во најавата на Центарот за култура-Охрид.
Во филмот играат глумците Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други. Почеток 20.00 часот, карти по цена од 150 денари.]]>
Изложба на фотографии на Милчо Манчевски во МСУ – Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-na-fotografii-na-milcho-manchevski-vo-msu-skopje/ Thu, 01 Oct 2020 13:32:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169530

Познатиот македонски филмски режисер Милчо Манчевски, подготви изложба на фотографии насловена „Таму“. Изложбата ќе биде отворена вечер, 1 ноември 2020 г. во 20 часот во Музејот на современата уметност – Скопје.  На истиот настан притоа ќе биде промовирана и книга фотографии под ист наслов, на издавачката куќа „Антолог“. Во книгата и изложбата се избрани 88 колор фотографии, создавани во период од десет години по улиците на Индија, Њујорк, Виетнам, Русија, Македонија, Тајван, Куба, Турција, Црна Гора, Тексас итн.
Сан Антонио де лос Бањос, Куба автор: Милчо Манчевски
„Ги сликам оние моменти што улицата и луѓето ги нудат. Јас сум тука да им бидам на услуга, и да ги артикулирам визуелно. Мигот станува вечност поради уметничката обработка – композицијата, боите, тактилноста… Немам агенда, едноставно го земам фотоапаратот секој ден и шпартам по улиците, каде и да сум во светот. Фотографијата се слика со затворена уста – не мораш ништо да објаснуваш“, вели Манчевски.
автор: Милчо Манчевски
Изложбата „Таму“ го надградува и го проширува досегашниот опус на фотографски дела на Манчевски, „Улица“ и „Пет капки сон“ кои исто така беа изложени во МСУ, а потоа патуваа во Њујорк, Шангај, Москва, Стокхолм, Софија, Италија, Франција, Доминиканската Република, Србија, Грција, Хрватска итн. Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија како дел од Годишната програма за 2020 година на музејот, а отворањето на изложбата ќе се одвива според протоколите пропишани за организација на јавни настани во услови на пандемија.

Повеќе на vistina.mk]]>

Познатиот македонски филмски режисер Милчо Манчевски, подготви изложба на фотографии насловена „Таму“. Изложбата ќе биде отворена вечер, 1 ноември 2020 г. во 20 часот во Музејот на современата уметност – Скопје.  На истиот настан притоа ќе биде промовирана и книга фотографии под ист наслов, на издавачката куќа „Антолог“. Во книгата и изложбата се избрани 88 колор фотографии, создавани во период од десет години по улиците на Индија, Њујорк, Виетнам, Русија, Македонија, Тајван, Куба, Турција, Црна Гора, Тексас итн.
Сан Антонио де лос Бањос, Куба автор: Милчо Манчевски
„Ги сликам оние моменти што улицата и луѓето ги нудат. Јас сум тука да им бидам на услуга, и да ги артикулирам визуелно. Мигот станува вечност поради уметничката обработка – композицијата, боите, тактилноста… Немам агенда, едноставно го земам фотоапаратот секој ден и шпартам по улиците, каде и да сум во светот. Фотографијата се слика со затворена уста – не мораш ништо да објаснуваш“, вели Манчевски.
автор: Милчо Манчевски
Изложбата „Таму“ го надградува и го проширува досегашниот опус на фотографски дела на Манчевски, „Улица“ и „Пет капки сон“ кои исто така беа изложени во МСУ, а потоа патуваа во Њујорк, Шангај, Москва, Стокхолм, Софија, Италија, Франција, Доминиканската Република, Србија, Грција, Хрватска итн. Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија како дел од Годишната програма за 2020 година на музејот, а отворањето на изложбата ќе се одвива според протоколите пропишани за организација на јавни настани во услови на пандемија.]]>
Моќна, евокативна и прекрасно одглумена драма на Милчо Манчевски, пишува „Варајати“ за „Врба“ https://arhiva.vistina.com.mk/mokjna-evokativna-i-prekrasno-odglumena-drama-na-milcho-manchevski-pishuva-varajati-za-vrba/ Mon, 24 Aug 2020 11:40:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164548

Американскиот магазин „Варајати“ објави реценција за филмот на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Врба“. Во рецензијата филмот се опишува како „три приказни за македонско мајчинство кои одекнуваат низ вековите во моќната, евокативна и прекрасно одглумена драма на Милчо Манчевски.“ Според филмската критичарка Џесика Кианг, Манчевски носи филигрански опсервирани хумор и трогателност и во значајни и во прозаични случки. Во текстот во „Варајати“ за „Врба“ се вели дека жените во овој филм не се стари баби, но нивните приказни имаат чувство на нешто народно – дури и оние две од трите што се случуваат во денешно време. -Користејќи трипартитна структура која го привлекуваше режисерот и во минатото, особено во неговото деби од 1994 „Пред дождот“, филм кој беше номиниран за Оскар и победи во Венеција, Манчевски извлекува три извонредни женски актерски остварувања од неговите главни актерки, од кои секоја ја тера својата сопствена приказна за маките, кривиците и огромните жртви на мајчинството. Често трагична, често сурова, „Врба“, видена низ милозливата, озарена камера на директорот на фотографија Тамаш Добош, сепак задржува леснотија и енергија која на крајот успева да биде оптимистичка – не толку приказна за жалоста на врбата колку за нејзината способност да се извиткува со небаре бескрајна флексибилност без да се скрши, се наведува во рецензијата на „Варајати“. Во рецензијата се дополнува дека „Врба“ не е филм на линеарна логика, туку на алузии и асонанци, на еха и одгласи. -Но, „Врба“ не е филм на линеарна логика, туку на алузии и асонанци, на еха и одгласи. Можеби приказната на Донка е коренот, на Родна стеблото, а на Катерина гранката, а елегантното, надежно огледување на почетокот и крајот – едно дете се губи, друго дете е пронајдено – е едноставно виткањето на ова особено дрво кое несвесно му се поклонува на своето потекло закопано длабоко во земјата на некое дамнешно минато, се вели во рецензијата на „Варајати“. По минатонеделното прикажување на Сараевскиот филмски фестивал, нареднава недела „Врба“ ќе ја има и кинеската премиера, во престижната конкуренција за награди на Филмскиот фестивал во Пекинг, а организаторите велат дека сите проекции на филмот се однапред распродадени. Во октомври следи шпанската премиера на фестивалот во Валенсија.

Повеќе на vistina.mk]]>

Американскиот магазин „Варајати“ објави реценција за филмот на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Врба“. Во рецензијата филмот се опишува како „три приказни за македонско мајчинство кои одекнуваат низ вековите во моќната, евокативна и прекрасно одглумена драма на Милчо Манчевски.“ Според филмската критичарка Џесика Кианг, Манчевски носи филигрански опсервирани хумор и трогателност и во значајни и во прозаични случки. Во текстот во „Варајати“ за „Врба“ се вели дека жените во овој филм не се стари баби, но нивните приказни имаат чувство на нешто народно – дури и оние две од трите што се случуваат во денешно време. -Користејќи трипартитна структура која го привлекуваше режисерот и во минатото, особено во неговото деби од 1994 „Пред дождот“, филм кој беше номиниран за Оскар и победи во Венеција, Манчевски извлекува три извонредни женски актерски остварувања од неговите главни актерки, од кои секоја ја тера својата сопствена приказна за маките, кривиците и огромните жртви на мајчинството. Често трагична, често сурова, „Врба“, видена низ милозливата, озарена камера на директорот на фотографија Тамаш Добош, сепак задржува леснотија и енергија која на крајот успева да биде оптимистичка – не толку приказна за жалоста на врбата колку за нејзината способност да се извиткува со небаре бескрајна флексибилност без да се скрши, се наведува во рецензијата на „Варајати“. Во рецензијата се дополнува дека „Врба“ не е филм на линеарна логика, туку на алузии и асонанци, на еха и одгласи. -Но, „Врба“ не е филм на линеарна логика, туку на алузии и асонанци, на еха и одгласи. Можеби приказната на Донка е коренот, на Родна стеблото, а на Катерина гранката, а елегантното, надежно огледување на почетокот и крајот – едно дете се губи, друго дете е пронајдено – е едноставно виткањето на ова особено дрво кое несвесно му се поклонува на своето потекло закопано длабоко во земјата на некое дамнешно минато, се вели во рецензијата на „Варајати“. По минатонеделното прикажување на Сараевскиот филмски фестивал, нареднава недела „Врба“ ќе ја има и кинеската премиера, во престижната конкуренција за награди на Филмскиот фестивал во Пекинг, а организаторите велат дека сите проекции на филмот се однапред распродадени. Во октомври следи шпанската премиера на фестивалот во Валенсија.]]>
Светската ТВ-премиера на „Врба” на Милчо Манчевски на 29 март на МТВ1 https://arhiva.vistina.com.mk/svetskata-tv-premiera-na-vrba-na-milcho-manchevski-na-29-mart-na-mtv1/ Wed, 25 Mar 2020 13:42:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141473

Светската ТВ-премиера на најновиот игран филм „Врба” на Милчо Манчевски ќе биде емитувана на 29 март со почеток од 22 часот на јавниот сервис МТВ1. Со прикажувањето на „Врба” ќе биде заокружен циклусот #Седидома со Милчо на филмови од целокупниот опус на Манчевски што изминатиов период се емитуваа на јавниот сервис, со цел да се помогне акцијата на Владата и да им се доближи квалитетна филмска програма на гледачите, во време на вонредната состојба поради коронавирусот. Во рамките на циклусот, ден претходно, на 28 март во 22 часот на МТВ1 ќе биде прикажан филмот „Прашина”.  

Повеќе на vistina.mk]]>

Светската ТВ-премиера на најновиот игран филм „Врба” на Милчо Манчевски ќе биде емитувана на 29 март со почеток од 22 часот на јавниот сервис МТВ1. Со прикажувањето на „Врба” ќе биде заокружен циклусот #Седидома со Милчо на филмови од целокупниот опус на Манчевски што изминатиов период се емитуваа на јавниот сервис, со цел да се помогне акцијата на Владата и да им се доближи квалитетна филмска програма на гледачите, во време на вонредната состојба поради коронавирусот. Во рамките на циклусот, ден претходно, на 28 март во 22 часот на МТВ1 ќе биде прикажан филмот „Прашина”.  ]]>
Кирил Џајковски го претопи „Тешкото“ во „Врбина зора“ или „Willow Dawn“ (Саундртак – „Врба“) https://arhiva.vistina.com.mk/kiril-dzajkovski-go-pretopi-teshkoto-vo-vrbina-zora-ili-willow-dawn-saundrtak-za-vrba/ Wed, 04 Dec 2019 12:28:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122336

По првиот сингл „Ред Сафари“ од саундракот за филмот “Врба“, кој неодамна беше промовиран, промовирана е уште една музичка тема која ја потпишува композиторот Кирил Џајковски. Филмот на Милчо Манчевски во Македонија продолжува да ги урива рекордите на гледаност со над 26.000 гледачи за еден месец од кинопремиерата. Инаку, идејата за музичката тема „Willow Dawn“ (Врбина зора) на Џајковски е еден вид претопување на „Тешкото“ во еден модерен ритам. Така се претопуваат и кадрите специјално избрани за видеото во кои всушност се претопуваат сенките од минатото со духот на времето и сегашноста, проклетството на страста и искушението,  желбата по секоја цена да се има она што најмногу се сака и цената која мора за тоа да се плати со подготвеноста сето тоа да се издржи и во сето тоа да се истрае до крај! „Идејата за „Willow Dawn“ тргна од Милчо, кој предложи да се проба некоја модерна верзија на „Тешкото“. Јас имав една идеја во амбиентален трип-хоп манир, па се обидов да ги поврзам двете теми. Од таа комбинација ми се чини излезе интересен спој, каде што интензивниот звук на зурлата, електронската и ритмична подлога на некој начин интимно, а сугестивно доловуваат момент на страсна и важна пресвртница во приказната на главните ликови на филмот“ - се сеќава Џајковски. Наскоро излегува икомплетниот  саундтрак за филмот, а дотогаш погледнете го видеото за „Willow Dawn“  со извадоци од филмот.

Повеќе на vistina.mk]]>

По првиот сингл „Ред Сафари“ од саундракот за филмот “Врба“, кој неодамна беше промовиран, промовирана е уште една музичка тема која ја потпишува композиторот Кирил Џајковски. Филмот на Милчо Манчевски во Македонија продолжува да ги урива рекордите на гледаност со над 26.000 гледачи за еден месец од кинопремиерата. Инаку, идејата за музичката тема „Willow Dawn“ (Врбина зора) на Џајковски е еден вид претопување на „Тешкото“ во еден модерен ритам. Така се претопуваат и кадрите специјално избрани за видеото во кои всушност се претопуваат сенките од минатото со духот на времето и сегашноста, проклетството на страста и искушението,  желбата по секоја цена да се има она што најмногу се сака и цената која мора за тоа да се плати со подготвеноста сето тоа да се издржи и во сето тоа да се истрае до крај! „Идејата за „Willow Dawn“ тргна од Милчо, кој предложи да се проба некоја модерна верзија на „Тешкото“. Јас имав една идеја во амбиентален трип-хоп манир, па се обидов да ги поврзам двете теми. Од таа комбинација ми се чини излезе интересен спој, каде што интензивниот звук на зурлата, електронската и ритмична подлога на некој начин интимно, а сугестивно доловуваат момент на страсна и важна пресвртница во приказната на главните ликови на филмот“ - се сеќава Џајковски. Наскоро излегува икомплетниот  саундтрак за филмот, а дотогаш погледнете го видеото за „Willow Dawn“  со извадоци од филмот. ]]>
Кирил Џајковски и Лион Д. на – „Ред Сафари” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kiril-dzajkovski-i-lion-d-na-red-safari-video/ Wed, 06 Nov 2019 08:47:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116789

По успешната летна сезона, исполнета со настапи на повеќе фестивали, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија од нови музички изданија. Првото од нив, синглот „Ред Сафари” е уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д. Песната е експлозивна мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува фуриозната атмосфера од живите настапи на Џајковски. Инаку, синглот „Ред Сафари” е дел од саундтракот за филмот „Врба” на режисерот Милчо Манчевски. Синглот и видео спотот излегуваат истовремено со успешната светската премиера на филмот на 14. Филмски фестивал во Рим. По филмовите „Прашина” и „Сенки”, Џајковски повторно соработува со Манчевски со кого во минатото соработуваше и во култната македонска техно-поп фанки група „Бастион”, каде Џајковски беше зад синтисајзерите, а манчевски ги осмисли и режираше нивните арт видеа. По успешната летна сезона, исполнета со настапи на повеќе фестивали, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија од нови музички изданија. Првото од нив, синглот „Ред Сафари” е уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д. Песната е експлозивна мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува фуриозната атмосфера од живите настапи на Џајковски. Преслушајте ја темата „Ред Сафари” визуелизирана со инсерти од филмот „Врба“ на Манчевски. https://www.youtube.com/watch?time_continue=59&v=aE7XKbeulVI

Повеќе на vistina.mk]]>

По успешната летна сезона, исполнета со настапи на повеќе фестивали, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија од нови музички изданија. Првото од нив, синглот „Ред Сафари” е уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д. Песната е експлозивна мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува фуриозната атмосфера од живите настапи на Џајковски. Инаку, синглот „Ред Сафари” е дел од саундтракот за филмот „Врба” на режисерот Милчо Манчевски. Синглот и видео спотот излегуваат истовремено со успешната светската премиера на филмот на 14. Филмски фестивал во Рим. По филмовите „Прашина” и „Сенки”, Џајковски повторно соработува со Манчевски со кого во минатото соработуваше и во култната македонска техно-поп фанки група „Бастион”, каде Џајковски беше зад синтисајзерите, а манчевски ги осмисли и режираше нивните арт видеа. По успешната летна сезона, исполнета со настапи на повеќе фестивали, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија од нови музички изданија. Првото од нив, синглот „Ред Сафари” е уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д. Песната е експлозивна мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува фуриозната атмосфера од живите настапи на Џајковски. Преслушајте ја темата „Ред Сафари” визуелизирана со инсерти од филмот „Врба“ на Манчевски. https://www.youtube.com/watch?time_continue=59&v=aE7XKbeulVI]]>
Премиера на „Врба“ во „Синеплекс“ на 1-ви ноември 2019 https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-vrba-vo-cineplexx-na-1-vi-noemvri-2019/ Tue, 29 Oct 2019 13:54:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115147

Шестиот филм на режисерот Милчо Манчевски насловен „Врба“ ја следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот. Трите приказни, една средновековна, две современи, се огледуваат една во друга и се надополнуваат, истражувајќи теми на љубов, доверба и мајчинство.

Повеќе на vistina.mk]]>

Шестиот филм на режисерот Милчо Манчевски насловен „Врба“ ја следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот. Трите приказни, една средновековна, две современи, се огледуваат една во друга и се надополнуваат, истражувајќи теми на љубов, доверба и мајчинство. ]]>