миланка рашиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 25 Jul 2023 07:25:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png миланка рашиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Миланка Рашиќ им беше домаќинка во Скопје на Павле и Ружа, родителите на Даниел Кајмакоски: Остана нејасно кој честеше ручек, водителка за добредојде, или гостите за новото внуче?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/milanka-rashik-im-beshe-domakinka-vo-skopje-na-pavle-i-ruzha-roditelite-na-daniel-kajmakoski-ostana-nejasno-koj-chesteshe-ruchek-voditelka-za-dobredojde-ili-gostite-za-novoto-vnuche-foto/ Tue, 25 Jul 2023 07:25:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311390

Последниот ден од месец април, стана еден од најзначајните во животот на пејачот Даниел Кајмакоски и неговата новопечена сопруга Марина,  поради раѓањето на нивното првенче, синчето Стефан. По првичната семејна радост и грижата околу малечкиот првите денови, пејачот полека им се враќа на своите работни обврски, односно на вечерните ангажмани, најмногу во елитниот ноќен кабаре клуб „Ла Фајет“ во Белград.   Во меѓувреме неговите родители кои се уште живеат на релација Австрија - Македонија, летото го користат како и секоја година за посета на родната земја. Павле и Ружа Кајмакоски што заради патриотиските чувства и носталгијата кон татковината, што заради пејачките ангажмани на таткото на Даниел, кој запотсетување исто така е  естраден уметник, односно фолк пејач. „Во есенскиот период секогаш имаме доста работа, заклучно со зимскиот. Летото пак, го поминуваме во Македонија, бидејќи тука се случува се’: Како за одмори така и за свадби, крштевки...“ - ќе изјави во една прилика Павле кајмакоски,чие лице можеби „не ви звучи така познато“ како лицето на син му Даниел, ама затоа неговите песни звучат многу патриотски! Како и секое лето така и ова родителите на Даниел повторно се вратија во родната грутка, но најдоа и време да ја прошетаат Македонија, а со тоа неизбежно да дојдат и во нејзината престолнина - Скопје. А тука, ги пречека никој друг, туку нивната домаќинка, добропознатата долгогодишна ТВ водителка и новинар, Миланка Рашиќ. Можеби некој и ќе се зачуди од каде пак сега ваквата спојка и што имаат тие со неа, но оние кои добро ги познаваат приликите на естрадата знаат дека Миланка долго време го работи ПР менаџментот на Даниел Кајмакоски, со кого е исклучително и приватно блиска. Па покрај пејачот таа близина се пренесува и на семејството, со што водителката станала еден вид и семејна пријателка со фамилијата. Токму затоа на родителите на Кајмакоски во Скопје добредојде прва им посака русокосата Миланка. Разбирливо, неколку фотографии за вечни спомени во центарот на престолнината беа неизбежни. Секако, „семејниот ручек“, ако така може да се нарече, исто така неизоставен во еден угледен скопски ресторан. Едно видување, сто муабети и илјада спомени, меѓудругото овековечени и со заедничка фотографија од летната средба на водителката и семејството на Х-фактор ѕвездата. Повеќе од очигледно средбата била топла и средечна, емотивна и блиска, исополнета со муабети, прикаски, планови, евоцирање спомени и едно ветување... За повторно, скоро видување. Единствено едно остана нејасно: Кој честеше ручек? Водителката за добредојде на гостите или родителите на Даниел Кајмакоски за новороденото внуче Стефан? Впрочем, не и ни важно, важно е да е за арно! Фото: Инстаграм/daniel_kajmakoski/ Фејсбук/Milanka Rasic]]>

(ФОТО) Не и требаше црвен килим за да блесне: Со една фотографија од ноќта на Оскарите, Миланка го собра целото внимение! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-ne-i-trebashe-crven-kilim-za-da-blesne-so-edna-fotografija-od-nokjta-na-oskarite-milanka-go-sobra-celoto-vnimenie/ Mon, 05 Mar 2018 09:07:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14746

Ноќта на Оскарите е случувањето кое во неколку часа го обединува речиси целиот свет. Комплетното внимание е насочено кон церемонијата која годинава по 90-ти пат во Долби театарот ги додели Оскарите на најдобрите филмски остварувања. Како што е редот, преносот на Оскарите во Македонија не би можел да се замисли без водителката Миланка Рашиќ, која како и оваа престижна манифестација, го собра целото внимание на социјалните мрежи.
На Миланка не и требаше црвен килим за и годинава да блесне пред камерите на телевизија Сител и да ги води гледачите низ спектакуларното случување. Оваа година Миланка се одлучи да облече црвена тоалета со впечатливо деколте, едноставно средена коса и ненаметлива шминка.
Пред официјалниот старт најавен за 23:30, Миланка се јави на социјалните мрежи со „селфи“ со кое имено го најави почетокот на вечерта, а за истото собра бројни ласкави коментари на сметка на изгледот како и стотици допаѓања.]]>