Милан Раѓен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 01 Jul 2023 09:20:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Милан Раѓен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На Боби Павловски на срце му лежи една – „Стара рана“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-bobi-pavlovski-na-srtse-mu-lezhi-edna-stara-rana-video/ Sat, 01 Jul 2023 09:20:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308454

„Стара рана“ е насловот на најновата песна во изведба на  пејачот Боби Павловски. Станува збор за побрза композиција, спакувана во стилот на 80-те години и интересно е дека таа својата официјална промоција ја има на истиот датум како и нумерата „Поносан“. „Музиката, текстот и аранжманот се на Милан Раѓен мојот веќе проверен соработник кога станува збор за аранжманите на нумерите снимени на српски јазик и, исто така, комплетен автор на „Поносан“ која излезе на истиов ден, пред точно една година. Навистина убава коинциденција и искрено се надевам дека реакциите на публиката и за оваа тема ќе бидат исто толку позитивни“- вели Боби, кој со оваа песна полека го затвора албумот што би требало да биде комплетиран до крајот на летото. „Стара рана“ инаку доаѓа по одличните „Тамо негде“, „Заблуда“, „Калдрма“, „Самица“, „Поносан“, „Не оклевај“, и и овој пат видеото е со потписот на Tropical Lifeisfun. Кадрите се снимени во Белград, под режисерската палка на Љуба Радојевиќ. „Презадоволен сум од финалниот производ и искрено верувам дека и „Стара рана“ ќе ѝ се допадне на мојата публика. Едвај чекам да ја отсвирам и отпеам во живо и да ги видам реакциите“, вели Павловски и додава дека септември е месецот кога на својата публика ќе ѝ ја претстави последната песна од албумот снимен на српски јазик. Додека Боби да ја заокружи својата музичка приказна наречена албум, уживајте во „Стара рана“. ]]>

Боби Павловски не се двоуми, па и среде коронапандемија се појави со нова песна – „Не оклевај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bobi-pavlovski-ne-se-dvoumi-pa-i-srede-koronapandemija-se-pojavi-so-nova-pesna-ne-oklevaj-video/ Mon, 01 Feb 2021 12:56:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187703

„Не оклевај“ е насловот новото музичко парче отпеано на српски јазик од работилницата на  Боби Павловски. Станува збор за брза тема која, вели Боби, треба да ја разбие летаргијата во која западнавме во оваа корона пандемија. И овој пат Павловски се држи до правилото – тимот кој победува не се менува, па затоа и за оваа нумера работеше со екипата која беше задолжена и за претходните композиции отпеани на српски јазик („Заблуда“, „Самица“). „Не сакав да експериментирам, особено затоа што во оваа екипа наидов на луѓе кои знаат да го препознаат она нешто во мене и она што ми се допаѓа. Мислам дека имам моќна тема и едвај чекам да дојде денот да ја отпеам пред мојата публика, онака што се вели во живо“, вели Павловски. „Не оклевај“ го носи потписот на Еди Рамиќевиќ и Милан Раѓен, како автори на музиката, текстот и аранжманот, додека и ова видео е дело на одличните Tropical Lifeisfun. „Снимавме во неверојатни услови, буквално што се вели без спиење 48 часа. ПЦР тестови, трчање, ладно, но навистина мислам дека вредеше“, вели Боби за видеото за кое кадрите се направени во предели кои нудат неверојатни глетки и се на периферијата на Златибор, а во нив се појавува и една атрактивна девојка, која е водителка и модел во соседството. „Се надевам дека ќе уживате во песната и видеото и уште повеќе се надевам и верувам дека оваа грда година која остана зад нас што поскоро ќе ни стане само еден грд спомен и ќе се видиме за скоро на една убава музичка дружба“, додава Боби промовирајќи ја премиерно новата тема „Не оклевај“, која можете да ја проследите во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=N5I1dJBrG0M]]>

Боби Павловски е во љубовна – „Самица“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bobi-pavlovski-e-vo-ljubovna-samica-video/ Tue, 10 Dec 2019 13:46:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123143

По одличните „Метар дана“ и „Тамо негде“,  Боби Павловски ја промовира и третата песна наменета за пазарот во соседството. Хитовската композиција со модерен призвук која лесно влегува во уво е со наслов „Самица“ и е работена со екипа од соседството. Музиката е со потписите на Еди Рамичевиќ и Милан Раѓен, а зад видеото, пак, стои тимот на Tropical Lifeisfun. Кадрите се снимени во Белград, а покрај Боби во крими приказната се појавуваат уште неколку интересни лика. Во видеото Боби завршува зад решетки и во самица, има грабеж, оружје, скршено срце... „Се надевам дека и оваа песна ќе биде прифатена од публиката како и претходните две. Овој пат имаме малку поразличен спот, кој всушност е и мини филм и сега кога го имам пред себе финалниот производ навистина ми е драго што работев со овие момци кои дадоа поинаква нишка на целата оваа приказна. Многу верувам во целиот овој проект кој почна со „Метар дана“ и драго ми е што публиката досега препозна колку се вложив себеси во сето ова“- вели Павловски, кој наскоро на јавноста ќе и го претстави и следниот проект. Во меѓувреме, Боби е актуелен со настапите низ клубовите во земјава од кои буквално ниту еден не поминува без „Метар дана“ и „Тамо негде“.  Слушнете ја „Самица“ и погледнете го видеото: ]]>