милан младеновиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Jul 2022 12:52:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png милан младеновиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Три македонски песни во потесниот избор за наградата „Милан Младеновиќ“ https://arhiva.vistina.com.mk/tri-makedonski-pesni-vo-potesniot-izbor-za-nagradata-milan-mladenovikj/ Tue, 12 Jul 2022 12:52:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258328

Три песни од нашата држава се најдоа во потесниот избор за наградата „Милан Младеновиќ 2022“, откако беа преслушани 219 пријавени песни од целиот регион кои ги исполнија условите на натпреварот. Нашите песни се помеѓу 45 песни од регионот кои се најдоа во полуфиналето.Како што информираат од „Кроација рекордс“, меѓу избраните песни се „Афродизија“ од Јовче Пандев, „Бегаме“ од Дани Димитровска и Пијан Славеј, како и „Дома“ на Дина Јашари, која и лани влезе во потесниот избор за наградата.Жирито го сочинуваше Миле Кекин (Хрватска), Соња Лончар (Србија), Матјаж Манчек (Словенија), Едо Плованиќ (Хрватска) и Драгиша Ускоковиќ Чима (Србија). Тие сега имаат задача да изберат 12 финалисти, кои ќе бидат познати на почетокот на август и ќе бидат објавени на промотивна компилација во продукција на Задужбина Милан Младеновиќ.Наградата Милан Младеновиќ е востановена во 2019 година со цел да се поттикне музичката креативност која се карактеризира со вредностите својствени на уметничкото наследство на Младеновиќ. Се доделува за најдобра песна од територијата на поранешна Југославија на церемонија на 21 септември, денот кога е роден некогашниот лидер на култниот состав „Екатарина Велика“.Добитник на првата награда во 2019 година беше бендот Артан Лили со песната „Д.Е.П.Р.А“, втор лауреат е групата Драм во 2020 година со песната „Дај ми све“, а третонаградени со наградата „Милан Младеновиќ“ беа групата Ана The Changes за песната „Ту“.Добитниците на наградата ќе бидат наградени со статуетка на Фондацијата и парична награда од 3 000 евра. Посебен подарок ќе добие и најиновативниот тапанар – тапан „Fircie Drums“.  Извор: МИА]]>

25 години без Милан Младеновиќ – ЕКВ https://arhiva.vistina.com.mk/25-godini-bez-milan-mladenovikj-ekv/ Tue, 05 Nov 2019 13:54:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116729

Пред 25 години почина Милан Младеновиќ, легендарниот фронтмен на култната група „Екатарина Велика“, еден од највлијателните бендови во поранешна Југославија. Младеновиќ почина од рак на панкрееас. Младеновиќ беше роден во 1958 година во Загреб, а поголемиот дел од детството и од животот го помина во Белград.  На крајот на 1970-ите, тој ја основал својата прва група „Лимуново дрво“, од што ќе произлезе „Шарло акробата“, а потоа и „Екатарина Велика“, прво под името „Катарина Друга“. Бендовите во кој  беше член беа мошне важни на музичката сцена и за генерациите во Југославија во 1980-ите. „За крај, само би кажал дека во никој случај не жалам што сите овие години сум ги потрошил на така несериозна работа како рокенрол и мислам дека почесно и поискрено и не сум можел да ги потрошам“, се вели на крајот на монографијата посветена на Милан Младеновиќ. Името на Милан Младеновиќ денес носат улици во Белград, Загреб и Подгорица.  ]]>