Милан Блажевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Sep 2023 11:00:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Милан Блажевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „My Tear“ со нивниот препознатлив поп-рок саунд отвораат нови граници – „На старите страници“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/my-tear-so-nivniot-prepoznatliv-pop-rok-saund-otvoraat-novi-granitsi-na-starite-stranitsi-video/ Thu, 21 Sep 2023 10:59:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319059

Скопскиот состав „My Tear“ го објави својот најнов видео-запис за песната „На старите станици“, во режија на Милан Блажевски. Спотот е снимен во Студио 1060 од страна на Милан Блажевски и Јосип Здравковски, екипата позната по видео записите на 21 век. Музиката и стиховите се на Дени Крстев, додека аранжманот е на сите членови на самиот бенд кој го сочинуваат: Дени Крстев, Кристијан Лафазановски и Ненад Трифуновски - Трипе. Инаку песната е снимена миксана, и мастерирана во студиото 1060 во текот на месец август - септември 2023 од страна на Дени Крстев и Ненад Трифуновски - Трипе. "На старите станици" е прв сингл од новиот албум на „My Tear“ којшто треба да излезе до крајот на годинава. Дел од албумот ќе можете да го слушнете на годинешниот „Здраво Млади фестивал“ што ќе се одржи  на 23 септември во Младинскиот Културен Центар  (МКЦ) во Скопје. Во меѓувреме проследете го нивното музицирање во новото видео - „На старите страници“. ]]>

 Наташа Миха има победничка формула во – „Winning Every Game“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-miha-ima-pobednichka-formula-vo-winning-every-game-video/ Tue, 22 Mar 2022 06:39:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243941

„Winning Every Game“ е новата песна на Наташа Миха која на 21-ви март е објавена со моќен видео запис. Зад аранжманот се потпишува Дамир Пух, текстот е на Наташа, а зад музиката се потпишуваат и двајцата. Продукцијата, миксот и мастерингот на песната се дело на Дамир, сработени во  GreenRoom Sound студио во Скопје. „Горда сум на целосната реализација и мило ми е што и овој пат имам одличен тим за соработка“ -  јавно се заблагодари пејачката на екипата која соработувала со неа во комплетната реализација на новата песна и видеото за неа во која покрај Дамир Пух уште учествувале: Стефан Рајхл - како снимател и режисер на видеото,  во соработка со Васил Јанев како светло мајстор и Милан Блажевски кој бил задолжен за монтажа на видеото. Испеана на англиски јазик, темата звучи зрело и модерно и содржински и музички продукциски... Поп-рок со цврст гитарски призвук и извонреден вокал, што е денес  вистинска реткост да се слушне дури и во европски рамки, а камо ли кај нас. Вистинско оригинално освежување во морето од „компјутерски трап лигавштини“ и некреативни и бледи поп копии. ]]>