мила царовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 May 2021 09:05:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мила царовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мила, ако не те бива, молчи, гледај и учи: Три песни од Ѓорѓе Балашевиќ влегуваат во читанките и учебниците за основно образование во Србија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mila-ako-ne-te-biva-gledaj-i-uchi-tri-pesni-od-gjorgje-balashevikj-vleguvaat-vo-chitankite-i-uchebnicite-za-osnovno-obrazovanie-vo-srbija-foto/ Wed, 26 May 2021 08:43:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204083

Додека кај нас во Mакедонија, научната, универзитетската, академската, медиумската... јавност, наставниците и родителите битка бијат со „дигиталните импровизации“ на министерката Мила Царовска и нејзините „трагикомични, погубни и штетни образовни реформи“, во соседна Србија се случува еден сосема поинаков образовен процес. Процес кој знае и умее да ги  препознае, согледа и имплементира вистинските вредности во образованието за најмладите. Имено, три музички дела на еден од најголемите кантавтори и текстописци од областа на поп музиката, неодамна починатиот Ѓорѓе Балашевиќ, ќе завршат во учебниците за основно училиште. Честа на „некои нови клинци“ кои ги учеа и анализираа делата на „Панонскиот морнар“ им припадна  ја добијат неговата „Дрвена песна“ наменети за осмоодделенците, додека за во пониските одделенија се наменети  „Д-мол“ и „Девојката со чардаш нозе“. Проф. Ивана Лучиќ од новосадското основно училиште „Коста Трифковиќ“ вели дека изборот мошне е интересен: „Важен е затоа што е разновиден и токму тоа го одликува нашиот драг Ѓоле Балашевиќ. Така ја имаме „Девојката со чарадаш нозе“, весела, полетна песна, потоа „Д-мол“ - тажна љубовна песна и  за осмоодделенците „Дрвена песна“, која говори за соништата на едно дете“ - вели таа. Професорката смета дека изборот на песни е адекватен: „Тие не се многу лесни за разбирање и не се едноставни, затоа се убава задача за наставниците да ја анализираат песната заедно со учениците, да ги најдат стилските фигури,  скриениот смисол и нивното преносно значење“ - заклучила таа.    ]]>

Образование по Јуда… пардон, по „шарената“ Мила! https://arhiva.vistina.com.mk/obrazovanie-po-juda-pardon-po-sharenata-mila/ Wed, 21 Apr 2021 08:25:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199834

„Учениците од четврто до деветто одделение и средношколците од септември ќе учат од електронски учебници. Хартиените учебници ќе се користат само од прво до трето одделение. Ова се предвидува со предлог измените на Законот за учебници кои владата веќе ги усвои како чекор кон како што велат подобрување на квалитетот во основното и средното образование“. Веднаш потоа министерката за образование Мила Царовска „набрзина“ се премисли, па го прекваликфикуваше предлогот:  Од септември ќе учат од електронски учебници само децата во 4-то одделение - експериментално. Небаре се лабораториски глувци!? Па сега најново: „Моделот што го нудиме е комбиниран, секој ќе може да избере на кој начин ќе учи, од печатени или дигитални учебници. Оди па фати и(м) го крајот?! Овие најави како експлозија одекна во медиумите кои ги обзнанија реформите во образованието најавени од министерката Мила Царовска.  Реакциите на јавноста веднаш се надоврзаа уште на првичните најави, одекнувајќи уште посилно. Зашто зад плаштот на „дигиталните реформи“ на „шарената“ Мила, всушност се кријат прегрст „шарени лаги“. Од тобожните добри намери (со кои како што е познато е поплочен и патот до пеколот) кои наводно треба да го подобрат квалитетот во основното и средното образование, а всушност се само изговор за „кроење на образованието по свое“, па се' до начинот на реализација по пат на таканаречена дигитализација. Виртуелна реалност, со уште повиртуелно прекроено минато по туѓа желба, а за иднината и да не зборуваме... Сајбер фикшн! Имено, дури и да е така како што сака да не убеди во своите намери „шарента“ Мила, јасно е дека работите “смрдат на изгорено“ уште во зачеток, уште во самиот старт. Во историјата до сега не се познати примери да се „ништи“ хартиената литература... Или, всушност се познати, само што на нив се сеќаваме со мачнина и презир и никој не сака да ни се повторат. Освен тоа, дигитализацијата не значи и елиминација, не подразбира комплетно укинување, туку само сочувување на она што е вредност во дигитална форма. Научна, културна, образовна... каква и да е.  Нејсе, дури и да е се' така хумано како што се сака да се прикаже, постојат неколку практични проблеми. Како прво, реализацијата на исклучиво компјутерски систем на настава, во држава во која во некои места се уште нема струја, а за интернет и компјутери и да не говориме. Од друга страна, секое семејство има едно, две, но некои и по три и повеќе деца, кои во исто време треба да учат од од исто толкав број компјутери? Имаат ли можност родителите тоа да им го обезбедат во состојба на пандемија и економска криза, кога секој ден е борба за живот, преживување, опстанок, а не за луксуз според она , како „малата Мила“ го замислува образованието или само послушно ги спроведува туѓите „глобалистички“ замисли, сеедно?! И тоа со наши пари, оти таа од нив живее, од  даноците на граѓаните,  кои исто така од свој џеб треба да  си го „дигитализираат“ семејството и образованието на своите деца! Решението на Мила е едноставно: Ако не ви се допаѓа да учите „дигитализирано“, учете си „печатано“. Само што севкупната литература од „виртуелниот хард диск“ на вашите едно, две, три... деца, ќе треба самите да си ја испечатите. Или по логиката на Мила, блазе оној што има фотокопирница! Колку само за нејзино потсетување, зашто родителите секако добро паметат, во времето на  „диктатурата“ бесплатно се делеше литературата, онаа училишната секако, па секое дете добиваше бесплатни учебници.  Така беше во „режимот“, а сега во СДС-мовската „демократија“, тоа право ни го ускратија! Да не биде само по низа години да констатираме, дека и децата „ни ги осакатија“? Зашто, како второ и веројатно најважно, се запрашал ли некој  што е токму со здравјето на децата? Седењето со часови пред компјутер на возраст од 8-9 до 14-15 па и 18 години е докажано штетно од повеќе аспекти. Прво, заради зрачењето на екранот кое влијае врз заморот, менталното и психичкото здравје, потоа заради расипувањето и оштетувањето на очите и видот, трето - седењето на столче во таква положба е погубно за р'бетот... И сето ова се однесува на деца во развој, кои се на возраст кога и ментално, психички и физички треба да се развиваат, оформуваат, пред се да се формираат во здрави луѓе, а потоа и во здрави личности. Но  „електронските учебници“ не се само проблем заради часовите. Тогаш и домашните задачи ќе мора да се решаваат електронски, на компјутер, што двојно го зголемува времето проведено на столче и гледње во екранот, а ако на тоа им ги придодадема уште и тестовите, лектирите, па и курсевите по разни јазици и слично, излегува дека децата во развој  целиот ден ќе треба да го минуваат во седечка положба пред вклучен монитор. Тогаш од здрави и прави, со сила ли ќе треба да им го уништиме здравиот развој? Ќе се јават ли психолозите, психијатрите, офтомолозите, детските ортопеди...? Ќе гукне ли нешто министерот Филипче и лекарската фела зад која сите така сплотено застанавме и се' уште стоиме среде корона пандемијата, кога ним им е најтешко? Или ќе ја оставиме Мила да „гука“ како сака, наметнувајќи го своето „послание по Јуда“, пардон - образование по Мила... über alles?! Велат хартијата трпи се... Ама како што трпи тоалетната хартија... Веројатно исто толку сега трпи и онаа што „шарената“ Мила сака да ја „укине“ со упорното форсирање на нејзиното „он лајн(о)“  дигитално образование со електронска литература!  ]]>

Лекциите на Мила https://arhiva.vistina.com.mk/lekciite-na-mila/ Wed, 14 Apr 2021 12:36:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199076

„Што ќе учат идните првачиња?“ дидактички се самозапрашала министерката за образование па понудила неколку битни наставни цели за најмладите ученици. За да не ги научиме уште од сега да читаат само наслови, ние пак, нудиме неколку примери за разработка и подлабоко разбирање на наставните цели, со еден интегрален пристап кон проблематиките. Од Фејсбук профилот на министерката Царовска: Предлози за разработка на наставните цели: ДА ГИ ПОЧИТУВАМ СИТЕ ДРУГАРЧИЊА ПОДЕДНАКВО: ДА СЕ ГРИЖАМ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, ЖИВОТНИТЕ И РАСТЕНИЈАТА: ДА НАУЧАМ ДЕКА ДЕВОЈЧИЊАТА И МОМЧИЊАТА СЕ ЕДНАКВИ: ДА ПРЕПОЗНААМ ШТО Е ЛАГА, А ШТО ВИСТИНА: ДА НАУЧАМ ДЕКА СИТЕ ПОДЕДНАКВО ЈА САКАМЕ НАШАТА ДРЖАВА, БЕЗ РАЗЛИКА НА КОЈ ЈАЗИК ЗБОРУВАМЕ ДОМА:

...Така Мила? Фала многу!

Извор: Пренесено од Off.net.mk]]>