микис теодоракис – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Sep 2021 08:52:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png микис теодоракис – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина познатиот грчки композитор Микис Теодоракис, запаметен по своите дела како „Гркот Зорба“, но и по изјавата: „Македонија е една и грчка“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-poznatiot-grchki-kompozitor-mikis-teodorakis-zapameten-po-svoite-dela-kako-grkot-zorba-no-i-po-izjavata-makedonija-e-edna-i-grchka/ Thu, 02 Sep 2021 08:35:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217632

На 96-годишна возраст денеска во Атина почина познатиот грчкиот композитор, диригент и политичар Микис Теодоракис, препознатлив по неговото дело, музиката за „Гркот Зорбас“, јави дописничката на МИА од Атина. Теодоракис и е познат на македонската јавност по концертот одржан во 1997 година во Скопје, но и по неговата поддршка на протестите против Договорот од Преспа и против употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја. За време на неговиот престој во Скопје, Теодоракис го посетил и гробот на Георгиос Алексис Зорбас, а на концертот одржан во МОБ, заедно со македонските уметници, го претставил своето музичко дело „Гркот Зорба“. На концертот присуствувале и претставници на државниот врв меѓу кои и тогашниот претседател Киро Глигоров. Во 2018 година, кога во тек беа преговорите за името, како и една година подоцна по постигнувањето на Договорот од Преспа, а во Солун и Атина се одржуваа протести, Микис Теодоракис даде јавна и отворена поддршка на демонстрантите, неколку пати, преку грчките медиуми го изразуваше неговиот став против решението. На еден од протестите во Атина, на 4 февруари 2018 година, беше еден од централните говорници и им се обрати на демонстрантите, упатувајќи порака дека „Македонија е една и грчка“. Теодоракис е роден на 29 јули 1925 година на грчкиот остров Хиос, а во текот на неговиот живот, освен со музиката, се занимаваше и со политика и во периодот 1990-1992 година беше и министер и пратеник. Членовите на грчкиот Парламент, утрово, на почетокот на денешната седница, со едноминутен молк го „испратија“ Микис Теодоракис. Подолу е видеото од архивата на Јоргос Логотетис, на кое е забележана целата посета на Теодоракис на Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=jVb41McrvXg&t=2376s]]>