мики јовановски џафер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 29 May 2023 12:21:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png мики јовановски џафер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мики Јовановски Џафер со очи полни љубов низ годините, ви го нуди својот -„Сон на дланките“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/miki-jovanovski-dhafer-so-ochi-polni-lubov-niz-godinite-vi-go-nudi-svojot-son-na-dlankite-video/ Mon, 29 May 2023 12:19:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304121

Легендарниот македонски музичар и пејач Мики Јовановски Џафер, кој и покрај годините, покажува дека е се’ уште мајстор за рок ен рол. Продолжувајќи ја соработката со разни други повеќе или помалку познати македонски колеги-музичари, сега Џафер не изненади со нова „ортачка песна“. Овој пат Мики се здружил со актуелниот гитарски мајстор, актуелен член  на „Меморија“ и „Леб и сол“, Мичо Божиков кој ги свири гитарските делници и му гостува во видеото за новата песна на Џафер, со романтичен наслов: „Сон на дланките“. Во прашање е класична поп песна со лесен ритам и роматични стихови, типична летна, опуштена, која носталгично ве враќа низ годините и ве води низ спомените и сеќавањата на животот. Автор на песната е клавијатуристот на легендарната македонска група „Пу“ односно „Лева патика“ и  соработник на Мики Јовановски, стариот познаник Рамиз Јусуфи - Цики. Текстот е авторско дело на самиот Мики  Џафер, додека придружните вокали ги пее некогашната македонска пејачка, Ева Нединковска, денес сопственичка на креативниот центар „Ева“. За видеото е изработен и едноставен, но ефектен и лефтерен видеоспот од страна на видеопродукцијата „Фабрика“ на Маријан Огненовски, а кадрите се снимани во Градскиот парк и околината на Скопје, покрај Скопскиот аквадукт. Како звучи оваа летна песна на Мики Џафер и неговата екипа соработници, проследете од видеото во продолжение и уживајте во нивниот, а можеби и Ваш „Сон на дланките“: ]]>

Мики Јовановски Џафер и во зрели години покажа дека е махер за рок ен рол, па Johnny B. Good го претопи во – „Џоле бре гол“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/miki-jovanovski-dzafer-i-vo-zreli-godini-pokaza-deka-e-maher-za-rok-en-rol-pa-johnny-b-good-stana-dzole-bre-gol-video/ Wed, 16 Feb 2022 13:45:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239372

Некои  музички ѕвезди се како оние вистинските ѕвезди на небото... Можеби секој ден не ги гледате, ама сепак секогаш се тука кога ќе затреба. Или кога ним ќе им се разведри. Таков е македонскиот музичар и пејач, легендарниот Мики Јовановски Џафер, кој и покрај годините, покажа дека е се' уште махер за рок ен рол, па го преработи стариот класик Johnny B. Good, кој стана - „Џоле бре гол“! Се разбира Мики заедно со пријателите кои обилно му помогнале, сите проверени „музички манги“, направил интересен кавер на вечниот рок класик на легендарниот Чак Бери, само овој пат во стил на Балашевиќ, со текст на кавадаречки дијалект, за неговиот локален херој - „Џоле бре гол“! Миксот и подготовката ги направил Пере од Нокаут во НК Студио Перевски, програмирањето го средил Петар Ренџов, гитара и гајда свири Ивица Јорданов, а видеоклипот го режирал самиот Мики Јовановски Џафер. Зад камерата и монтажата стои Даниел Јовески, додека главната улога во спотот во ликот на Џоле е Божидар Јорданов. Голем дел од споменатат екипа се појавува и какпридружен бенд во видеото, во кое доминира приказната за „Џоле“ кој е „бос и гол “ за се', само за гитара - не! Дет'то,  а ја фане, гитарта, а топе...! Но, да ви ја раскажуваме приказната до крај и не е некое решение, затоа подобро проследете како звучи и изгледа „Џоле бре гол“, во продолжение: ]]>

Се здружија Гуру – Харе и Мики Јовановски – Џафер во – „Посакав да пејам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-zdruzija-guru-hare-i-miki-jovanovski-dzafer-vo-posakav-da-pejam-video/ Tue, 15 Oct 2019 11:46:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112681

Македонскиот гитарски блуз и не само блуз виртоуз Игор Атанасовски, или како што публиката го препознава по неговиот прекар Гуру Харе, е неуморен, па од неговата непресушна гитарска работилница излезе нова песна. Имено, по соработките со Игор Џамбазов, „Нокаут“, Тамара, Аки Рахимовски... овој пат своето авторство и гитарско умеење го здружи со уште македонска музичка легенда, пејачот за сите времиња и генерации, Мики Јовановски - Џафер. А, нивната приказна е една и единствена, зашто во овие кич времиња тие носат светлина на надеж дека рок ен ролот не замрел на овие простори, а хармониката и синтисајзерот се' уште не го закопале гитарскиот звук, а трилерот не го уништил рифот! Едноставна гитарска тема, можеби малку подзаборавена и старомодна, со тематско соло на Харе и вообичаениот препознатлив вокал на Џафер... Нешто што не е ниту ново и неслушнато, а сепак е вистинско освежување за сите оние кои фармерките, каубојските чизми и кожните јакни и елечиња, никогаш нема да ги заменат, како некои други што ги заменија опинците со штикли!  Како и да е  Гуру Харе ја продолжува низата на соработки со познати и значајни фаци, а во исто време лица кои биле, се' и ќе останат препознатлив музички квалитет, без оглед кој во кој жанр дејствува(л). На оваа негова гитарска тема се надоврзува визуелизацијата на Емил Мијалковиќ, составена од разиграно лирик видео, прошарано со интересни фотографии и анимации кои целосно содејствуваат со она за што се пее во стиховите на песната. Нискобуџетно, ама ефектно видеопокритие за музичката приказна на Гуру Харе и Мики - Џафер насловена „Посакав да пеам“... Веруваме дека и вие посакавте да ја проследите: https://www.youtube.com/watch?v=9CdT8jAiDXU]]>